You are on page 1of 15

СОУ „Јане Сандански“ – Штип

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ

НЕВРОПСИХИЈАТРИЈА СО НЕГА

Тема: ОЛИГОФРЕНИЈА

Ментор: Изработила:

Проф. Александра Каракерезова Данева Викторија Ефтимова IV¹


Штип, 2021

Предмет на проучување

Предмет на проучување на проектната задача е влијанието на социјалните и


општествените фактори врз личноста која што е заболена од оваа болест, исто
така клиничката слика, дијагнозата и терапијата.

Цел на проектот

Целта на овој проект е да го едуцираме населението за оваа болест и за


последиците кои ги предизвикува истата.

2
Вовед

Под олигофренија се подразбира состојба на застој или недовршен развиток на


разумот што предизвикува субнормалност на интелегенцијата. Ваквиот застој
во интелктуалниот развиток се случува во најраното детство, т.е во периодот
кога се развиваат интелектуалните функции. Од олигофренијата треба да се
диференцира деменцијата, која подразбира губење на веќе развиените
интелектуални функции. Често како синоним за олигофренијата се
употребуваат поимите како што се ментална ретардација, слабоумност,
субнормалност и др. Менталната ретардација се сретнува во сите средини,
меѓу училишните деца ментално неразвиени ги има 1,5-5,5%. Потешки облици
на ретардација се јавува во популацијата од 0,3-0,6%. Оваа болест може да
биде вродена и стекната, тоа е форма на деменција, не може целосно да се
излечи според податоците на медицината. Причините можат да бидат
различни, олигофренијата е сериозна болест, постојат неколку типа на фактори
за појава на оваа болест. Оваа болест се должи на наследната
предиспозиција, многу е честа и појавата на оштетување на генерациските
клетки. Интраутерините нарушувања во развојот кои можат да бидат
предизвикани од инфекции за време на бременоста, имунолошкиот фетален
конфлинкт со телото на мајката или прекумерната зависност од алкохол. Исто
така, повредите можат да бидат перинатални, кои се случуваат по раѓањето во
првите три години од животот на детето.

3
Етиологија

Порано се сметало дека душевната заостаност главно се наследува, а само


мал процент е стечен. Денес поголем број автори сметаат дека олигофренија
не е наследна, туку се наследуваат некои невролошки и метаболички
растројства кои од своја страна деведуваат до застој во менталниот развиток.

Причините за настанување на оваа болест можат да бидат:

 Ендогени фактори (нарушување на интраутериниот развој на фетусот);


 Егзогени (надворешни – трауми, тумор, итн.);
 Комбинација на причини.

Ендогените фактори вклучуваат наследни блести, генетски и хромозомски


мутации, ефекти врз ембрионот од хемикалии – дрога, алкохол, зрачење, стрес
на мајката, инфективни и вирусни заболувања на бремената жена.
Интелектуалната инсуфициенција може да предизвика и компликации за време
на бременоста – кршење на плацентарниот крвен проток, Rh- конфликт,
хормонски нарушувања на мајката (тироидна жлезда, надбубрежна жлезда
итн.).

Егзогените причинители можат да се препишат на:

 актот на раѓање;
 асфиксија и фетална хипоксија;
 сериозни заразни болести (енцефалит, менингитис);
 трауми и повреди на мозокот;
 тумори итн.

Клиничката слика на олигофренијата не зависи само од причините, туку и од


развојот на детето во периодот на изложеност на фактори. На пример, ако
бремената жена има сериозна заразна болест во првиот триместар – ризикот
од нарушен развој на фетусот е неколку пати поголем. Во исто време, ако
грипот или АРВИ се фатат со него во третиот триместар, речиси не влијае на

4
интелектуалниот развој на детето. Истата слика се добива со лекување на
бремената жена – најчесто во првите 12 недели лековите се опасни за
ембрионот.

Клиничка слкика кај олигофренијата

Доколку детето е олигофрено родено во безбедно семејство внимателните


родители веднаш забележуваат некои карактеристики кои се алармантни. Со
лесен степен на деменција, може да помине одредено време, што значи
изгубени можности за корекција. Постојат одредени знаци во зависност од
степенот, со кои можеме да ја препознаеме олигофренијата во рана фаза, а
тоа се:

 абнормална структура на черепот (микроцефалус, ацефалус,


хидроцефалус);
 закосени очи;
 епикантус (“трет очен капак“)
 прекршување на говорните вештини;
 неразвиеност на емоционалната сфера;
 мултиоргански лезии;
 нарушување на когнитивните функции;

Манифестацијата и симптомите на олигофренијата зависат од тежината на


болеста. Исто така влијаат на секундарните прекршувања, возраста на детето
и условите во кои тоа се лекува и рехабилитира. Најчесто, децата со тешка
ментална ретардација се сместени во специјализирани интернатски куќи. Често
овие луѓе живеат до 40-50 години. Понекогаш олигофренијата се комбинира со
други соматски нарушувања – неразвиеност на внатрешните органи, проблеми
со метаболизмот, како последица на слаби коски, зглобови итн.

