You are on page 1of 23

Меѓународен Славјански Универзитет – Битола

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ ПСИХОЛОГИЈА

ТЕМА : СИНДРОМ АДХД И ЛЕКУВАЊЕ

ИЗРАБОТИЛ : МЕНТОР :

Битола, 2020
Содржина

Вовед ........................................................................................................................... 3
1. СИНДРОМ АДХД И ЛЕКУВАЊЕ ...................................................................... 4
1.1. Карактеристики на АДХД .................................................................................. 5
2. Дијагностички критериуми ................................................................................... 6
3. ШТО Е ADHD СИНДРОМ КАЈ ДЕЦАТА? ........................................................ 8
3.1. Што е тоа хиперактивност и како можеме да ја препознаеме кај децата? .. 8
3.2. Хиперактивноста често пати се меша со разиграноста, како да се препознае
разликата? ................................................................................................................... 9
3.3. Како да се однесуваме со хиперактивно дете? ............................................... 10
3.4. Што предизвикува хиперактивност? ............................................................... 11
4. Примена на ACE прашалникот ........................................................................... 12
4.1. Испитаник/интервјуиран .................................................................................. 12
4.2. Вовед во ACE интервјуто ................................................................................. 13
4.3. Администрирање на АСЕ интервјуто ............................................................. 14
4.4. Ко-постоечките проблеми и пореметувања .................................................... 15
5. АДХД за возрасни …........................................................................................… 16
5.1. Можни знаци за АДХД ..................................................................................... 16
6. Најдобриот избор на третман кај луѓето што страдаат од
АДХД-синдромот ................................................................................................. 18
Заклучок .................................................................................................................... 22
Користена литература .............................................................................................. 23

2
Вовед

АДХД (синдромот на недостаток на внимание и хиперактивност) или


хиперкинетскиот синдром според ICD е една од најчестите нарушувања кај
генералната популација на деца и адолесценти. Машките се 3-5 пати повеќе
засегнати отколку девојчињата.
АДХД се карактеризира преку упорна шема на однесувања кои траат
повеќе од 6 месеци и кои се манифестираат на повисок степен отколку кај
другите деца на иста возраст, и се манифестираат преку следната тријада на
симптоми: хиперактивност, импулсивност и недостаток на внимание.
ADHD (Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност) е често
невропсихијатриско нарушување кое го привлекува јавниот интерес.
Нарушувањето се карактеризира со хиперактивност, проблеми во
концентрацијата, импулсивност и дистрактибилност.
ADD се карактеризира со проблеми во концентрацијата без асоцирана
хиперактивност.Базичниот развоен проблем кај овие деца е проблем во
препознавањето и одговорот на сензорните стимули и емотивните импулси.
Импулсите водат кон избрзан одговор. Реакцијата на детето на стресните
ситуации секогаш е пренагласена (на пример, семејни расправии, соочување со
екцесивни барања, траума или загуба).
Иако многу деца со синдром на хиперактивност и невнимание не
добиваат сооодветен третман и рехабилитација, многу родители се склони да ја
прифатат дијагнозата дури и доколку проблемите на детето се со друго потекло
(понекогаш дури и во прилог на ADHD). Проценката на емоционалниот развој
мора да се направи доволно сеопфатно.

3
1. СИНДРОМ АДХД И ЛЕКУВАЊЕ

Во 50-90% од случаите симптомите на ADHD вклучуваат различни


психијатриски проблеми, како депресија, анксиозност, опозиционерство,
нарушено поведение или биполарни растројства. ADHD може да биде во помала
мера (20-25%) асоциран со проблеми поврзани со учењето или развојот
(моторни функции, перцепција, јазични вештини и комуникација).
Детето има проблеми со самодовербата, нарушената слика за себе и
социјалната улога се понекогаш присутни, иако не се доволно силно изразени за
да претставуваат посебна дијагноза сами за себе.
Исто така, ADHD може да биде дел од многу посериозен
невропсихијатриски ентитет со елементи на Аспергеров синдром, опсесивно-
компулсивно поведение и/или тикови.1
Барем 5% од децата имаат синдром на невнимание/хиперактивност,
проблеми во моторната координација и перцептивни тешкотии на почетокот од
образованието: секое одделение има барем едно хиперактивно дете. Само
дефицит на внимание без хиперактивност е поредок, но заради неговата
природа многу почесто останува неоткриен.
Генетската предиспозиција за ADHD е сигнификантна. Наследството,
заедно со влијанието на околината и некои типови на социјални средини, може
да го поттикнат развојот на 2 ADHD. Родителот на детето со ADHD може да
имал или има слични проблеми. Од една страна ваков родител може да ги
разбере проблемите на сопственото дете, но од друга страна може да му биде
тешко да ја оствари својата улога на родител согласно своите особини.
Проблемите се почести кај момчињата отколку кај девојчињата. Како и
да е, кај девојчињата помалку јасните проблеми може да останат
недијагностицирани. Една третина од овие деца имаат значајни тешкотии, па
третманот и рехабилитацијата се неопходни веќе во предучилишна возраст,
додека останатите имаат потреба од поддршка на училишна возраст.

