You are on page 1of 24

Температурна листа и бележење

на температурата

Д-р Анѓел Стојановски


Телесна температура

• степен на загреаност на човечкото тело


• нормалната телесна температура е од 36°C
до 37°С, независна од надворешната
средина.
• Утринската температура која се мери пред
станување од кревет и пред било каква
активност, се нарекува базална
температура.
Телесна температура

• Покачена телесна температура се


нарекува фебрилна состојба (Febris).
• Причини за појава на фебрилна
состојба се инфективни, хемиски или
нервни.
Телесна температура

• Од бактериите се ослободуваат пирогени субстанции


кои дејствуваат на терморегулаторниот центар.
• При ослободување на адреналин од надбубрежните
жлезди настанува периферна вазоконстрикција и се
намалува губењето на топлина.
• При мозочни тумори, крварења и други нервни
заболувања може да дојде до нарушување во
терморегулаторниот центар и фебрилна состојба
Телесна температура

• Според висината на температурата се разликуваат:

• субнормална 35 - 36°С
• нормална 36 - 37°С
• субфебрилна 37,3 - 38°С
• фебрилна 38 - 39°С
• високо фебрилна 39 - 40°С
• пиретична над 40°С

При фебрилна состојба во организмот се зголемува создавањето на


топлина, посебно во црниот дроб и во скелетните мускули (затоа
пациентите се тресат).
Stadium incrementi

• Организмот е во фаза на возбуда која се


манифестира со забрзана срцева работа,
забрзано дишење.
• Кожата е ладна, сува, наежена и бледа.
• Пациентите субјективно чувствуваат студ,
изнемоштеност, главоболка.
• Треба да се затоплат.
Fastigium

• Во овој стадиум создавањето и


елиминацијата на топлината се изедначени.
• Постои вазодилатација на крвните садови,
кожата е топла и црвена, лицето е зажарено
а очите стаклести.
• Постои забрзана срцева работа и забрзано
дишење.
• На пациентот треба да му се даваат
течности, средства за смирување, ладни
облози.
Stadium decrementi

• елиминацијата на топлина е засилена, болниот се


поти и температурата се намалува.
• Спуштањето на температурата може да биде
постепено (Lysis) или нагло (Crysis). Во тој слушај
може да настане кардиоваскуларен колапс,
вкрстување на кривите од виталните знаци и
критична состојба на пациентот.
• Кожата во овој стадиум е топла, црвена и влажна, но
пациентот се чувствува подобро бидејќи
температурата паѓа.
• На болниот треба да му се даваат течности, ладни
облози и редовно да се пресоблекува
Температурна крива

• Нормална температурна крива се добива кога


утринската температура е пониска а вечерната
повисока, но во граници на нормалните вредности
36-37°С.
• При разни патолошки состојби и болести се јавуваат
типични температурни криви кои помагаат при
поставување на дијагнозата.
Febris continua
• Се јавува при Thyphus abdominalis во втората
седмица на болеста. Разликата помегу утринската и
вечерната температура не е повеке од 1°С и е
постојано висока. Потоа нагло паѓа.
Febris remittens
• Болните постојано имаат висока температура.
Разликата помегу највисоката и најниската телесна
температура е поголема од 1°С. Минималната
температура никогаш не се симнува на нормална
вредност.
Febris intermittens
• се јавува кај маларија. Треската се
јавува секој ден со афебрилни периоди.
Febris hectica
• Постојат високи колебања на телесната тремпература во текот
на 24 часа, неколку пати.
• Секое пагање на температурата е придружено со потење,
болните се изнемоштени, исцрпени и дехидрирани.
• Температурата се качува и до 40С, а се симнува до
субнормална.
Febris recurens
• Febris recurens се јавува кај повратна треска.
• Се јавуваат фебрилни и афебрилни периоди од
неколку дена.
Febris undulans
• е брановидна температурна крива, а се јавува кај
бруцелоза.

You might also like