Најчест симптом на болеста е отсутен израз на лицето. Често изразите на


лицето на лицата со олигофренија се искривени, ги копираат емоциите на
другите луѓе или ја одразуваат агресивноста и одвратноста. Пациентите се

5
перзистентни, тешко е да се префрлат од една активност на друга, тие не
чувствуваат срам, гадење, особено не постои концепт на општество, етика, итн.
Пациенти со олигофренија во степенот на слабост, не се секогаш способни да
ги разликуваат јадените предмети од секојдневниот живот од неживо. Ваквите
лица немаат страв од гушење со нешто или труење со отров, имаат проблеми
со чувството на ситост, тие постојано се гладни и подготвени да јадат нешто.

Нивното размислување е ограничено, тие размислуваат полека, монотоно,


често имаат несоодветно висока самодоверба. Луѓето со слабост се склони кон
тиранија, неоправдано тврдоглави, можат сурово да се одмаздуваат и
аргесивно да реагираат на другите луѓе. Емоционалниот и социјалниот развој
на лице со лесна ментална ретардација како целина зависи од околината,
бидејќи овие луѓе се многу лесно сугестибилни и склони кон копирање и
имитација. Тие имаат слабо развиена имагинација, поради што тие не можат
да размислуваат апстрактно, тешко е да се концентрираат и да се сетат на
голема количина на информации.

Слика бр.1

6
Прикажано е дете со карактеристични симтоми на олигофренија (закосени очи)

Класификација на олигофренија

Душевната заостанатост пред сè застои во интелектуалниот развиток на


ретардираното лице. Степенот на развитокот на интелектуалните функции се
утврдува со помош на коефициентот на интелигенција ( Q.J. ). Просечна
вредност на коефициентот на интелигенција при нормално лице се движи од
90-110. За душевни ретардирани деца се сметаат оние деца кои имаат Q.J.
помало од 80. Класичната поделба на олигофренијата спрема степенот на
развитокот на интелигенцијата е следната:

 лесна душевна заостанатост – Debilitas (Q.J. 50-80)


 умерена душевна заостанатост - Imbecilitas (Q.J. 35-49)
 тешка душевна заостанатост – Idiotija (Q.J. 20-34)
 мошне тешка душевна заостанатост – Kretenizam (Q.J. под 20)

Според начинот на однесувањето ментално ретардираните лица можат да се


поделат во две групи:

a) еретични (немирни);
b) торпидни (тапи);

Еретичните лица се често вознемиреник, импулсивни, осветољубиви и мошне


незгодни, додека торпидните се повлечени, бавни, незаинтересирани и сл.

ЛЕСНА ДУШЕВНА ЗАОСТАНАТОСТ (DEBILITAS)

Уште во најраното детство се забележува половен разиток и овие деца


проодуваат и прозборуваат подоцна. Овие лица не се во состојба да го
разликуваат суштественото од споредното, имаат тешкотии во разбирањето на
апстрактните поими. Сето ова придонесува овие деца видно да заостануваат
во совладувањето на училишниот материјал , но покрај тоа, со повторување на
секоја година тие успеваат да завршат основно училиште. Овие лица се доста
сугестивни и можат да бидат искористени од други лица за разни криминални
акти. При некои гранични случаи овој тип на душевна заостанатост дава

7
впечаток на незрело лице, недораснато, плиткоумно со детски сфаќања.
Најчесто се јавува на возраст од 8-12 години и лицата се образуваат во
институции од посебен вид .

УМЕРЕНА ДУШЕВНА ЗАОСТАНАТОСТ (IMBECILLITAS)

Претставува потежок степен на душевна заостанатост. Овде е забележителен


побавен најраниот развиток, при што особено паѓа во очи, говорот, кој никогаш
доволно не се развива и располага со оскуден речник. Овие лица не можат ни
во најдобар случај да завршат основно училиште. Доста се ограничени во
сфаќањето и расудувањето. Постои оскудност во апстрактното мислење,
несфаќање на одредени ситуации, се јавува зголемено либидо и сексуална
промискуитетност, како и агресивност во однеусвањето. Олигофренот може да
се прилагоди во позната средина и во склопот на фамилијарната средина
можат социјално да се одржат работејќи поедноставни домашни работи.

