You are on page 1of 17

ЈАЗИК И ГОВОР, КОМУНИКАЦИЈА И ИНФОРМАЦИЈА

1. Теориско дефинирање на поимот јазик

Во најширока семиотичка смисла, јазик е секој знаковен систем кој


има способност преку определени правила да се структуира во порака,
односно да прерасне во порака и текст.

Функцијата на јазикот е комуникативна – служи за комуникација и


пренос на информации преку структурирани пораки, без разлика дали
станува збор за колоквијална комуникација (обични пораки) или уметничка
комуникација (уметнички пораки).
Централниот структурен поим на јазикот е знакот кој секогаш има
двојна структура: означител (материјален дел) и означено (апстрактен дел).
Секоја јазична единица има статус на знак. Благорадение на двојната
структура на знакот, јазичните единици имаат способност да претставуваат
нешто отсутно. Тоа е референцијалната, односно претставувачката функција
на јазикот.
Јазиците можат да користат знаци од различна материјална природа:
визуелни (писмо, сликарство, вајарство), аудитивни (музика, жив говор), па
дури и тактилни (Брајова азбука). Во оваа смисла, системот на знаци кои
имаат способност преку определени правила (во случајов, театарски) да се
структуираат во порака, се именува како театарски јазик.
Според оваа најшироко сфатена дефиниција за јазикот постојат: јазик
на архитектурата, јазик на сликарството, јазик на книжевноста итн.
Семиологијата говори за јазик на сообраќајната сигнализација, јазици на
науките (јазикот на хуманитарните, наспроти јазикот на природните науки),
јазик на човековото тело, дури и за јазици на животните. Тоа значи дека, на
најопшто семиотичко ниво, постојат вербални и невербални јазици.
Сепак во тоа непрегледно множество на семиотички системи кои се
прогласени за јазици, доминантно место му е дадено на вербалниот јазик.
Оттука во потесна смисла на значењето на поимот јазик се подразбира
вербалниот јазик. Според Ролан Барт1, тоа доаѓа оттаму што вербалниот јазик
е единствениот семиотички систем кој има моќ да ги интерпретира другите
системи за означување и самиот себеси.
Централно место за дефинирање на поимот јазик има лингвистиката на
XX век, а особено лингвистичката теорија на швајцарскиот лингвист
Фердинанд де Сосир2 кој, воедно, се смета ѝ за татко на семиологијата,
науката за знакот. Според Сосир јазикот е целина сама по себе и принцип на
класификација и заради тоа јазикот го поставува како норма за сите други
манифестации на говорот. Јазик не е исто што и говор, тој е само одреден,
навистина важен дел на говорот. Јазикот истовремено е и општествен
производ на способноста за говор и збир на нужни конвенции прифатени од
општеството за да им овозможи на поединците да ја применуваат таа
способност. Според Сосир, јазикот е систем од знаци кои изразуваат идеи.
Јазикот, по системот на знаци кој го поседува може да се споредува со
писмото, со азбуката на глувонемите, со симболичките ритуали, со формите
на учтивоста, со војничките знаци итн. Јазикот, според Сосир, е само
најважниот од сите тие системи.
1
Ролан Барт (Barthes, Roland) е роден на 12 ноември 1915 год. во Шербург во Нормандија. Француски
филосов, книжевен теоретичар, критичар и семиотичар. Починал на 25 март 1980 во Париз.
2
Фердинанд де Сосир (Saussure, Ferdinand de) e роден е на 22 февруари 1857 во Женева. Швајцарски
лингвист кој во своите поставки ја втемелува модерната лингвистика и ги поставува темелите на европскиот
структурализам, правец во лингвистиката кој се развива во 20-тите и 30-тите години на XX век. Починал на
22 февруари 1913 година во Мургес.
„Според тоа, може да се замисли една наука која би го испитувала
животот на знаците во општествениот живот; таа би била дел од
општествената, па според тоа и од општата психологија; ние таа
наука ќе ја именуваме како семиологија (од грчкото sèmeîon,
„знак“). Таа би не учела што се тоа знаци, кои закони управуваат со
нив. Бидејќи таа наука се уште не постои, не може да се прогнозира
што ќе биде таа, но таа има свое право на постоење; нејзиното
место е однапред гарантирано. Лингвистиката е само дел од таа
општа наука; законите што ќе ги открие семиологијата ќе можат да
се применуваат и во лингвистиката...“ (Sosir, 1989: 25)

