You are on page 1of 36

Правопис

Правопис претставува правилна употреба на графичките знаци.


Правописот е збир од правила и законитости за пишување, односно
за пренесување на кажаното по писмен пат.

Правописот го следи развојот на јазикот во сите сфери и затоа


доживува измени.

Првиот Правопис на македонскиот литературен јазик е отпечатен


1945 година, а последниот 2016.

Во 2017 година беше објавено второ издание на


последниот  Правопис кое е достапно на интернет.

1. Употреба на голема буква

Со голема буква се пишуваат:



1. Почетниот збор на реченицата.
На пример: Денес имав среќа.
2. Имињата, презимињата и прекарите, имињата на животните и
фамилиите.             
На пример: Моето име е Билјана, а моето куче се вика Арни.
3. Посвојните придавки изведени од лични имиња со наставките -
ов, -ев и -ин.           
На пример: Вчера го видов Игоровиот пријател Зоран.
На Милкиниот прозорец има најмногу цвеќиња.

4. Географските и топографските имиња. Ако се составени од
повеќе зборови сите се пишуваат со голема буква.
 *заб. Во ниту еден друг случај не се пишуваат сите зборови со
големи букви (освен ако не се лични имиња).
На пример: Македонија, Вардар, Скопје, Пелагонија,
       Шар Планина, Охридско Езеро, Ново Село,
       Соединети Американски Држави,
       Европа, Западна Македонија, Далечен Исток
5. Имињата на жители на континенти, држави, области, национална
припадност, припадници на племиња.           
На пр.: Европеец, Американец, Австалиец,
Германец, Македонец, Србин, Ром, Албанец,
Швајцарец, Мариовец, Горанец,
6. Имињата на институциите, улиците, кејовите, плоштадите,
објектите, организациите, фестивалите, имињата на книгите,
уметничките творби, весниците, списанијата, написите, законите,
прописите, документите, како и називите на востанијата, војните,
битките и мировите.
 *заб. Голема е само буквата на првиот збор (освен ако не е
лично име).     
На пример: Архитектонски факултет, Драмски театар, Партизански
одреди, Арапска куќа, Младинска организација, Струшки вечери на
поезијата, Крпен живот, Бисера, Време, Закон за работни односи,
Разловечко востание, Втора светска војна, Версајски мир.
7. Имињата на небесните тела. 
На пример: Венера, Марс, Сонце, Месечина, Земја.
 Кога не се употребени како име на небесно тело се пишуваат со
мала буква.
На пример: Ја копаше земјата.
8. Кога по две точки (:) следува директен говор.      
На пример: Дејан рече: „Многу ми е здодевно“.
9. Имињата на празниците.          
На пример: Први мај, Нова година, Божиќ, Бајрам, Единаесетти
октомври, Осми септември
 Само првиот збор се пишува со голема буква.
             
Ако датумот е напишан со број, тогаш првиот збор што следува по
бројот е со голема буква.
             
На пример: 8 Март, 13 Ноември, 11 Октомври.
10. Од почит заменките вие и ваш, како и други зборови.    
На пример: Ја сретнав Вашата сопруга.
            Почитувана Директорке, сакам да Ве замолам…

Со мала буква се пишуваат:

1. Жители на населени места.
На пример: скопјанец, крушевчанец, драчевец, новоселец. 
2. Придавки изведени од лични имиња и географски поими.
На пример: горкиевски (стил), езоповски (начин), скопски,
македонски, албански, вардарски, охридски, шарпланински.
            *Често ваквите придавки учениците погрешно ги пишуваат
со голема буква.. 
3. Имињата на месеците, деновите во неделата, годишните
времиња.
На пример:  април, јануари, среда, сабота, лето, зима.

2. Слеано и разделено пишување на зборовите

Два или повеќе одделни збора добиваат ново значење откако ќе се


спојат во еден сложен збор. Во зависност од степенот на
срастување овие зборови може да се пишуваат слеано или со
цртичка меѓу компонентите.

Слеано пишување

            1. Сложените именки и придавки поврзани со самогласките


о и е се пишуваат слеано.
            На пр.: огномет, риболов, великодушен, очевидец,
лицемерен
.
            2. Именките и придавките со прв дел: пол-, полу-, се
пишуваат слеано.
            На пр.: полноќ, полчасовен, полугодие, полуписмен
            3. Сложените именки или придавки кај кои првата
компонента е број или бројна придавка.
            На пр.: едночинка, триаголник, четирикратен, осмокатница,
десетгодишна, стогодишнина, еднороден, двојазичен, двосед
            4. Сложени именки од кои првата компонента им е глагол во
заповедна форма.
            На пр.: неранимајко, паликуќа
            5. Сложените именки и придавки на кои првата компонента
им е заменска форма.
            На пр.: самоконтрола, сеопфатен, самобендисан, своерачен,
самобитен.
            6. Имињата на празниците во чиј состав влегува зборот ден.
            На пр.: Илинден, Ѓурѓовден, Спасовден;
            исто и: роденден; роденденот;
            како и празниците пред Велигден: Величетврток, Велипеток
            7. Сложените именки кај кои како прва компонента се
јавуваат туѓите зборови: авио, авто, астро, хидро, микро.
            На пр.: авиопревоз, автопат, астрономија, хидроулика,
микроскоп
            8. Сложените именки кај кои втора компонента се: грам,
литар, метар.
            На пр.: килограм, децилитар, милиметар
            9. Сложените придавки на кои првата компонента им е
прилог.
            На пр.: многуброен, повеќедневен, долупотпишан
            10. Слеано се пишуваат и зборовите чија втора компонента е
-пат, -пати.
            На пр.: првпат, вторпат, двапати, многупати, секојпат,
дваестпати, сто седумдесетпати
.
            11. Слеано се пишуваат и придавките: социјалдемократски,
средновековен; како и сложените прилози: вчеравечер,
едноподруго, отсега, напролет, предвид, претпладне, сосила,
поинаку, понекогаш
            12. Негацијата не се пишува слеано со придавки, прилози и
именки.
            На пр.: непријатен, несвесен, неумен, неподготвен, недалеку,
нечовек, непријател, невистина;
            *заб. Со глаголите негацијата НЕ не се пишува заедно.
(Многу често учениците погрешно заедно ги пишуваат.)
            Треба: не може, не сака, не знае;
            не пишува, не размислува;
            Исто така, не се пишува заедно негацијата не со глаголскиот
прилог:
            не сакајќи, не можејќи, не знаејќи
            13. Префиксите по- и нај- за образување компаратив и
суперлатив се пишуваат слеано.
            На пр.: подобар, најдобар, повисок, највисок
.
Поврзување на зборовите со цртичка