ТЕШКА ДУШЕВНА ЗАОСТАНАТОСТ

Психомоторниот развиток кај оваа форма на ментална ретардација е видливо


побавен. Говорот се развива мошне доста, но се состои од недоволен фонд на
зборови поради што е отежнат контактот со околината. Овие лица бараат
постојана помош и надзор од страна на родителите или нивниот старател.

МОШНЕ ТЕШКА ДУШЕВНА ЗАОСТАНАТОСТ

Овде лицата се раѓаат со бројни телесни недостатоци и дегенеративни


стигмати и по својот надворешен изглед паѓаат во очи. Обично одат голи, не се
во состојба да ја одржат својата лична хигиена и изгледаат мошне запуштени.
Говорот никогаш добро не се развива , може да научат само неколку зборови
во подоцнежните години со кои што контактираат со својата околина. Можат да
бидат присутни невролошки симтоми: парези, парализи, неволеви, хореатични
или атеточни движења, епилептични напади и друго. Поради нивните слаби

8
одбранбени механизми лесно подлегнуваат разни интеркурентни болести. Исто
така овие лица не се во состојба да се грижат сами за себе и мора да бидат
под постојан надзор на родител или соодветни установи за ретардирани лица.

Прогноза на болеста

Современата медицина не располога со соодветни средства за успешно


лекување на ментална заостанатост. Со мали исклучоци- каде заостанатоста е
последица на леутично заболување или растројство на тиреоидната жлезда,
при кои давањето на соодветна терапија може да биде успешна, кај другите
прогнозата не е оптимистичка. Главен акцент треба да се стави на
привенцијата на ологофренијата, која се состои во спречување на инфективни
болести и трауми кај мајката за време на бременоста, избегнување да се
консумира алкохол, дрога, земање на разни медикаменти итн. Во случај кога е
утврдена душевната заостанатост потребна е рехабилитација на
ретардираните лица. Така што лекувањето се состои во воспитување и
социјално згрижување, се користи помош од родителите, дефектиолозите,
психијатрите, кои ке помогнат и дадат видни резултати особено мајката на
заболеното лице. Потребно е да се отвараат помошни одделенија во
училиштето каде ќе се собираат полесно умно заостанати деца, како и
специјални заводи со работници за истите, претставува еден од начините овие
деца социјално да се рехабилитираат и да не претставуваат проблем на
општеството. А потешките облици треба да бидат изолирани од општеството и
да бидат сместени во специјални заводи.

9
Слика бр.2

Лица со карактеристична фацијална манифестација на олигофренија

Третман и превенција на олигофренија

Третманот многу зависи од причините што ја предизвикале болеста.


Метаболните нарушувања се третираат со ноотропици, се препишуваат
глутаминска киселина, церебролизин, липоцеребин и периоди на витаминска
терапија. Интракранијалниот притисок се намалува со капки од магнезиум,
дијакарб или глицерин. Силната ретардација се отстранува со стимуланси
(синтетички или природни). Исто така, се користат и кинески магнолија лоза,
алое, женшен итн. Конвулзиите и возбудата се отсранува со давање на
антипсихотици. Ефективноста на третманот зависи од периодот кога започнало
лекувањето, исто така, терапијата со лекови се препорачува да се комбинира
со психолошки методи. Потребно е да се создаваат поволни услови за развој
на детето, да се контролира исхраната, како и емоционалното оптоварување.
Најчесто сето ова го спроведува олигофренопедагог, поправниот психолог или
дефектолог.

Слика бр.3 Душевна заостанатост кај дете Слика бр.4 Дете со тешка

Слика бр.4 Дете со душевна заостанатост (idiotizam)

10
Слика бр. 5 Приказана е умерената душевна заостанатост (imbecilitas)

Заклучок

Олигофренијата претставува застој или недовршен развиток на разумот што


предизвикува субнормалност на интелигенцијата. Се препорачува бремената
жена за време на бременоста да не конзумира алкохол, дрога, да избегнува
зрачење, стрес, да се храни здраво за да го сочува имунитетот да не дојде до
инфективни и вирусни заболувања, како и повреди, трауми и сл. Потребно е да
се внимава и при актот на раѓање, да не дојде до повреди на бебето, асфикција
и фетална хипоксија итн.