Синтагмата „Јазикот е систем од знаци кои изразуваат идеи“ ги


содржи двата клучни поими на Сосировата лингвистика: знак и систем. Секој
систем подразбира структура. Ако јазикот е систем тогаш тој е структура.3.
Основната единица на јазикот како структура е знакот. Според Сосир,
јазичниот знак е неделив, нераскинлив однос меѓу два ентитета: означител
(signans) – материјалниот, перцептибилниот дел на знакот и означено
(signatum) – менталниот, апстрактниот и духовниот дел на знакот.
Францускиот философ Ролан Барт, преку семиолошко-
структуралистичкиот пристап, во своето дело „Елементи на семиологијата“
стриктно го применува лингвистичкиот модел преку преземање и

3
Основните особини на структурата се: 1. Уредноста (хиерархијата на единиците); 2. Нејзиниот
релационизам ; секој елемент ја добива својата вредност преку односот со другите елементи и со целината
(т.н. холистичка философија); и 3. Нејзината саморегулација, односно трансформација (структурата не е
статична; таа се трансформира преку низа трансформациони правила; на пример номиналната јазична
структура „бела куќа“ лесно се трансформира во структурата „куќата е бела“.
дообликување на значенско - градбената моќ на јазикот изразена преку
опозициите: дијахрониско/синхрониско, јазик/говор, означител/означено,
конотација/денотација. Барт ќе забележи дека јазикот (le lengage) помалку
Говор, истовремено е и општествена институција и систем на вредности.
Како општествена институција јазикот се истргнува од секоја предумисла,
што значи дека јазикот во никој случај не е чин. Ова се однесува на
општествениот дел на јазикот. Од друга страна пак, поединецот сам не може
ниту да го создава ниту да го менува. Затоа, во суштина, јазикот е колективен
договор, кој ако сакаме да го употребуваме, да општиме со него, мора во
целост да го почитуваме. Оттука, како општествен производ, јазикот во
толкувањето на Барт е претставен како некоја игра која има поставено
сопствени правила. Тој е самостоен, зашто било кој човек со јазикот може да
се служи само откако ќе го научи. Како систем на вредности, јазикот го чинат
еден број на елементи од кои секој истовремено е вреден сам за себе, но е и
член на една поширока функција каде што диференцијално се застапени
други соодносни вредности. Од гледна точка на јазикот, според Барт, знакот
е како паричка. Таа паричка има вредност колку едно извесно добро кое со
неа може да се купи. Но паричката исто така има вредност и во односот со
други парички чија вредност е помала или поголема од нејзината.

„Институционалниот и системскиот вид очигледно се поврзани. Па


оттаму јазикот е систем на договорени вредности (делумно
произволни или поточно, немотивирани), кој се спротивставува на
преиначувањето од издвоениот поединец и според тоа, претставува
општествена институција.“ (Bart, 1979:288)
2. ГОВОР
Говорот, разбран во најшироката смисла на значењето на овој поим,
претставува манифестација на човековата способност да се служи со
јазикот.
Според Сосир, говорот како и секој друг лингвистички феномен,
покажува барем две лица, кои одговараат едно на друго и од кои едното
вреди само ако се согледува низ другото. Говорот е разнолик и разнороден.
Тој истовремено е физички, физиолошки и психички. Говорот, истовремено,
припаѓа и на индивидуалната и на општествената област. Говорот не може да
се класифицира во ниедна категорија на човековите појави, затоа што не се
знае како да се утврди неговото единство. Вршењето говор – говорењето е
способност која сме ја добиле од природата. Според Сосир, способноста за
артикулирање на зборовите се извршува само со помош на инструментите
кои ги создава и овозможува заедницата и затоа, во изучувањето на говорот,
прво место треба да му се даде на јазикот. За Сосир, говорот има еден
индивидуален и еден општествен вид. Тоа се два взаемно поврзани вида, кои
не можат да се замислат еден без друг.