.
            1. Лични имиња кон кои како определба се додава друг општ
назив.
            На пр.: Осман-ага, Сулејман-бег, Џингис-кан
            2. Две презимиња или прекар.
            На пр.: Лилјана Ристовска-Наумовска, Кузман Јосифовски-
Питу
            3. Сложени искази кои се надополнуваат во значењето.
            На пр.: предлог-закон, жиро-сметка, визит-карта, пинг-понг
            4. Сложените придавки меѓу кои може да стои сврзникот и,
бидејќи не се целосно сраснати.
            На пр.: охридско-струшки, општествено-политички,
воспитно-образовен, зелено-син
            5. Сложените прилози.
            На пр.: кој-годе, што-годе, кај-годе, бргу-бргу, ден-денес,
лека-полека, овде-онде, одвреме-навреме
            6. Кога во првиот дел пишуваме број го поврзуваме зборот
со цртичка.
            На пр.: 20-годишна, 100-годишнина, 10-дневен, 24-часовен,
11-ти, 100-ти
            7. Приближна бројност.
            На пр.: три-четири, два-тринаесет, седум-осуммина.
.
Разделено пишување

.
            1. Негација не со глагол или глаголски прилог се пишува
разделено.
            На пр.: не учам, не знам, не сакам, не можејќи, не сакајќи
.
            2. Кратките заменски форми зад именките со роднинско
заначење.
            На пр.: мајка ми, татко ти, брат му, баба ви
            3. Поздравите што се составени од два или повеќе збора.
            На пр.: добар ден, добра ноќ, добре дојде, до видување, до
гледање, со здравје
            4. Разделено се пишуваат и: сè уште, на пример, од сè срце.
Пишување на гласовите

Пишување на самогласките – (вокалите)

Пишување на А

При пишувањето на самогласката А најчесто се колебаме кај неколку примери. Кај


нив се дозволени двете варијанти:

тенок – тенка, освен вака може да го напишеме (и изговориме) танок – танка;

ветер – ветерот, може и: ветар – ветрот;

огин – огинот, може и: оган – огнот.

Исто така, множината од зајак е зајаци (не: зајци), а деминутивната форма е зајаче (не:
зајче).

Правила за пишување на А

1. Според правописот, самогласката а се пишува во оние зборови што во некои наши


говори се изговараат со темни вокали о или у, на пример: маж, рака (не: мож, муж; рока,
рука). Со а се изговараат и се пишуваат и:

внатре, газер, гасеница, гнаса, гради, гулаб, даб, длабок, длабочина, драг, желад, заб,
забец, каде, некаде, секаде, кадела, кадрав, какол, се капе, капина, каса, касај, кат, катник,
лаг, лака, лачи, мадро, матен, мати, обрач, падар, падарница, пади, папок, патец, подрачје,
понада, прат, ракав, рачка, нарача, порача, порачка, раб, раби, пораби, сабота, сад, сажен,
скап, скапија, смади, стапалка, стапи, страга, страк, тага, тажи, тап, татни, татон, траба
(платно), трад;

еднаш, саноќ;

јаглен, јагленар, јагорец, јадица, јагула, јадар, јадро, јазик, јанѕа, јатрва, јачмен, јачи (јачат
планините), но и: ечи (ечи песната) и редовно екот.

Исто така и: зајак – зајаци (не: зајци), зајаче, пајак – пајаци, пајажина, јаже, јажица, јазол,
јаток, јатор;
бадник, лага, лаже, лажица, магла, маска, снаа, снага, танок – танка, но и: тенок – тенка.

2. Со а се изговараат и пишуваат и следните зборови:

јабанџија, јагне, јаганца, јајце, јаловица, јаготка, јаре, јарем, јасен, јасно, пријател, појас;

обичај, случај;

кочан, началник, печали, чаша;

кошара, грклан, челад;

грамада (не: грмада), страна, но: трпеза, трпезарија, трпезариски (не: трапеза); трпезен;

амбар, вампир, забан (не: забун), замба, одамна, одамнешен.

3. Во нашите дијалекти различно се изговараат придавките на – ар: итар, итор, итер. Во


литературниот јазик се употребува формата со -ар. Се пишува: бистар, бодар, добар, итар,
јадар, модар, мудар, остар, храбар.

Исто така со -ар се пишуваат и именките: Дебар, вепар.

Именката ветар – ветрот се употребува и во формата ветер – ветерот.

На -ар завршуваат и некои туѓи зборови: театар, амфитеатар, бакар, метар, километар,
имињата Александар, Петар; но: министер, магистер (во множина: министри, магистри).