1
http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2015/08/Snidrom-na-nevnimanie-i-hiperaktivnost.pdf

4
1.1. Карактеристики на АДХД

Децата кои имаат симптоми на хиперактивност може да имаат:


 нервозен е и загрижен на неговото место
 постојано зборува
 црта наоколу, допира или си игра со ништо и сешто наоколу
 има потешкотии во седењето мирно додека јаде, на училиште, додека му
се читаат приказни
 постојано е во движење
 има потешкотии во правењето тивки задачи и активности
Децата кои имаат симптоми на импулсивност може да имаат:
 многу е нетрпелив
 коментира несоодветно, ги покажува своите емоции без воздржаност, и
дејствува без да мисли на последиците
 има потешкотии во чекањето на работите што ги сака или чекајќи го
неговиот ред да се игра
 често ги прекинува разговорите или другите активности
Децата кои имаат симптоми на недостаток на внимание може да имаат:
 лесно може да му биде одземено вниманието, не приметува детали,
заборава работи и често преминува од една на друга активност
 има потешкотии во фокусирањето на една работа
 после неколку минути му се здосадува активноста, освен ако не работи
нешто пријатно2
 има потешкотии во фокусирањето на вниманието
 има потешкотии во завршувањето на домашните задачи, често губејќи
работи (пенкала, играчки,задачи) кои му се потребни за извршување на
задачите
 изгледа како да не слуша кога му се обраќате
 мечтае, лесно се збунува, и се движи бавно
 има потешкотии во процесирањето на информациите брзо и точно како
другите

2
http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2015/08/Snidrom-na-nevnimanie-i-hiperaktivnost.pdf

5
2. Дијагностички критериуми

Постојат два дијагностички критериуми во општа употреба,


Дијагностички и статистички прирачник за ментални нарушувања 5-ти
издание (DSM-5) и Меѓународната статистичка класификација на болести и
сродни здравствени проблеми 10 Ревизија – МКБ 10 (ICD-10). Овие
критериуми се разликуваат во нивната класификација на АДХД.
ДСМ-5 и МКБ-10 беа развиени како насоки за здравствените работници,
а не како специфични алгоритми. Критериумите на ДСМ-5, дефинирани од
страна на Американската психијатриска асоцијација (2013), вклучуваат три
подтипови на АДХД: предоминантно невнимателен, предоминантно
хиперактивен/импулсивен, и комбиниран тип. DSM-5 критериумите
наложуваат почетокот на симптомите да бил пред 12та година од животот.
За децата, потребни се најмалку шест (или повеќе) симптоми од секој
подтип за поставување на дијагноза, а за постари адолесценти и возрасни лица
(на возраст од 17 и повеќе години), 3 се потребни најмалку пет тековни
симптоми. Симптомите мора да опстојуваат најмалку шест месеци до степен
што не соодејствува со развојното ниво на детето и да предизвикуваат
директно оштетување на социјалните и академските/професионални
активности.
Овие критериуми се користат и се вклучени во SNAP-IV (Swanson, 1992),
BAARS-IV (Баркли, 2011), ADHD Скала-IV (DuPaul et al, 1998), и Kiddie-Sads-
Present, и животна верзија ( K-SADS-PL;. Kaufman et al, 1996). МКБ-10
критериумите, дефинирани од страна на Светската здравствена организација
(1992), го дијагностицираат АДХД со назив хиперкинетско нарушување.

3
https://vomojotsvet.mk/2011/06/20/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B5-
%D0%B0%D0%B4%D1%85%D0%B4/

6
Симптомите остануваат исти како и во ДСМ-5, но деветте симптоми на
хиперактивност/импулсивност од ДСМ-5 се поделени на пет симптоми на
хиперактивност и четири симптоми на импулсивност.
Кај МКБ-10 почетокот на симптомите треба да е пред седмата година од
животот. За да се постави дијагноза на хиперкинетско нарушување, децата
мора да пројавуваат најмалку шест симптоми на невнимание, Општо за АДХД
и најмалку три симптоми на хиперактивност и најмалку еден симптом на
импулсивност. Бројот на симптоми кои се потребни за дијагноза не е зависен
од возраста во МКБ-10, а критериумите се исти и за деца и за возрасни.
Слично на ДСМ-5, и во МКБ-10 потребно е симптомите да се присутни
најмалку шест месеци и да се изразени до степен што не е во согласност со
типичните развојни нивоа на таа возраст, и да предизвикуваат нарушувања и
потешкотии во функционирањето во повеќе од една ситуација.