„Говорот во секој момент истовремено имплицира еден утврден


систем и еден развој; тој во секој момент е една институција на
сегашноста и еден производ на минатото. На прв поглед, изгледа
доста едноставно да се раздвои помеѓу системот и неговата
историја, помеѓу она што тој е и она што тој бил; а всушност
односот кој ги сврзува тие две работи е толку близок што е тешко
да се одвојат.“ (Sosir, 1989: 18)
За Ролан Барт поимот говор (la parole) добива целосна одредница само
во дијалектички процес со јазикот (la langue). Јазикот е систематски збир на
конвенции неопходни за општење, независен од материјалот на знаците кои
го сочинуваат. Говорот го покрива чисто индивидуалниот дел на јазикот:
фонацијата, отелотворување на правилата и контингентните комбинации на
знаците. Наспроти јазикот, кој Барт го смета за институција и систем, го
спротивставува говорот, кој го смета за суштински индивидуален чин на
одбирање и остварување. Говорот најнапред го сочинуваат „комбинациите со
кои лицата кои говорат можат да се служат со јазичкиот код заради
изразување на своите лични мисли“ (Bart, 1979:288) и овој говор, вака
широко разбран го нарекува излагање. Потоа се осврнува на „психофизички
механизми кој му овозможуваат да ги екстериоризира овие комбинации“
(Ibid.:288). Фонацијата не ја доведува во врска со јазикот. Ниту
институцијата, ниту системот јазик не се менуваат ако поединецот кој им
припаѓа говори гласно или тивко, споро или брзо итн.

„Комбинацискиот вид на Говорот очигледно е од најголема важност,


затоа што тој го подразбира фактот дека Говорот прави враќање на
истоветни знаци: со тоа што знаците се повторуваат од едно до друго
излагање, а и во рамките на едно излагање (иако комбинирани според
бескрајната разновидност на говорот), секој знак станува елемент на
Јазикот. Според суштината на комбинирањето, Говорот му одговара на
индивидуалниот чин, а не на чистото создавање.“ (Ibid.:288)
3. КОМУНИКАЦИЈА
Комуникацијата, разбрана во најширока смисла, е процес на размена
на информации преку однапред востановен/договорен систем на знаци.
Италијанскиот писател, семиотичар, теоретичар на културата и
естетичар Умберто Еко4 поаѓа од сознанијата на теоријата на информации и
кибернетиката и претпоставката дека секој културен феномен е комуникација
и може да се објасни според шемите кои му претходат на секој
комуникациски феномен. Тој ја утврдува „(...) елементарната структура на
комуникациите онаму каде што таа постои, така да кажеме, во најтесни
граници. Тоа значи на ниво на кое доаѓа до размена на информации помеѓу
два механички апарати “. (Eko, 1973:22)
Комуникациската шема, утврдена од Еко, според која се случува кој и
да е процес на комуникација меѓу две машини, меѓу две човечки битија, меѓу
машина и човечко битие, е направена на пример на наједноставна
комуникациска ситуација. Еко го користи следниов пример: во една долина
сакаат да дознаат кога вештачкото езеро, сместено меѓу две планини,
достигнува определено ниво на водата, дефинирано како критично ниво,
односно нулта точка на водата во вештачкото езеро. Според примерот, Еко ја
прави следнава комуникациска шема:

4
Умберто Еко (Eco, Umberto) е роден на 5 јануар 1932 во Александрија, во близина на Милано.
Италијански писател, философ, теоретичар на културата и семиотичар. Има напишано поголем број
философски, семиолошки и културолошки дела.
Слика 1. Комуникациска шема
Според шемата, постои еден извор на информации (самото езеро, во
кое има или нема вода), кој преку емисионен апарат/преносник (во овој
случај, апарат, некој вид на пловка) емитува/испраќа сигнал (електричен
сигнал), кој патува низ канал (електрична жица). Во каналот сигналот може
да биде попречен од определен шум (да речеме, недостаток на електрична
енергија). По излезот од каналот, сигналот стасува до приемникот (апарат во
долината). Приемникот сигналот го преобразува во порака (светилка која
свети или не свети). Во таа форма пораката стасува до примателот (апарат
со механизам, кој има можност за испуштање на водата од езерото). За да
може примателот на пораката истата правилно да ја разбере потребно е да
важи ист код (систем на правила, кој на определени системи им доделува
определена вредност) и за изворот и за примателот. За да се одбегне можното
попречување на пораката од страна на шумот во неа можат да се внесат
елементи на повторувања (повеќе светилки), односно редунданција, со кои
можноста за предоминантност на шумот се сведува на минимум.
Резимиран, системот изгледа вака: изворот преку преносникот емитува
сигнал кој преку каналот стасува до приемникот. Приемникот сигналот го
преобразува во порака, која стасува до примателот. Примателот реагира на
соодветен начин (испушта или не испушта вода од езерото). На ниво на
машина системот е објаснет во сферата на кибернатиката, која ја интересира
сигналот. Но, овој систем само прима информација, која подоцна на
соодветен начин ја ефектуира, но тој не го разбира значењето на таа
информација.
Кога како примател на пораката на местото на апаратот примател се
постави човечко суштество примател, тогаш комуникацијата од светот на
сигналите преоѓа во светот/сферата на смислата. За човекот – примател на
пораката, кој е запознаен со значењето на кодот, пораката почнува да
функционира во моментот кога, применувајќи го кодот, примателот ќе ја
извлече смислата на пораката. Отворен е процесот на означување, сигналот
веќе не е низа на дискретни единици кои можат да се измерат со бит
информации, туку форма-ознака која човекот примател ќе мора да ја исполни
со одредено значење. Означувачкото во пораката, може да го ориентира
примателот кон изборот на кодот. Како што со пример укажува Еко: ако ја
примиме пораката: how do you do?, го користиме, односно прибегнуваме кон
користење на кодот – „англиски јазик“. Но ако истата порака ја примиме на
јазик кој не го познаваме, нема да бидеме во можност да користиме никаков
код и за нас пораката ќе остане нејасна, односно празна. Пораката се полни
со значење единствено во интеракција со кодот и сè дури не се појави кодот,
пораката ќе биде само на ниво на сигнали, затоа што единствено со помош на
кодот системот на означителите и системот на означените можат да добијат
значење. Кодот значи има функција на составувач на системот на
означителите со системот на означените. Единствено на овој начин, со
примена на код, пораката станува извор на нејзините можни значења. Ова се
остварува со помош на низа на бинарни селекции извршени на рамниште на
содржината на пораката. Затоа, според Еко, информациската порака станува
мерка на слобода на изборот во дадениот систем на веројатности составен од
системи на различни семантички системи.
Театарска комуникација е поим кој, иако не е докрај прецизиран, често
се користи кога се говори за театарската претстава. Тој го означува процесот
на размена на информации помеѓу сцената и гледалиштето. Овие
информации се пренесуваат со посредство на актерите и сценскиот апарат.
Многу помалку е истражуван проблемот на праќање на повратна
информација од публиката кон актерите (feed back) и нејзиното влијание врз
играта на актерите. Исто така, недоволно истражен е и проблемот на взаемна
интеракција помеѓу актерите и публиката, а не се усогласени ниту ставовите
за важноста која треба да и се даде на оваа интеракција.
Францускиот теоретичар, лингвист и семиотичар Жорж Мунин5 стои на
ставот дека под комуникација се подразбира симетрично разменување на
информации во кој слушателот станува примател и користи ист код во
размената на информациите. За него театарската игра воопшто не е
комуникација, затоа што позицијата на гледачот останува непроменета и тој
во најдобар случај може да одговори со аплаузи, свирежи или да фрла по
изведувачите со домати.
Од друга страна, пак, има теоретичари кои ја застапуваат тезата дека за
театарот може да се примени дефиницијата според која комуникацијата е
замислена како средство со кое на некого може да се влијае и ако личноста на
која се влијае го признава тоа како такво, повеќе не е нужнa взаемна размена
на информации за да се говори за комуникација.
За некои теоретичари, театарот претставува уметност и прототип на
човековата комуникација. Тие како исклучително својство на театарот му го
припишуваат својството својот предмет на интерес да го претстави со помош
на човекова комуникација. Ова значи дека во театарот самата човекова
комуникацијата, комуникацијата помеѓу актерите, ја одразува човековата
комуникација.