4. Зборот оган – огнот, мн. огнови се употребува и во формата огин – огинот (не: огон).

5. Со а се пишуваат зборовите од турско потекло: кана, касмет, каздиса, саклет; јавашлак,


каршилак, чорбаџилак и др.

 Пишување на Е, О, У

Честите примери на двоумење при пишувањето на самогласките е, о, у, се:


отсутен (не: отсатен)

присутен (не: присатен)

всушност (не: всашност)

збогум, молкум (не: збогом, молком)

долу (не: доле)

пумпа (не: помпа) – за испумпување течности

ваму (не: вамо)

околу (не: окулу)

Правила за пишување на Е, О, У

1. Самогласката Е се пишува во зборовите:

Еден, единаесет, еребица, занает, штавеј, заем, наем, заемно (не: взаемно), орев (мн.
ореви), трева;

цеди, цел, жеден, жетвар, џеб, шепоти;

четиво, но: чита, читанка, тенок и танок;

се.

2. Со о се пишуваат зборовите:

бомба, бомбаш, комита, команда, рогозина, мотика;

веројатно, веројатен, веројатност;

сопруг, сопруга;

сосед, соседство;
црковен (не: црквен);

земјоделец, земјоделство.

3. Со у се пишуваат зборовите:

а) гужва, гуска (не: гаска), густ, желудник, круг, кружен,

куќа, округ, окружен, мудар, мудрец, мудрост, премудрост, оружје, оружен, вооружен,
вооруженост, вооружение, отсутен (не: отсатен), отсустност, отсуство, присутен,
присуство, присутност, присуствува (не: присаствува), пупка, суд, суди, судија, сушност,
суштина, сушт, всушност, суштествен, суштествува, насушен;

кус, скуден, судба, судбина, судбоносен, суреди, труба, труби;

нуди, понуди, понуда;

б) дури, такуѓере, уште, пуздер, пумпа (не: помпа), туку, осум, седум, седумдесет,
осумдесет, сум;

в) викум, збогум, квечерум, молкум, ничкум, назорум, простум, редум, светрум, родум и
др. (не: виком и сл.);

близу, блиску, далеку, долу (не: доле), колку, неколку, николку, олку, онолку, толку,
малку, малу, многу;

ваму, онаму, таму, натаму, околу, наоколу;

инаку, наопаку, опаку, токму, туку и др.

Пишување на слоготворното Р и групата ОЛ

Најчести грешки при пишувањето на слоготворното Р се прават во врска со употребата на


апострофот (‘):

– апостроф се пишува на почетокот од зборот: ‘рти, ‘ржи;


– апостроф се пишува по префикс што завршува на самогласка: за’рти, за’ржи;
– апостроф не се пишува по префикс што завршува на согласка: изрти, сржи.
Во минатото два гласа вршеле слоготворна функција во зборовите: Р и Л. Денес, гласот Р
сѐ уште ја има задржано таа улога, додека слоготворното Л најчесто преминало во групата
ОЛ, а поретко во О или У.

а) Гласот Р врши служба на самогласка кога се наоѓа меѓу две согласки и во почетокот на
зборот ако зад него доаѓа согласка:
дрво, грло, жртва, жртвува, јатрва, крв, прст, прстен, срце, срп, црква и др.

б) Самогласното Р во почетокот на зборот се означува со знакот ’ (апостроф): ’рбет,


’рбетник, ’рѓа, ’рѓосан, ’рж, ’ржан, ’ржи, ’рскавица, ’рт, ’рти, ’рчи.
Кога овие зборови влегуваат во состав со префикс (претставка) се пишува знакот ’ ако
префиксот завршува на самогласка:
за’рѓа, за’ржи, за’рска;

но, ако префиксот завршува со согласка, тогаш не се пишува знакот ’:


сржи, срска, срти, изрти.

Зборовите како волк, волна и др. во нашите говори се изговараат различно (на пр.: вук,
в’лк, в’к), но во литературниот јазик се употребуваат формите со ОЛ. Овде станува збор
за зборови што во минатото содржеле слоготворно Л:
болва, волк, волна, голта, долг, должина, жолт, жолчка, јаболко, колбас, колк, колка,
исколчи, колне, молкум, молкне, молња, молчи, олца, полжав, полк, полковник, полн,
столб, столбец, толче и толчи, толчник.

2. Со О се изговара зборот сонце и неговите изведенки: сонча, сончев, сончаница,


сончоглед;
а со У: Бугарин, Бугарија, чун, чунче

Самогласки во непосреден допир

При пишување на удвоените самогласки или самогласките во непосреден допир


најчесто се греши кај заменските придавки со посвојно значење, кај лично-
предметните и показните заменки, односно при образувањето на нивната множина.

Се пишува:

едн. мој – мн. мои (моите);

едн. твој – мн. твои (твоите);

едн. свој – мн. свои (своите);


едн. кој – мн. кои; едн. некој – мн. некои; едн. никој – мн. никои; едн. секој – мн. секои.

а) Кога во зборот ќе се најдат две еднакви самогласки една до друга, во повеќето говори
тие се изговараат како една долга, слеана самогласка. Во литературниот јазик тие се
пишуваат како две одделни самогласки:

раат, саан, саат, снаа;

3 л. мн. во сегашно време, само глаголите од -а група имаат две а: викаат, играат, имаат.
( Многу често, особено од говорителите на источното наречје се слушаат форми како:
носаат, плашаат, отвораат, држаат, мислаат, паднаат, односно неправилна употреба на две
а кај сите глаголи, и од -и и од -е група.)