11
Содржина

1. Предмет и цел на проучување 2


2. Вовед 3
3. Етиологија 4
4. Клиничка слика на олигофренија 5,6
5. Класификација на олигофренија 7,8
6. Прогноза на болеста 9
7. Терапија и превенција на олигофренија .......................................................................10
8. Заклучок .........................................................................................................................11

12
Користена литература

1. Проф. д-р. С. Стефановски (2007), Неврологија и психијатрија, Скопје,


Просветно дело.
2. https://ajlota.ru/ku%D1%9Ca/17199-oligofreni%D1%98a-vo-stepenot-na-
slabost-idiotizam-i.html
3. https://ajlota.ru/zdrav%D1%98e/9475-ko%D1%98-e-oligofrena-stepen-na-
retardaci%D1%98a-simptomi-i.html
4. https://mk.everaoh.com/%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%BE
%D1%84%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BC
%D0%B5%D1%85%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%BC
%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE
%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%B8/
5. https://www.google.com/search?q=%D0%9E%D0%9B
%D0%98%D0%93%D0%9E%D0%A4%D0%A0%D0%95%D0%9D
%D0%98%D0%88%D0%90&tbm=isch&tbs=rimg
%3ACcMeRY8mcEWTYQfIyGMZEiDz&hl=bg&sa=X&ved=0CBsQuIIBahcKE
wjIofKGg_HuAhUAAAAAHQAAAAAQGQ&biw=1349&bih=657&fbclid=IwAR3
9F4JONbx6eN33nt927padFIM6IawVDd7SK6Vx6WVSgW8Eo_4oJBc--
d0#imgrc=fO-7JHK_Fh-iaM&imgdii=ahgEpHbocSJodM
6. https://www.google.com/imgres?imgurl=http%3A%2F%2Fbg.housepsych.com
%2F02_u_rebenka_umstvennaya_otstalost1.jpg&imgrefurl=http%3A%2F
%2Fbg.housepsych.com%2Fumstvennaya-otstalost-u-
rebenka_default.htm&tbnid=fO-7JHK_Fh-
iaM&vet=10CAMQxiAoAGoXChMIsMKW5rL07gIVAAAAAB0AAAAAEAw..i&d
ocid=PlDRx-HoyLTHyM&w=251&h=188&itg=1&q=%D0%9E%D0%9B
%D0%98%D0%93%D0%9E%D0%A4%D0%A0%D0%95%D0%9D

13
%D0%98%D0%88%D0%90&hl=bg&ved=0CAMQxiAoAGoXChMIsMKW5rL07
gIVAAAAAB0AAAAAEAw
7. https://www.google.com/imgres?imgurl=https%3A%2F
%2Fbg.stuklopechat.com%2Fimages%2Fzdorove%2Fimbecili-eto-chto-za-
lyudi.jpg&imgrefurl=https%3A%2F%2Fbg.stuklopechat.com%2Fzdorove
%2F114947-imbecily-eto-chto-za-lyudi.html&tbnid=nj-wkKB-
7sNhEM&vet=10CAkQxiAoCWoXChMIsMKW5rL07gIVAAAAAB0AAAAAEAw
..i&docid=3sO7e0UuSt5rSM&w=436&h=298&itg=1&q=%D0%9E%D0%9B
%D0%98%D0%93%D0%9E%D0%A4%D0%A0%D0%95%D0%9D
%D0%98%D0%88%D0%90&hl=bg&ved=0CAkQxiAoCWoXChMIsMKW5rL07
gIVAAAAAB0AAAAAEAw
8. https://www.google.com/search?q=
%D0%B4%D0%B5%D1%86%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%BE
%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%84%D1%80%D0%B5%D0%BD
%D0%B8%D1%98%D0%B0&tbm=isch&ved=2ahUKEwjp-
d79m_HuAhU8AWMBHWosCqIQ2-cCegQIABAA&oq=
%D0%B4%D0%B5%D1%86%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%BE
%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%84%D1%80%D0%B5%D0%BD
%D0%B8%D1%98%D0%B0&gs_lcp=CgNpbWcQAzoHCCMQ6gIQJzoCCAA
6BAgAEEM6BggAEAUQHjoGCAAQCBAeUIidAVizzwFg-
dABaAFwAHgAgAGQAogBgB-
SAQYwLjEyLjiYAQCgAQGqAQtnd3Mtd2l6LWltZ7ABCsABAQ&sclient=img&e
i=EDQtYOmxOryCjLsP6tiokAo&bih=657&biw=1366&fbclid=IwAR0_ZZZ_TH5r
qctuFmeebKUoN-
WJoYuBjIkYmEAGs99JfROe1AeiDbCJ7RI#imgrc=RQ6O8xUK6v01CM
9. https://www.google.com/search?q=%D0%BE%D0%BB
%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%84%D1%80%D0%B5%D0%BD
%D0%B8%D1%98%D0%B0&rlz=1C1CHBD_enMK910MK910&sxsrf=ALeKk0
13Fgoipp09X-StVd63xKJGpaVS-
w:1613689814869&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=2ahUKEwjDkcWBx_
TuAhUpx4sKHUM_CwsQ_AUoAXoECAQQAw&biw=1366&bih=657#imgrc=w
x5FjyZwRZPkcM

14
15

You might also like