Слика 1.

За разлика од ДСМ-5, во МКБ-10 нема поделба на различни подтипови


на хиперкинетското растројство, но може да се случи на пример детето да е
под прагот за хиперактивност, но да ги има симптомите на невнимание.
И додека АДХД може да се дијагностицира кај деца на возраст под пет
години (од страна на дијагностичките системи нема предложена минимална
возраст), симптомите може да бидат тешко диференцирани од варијациите кои
се гледаат во однесувањето на врсниците за време на предучилишната возраст.
Поради тоа се препорачува стручните лица да бидат внимателни при
спроведување на проценката на АДХД кај деца помали од пет години.

7
3. ШТО Е ADHD СИНДРОМ КАЈ ДЕЦАТА?

Многу од вас за ова нарушување ќе слушнат прв пат. Малку за него се


зборува и знае. Дали е подобро детето да се нарече, себично, невоспитано или
да му се овозможи разбирање и помош?
Нарушувањето на вниманието и концентрацијата често е нарушување и
тоа во голем број кај натпросечно интелигентните деца. Тие тешко се
справуваат со тоа, посебно ако немаат помош од семејството, учителите и
стручните лица.
Тие не знаат своето внимание да го насочат кон задачата. Воопшто не е
лесно! Со хиперактивност се сретнуваме во секојдневниот речник. Колку пати
само ви се случило да кажете за своето или за друго дете дека е хиперактивно?
Грешите ли? Дали разиграноста и хиперактивноста се исто? Како да се
справувате со нарушувањето кое се нарекува ADHD? Психологот Трпимир
Јаковина прискокнал на помош на тимот на Ординација. хр и одговорил на
прашањата поврзани со ова нарушување.4

3.1. Што е тоа хиперактивност и како можеме да ја


препознаеме кај децата?
Нарушувањето на вниманието со хиперактивност, познато и како ADHD
(од англ. Attention Deficit Hyperactivity Disorder), е едно од најголемите
невроразвојни нарушувања во детската и адолесцентната возраст. Ова
нарушување вклучува зголемена моторичка активност кај детето, која е следена
со неадекватно развиено и лесно отстранување на вниманието со нагли,
непредвидливи и импулсивни реакции.
Таквото дете во одделението е немирно, им пречи на другите во
работата, не може да заврши ни наједноставна задача, невнимателно е, секогаш
е во неволја, и е со променливо расположение, раздразливо е, не може да одржи
пријателство и сл.

4
https://vomojotsvet.mk/2011/06/20/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B5-
%D0%B0%D0%B4%D1%85%D0%B4/

8
3.2. Хиперактивноста често пати се меша со разиграноста,
како да се препознае разликата?

Родителите и наставниците често пати ја мешаат хиперактивноста со


разиграноста,нормалното однесување на активно претшколско дете или некои
други психолошки проблеми или од здравствена природа кои може да
предизвикаат однесување слично на ADHD. Затоа е важно во
дијагностицирањето на ADHD да одлучува мултидисциплинарен тим на
стручњаци.
За да поставиме дијагноза нарушување на внимание со хиперактивност
важно е детето да покажува шест или повеќе симптоми кои траат барем шест
месеци во две или повеќе опкружувања(на пр.: училиште/градинка и дом) кои се
јавуваат пред седмата година во животот.
Потребно е да бидат присутни симптоми од кругот на симптоми од
невнимание (на пр.: детето често не ги следи упатствата, има тешкотии со
одржување на вниманието, има тешкотии со организирање на активности, често
ги избегнува задачите, губи ствари, му сметаат надворешните влијанија итн.), а
од кругот на симптоми на хиперактивност -импулсивност (се врти или не може
мирно да седи, премногу трча или се качува,премногу зборува, често
„излетува“со одговорите пред да е довршено прашањето,често ги прекинува или
им смета на другите итн.).

Слика 2.

9
3.3. Како да се однесуваме со хиперактивно дете?