3 л. мн. во минато определено време: викаа, имаа, копаа;

вее, грее, живее, лее, пее, се смее;

змии (од змија), судии, шамии;

зоологија, кооперација, координација;

вакуум и др.

б) Во македонските говори кога самогласката И ќе се најде зад другите самогласки (а, о, е,


у) обично се изговара како неслоговен глас или преминува во Ј. Во литературниот јазик,
на таа позиција се изговара и се пишува И:

брои, броиш, кроиш, стоиш (не: бројш и сл.);

мои, твои, свои, моите, своите (мн. од мој, твој, свој);

осои, повои, присои (мн. од осој, повој, присој).

в) Во некои говори во оваа позиција, односно зад друга самогласка, како Ј се изговара и
самогласката Е. Во литературниот јазик се изговара и се пишува Е:

знаеш, знае, ткаеш, траеш, пиеш, спиеш, шиеш, чуеш (не: знајш и сл.).
 Пишување на согласките – (консонантите)

Пишување на согласките В и Ф
Гласовите В и Ф се пар од звучна и безвучна согласка.

Според македонскиот Правопис, согласката В не се едначи по звучност.

Таа се пишува:
 на почетокот од зборот кај: влез, внатре, внесе, внук, втор, втораче, вторник,
второлигаш, второстепен, вторпат, вчера;
 на други позиции во зборот: був, евтин, евтинија, кожув, мавта, мавне, фреквенција
и сл.

Гласот в не се пишува и не се изговара во следниве случаи:


 во почетокот на зборот: заемен, заемно, заемност;
 во глаголите: преземе, заземе;
 во прилогот: однатре;
 во заменката сѐ и во сложенките со неа: сеедно, сеопшт, сеопфатен, сестран и др.
 

Согласката Ф се пишува:
 место некогашната група -хв-: фали, пофали, пофалба, фати, фатен, се нафаќа,
зафати, пофаќа, префати, фрла, сфати, сфаќа;
 во заемки од други јазици: кафе, кафез, софра, фес, филџан, фурна, фурнаџија,
фустан, профил, фабрика, факт, фактор, фар, фасада, фигура, филм,
филозофија/философија, физиономија, фудбал, функција, функционер.

Пишување на Ќ и Ѓ
Според правописот, согласките Ќ и Ѓ се пишуваат или не се пишуваат во следните
случаи:

Пишување на Ќ
.

Ќ се пишува:

1. во честичката за идно време ЌЕ;

На пример: ќе одам, ќе учам.

2. во наставката -ЈЌИ за образување на глаголскиот прилог;


На пример: одејќи, спиејќи.

3. во зборовите и формите: нејќе, синоќа, плеќи, сваќа, сфаќа, смеќава, ќути, ќерка, куќа;

4. се среќава во голем број зборови од туѓо потекло (турски и грчки);

На пример: ќар, ќор, ќос, ќотек, ќофте, ќош, ќумур, ќунк, бубаќ, спанаќ.

5. пред Е, ќ се пишува во зборовите:

бериќет, ќебап, ќебапче, ќебе, ќелија, ќерамида, ќесе, ќеф, ќече, шеќер.

Ќ не се пишува:

1. пред Е и И во зборовите:

 кенгур, керамика, кеса, кечап, кеш.


 кибрит, килер, килим, килибар, килимарница, кираџија, кирија.

Пишување на Ѓ

.
Согласката Ѓ се пишува:
.
1.во зборовите: веѓа, лаѓа, меѓа, саѓи, туѓ, туѓина;

.
2. во множинската форма од човек: луѓе;

.
3. во зборови од несловенско потекло (турски и грчки): ѓавол, ѓон, ѓубре, ѓуле, ѓум;

.
4. пред Е: ѓеврек, ѓеврекчија, ѓезве, ѓердан, ѓерѓеф, калуѓер;

.
Ѓ не се пишува:
.

1. пред Е и И во зборови од несловенско потекло:


 ангел, генерал, генијален, гелендер, Германија;
 гиро, гимназија, гимнастика, гинеколог, магија.
.
Пишување на согласките Л и Љ

Според правописот, согласките Л и Љ се пишуваат или не се пишуваат во наведените


случаи.

Пишување на Л

Согласката Л се пишува:

1. Пред самогласките А, О и У: чешла, кошула, селанка, грклан, клокоти, клука, клун, клуч,
луѓе, лула, лулка, лупи, лушпа, лут, плука, плунка, плускавец.

2. Пред согласка: билка, болка, бришалка, желка, родилка;

 со новиот правопис дозволени се двете варијанти на зборовите: детално/детаљно,


деталност/детаљност и во личните имиња: Илчо/Иљчо, Илка/Иљка.
.

3. На крајот од зборот: крал, пријател, родител, учител, сол, чешел итн.

 со новиот правопис се дозволени двете варијанти на зборовите: тел/тељ,


детал/детаљ, портфел/портфељ, водвил/водвиљ, катил/катиљ, фитил/фитиљ.

4. Пред самогласките Е и И: биле, дале, детален, леб, лево, лесен, лето, млеко,
поле, блиску, бели, боли, дели, ливада, лице, личи, слика итн.

Како и во множината на зборовите: биљбили, детали, портфели, водвили, катили,


фитили. Исклучок од ова се множините: бељи (од: беља) и рубљи (од: рубља).

