You are on page 1of 5

Фази на умирање:

Кублер Рос (Kübler-Ross, 1969) го поделила однесувањето и мислењето на личностите кои


се на умирање во пет стадиуми:
- Негирање и изолација е првиот стадиум од умирањето, во кој личноста одрекува дека
смртта навистина ќе се случи. Личноста често вели: „Ова не е можно мене да ми се случува. Мора
да е некаква грешка“.
- Гневот е вториот стадиум. Најчесто прашање во овој стадиум кое си го поставува е
прашањето: „Зошто јас?“. Во овој стадиум, личноста е многу тешка за нега бидејќи целиот
гнев и бес се проектираат врз членовите на семејството и медицинскиот тим, па дури и за
религиозните кон Бога.
- Пазарењето е третиот стадиум во умирањето според Кублер Рос, во кој личноста која
умира развива надеж дека смртта може некако да се одложи или задоцни. Некои личности се
пазарат или преговараат дури и со Бога, обидувајќи се да ја одложат својата смрт.
- Депресија e четвртиот стадиум на умирање, во кој личноста која е на умирање почнува да
ја прифаќа смртта и нејзиното сигурно доаѓање. Во овој период, се појавуваат депресијата и
тагата која ја подготвуваат личноста за она што следи. Личноста која е на умирање може да стане
многу повлечена, да ги одбива посетителите и поголем дел од времето да поминува во тагување
и плачење.
- Прифаќањето е петтиот стадиум од умирањето и според Кублер Рос, ова е стадиум во кој
личноста која е на умирање развива чувство на мир, прифаќање на сопствената судбина, и во
многу случаи, желба да биде сам.

Стадиуми во процесот на тагување (4):


Првиот стадиум на тагување по мртвиот се изразува преку емоционална отапеност и тоа е
всушност првата реакција по сознанието за смртта на саканото лице. Во овој стадиум се
покажуват малку чувства, поради шок, неверување, збунетост, активности околу погребот и
неговата улога е да заштити од големиот стрес, давајќи време за приспособување на тешката
вистина.
Вториот стадиум го карактеризираат протест и жолчност поради освестување за загубата.
Се јавуваат кризи на плачење, бес, раздразливост и немоќ, бидејќи смртта им го земала
саканото лице од нивниот живот.
Третиот стадиум, кој се појавува некаде до крајот на првата година по смртта на саканото
лице, е стадиум кој го карактеризираат дезорганизацијата и депресијата – апатија,
незаинтересираност за иднината, несоница, замор, анорексија, чувство на вина, конфузија,
дезориентираност, потреба за евоцирање спомени. Во овој стадиум е многу важна социјалната
поддршка и поддршката од експертите.
Последниот стадиум на тагувањето по починатото лице е закрепнувањето. Здравото
психолошко разрешување на загубата е можно со изразување на емоциите и со новото
преструктурирање на животот.
„Хоспитализам“- општ поим за сите психолошки и телесни пореметувања предизвикани со
долготраен престој во болница или друга установа. Во психолошка смисла е синдром на
негативни психолошки ефекти кои се јавуваат посебно кај мали деца кои подолго време
престојуваат во институција или растат во специјални домови за деца.
Симптоми на хоспитализам кај деца:
- Склоност кон плачење
- Апатичност и потиштеност
- Моторична смиреност или хиперактивност (цицање на палец, грицкање на нокти и сл.)
- Заостанување во психичкиот развој (развој на говор и мислење)
- Лоша здравствена состојба (склоност кон инфекции, пореметувања во хранењето и сл. )

Психолошки последици од одвоеност на детето од мајката


- лоши навики во исхраната, личната хигиена, спиење и социјално однесување
- пореметувања во однесувањето, пример за пркос, побуна, напади на бес, лажење и сл.
-невротски потешкотии како што се кошмари, рамнодушност, губење апетит и сл.
- психосоматски пореметувања, нпр. астма, умор,кожни болести;
- страв, загриженост, анксиозност;

Сепарациона анксиозност
Детето без причина е загрижено дека:
- Родителите нема да се вратат, ќе се случи несреќа; непредвидливи настани ќе го одвојат;
ноќни мори со тематика на одвојување; одбива да спие; само да оди на училиште; кога не е со
личноста за која е најмногу врзано е апатично, несреќно, не може да се концентрира.