Често пати хиперактивните деца претставуваат проблем за


околината(одделение,група на пријатели, семејство) но, треба да се земе
предвид дека и самото дете многу пати. Тоа се чувствува неприфатено, не
добива доволно поддршка за она што го прави,не ги искажува своите
способности, работи под своите можности, недоволно ја задоволува потребата
за комуникација и искажување, што дава лоша слика за себе и низок степен на
самодоверба. 5
Затоа е погрешно хиперактивно дете да се казнува поради тоа што е
хиперактивно. Тоа не е виновно за постапките! Спрема него треба да се
однесуваме со многу трпеливост, ведрина, толеранција и топлина. Исто така,
погрешно е на хиперактивното дете да му се зборува што да не прави и да го
збуниме со неодредени и општи пораки како „Биди добар!“ „Смири се!“или
„Прекини!“Пораките кои му ги испраќаме треба да бидат афирмативни,
директни, лесно разбирливи, едноставни и јасни. За хиперактивните деца важно
е да обезбедите доволно стимулативна околина и да им понудите поголем број
на активности, игри,предмети и играчки, кои во исто време ќе им бидат
привлечни, ама и сигурни.Препорачливо е што почест престој на отворен
простор со можност за слободно и сигурно движење. Исто така, е важно
родителите на овие деца да имаат предвид како да ги заштитат од потенцијална
опасност.

5
https://www.4upharma.com/
%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8/%D1%88%D1%82%D0%BE%D0%B5adhd
%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BA
%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5%D1%8%D0%B0%D1%82%D0%B0.html

10
3.4. Што предизвикува хиперактивност?

Причината за нарушувањето сѐ уште не е до крај разјаснета. Меѓутоа,


денеска со сигурност знаеме дека тоа, секако, не е недостаток на родителска
грижа, прекумерно гледање телевизија ни неадекватна исхрана.
Хиперактивноста најверојатно ја предизвикува комбинацијата од генетски,
невролошки, биохемиски и фактори од околината. Во последно време ADHD се
поврзува со нарушување во метаболичките функции на мозокот. 6 Имено, се
покажало дека метаболизмот на мозокот кај хиперактивните деца е 8 пати
понизок од останатите деца. Најголемите разлики се најдени токму во
подрачјето на мозокот кои го регулираат вниманието и контролата на
моториката.
ADHD понекогаш се лекува со лекови, најчесто со
стимуланси(амфетамини) кои им помагаат на децата да се насочат на задача и
да ги намалат проблемите во однесувањето. Новите сознанија за помали
метаболички активности на мозокот поддржуваат употреба на стимуланси, кои
на овие деца дејствуваат смирувачки. Но,како и кај сите лекови се појавуваат и
нуспојави: несоница, дигестивни пречки,вртоглавица, губење на тежина итн.
Најдобри резултати се постигнуваат со така наречениот мултимодален
пристап, односно со истовремена примена на соодветни лекови и различни
психосоцијални и психоедукативни пристапи.7 Исклучително е важна
едукацијата на родителите и околината за природата на овие нарушувања, така
што околината што подобро да се приспособи на детето. Игнорирањето на ова
нарушување, како и изостанувањето на оптималното лекување има погубни
последици на детскиот развој, кочејќи го во неговото школување и формирање
во здраво социјално битие.

6
https://www.4upharma.com/
%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8/%D1%88%D1%82%D0%BE%D0%B5adhd
%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BA
%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5%D1%8%D0%B0%D1%82%D0%B0.html
7
http://pharmanews.mk/dali-patite-od-adhd-za-vozrasni/

11
4. Примена на ACE прашалникот

Прашалникот за евалуацијата на деца со АДХД (ACE - ADHD Child


Evaluation) е алатка наменета за здравствените работници при проценка на деца
со АДХД на возраст од 5 до 16 години.
Прашалникот го води стручното лице и е еден вид на дијагностичкиот
процес, преку оценување на основните симптоми на АДХД и степенот до кој
тие го нарушат функционирањето на детето. ACE прашалникот поставува низа
прашања што одговараат на основните симптоми на невнимание,
хиперактивност и импулсивност, и се предвидени и типични примери на
манифестација на овие симптоми кои претставуваат и водич на клиничкото
расудување.
Со цел да се процени дали основните симптоми предизвикуваат значајни
пречки во две или повеќе опкружувања, АСЕ прашалникот содржи прашања за
појавата на секој симптом во две средини, и тоа дома и во училиште. Примерите
се дадени за секоја ситуација. Вонучилишните активности треба да се нотираат
како примери од дома.

4.1. Испитаник/интервјуиран

ACE е клиничко интервју кое треба да биде извршено од страна на


стручно здравствено лице со индивидуи кои живеат со детето и го знаат добро.
Тие мора да бидат запознаени со функционирањето на детето во различни
ситуации. Обично се интервјуираат родителите/ старателите или други членови
на семејството кои се запознаени со домашниот амбиент. Обично, и детето исто
така учествува во интервјуто, што дава можност да се разговара со него, како и
притоа да се набљудува неговото однесување. Секогаш кога е можно, треба да
се добие и мислење од училиштето (т.е. интервју со наставникот и/или
разгледување на училишниот извештај). Кај постарите деца кои се во
тинејџерски години, прашалникот може да се примени директно на детето; но
сепак, препорачливо е да се добијат поткрепувачки информации и од
родителите/старателите, како и од училишните извештаи.