.
5. Сонантската група лј се изговара слеано, при што л омекнува пред ј: билје,
зелје, колје, релјефен, билјар, далјан, илјада, копилјак, лилјак, колја, крилја,
Велјан, Силјан, Смилјан, Билјана, Лилјана, баталјон, булјон, медалјон, павилјон,
волја, неволја, ролја, фотелја; и во множината: неволји, милји, ролји, фотелји.
.
Пишување на Љ
.
Согласката Љ се пишува:

.
1. Пред У:

 во коренот на зборот љуб-: љубезен, љуби, љубимец, љубител, љубов, љубовник,


љубомора, љубопитен, вљубен, заубен;
 во сопствените имиња: Љуба, Љубица, Љупка, Љубе, Љубен, Љубомир, Љупчо,
Љубојно;
 во зборовите: виљушка, виљувче, набљудува.
.
2. Пред други самогласки:

 во зборовите: беља, иљач, пљачка (мн: пљачки), пљачкоса, рубља, детаљ (мн:
детали);
 во личните имиња: Дељо, Иљо, Кољо, Пељо, Суљо итн.
.
3. Пред согласка:

 во зборовите: фељтон, фељтонист;


 во лични имиња: Иљчо/Илчо, Иљка/Илка.
.
4. На крајот од зборови од туѓо потекло: кељ, прокељ, хмељ;

како и во зборовите каде се дозволени двете варијанти, и со Л и со Љ: тел/тељ,


детал/детаљ, портфел/портфељ, водвил/водвиљ, катил/катиљ, фитил/фитиљ.

.
Пишување на согласките Н и Њ

Согласката Н се пишува:

 во зборовите: вишна, пена, пустина, затина, препина, протина, сопина, свински,


свинче, свинштина, бастун, во личното име Прохор Пчински и др.;
 пред б во случаите како: бонбона, бонбониера, Истанбул, одбранбен, прехранбен,
станбен итн.;
 пред други согласки: инјекција, инјектира, инстинкт, инстинктивно, конјугација,
конјункција, конјунктивит, конјунктурен, конфекција и сл.

Согласката Н не се пишува во зборот: величествен.


Согласката Њ се пишува:

 во зборовите: дење, сињак, сукња;

 на крајот од зборот, во зборовите од домашно потекло во стандардниот јазик, се


пишува единствено во зборот коњ. Со њ се пишуваат и сите граматички форми,
изведенки и сложени зборови во чие образување влегува оваа именка: коњи,
коњче, коњски, коњушница, коњушар, коњаник, коњокрадец, коњоштип итн.

 во зборовите: бања, диња, дуња, молња, Пчиња, свиња, тиња; во граматичките


форми и изведенките од посочените зборови: бањи, бањач, бањарка, бањски,
дињи, молњи, молњоса, свињи, свињар, свињарче, свињарски, свињарство,
тињест итн.;

 при образувањето на глаголски именки и нивните граматички форми: берење,


варење, движење, облекување, пешачење, пишување, спиење, спортување и др.;

 при образувањето збирна множина кај именките чија основа завршува на -н: камен
– камење, камења, корен – корење, корења, планина – планиње, прстен – прстење,
прстења, ремен – ремење, ремења, трн – трње, трња и др.;

 при образувањето множина со наставката -иња кај некои именки од среден род
што завршуваат на -е: врапче – врапчиња, дете – деца/дечиња, дрвце –
дрвца/дрвциња, мезе – мезиња, окце – окца/окциња, ќебе – ќебиња, ќоше –
ќошиња, цвеќе – цвеќиња и др.;

 во несвршениот глагол изведен од свршен со н во основата: се клања;

 во зборови, лични имиња и топоними од туѓо потекло и нивните изведенки: њоки,


шампињони, Њу Делхи, Њујорк, њујоршки, Њутн и др.

Делење на зборот на крајот од редот

Делење на зборот на крајот од редот се случува кога нема доволно простор во редот,
па зборот го пренесуваме во другиот ред. Зборот го пренесуваме во нов ред онаму каде
што завршува слогот. Делењето се бележи со цртичка (-) во истиот ред, а во новиот ред го
пишуваме само останатиот дел од зборот.

Слоговите можат да бидат отворени и затворени.

а) Отворени се оние слогови што завршуваат на самогласка.

На пример: ра-ка
Затворени се оние што започнуваат и завршуваат со согласка.
На пример: вер-ник.

Зборот го делиме онаму каде што завршува слогот.

1. Кога ќе се најдат две самогласки една до друга, тие се разделуваат.

На пример: бур-жо-а-зи-ја, пе-ат, збо-ру-ва-ат

а) но не ако едната самогласка останува сама на почетокот или крајот на зборот.

На пример: ули-ца; ос-та-наа.

2. По правило, еден глас не се пренесува во нов ред ниту останува сам во првиот ред.

3. Кога ќе се најдат две согласки една до друга, тие се разделуваат.

На пример: кос-ка, пот-тик-ну-ва, тет-рат-ка.

4. Наставките: -ски, -ство и -ствен, се пренесуваат целосно во новиот ред, без разлика дали
слогот завршува на самогласка или согласка.

На пример: тргов-ски, чув-ство, производ-ствен, парти-ски, опште-ство, величе-ствен.

5. Наставките: -штво, -шки, -чки, може да се пренесат целосно, но може и да се поделат.

На пример: чове-штво, човеш-тво, ма-шки, маш-ки, работни-чки, работнич-ки.

6. Претставките во зборовите не се разделуваат во друг ред.

На пример: прет-поставка, пре-раскаже.

7. Сложените зборови се пренесуваат според составните делови: три-аголник, вино-жито.

8. При пренесувањето на полусложените зборови знакот (-) се става на крајот од редот и


во почетокот на следниот ред.