Возрасниот како болен: Негативно искуство за болниот. Се јавува анксизност, страв,


неизвесност, фрустрација, депресивност, кои делуваат на текот и исходот на болеста, должина на
престој и успешноста во лечењето; Пациентот е преокупиран со социјалната изолација, новата
улога „болен“, очекувањата од болницата и медицинскиот персонал.
Можна е појава на „Синдром на институционална невроза“ (препуштање на судбината,
губење на иницијатива итн.

Се забележуваат два психолошки профили на личноста кај болните:

„Добар пациент“: соработува, го почитува мед. персонал, ја прифаќа својата болест и


лечење, информиран и ја разбира својата болест,се сложува со другите болни,пријатен, љубезен,
благодарен, има смисол за хумор.

„Лош пациент“ – незадоволeни основни психолошки потреби; фрустрација и загриженост и


болните реагираат со три типични однесувања:
- Хиперактивност –еуфорија, несоница
- Повлекување (некомуникативност)
- Регресија (како деца; целосна регресија);

„Фантомска болка“ се јавува кај луѓе на кои им е ампутиран дел од телото. Болните ја
чувствуваат болка во делот на телото кој е ампутиран, толку јасно, како делот се уште да постои.
- Се јавува веднаш после ампутацијата и исчезнува околу една година по операцијата. 5-
10% болката трае и подолго 10 г.
- Се јавува при емотивни возбудувања и разни сензации од внатрешните делови на телото
- Поминува со: анестезија со новокаин; ел. стимулација на местото на ампутацијата.

Постојат две хипотези за појавата на фантомска болка: невролошка и психолошка хипотеза.


Невролошката хипотеза претпоставува дека причина за болката е губење на сензорната
стимулација, што доведува до абнормални физиолошки активности во нервните клетки на
рбетниот мозок и мозокот.

Според психолошка хипотеза, причините се психички. Во многу случаи болката се јавува


под влијание на хипнотичка сугестија или после емотивно возбудување;
Што е стрес?
Состојба на пореметена психофизичка рамнотежа на личноста како резултат на психичка,
телесно, социјална загрозеност на личноста или блиски на личноста.
Стресори: секој физички, психички или социјален поттик која ја доведува личноста
до состојба на стрес.

Видови на стресори: Акутни стресори (нагли промени во околината и во организмот);


Хронични стресори (трајна непријатна ситуација во која се наоѓа личноста без
можност да излезе од неа);

Според интензитетот, стресорите можеме да ги поделиме на:Мали секојдневни стресови;


Големи животни стресови; Трауматски животни стресови;

Ситуации кои предизвикуваат најсилни стресови: несигурност на физичкото опстанување


несигурност околу одржување на сопствениот идентитет, неподнослива болка, губење на
саканата личност;

M.Friedman & R.Rosenman- врз основа на набљудување на личности со


кардиоваскуларни заболувања, утврдиле дека пациентите со кардиоваскуларни болести имаат
заеднички особини (кардиопатски особини) поврзани со начинот на живеење.
А –тип однесување: воркохолик, амбициозен, хиперактивен, нагласена социјалност, силна
контрола на емоциите, нагласена потреба за: контрола, почит, потиснување на емоциите и
нагласен перфекционизам.

Б –тип: однесување спротивно на особините и постапките на А-тип однесување


(неамбициозен, пасивен, повлеченост/изолација);

Делување на стресот на органските системи:


 Кардиоваскуларен систем
 Систем за варење на храната
 Систем на жлезди со внатрешно лачење
 Респираторен систем
 Локомоторен систем
 Останати болести и пореметувања

Кардиоваскуларни болести
1.) Покачен артериски крвен притисок „есенцијална хипертензија“
2.) исхемиски болести на срцето
3.) Срцева аритмија

1.) Покачен артериски крвен притисок „есенцијална хипертензија“ – не е секундарна


појава предизвикана од друга болест.
Причини: генетски, прехрамбени, социјални и психолошки.