12
4.2. Вовед во ACE интервјуто

Непосредно пред отпочнување на интервјуто, интервјуерот треба да


воспостави добар контакт со соговорниците со цел да овозможи да се
чувствуваат удобно, и смирено.
Му се препорачува на оценувачот да започне со откривањето на
проблемите на детето и неговото семејство преку користење на општи отворени
прашања, како на пример "Јас сум тука за да дознаам колку што можам повеќе
за однесувањето на вашето дете. Можете ли да ми кажете нешто во врска со
вашето дете и загриженоста која ја имате? ".
Корисно е да се утврди каков е секојдневниот живот на детето и оние
околу него, и да се разбере што се очекува од детето дома (на пример
однесување, обврски) и како детето напредува во училиште.
Кога се започнува со администрација на прашањата од АСЕ интервјуто,
важно е да се нагласи дека на соговорникот ќе му поставите конкретни прашања
кои се однесуваат на дијагностичките критериуми на симптомите, и ќе бидат
прашани дали овие симптоми се манифестирани од страна на детето во текот на
изминатите шест месеци.
Прашајте го соговорникот да даде колку што може повеќе примери за тоа
како овие симптоми се манифестираат во домот, училиштето или другите
активности. Можете исто така да побарате од интервјуираниот да каже дали му
се чини дека симптомите кај неговото дете се со поголема зачестеност во
споредба со другите деца од негова возраст (на пример, во споредба со браќата,
сестрите или врсниците).

13
4.3. Администрирање на АСЕ интервјуто

Започни го интервјуто со пополнување на делот со основните


информации. Во прилог на демографските податоци, во овој дел се
распрашуваме и за присуството на ризик фактори во Примена на ACE
прашалникот животот на детето, нивната медицинска историја, образование,
односите со врсниците и семејното опкружување.
Тоа е важно да се земе во предвид со цел да се разбере контекстот на
однесувањето на детето и може да обезбеди увид во врска со проблемите. Потоа
следат прашања во врска со критериумите за симптомите на невнимание (девет
прашања), хиперактивност (пет прашања) и импулсивност (четири прашања).
Прво прочитајте го прашањето и поттикнете го интервјуираниот да
размисли за присуството на овој симптом дома и на училиште. Оценувачот е
воден со краток опис за секое прашање при што се сумира однесувањето на
детето при тие услови. Ова писмено упатство служи само како потсетник за
оценувачот и тоа не треба да се чита на глас на соговорникот.
Поттикнете го соговорникот да ги опише специфичните ситуации и/или
да даде конкретни примери кога некој симптом или проблем е присутен, за
почетокот на појавата на симптомите или проблемот, ситуациите во кои се
јавува, зачестеноста, сериозноста и посредувачките фактори. Особено е важно
да се разгледа степенот на нарушеното функционирање од страна на детето како
резултат на овој симптом/проблем и дали тоа се случува почесто отколку што
би се очекувало за дете од слична возраст и степен на развој.
Ставете белешки во соодветните квадратчиња за дома/училиште;
забелешките треба да биде подетално напишани со цел стручното лице да може
да донесе одлука за тоа дали симптомите се присутни или не. Од ова детално
истражување на секој симптом, оценувачот ќе процени дали симптомот е
присутен и како тоа делува врз функционирањето на детето.

14
Ако постои несигурност околу донесување на јасна одлука што да се
направи, може да биде корисно да се разгледаат училишните документи (како
што се извештаите од училиште) и/или да се бара мислење и од други лица
вклучени во грижата за детето и/или во вонучилишните активности. Делот на
набљудување е предвиден по делот за оценување на симптомите каде
оценувачот може да стави забелешки во врска со своите видувања за
однесувањето на детето ако тоа е присутно за време на интервјуто (и/или за
набљудувања направени во некои други околности).

4.4. Ко-постоечките проблеми и пореметувања

По делот на набљудување, следува делот каде се разгледува можноста за


постоење на диференцијални или ко-морбидни состојби осврнувајќи се на
дадена листа на алтернативни и/ или заеднички ко-постоечките проблеми. Тие
вклучуваат невроразвојни/когнитивни, бихејвиорални, емоционални, физички и
медицински заболувања, а секој дел содржи краток опис кој има за цел да го
поттикне оценувачот да го разгледа однесувањето на детето од поинаква
перспектива.
Овој дел содржи листа на потенцијални ко-постоечки проблеми и
нарушувања, но сепак при спроведување на проценката, не се препорачува да
му се наведат овие проблеми и нарушувања на испитаникот (како што се
означени).
По можност, стручното лице треба да поставува општи прашања кои се
однесуваат на состојбата пред да се фокусира на поспецифични симптоми.
Обезбеден е простор кој е предвиден за запишување на белешки во врска со тоа
дали состојбата е претходно дијагностицирана или дали е потребно
понатамошно испитување. Важно е да се напомене дека критериумите според
ДСМ-5 овозможуваат коморбидни дијагнози, но МКБ-10 не. Овој дел не е
наменет за поставување на дијагноза; но има за цел да ги идентификува
симптомите што треба да се сметаат за потенцијални диференцијални или
коморбидни состојби кои бараат понатамошни испитувања.