На пример:
битово-социјален
битово-
-социјален;
охридско-преспански
охридско-
-преспански.
Скратеници и скратување на зборовите

Во македонскиот јазик под скратеници се подразбираат акронимите – изведени зборови


кои се добиваат со скратување на зборовите кои влегуваат во состав на
повеќекомпонентни имиња, наслови и називи. Како такви, тие треба да се разликуваат од
скратувањата на зборовите, т. е. абревијациите – кратења на одделни зборови кои често се
употребуваат заради заштеда на време и на простор

Скратеници
Најголемиот број скратеници се добиваат од почетните букви на составните делови на
називот:

ВМРО – Внатрешна македонска револуционерна организација

ЕУ – Европска Унија

ЈСП – Јавно сообраќајно претпријатие

МНТ – Македонски народен театар

ОН – Обединети нации

САД – Соединети Американски Држави

Скратениците по правило се пишуваат со големи букви и без точки, а се читаат или буква
по буква (АРМ, ЈСП, МНТ, МПЦ итн.), најчесто тогаш кога во нивниот состав нема
самогласка, или се читаат како еден збор (АСНОМ, НОБ, МАНУ, САД, УЕФА итн.).

Скратувања на зборовите
Зборовите се скратуваат заради заштеда на простор и време. тие не се посебни зборови
во македонскиот јазик, туку претставуваат скратени постојни зборови кои воопшто не се
читаат во својата скратена форма. Со други зборови, скратувањата на зборовите
функционираат само при пишувањето, а не и при зборувањето.

.
1. Најекономични и најчести се скратувањата сведени на првата буква на зборот. Такви се,
на пример, следниве:
в. – век; види; весник

г. – година; господин

ж. – женски

л. – лице

м. – место; машки

о. – отец

р. – род

с. – село

Мерните единици што се користат често надвор од научната сфера на употреба се


пишуваат со кирилски букви и без точка: м – метар, мм – милиметар, см – сантиметар и
центиметар, км – километар, л – литар, мл – милилитар, г – грам, кг – килограм, т – тон
итн.

2. Многу зборови се кратат пред првата самогласка:

бр. – број

вл. – влез

гр. – град

др. – друго

кн. – книга

мн. – множина

.
3. Некои зборови се кратат пред втората самогласка:

ал. – алинеја

арх. – архитект; архаизам

ас. – асистент
астр. – астрономија

.
4. Ретко се среќаваат скратувања кои завршуваат пред третата самогласка во зборот:

админ. – административно

геогр. – географија

зоол. – зоологија

.
5. Сосем ретко зборовите се кратат пред четвртата самогласка:

археол. – археологија

.
6. Поретко, скратувањата се добиваат со поврзување со цртичка на првата и последната
буква или на првата буква и последниот слог во зборот и по правило не ја менуваат
својата форма, особено пред имиња. Ако сепак треба да ја сменат својата форма, не треба
да се кратат (на пример: ѝ се обратив на г-а Петровска; ѝ се обратив на госпоѓата што
стоеше пред мене):

г-а – госпоѓа (неутрална форма за означување женско лице)

г-ца – госпоѓица (младо женско лице без оглед на брачен статус)

г-ѓа – госпоѓа (возрасно женско лице без оглед на брачен статус)

д-р – доктор на науки

м-р – магистер

.
7. Кај сложените зборови скратувањето се образува со примена на принципот кај секоја од
компонентите на сложениот збор:

с.р. – своерачно

т.н. – таканаречен

ст.сл. – старословенски

Ако се крати полусложенка, цртичката останува:

зам.-мин. – заменик-министер
Кај овие скратеници, бидејќи станува збор за еден збор нема белина (празно место) меѓу
двата дела.

.
8. Кога се кратат групи зборови, се почитуваат општите принципи и меѓу нив има празно
место (белина):

заб. на прев. – забелешка на преведувачот

в. д. – вршител на должноста

и др. – и друго, и други

и сл. – и слично

ж. р. – женски род

м. р. – машки род

ср. р. – среден род

н. е. – новата/нашата ера

нар. поез. – народна поезија

пр. н. е. – пред новата/нашата ера

Правописни и интерпункциски знаци


Правописни и интерпункциски знаци се знаци кои се користат во различни функции.

Интерпункцијата претставува систем од писмени знаци со кои се означуваат почетокот и


крајот на речениците; границата и односите меѓу дел-реченици и меѓу реченични
членови; интонацијата, темпото и паузите при зборувањето.
Интерпункцијата ги опфаќа и правилата за употреба на интерпункциските знаци.

Правописните знаци служат за разбирање на конкретен збор или група зборови во


реченицата.
Некои знаци се користат и како правописни и како интерпункциски.

Во реченицата се среќаваат
следниве интерпункциски знаци: точка (.), запирка (,), прашалник (?), извичник (!), точка
и запирка (;), две точки (:), три точки (…), загради – заоблени и квадратни ([]), црта
(тире) (—), наводници („“) и полунаводници (‘’).
Дел од интерпункциските знаци се користат и како правописни. Tука
спаѓаат: точка (.), запирка (,),  две точки (:),  црта (тире) (—), цртичка (-), апостроф (’),
коса црта (/), загради, ѕвездичка (*), надреден знак (`), акцентски знак (´), белина (празно
место) и др.
 

Правописните знаци служат за разбирање на конкретен збор или група зборови во


реченицата.
На пример:

Бидејќи се разликуваат во своето значење, зборовите не и нè ги пишуваме различно.

Не ја означува негацијата и служи за одречни форми.

Нè ја означува кратката заменска форма од личната заменка за означување директен


предмет (акузатив) во прво лице множина.

Надредниот знак, односно цртичката од лево кон десно над самогласката е, е правописен
знак.