4. ИНФОРМАЦИЈА

5
Жорж Мунин (Mounin, George) е псевдонимот на Луј Лебушер (Leboucher, Louis) Мунин е роден во
1910година. Француски лингвист и семиотичар. Починал во 1993 година.
Кога примателот ќе ја прими пораката и со помош на однапред
утврдениот код ќе ја декодира, тој добива информација.
Во теоријата на информациите единицата за информации се нарекува
бит („binary digit“ т.е. „бинарен сигнал“), единица на бинарна дисјункција
која служи за одвојување на една алтернатива. Со методот на бинарната
дисјунција од бесконечен број на алтернативи се издвојува една алтернатива.

Слика 2. – Метод на бинарна дисјункција


Во теоријата на информациите не е важно значењето на она што ни се
соопштува и затоа, како што вели Умберто Еко „вредноста на информациите
не треба да се поистоветува со поимот кој ни се соопштува“ (Eko, 1973:31).
За Еко не само што е важна информацијата што се добива, туку важни се и
алтернативите кои во самиот почеток се јавуваат како еднакво можни.
Информацијата не е толку она што се кажува, туку она што може да се рече.
Информацијата е степен на можности на одлучување во селекцијата на една
порака. На пример, неизвесноста во еден детективски роман е поголема ако
убиецот се бара помеѓу повеќе лица, а решението доаѓа неочекувано.
Информацијата претставува слобода на избор во соопштувањето на пораката
и според тоа на неа треба да сè гледа како на статично својство на изворот на
пораката.
На полето на лингвистиката Умерто Еко ќе забележи дека современите
лингвистичките истражувања ја наметнуват идејата дека информацијата и на
ниво на посложени системи, каков што е системот на вербалниот јазик, поаѓа
од бинарната дисјункција. Мора да се има во предвид дека сите знаци
(зборови) на еден јазик можат, односно се составуваат со комбинирање на
една или повеќе фонеми. Фонемите се најмали вокални емисии кои можат
или не можат да се идентификуватт со некоја буква од азбуката и кои, сами
по себе, не значат ништо. Присуството на една фонема во еден збор (знак)
само го исклучува присуството на некоја друга фонема, која доколку би се
појавела на местото на првата, би го изменила значењето на зборот.

„ На пример, во италијанскиот јазик гласот е може различно да се


изговори во зборовите „bene“ (добро) и „cena“ (вечера), но таа
разлика во изговорот не доведува до фонемска опозиција. Меѓутоа,
во англискиот јазик различното изговарање на гласот i во зборовите

„ship“ (брод) и „sheep“ (овца), кои во речниците се наведени како „ʃ

ip“ и „ʃ i: p“, чинат спротивност помеѓу две различни фонеми. И во


овој случај имаме информација која настанала како последица на
определувањето помеѓу два краја на спротивноста.“ (Ibid.: 30)
Дијалогот ја прикажува комуникацијата помеѓу два или повеќе лика
кои наизменично ја преземаат улогата на говорник и слушател/и и она што е
искажано меѓу нив има смисол само во контекстот на општествената
поврзаност меѓу нив. Тоа и ја објаснува повремената алузивност на дијалогот
кој повеќе се темели на ситуацијата во која е искажан отколку на
информациите кои се содржани во репликите.