15
5. АДХД за возрасни

АДХД претставува еден вид на хронично чувство на збрканост, и иако во


помал број, ова нарушување е застапено не само кај децата туку и кај
возрасните
Синдромот на недостаток на внимание и хиперактивност скратено
наречен АДХД е нарушување во однесувањето кое е карактеристично кај деца и
адолесценти, додека помалку познато е дека е застапено и кај возрасните.
АДХД не се јавува ненадејно, па доколку се открие кај возрасна личност,
значи дека таа личност го имала од млада возраст но не било дијагностицирано.
АДХД, едноставно кажано, претставува еден вид на хронично чувство на
збрканост. Се претпоставува дека станува збор за состојба која што е наследна.
Тешко се дијагностицира, бидејќи некои можни знаци за АДХД, како
слаба концентрација и мотивација или проблеми во врската, можат да бидат
знаци за други состојби, како на пример депресија.8
Тешкотија при дијагностицирање претставува и фактот дека две
личности со АДХД немаат подеднакви симптоми. На пример, некои можат да се
концетрираат доколку се заинтересирани, доколку некои никако не го можат
тоа. Некои се антисоцијални и социјалната интеракција му предизвикува стрес,
додека некои се постојано опкружени со луѓе и градат интензивни, но
непостојани односи.

5.1. Можни знаци за АДХД

Неорганизираност при извршување на секојдневните обврски до степен


кога доаѓа до несакани последици.
Постојано неспокојство, состојба во која е невозможно да се опуштите и
релаксирате. Ова однесување, кое кај децата се препознава како
хиперактивност, кај возрасните се толкува преку зголемена нервоза и
тензичност.

8
http://pharmanews.mk/dali-patite-od-adhd-za-vozrasni/

16
Бескрајна прокрастинација и одолговлекување на извршување на задачи
или решавање на проблеми, кои со тоа стануваат уште поголеми.
Поставување погрешни приоритети. Неможност да се сфати што е важно
а што помалку важно. Губење на фокус и посветување преголемо внимание на
неважни, а малку на важни работи.
Проблеми да се задржи вниманието за било што. Овие личности не знаат
да слушаат, не обрнуваат внимание кога друг е вознемирен и најчесто имаат
проблеми во брачните и пријателските односи. Тоа што не можат да го задржат
вниманието се одразува на заборавање на задачите и нивно неизвршување. Ова
доведува до хаотични ситуации, подеднакво штетни на личен и професионален
план.9
Брзи промени во расположение и лесна избувливост за неважни или
секојдневни ситуации.
Повеќето луѓе што патат од АДХД, со тек на време учат како да се
адаптираат на оваа состојба која не треба да се потценува, ниту да се сфаќа
несериозно.10 Токму напротив, доколку блиска личност пати од АДХД,
потребно е големо разбирање и поддршка. Со правилна исхрана, редовно
вежбање и препишана медицинска терапија (доколку е неопходно), овие луѓе ја
наоѓаат рамнотежата и излегуваат како победници од битката со АДХД.

9
http://pharmanews.mk/dali-patite-od-adhd-za-vozrasni/
10
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/%D0%BD
%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%BE
%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD
%D0%B0%D1%82%D1%80%D%B5%D1%82%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BA
%D0%B0%D1%98%D0%BB%D1%83%D1%93%D0%B5%D1%82/

17
6. Најдобриот избор на третман кај луѓето што страдаат од
АДХД-синдромот

Синдромот на недостиг од внимание, со или без хиперактивност,


скратено означен како АДХД беше и останува на врвот по зачестеноста на
проблемите во менталното здравје кај децата, но и кај возрасните. Ова
растројство се карактеризира со неможност за концентрација и фокусирање на
вниманието, импулсивност, лесно вознемирување и хиперактивност.
Кај децата се проценува дека е присутен во 8-10 отсто од популацијата,
но останува актуелен проблем и кај возрасните, со тоа што хиперактивноста
полека се смирува и се контролира. Ова растројство е многу често здружено со
други ментални проблеми, а најновите истражувања во невронауката покажаа
дека во неговата основа стои иста генетска промена како и кај аутизмот и
опсесивно-компулсивното растројство.
Приодот во третманот на АДХД многу се разликува од регион во регион,
така што денешниот напис ќе биде посветен на најдобриот избор што денес се
смета како најсоодветен за каде било во светот. Во најновото соопштение
издадено од Националниот институт за здравје во САД и од Педијатриската
асоцијација се препорачува комбинација од минимална медикаментозна и
бихевиорална терапија како најдобар избор. Истовремено, учењето социјални,
бихевиорални и академски вештини е неопходно во текот на целиот живот кај
луѓето што страдаат од АДХД. Во подолниот текст ќе ги набројам по редослед
најдобрите современи приоди за третман на АДХД.