ТОЧКА
Точка се користи како интерпункциски и како правописен знак.
Интерпункциски се пишува:
 на крајот од расказните реченици, (На пример: Денес ќе ручаме подоцна.)  и
 на крајот од речениците со кои се искажува блага заповед (На пример:    Јади
убаво, те молам.).
Правописно се пишува:
 кај скратениците;
       На пример: и сл., и др., итн., г. (но, не кај сите! Види: Скратеници и скратување на
зборовите.)

 кога набројуваме зад редните броеви ако се напишани со арапски цифри;


            На пример: 1. ——– ;

                                    2. ———;

                                    3. ———.

 кај датумите исто така, ако се напишани со арапски цифри се пишува, а ако се
напишани со римски цифри не се пишува точка;
            На пример: 12. 2. 2018 г.

                                    12. II 2018 г.
Не се пишува во следните случаи:

 по скратувања на зборови што завршуваат со точка како правописен знак;


На пример: Најголем успех нашето училиште имаше 2009 год.

 по други интерпункциски знаци на крајот од реченицата (извичник, прашалник, три


точки);
На пример: Каде беше до сега? Влези внатре!

ЗАПИРКА
1. Со запирка се одделуваат еднаквите делови во реченицата (подмети,
предмети, атрибути), како набројување.
            На пр.: Доматите, пиперките, морковите и компирите беа скапи оваа
година.
         
   2. Апозицијата се одделува со запирка.
            На пр.: Тони, мојот сосед, има убаво куче.
           
3. Извиците се одделуваат со запирка.
            На пр.: Оф, нешто ме боцна!
          
  4. Вметнатите зборови и изрази се одделуваат со запирка.
            На пр.: Вие, се разбира, сте во право.
          
  5. Зборовите за обраќање се одделуваат со запирка.
            На пр.: Мамо, јас ќе си легнам.
          
  6. Запирка се става и пред зборовите: то ест, односно, и тоа, како и; а исто така и
пред спротивните сврзници: а, ама, но, туку.
            На пр.: Тој нема да дојде, т.е. не може да дојде.
       Јас го направив тоа, а не ти.
         
   7. Потврдната честица да и одречната не, се одделиваат со запирка кога стојат
на почетокот од реченицата.
            На пр.: Да, ќе дојдам.
                         Не, не доаѓам.
          
  Б. Запирка во независносложената реченица
          
  1. Составните реченици се одделуваат со запирка, освен кога се поврзани со
сврзникот и. Пред сврзникот и никогаш не се пишува запирка.
            На пр.: Тој дојде, седна и почна да чита.
           
2. Спротивните реченици редовно се одделуваат со запирка.
            На пр.: Не зборувај, туку слушај.
         
   3. Разделните реченици не се одвојуваат со запирка, освен ако втората е
особено истакната или реченицата е премногу долга.
            На пр.: Или дојди кај мене или да дојдам кај тебе.
            Или слушај ме, или ќе те истепам!
           
4. Исклучните и заклучните реченици се одвојуваат со запирка.
            На пр.: Сите дојдоа, само тој не дојде.
            Тој дојде, значи ме сака.
          
  В. Запирка во зависносложената реченица
            1. Сите зависни реченици кога се во инверзија или се вметнати се
одделуваат со запирка.
            На пр.: Кога ќе дојдеш, ќе учиме заедно.
         
   2. Кога се во обичен ред може, но не мора да се одвојат со запирка. Тоа зависи
од потесната или полабавата врска помеѓу нив.
           
3. Исказните и целните реченици никогаш не се одделуваат со запирка.
            На пр.: Тој рече дека ќе дојде.
            Тој застана да купи леб.
            Останав дома за да учам математика.

НАВОДНИЦИ
Влезните наводници се пишуваат долу („) на почетокот, а излезните наводници се
пишуваат горе (“) на крајот од исказот.

Наводници се пишуваат:

 во цитати, нечии искази што се претставуваат директно, онака како што се кажани
или напишани; 
На пример: Тој рече: „Денес се чувствувам добро“.

       „Денес, — рече тој — се чувствувам добро“.

 во искази што ги преземаме од друг, а ги кажуваме како сопствен исказ;


На пример: Со мислата „колку сме, толку сме, токму сме“ јасно е прикажана
моменталната ситуација кај нас.

 пред излезните наводници се пишува друг интерпункциски знак  (точка, прашалник,


извичник, три точки) во зависност од природата на исказот;
На пример: Професорот извика: „Излегувајте надвор!“, и почна да ги турка
учениците кон вратата.
се пишуваат и зборовите употребени со преносно значење, во спротивна смисла,
во иронија;
На пример: Тој е многу „добар“. (лош)

Таква беше „убавината“ на неговите зборови, горчлива, тешка, неподнослива.

 се изделуваат зборови што сакаме да ги нагласиме или изделиме;


На пример: Негацијата „не“ се пишува одвоено од глаголите.

се пишуваат наслови на книги, песни, раскази, весници, списанија; имиња на


установи, претпријатија итн.
На пример: Учениците од СГГУ „Здравко Цветковски“ не ја прочитаа книгата „Дон Кихот“
од Мигел де Сервантес, бидејќи ја немаа во програмата.

Не се пишуваат наводници
 

 општопознати изрази и пословици употребени во текст;


На пример: Рани куче да те лае, се вели во народната мудрост.
 при именувања на книги, наслови, весници и сл. кога се напишани на корицата, на
плакати или на наслованата страница како титулар;
На пример:

За матуранти

македонски јазик и литература

Билјана Богданоска

 кога ќе ги означиме на друг начин, со закосени, здебелени или подвлечени букви,


насловите, и сите останати работи што ги ставаме во наводници.
На пример: При подготовка на матурскиот испит, прирачникот За матуранти,
многу ми помогна.
При подготовка на матурскиот испит, прирачникот За матуранти, многу ми
помогна.
При подготовка на матурскиот испит, прирачникот За матуранти, многу ми
помогна.
    
