You are on page 1of 3

УЛОГА НА ХИДРОТЕРАПИЈАТА ВО РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА

Примена на вода со цел превенција и лекување се нарекува хидротерапија. Хидро и


термотерапија спаѓаат во најстарите и најраширени форми на лекување. Под хидротерапија се
подразбира надворешна примена на вода во тераписки цели во вид на хидротермичко,
хидрохемиско и хидромеханичко дејство. Водата има најголем топлотен капацитет од сите
медиуми и добра топлотна спроводливост, така што во тераписки цели се користи во сите три
агрегатни состојби. При надворешна примена, водата на организмот дејствува механички,
термички и хемиски.

Термичко дејство

Индиферентната температура на водата изнесува 34-35ºС, а точката на толеранција е од 43 до 46


ºС. Во терапија се користат различни температури на водата, при што се разликува: топла
диферентна зона, од 36 до 42ºC (жешка 39-42°С, топла 36-38°C), индиферентна зона, од 34 до 35°C,
- ладна диферентна зона, од 0 до 33ºС (млака 28-33ºС, свежа 21-27°С. студена 10-20ºС и мраз
студена 0-9°C). Наведените граници се условни и приближни, бидејќи температурата на кожата на
различни делови на телото е различна, а постои и индивидуална осетливост на топлина и
студенило.

Хемиско дејство

Хемиското дејство се состои во ресорпција на одделни хемиски материи од минералните води во


организмот (СО2, Н,S, радон, S, Са, J и др.). Се смета дека тие материи во организмот дејствуваат
фармакотераписки.

Физиолошко дејство на водата

Биолошките реакции на организмот на дејството на водата зависат од: површината на телото на


коешто дејствува водата, температурата на водата, притисокот на водата, хемискиот состав на
водата, состојбата на организмот и времетраењето на процедурата.

Дејство на хидротераписките процедури:

 Кардиоваскуларен систем

Под дејство на хидротераписките процедури доаѓа до реакција на крвните садови на кожата, која
може да биде позитивна или негативна. Водата со индиферентна температура не дејствува со
својата топлина на крвните садови на кожата. Студената вода во првата фаза предизвикува
вазоконстрикција, која трае 1 минута. Кожата е бледа и студена. Во втората фаза настанува
реактивна хиперемија на артериолите и капиларите. Кожата станува црвена и топла.
Ако трае долго примената на студена вода, може да се појави трета непожелна фаза, кога доаѓа
до пасивна хиперемија. Таа се одликува со застој на крвта во вените и капиларите. Кожата е
студена и цијанотична.

Топлата вода со температура од 36 до 39ºС предизвикува директно активна хипермија на


артериоли и капилари, жешката вода над 39ºС во првата фаза предизвикува вазоконстрикција, во
втората фаза активна хиперемија на артериолите и капиларите, а при подолга примена може да
дојде до појава на трета фаза на активна хиперемија.

На спротивната симетрична страна од телото, во однос на местото на примена се јавува


консензуална реакција на крвните садови. Кај некои заболувања (Рејноова болест, Биргерова
болест и др.) може да се појави и парадоксална реакција, кога крвните садови наместо да се
прошират остануваат стеснети.

Внатрешните органи инервирани од спланхникус реагираат антагонистички во однос на крвните


садови на кожата, освен бубрегот и слезенката. Оваа реакција, позната како Дастр-Мораово
правило, се јавува при примена на општи хидротераписки процедури поради правилна
прераспределба на крвта помеѓу внатрешните органи и периферијата.

Во внатрешните органи и ткива, кои имаат исто ниво на спинална инервација како и дерматомот
на кој дејствува дразбата (Хедови зони), по пат на кутивисцерални рефлекси се јавува иста
реакција на крвните садови.

 Респираторен систем

Краткотрајна но доволно силна дразба со студенило и топлина го забрзува дишењето и го прави


подлабоко. Долготрајното дејствување на топлината предизвикува зачестено и површно дишење.
Вдишувањето е под притисок, а издишувањето е олеснето. Со дишење во текот на денот се губи
500-700 ml вода, а кај топлите бањи тоа количество се зголемува.

 Урогенитален систем

Крвните садови на бубрегот реагираат исто како и крвните садови на кожата, така што секоја
хиперемија во кожата, особено во лумбалната регија, ја зголемува диурезата. Топлината го
олеснува мочањето, а студот предизвикува чест нагон за мочање. Во вода нема потење.

 Нервен систем

Реакцијата на нервниот систем на дејството на хидротераписките процедури зависи од нивната


температура и траење и од јачината на механичката дразба. Краткотрајна локална примена на
ниски температури ја зголемува надразливоста на нервите, а подолга примена дејствува
инхибиторно и може да предизвика анестезија. Краткотрајната примена на повисоки температури
(топла или жешка) ја зголемува надразливоста, а долготрајната ја намалува надразливоста.
Студените општи процедури дејствуваат надразнувачки и тонизирачки, а топлите дејствуваат
седативно. Топлината го зголемува тонусот на парасимпатикусот, а студенилото тонусот на
симпатикусот.

 Напречнопругасти мускули

Комбинирана промена на топли и студени хидротераписки процедури ја зголемува надразливоста


и тонусот на мускулите. При подолго траење доаѓа до намалување на мускулниот тонус и лесен
мускулен замор. Умерено топли и индиферентни процедури го намалуваат мускулниот тонус.
Краткотрајна примена на студ има тонизирачко дејство - го зголемува тонусот и силата на
мускулите и го спречува нивниот замор. Кон тоа особено придонесува и механичка дразба на
водата (подводна масажа или туш). При подолго траење на студените процедури, кога се ладат
подлабоките ткива, мускулот станува ригиден, со појава на болни грчеви и отежната подвижност.

 Метаболизам

Метаболизмот се забрзува и е зголемено излачувањето на штетни продукти. Студените


хидротераписки процедури ги зголемуваат оксидатив- ните процеси во ткивата, при што доаѓа до
поголемо согорување на јаглените хидрати, масти и создавање на топлина. Топлите, а особено
жешките хидротераписки процедури, предизвикуваат согорување на јаглените хидрати и масти.
Ефектот се зголемува ако дејствува и механички фактор. При општа хидротераписка процедура се
зголемува дејството на жлездите со внатрешно лачење.

 Температура на телото

Студените процедури ја одземаат топлината на телото и влијаат на намалување на телесната


температура. Топлите, а пред се, жешките процедури го отежнуваат отпуштањето на топлина од
телото и предизвикуваа зголемување на неговата температура. Локалната реакција се огледа со
црвенило или бледило на кожата, со субјективно чувство на топло или студено. Процедурите со
индиферентна температура немаат дејство на телесната температура.

You might also like