1. Бихевиоралната терапија, или третман на однесувањето претставува


прв избор. Таа подразбира: засилување на доброто однесување со помош на
наградување; декуражирање на негативното однесување со игнорирање; забрана
на некои привилегии ако игнорирањето не е доволно, како и отстранување на
најчестите тригери за лошото однесување. Колкав ќе биде успехот од
бихевиоралниот третман зависи од упорноста на родителот во стриктното
спроведување на пропишаните правила.

18
2 Когнитивно-бихевиорален третман кај возрасните со АДХД подразбира
мозочен тренинг што е краткотраен, ориентиран кон целта, психотераписки
третман, кој има цел менување на негативните обрасци на мислење и нивно
реструктурирање на начин преку кој пациентите ќе се чувствуваат лично
одговорни за себе и спрема сопствените симптоми (недостигот од внимание и
хиперактивноста). Всушност, овој вид терапија не ги менува најбитните
симптоми (невнимание, хиперактивност и импулсивност) туку помага да се
смалат нарушувањата во живеачката со кои луѓето со АДХД се сретнуваат
особено во менаџирање на времето и одложување на реакцијата. Когнитивно-
бихевиоралната терапија може да биде единствен избор или во комбинација со
мали дози медикаментозна терапија.11 Когнитивно-бихевиоралната терапија ги
менува следните ставови кај болните:
Мислење сѐ или ништо – имено, дека или сѐ е добро или сосема лошо и
ако не се направи нешто перфектно, тогаш си неуспешен.
Прекумерно генерализирање на некоја негативна случка како дел од
образецот, на пример, „Ти секогаш забораваш да ги платиш своите сметки!“
Читање на мислите – или дека ти знаеш што луѓето мислат за тебе или за
она што си го направил и тоа е главно лошо.
Лоша среќа – или дека некои работи кај тебе секогаш се завршуваат на
лошо
Зголемување или минимализирање – т.е. преценување на значењето на
минорни проблеми при извршување на задачите.
Состојба на „треба“ – насочувањето постојано на она што треба да се
направи води до самокритикување како и на чувство на незадоволство кон
себеси и кон другите.
Компаративно мислење – мерење на себе наспроти другите и чувство на
инфериорност што всушност не е реално.

11
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/%D0%BD
%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%BE
%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD
%D0%B0%D1%82%D1%80%D%B5%D1%82%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BA
%D0%B0%D1%98%D0%BB%D1%83%D1%93%D0%B5%D1%82/

19
3. Дијалектична терапија кај возрасните со АДХД – претставува вид
бихевиорална терапија насочена на социјалните и емоционални предизвици кај
пациентите со АДХД и други невропсихијатриски растројства. Насочена е кон
надминување на анксиозноста и емоционална регулација на болните, особено
кај бордерлајн-личности или оние со аутизам, а се изведува групно, при што
клиентите учат одредени полезни вештини на однесување.

4. Тренингот кај АДХД помага и кај децата и кај возрасните во


развивање на следните вештини:
- менаџирање со времето, со задачата и просторот;
- мотивација и исполнување;
- развој на системи за успех;
- здрави комуникации и односи со околината;
- стратегиско планирање и перспективи;
- избор на свесни и мудри одлуки;
- поедноставување и обезбедување посреден живот;
- постигнување балансиран и здрав животен стил.

5. Мозочен тренинг и неурофидбек – претставува вид третман што и ние


во нашава земја го променуваме веќе над 20 години и претставува учење
вештини за контрола на мозочните и други физиолошки функции. Искуството
на мојот тим со овој вид терапија е многу позитивно и сме го применила кај
илјадници деца.

6. Музикотерапија – како современ и докажан вид третман. Музиката


обезбедува структура и ритам во мозокот на оној со АДХД обезбедувајќи му да
остане на една линеарна патека; музиката ги пали синапсите преку стимулирање
на лачењето допамин, невротрансмитер неопходен за регулирање на
вниманието, работната меморија и мотивацијата (кои се ниски кај болните со
АДХД). Музиката е социјална творба, а мислењето е како оркестар, кога
недостига еден инструмент пиесата не може да се изведе, затоа се неопходни
сите гласови или инструменти.