 Важен механизам за регулирање на арт. крвен притисок се :


 „барорецепторите“ ( сместени во зидовите на к. садови) и центрите за регулација на арт.
Крвен притисок во мозокот. Во нормала арт. крвен притисок се враќа со помош на
барорецепторите.
 Но, ако стресот потрае подолго и почесто се јавува-пореметување на тој механизам за
вазомоторни промени- есен. хипертензија.
• Поради силните варирања на арт. Крвен притисок- оштетувања на внатрешните слоеви на
зидовите на крвните садови и процесот на атеросклероза (трајно зголемување на
арт. крвен притисок и намалена способност на крв. садови за вазомоторни промени).
2. ) Исхемиски болести на срцето
- последица на намалена снабденост на срцето со крв и кислород
- „атеросклероза “ (стеснување на крвните садови) постои несразмер помеѓу потребата
и можностите за снабденост со крв.
За да се заштити внатрешниот слој на зидовите на крвните садови, доаѓа до таложење на
холестерол, липиди, калциум. Прво се позитивни, но после негативни
> стрес- се лачи адреналин, > снабденост со крв срцевиот мускул, но поради
атеросклерозата и недостиг на кислород во срцевиот мускул.

3.) Срцева аритмија


 Неправилната работа на срцето-поради исхемија на срцевиот мускул или поради
локалните пореметувања во работата на срцето.
Основни причини: нарушена ускладеност помеѓу нервната контрола и работата на срцето,
која пак е
под силно влијание на емотивните состојби (стрес).

Респираторен систем
 Стрес-хипоталамус-центри за регулација на дишењето
 Бронхијална астма (адцидоза или хипоксија - разни пропратни пореметувања)
Поспаност, тромост, умор.
Резултат од взаемно делување на: алергиски,психолошки и инфективни.
 Алергените и инфекциите-отекување на слузницата на бронхиите;
 Психички стрес-стегање на малите ограноци на бронхиите поради нивното надразнување
на нервните импулси;

Локомоторен систем
 Психоген ревматизам
-мускулно-коскени болки
-хроничен замор, лошо поднесување на телесниот напор, пореметување во спиењето и
емотивната раздразливост
-структура на личност (хипохондрик; депресивна; хистерична).
Психонеуроимунологија
-неуро имунобиологија
-ендокринологија
-имунологија
Комуникацијата се одвива со сигнали (хемиски преносници на информациите):
-неуротрансмитери –кои се синтетизираат во нервните клетки;
-хормони
-лимфокини-од имунолошкиот систем
Треба да постои динамичка рамнотежа која се разрушува под влијание на стрес.

Карцином
 Стрес-Неуроендокринофизиолошките механизми ја намалуваат одбрамбената
сила на имуниот систем.
 Личности кои имаат слаба функција на имуниот систем кој не е способен да го елиминира
спонтаното јавување на малигни клетки-поголем ризик.
 Абнормални, лошо диференцирани клетки;
 Недиференцираност на клетките во ткивото и органите;
 Самостојно се развиваат, низ крв и лимфа; Клетките убијци не ги препознаваат;
 Стресот влијае на инхибиција на имунолошките реакции
 > концентрација кортикостероиди

Систем за варење на храна


 Улкусна болест
-акутен гастроинтестинален улкус (стрес – улкус)
-хроничен улкус
Гастрин - хормон кој поттикнува излачување на желудочна к-на.
Ендокрин систем
 Хипертиреоза – психосоматско пореметување поврзано со прекумерено излачување на
тироксин од тироидната жлезда под влијание на тиреотропна стимулација од хипофизата.
Дијабетес
 Зголемено количество на шеќер во крвта води кон исцрпување на Лангерхансовите клетки
на панкреас β, кои мора да лачат повеќе инсулин поради зголеменото количество на шеќер во
крвта.
 Друг облик на дијабетес е адреналниот дијабетес, кој настанува преку делување на
стресот на излачување на кортизолот-хормон кој го намалува искористувањето на глукозата во
клетките на организмот со истовремено засилување на активностите на црниот дроб, што ја
зголемува содржината на шеќер во крвта.

Кожни болести
 Психодерматологија- општи механизми на делување на емоционалните состојби врз
промените на кожата.
 Промени во топлината на кожата – вазомоторни промени во капиларите подложни на
влијание на емотивните состојби (вазоконстрикција и вазодилатација на крвните капилари- под
влијание на симпатикус)
 Чешање, пигменти, влакна

Опекотини и интензивна нега:


Болните со опекотини, 2-3 недели во состојба на делириум, понекогаш и застрашувачки
видни халуцинации; дезориентираност во простор и време. Чувствуваат потиштеност и
депресивност. За надминување на болките предизвикани од опекотини се применува
медикаментозна терапија како и психолошка поддршка за психолошко надминување на истата.

You might also like