Едно од обележјата на дијалогот е неговата недовршеност, односно


моќта со која го повлекува ликот што слуша да одговори на исказот на
говорникот. За да се постигне ова обележје на дијалогот, секој од учесниците
во дијалогот го сместува другиот внатре во говорот кој тукушто го
изговорил, притоа обврзувајќи го соговорникот да одговори во контекстот на
она за што се говори. Затоа дијалогот претставува една тактичка борба
помеѓу две инстанци кои манипулираат со говорот, настојувајќи да ги
наметнат своите ставови.

Вкупниот контекст на сите реплики на определен лик, како и односот


помеѓу контекстите, се пресудни за одредување на дијалошката или
монолошката природа на текстот. Според семантичката теорија на говорот
може да се дефинираат три односи помеѓу два контекста:

1. Вообичаена (нормалена) форма на дијалог – субјектите имаат еден


дел од контекстот кој им е заеднички дел; тие грубо кажано говорат
за иста работа и способни се да разменат определени информации.
2. „Дијалог на глуви“ – контекстите се потполно различни, и иако
текстот гледан од страна е напишан во форма на дијалог, ликовите
фактички говорат монолози, говорат „проаѓајќи еден крај друг“ (на
германски „Aneinandervorbeisprechen“). Оваа форма на лажен
дијалог се наоѓа во посткласичната драматургија во која
дијалектичката комуникација помеѓу ликовите повеќе не постои.

3. Репликите не се спротивставуваат, туку како да се изговорени од


иста уста. Ова е случај во лирските драми во кои текстот не е
доделен на определен карактер, туку е „поетски“ распределен на
повеќе лица, како повеќегласен монолог кој потсетува на музичка
форма во која секој инструмент или глас придонесува за впечатокот
на целината.

Она што на дијалогот му дава впечаток на вистински, стварен дијалог


(а не на монолог поделен во дијалог, кој е по некоја случајност е поделен
помеѓу ликовите) е јаката кохеренција од типот на многу „стегнат“ дијалог.
Дијалогот дава впечаток на кохерентност и целовитост кога:

1. Темата на дијалогот е речиси иста за сите учесници во дијалогот –


кога ликовите говорат за исти работи, нивните дијалози се
разбирливи и дијалектички, или
2. Кога искажувачката ситуација им е заедничка на сите ликови – кога
ликовите се наоѓаат во иста сценска ситуација и кога чувствуваме
дека тие се емоционално или интелектуално блиски, дури и да
говорат за различни работи нивниот дијалог ќе биде разбирлив и
кохерентен.
Роман Јакобсон6 трагајќи по одговорот на прашањето: Што е тоа што
една вербална порака ја чини уметничко дело?, ја развива традиционалната
шема на говорот: испраќач, порака и примател. Во секој вербален
комуникациски чин тој разликува шест фактори:

1. Адресант – испраќач, оној кој ја праќа пораката.


2. Адресат – примател, реципиент на пораката.
3. Порака – исказ.
4. Контекст – опкружувањето на пораката.
5. Код – кој што им е заеднички на испраќачот и примателот на
пораката.
6. Контакт – физички канал кој овозможува воспоставување или
одржување на комуникацијата.

Според Јакобсон постојат шест функции на лингвистичката


комуникација, кои од гледна точка на говорот ги дефинира како:
1. Експресивна или емотивна функција – која го нагласува
однесувањето на субјектот во поглед на она за што говори.
2. Конативна функција – која има за цел да изврши влијание на
примателот.
3. Поетска функција – која ја нагласува самата порака.
4. Фатичка функција – со која се означува употребата на зборовите
при воспоставување или продолжување на комуникацијата.

6
Роман Осипович Јакобсон (Якобсон, Роман Осипович) сипович e е роден на 11 октомври 1896 година во
Москва. Руски лингвист, семиотичар и теоретичар на литературата. Починал на 18 јули 1982 година во
Бостон.
5. Металингвистичка функција – кога говорот е усмерен на кодот кој
се користи за да се објаснат употребените термини.
6. Референцијална или когнитивна функција – со која се употребува за
да се означат предмети или за да им се додели значење.

Секој исказ во театарскиот говор, најпрво во драмскиот јазик, а потоа и


преку дикцијата, доследно извршува барем една од шесте функции на
лингвистичката комуникација.

You might also like