20
7. Терапија со уметност – цртање, боење, скулптура, може да помогнат
да се решат емоционалните проблеми, да се развиваат интерперсонални
вештини, го менаџира однесувањето, го смалува стресот и ја зголемува
самосвесноста. Преку оваа терапија децата со АДХД градат ментална
флексибилност, вештини за решавање проблеми и комуникација и го изразуваат
она што не можат вербално да го изразат било на родителот или другарите.
Овозможува позитивни социјални интеракции, давање комплименти, заедничка
употреба на материјали и сугестии.

8. Јавање на коњ – овозможува регулирање на телесната енергија,


насочување на невербални начини за искажување особено кон коњот, кој дава
имедијатен одговор на акциите на клиентот што не е случај со луѓето.12

9. Терапија со игра (плеј терапија) се користи кај помали деца со АДХД


за да се обезбеди поврзување, учење, смирување на анксиозноста, поттикнување
и подобрување на самопочитувањето. Играта е индиректен начин преку кој
терапевтите ги регулираат детските перцепции, когницијата и однесувањето.
За жал, медикаментите (психостимуланси) се даваат и се давале многу,
како резултат на рекламите на фармацевтската индустрија, но истите тие
создаваат зависност и треба да се препишуваат многу внимателно исклучиво кај
мала група пациенти, кои се добро испитани и кај кои има убедливи индикации
за таков третман врз база на невроимиџинг-техниките.
За жал, во нашава земја, освен когнитивно-бихевиоралната терапија
многу малку постојат стручни едуцирани лица за другите видови терапија.

12
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/%D0%BD
%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%BE
%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD
%D0%B0%D1%82%D1%80%D%B5%D1%82%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BA
%D0%B0%D1%98%D0%BB%D1%83%D1%93%D0%B5%D1%82/

21
Заклучок

Синдромот АДХД (Attention Deficit Hyperactivity Disorder) е неуро-


бихевиорално нарушување кое се карактеризира со комбинација на
одвлекување на вниманието, хиперактивност и импулсивност во реакциите. Тоа
подразбира потешкотии во односот со родителите, претпоставените, наставници
и професори и сл.
Се претпоставува дека е предизвикано од хемиска нерамнотежа во
мозокот која ги зафаќа регионите за контрола на вниманието, концентрацијата,
регулација на емоциите, донесувањето соодветни одлуки и импулсивноста. Ова
значи дека однесувањето на детето варира од „многу сонливо“-инертно (или не
е во состојба да обрне внимание) до „секогаш на штрек“ (хиперактивно).
АДХД е котраверзно нарушување. Некои теории за АДХД воопшто се
сомневаат дека е всушност нарушување, под претпоставката дека тоа е само
збир од нормално изразени однесувања кои се помалку толеранти и прифатливи
во средината и денешниот свет со високо ниво на побарувања.
Лицето со АДХД има потешкотии да ги селектира сите информациите
кои доаѓаат до неговиот мозок, да им одреди приоритет, а неговото внимание
може лесно да биде нарушено, има тенденција брзо да одговори пред да
размисли правилно и не знае кога да запре. На дете со АДХД ќе му биде
потребно повеќе време да се смири и да се концентрира за разлика од дете без
АДХД и може да има проблеми да следи инструкции.
Деца со АДХД често имаат повисока интелигенција за нивната возраст
но имаат потешкотии да учат. Тие исто така често имаат проблем да се
социјализираат. Состојбата е долготрајна и може да продолжи во повозрасниот
период. Постои генетска компонента и децата со АДХД честопати имаат
роднини (најчесто машки) со АДХД. Состојбата не е предизвикана од
неправилно одгледување на детето, но опкружувањето на детето и подршката
може да одредат во колкава мера ќе бидат изразени симптомите и колку
успешно може да научи да се справува со нив.

22
Користена литература

1.http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2015/08/Snidrom-na-nevnimanie-i-
hiperaktivnost.pdf
2.https://vomojotsvet.mk/2011/06/20/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B5-
%D0%B0%D0%B4%D1%85%D0%B4/
3.https://www.4upharma.com/
%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8/%D1%88%D1%82%D0%BE
%D0%B5adhd%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC
%D0%BA
%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5%D1%8%D0%B0%D1%82%D0%B0.html
4. http://pharmanews.mk/dali-patite-od-adhd-za-vozrasni/
5.https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/%D0%BD
%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%BE
%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD
%D0%B0%D1%82%D1%80%D%B5%D1%82%D0%BC%D0%B0%D0%BD
%D0%BA%D0%B0%D1%98%D0%BB%D1%83%D1%93%D0%B5%D1%82/

23

You might also like