            2. Во наводници

           

Правописно, ако реченицата завршува со точка, се пишува: наводници – па точка (“.); ако
завршува со: прашалник, извичник, три точки; тогаш прво се пишуваат тие – па
наводниците.(?!…“)
            На пр.: Тој праша: „Ќе дојдете кај мене?“

           

ТОЧКА И ЗАПИРКА

Точка и запирка се употребува:

 да се одделат независни реченици во составот на една сложена реченица составена


од повеќе реченици, особено кога во нив има запирки;

На пример: На постарите им е тешко да го држат чекорот со модерната технологија; со


употребата на новите паметни телефони, таблети и лаптопи; со интернетот и социјалните
мрежи; со сето она што за младите е секојдневие.

кај независните реченици поврзани со сврзниците: но, ама, сепак, меѓутоа, кои
влегуваат во составот на една поголема реченица, особено ако во реченицата има
повеќе запирки;
На пример: Ние му зборувавме, му укажувавме, го молевме; но ништо не помогна.

 кај зависни реченици кои се однесуваат на една главна;


На пример: Кога ќе научиш; кога ќе ги напишеш домашните задачи; кога ќе си ја средиш
собата, тогаш може да излезеш.

 кога следува дообјаснување или завршна мисла;


На пример: Марко, претседателот на класот; Весна, заменикот и Милена, благајникот;
сите беа на состанокот.

Ги испековме пиперките, ги излупивме, Петре ги мелеше, Весна ги пржеше и мешаше; на


крајот сите седнавме да го јадеме ајварот.

 при набројување подолги несамостојни зборовни состави што содржат други


интерпункциски знаци, особено запирки.

ДВЕ ТОЧКИ

Како интерпункциски знак, две точки се употребуваат:

 пред набројување (зборови, зборовни состави, реченици или делови од текстот);


На пример: Денес по распоред имаме: англиски, математика, хемија, историја, македонски
и биологија.
 по зборовите или изразите: како, на пример, и тоа, имено, следново, овие и сл. со
кои се воведува набројувачка низа;

На пример: Напишете антоними за следниве зборови: ден, горе, молчи, пред.

 при набројување во вертикална низа, кога тие се пишуваат една под друга;
На пример:

Да не заборавам:

– да одам во Пошта,

– да поминам на пазар,

– да го викнам мајсторот.

Сопствените именки се пишуваат:

а)  со мала буква

б) со голема буква

в) со мала и со голема буква

Заокружете го точниот одговор:

1. Зборот ПО е предлог.
2. Зборот ПО е прилог.
3. Зборот ПО е сврзник.

 кога се воведува содржина која ќе дообјасни дел од реченицата што смисловно е


целосна и без делот по двете точки;

На пример: Треба да се внесат лични податоци: име, презиме и матичен број.

 пред директен говор или цитат што се воведува со зборовите: рече, праша, вели,
пишува, повторува, потсетува;
На пример: Томе рече: „Денес ќе си одиме порано“.

           

Две точки не се пишуваат:

 при набројување кога членовите на набројувачката низа прават интонациска и


ритмичка целина со претходниот дел на реченицата;

На пример: За гостите секогаш приготвуваше и салати, и месо, и кифлички и нешто благо.

 при набројување во вертикална низа ако набројувањето следува по наслов:


Содржина, Користена литература, Библиографија и сл.

СОДРЖИНА

Предговор

Употреба на голема буква

итн.

 може да се изостават при пренесување директен говор или цитат ако нема


воведувачки зборови (рече, праша, вели, пишува, повторува, потсетува) или ако се
пренесува само збор или зборовен состав;

На пример: Ми се допадна неговото „не се мешам во туѓи работи“.


Како правописен знак

Како правописен знак, две точки се пишуваат:

 за одвојување на часот од минутите и минутите од секундите. Зад двете точки не се


остава белина.

На пример: Работно време од 7:00 до 19:30.

 за резултат изразен во бројки (во спортот) и сооднос меѓу величини. Во овој случај
се остава белина (празно место) меѓу бројките и двете точки.
На пример: Натпреварот заврши 3 : 2 за „Вардар“.

Соодносот е 1 : 3, на една шоља ориз, три шољи вода.

(Овде двете точки се читаат како спрема или на, или воопшто не се читаат.)


 за означување опозиција или сооднос;

На пример: црно : бело.

 во математиката, изразот „поделено со“ се означува со две точки;

На пример: 65 : 5, 26 : 3.

           

ПРАШАЛНИК

Прашалникот го употребуваме:

на крајот од прашалната реченица во чијшто состав има прашални зборови или



изрази;
На пример: Ќе дојдеш ли утре кај мене?
 на крајот од алтернативно прашање со сврзникот или;
На пример: Ќе дојдеш или не?
 на крајот од прашална реченица што не содржи прашален збор или израз;
На пример: Ќе дојдеш кај мене?

може да се напише и сред реченица доколку се однесува на конкретен збор или



нејзин дел, а зборот по прашалникот се пишува со мала буква;
На пример: Што ќе се случи со ова на крајот? ќе издржиме ли? ќе истраеме ли?

 на крај или во средина на реченица, по прашање преземено од директен говор;


На пример: Го прашаа: „Ќе останете ли по настапот на забавата?“ – а тој само одмавна со
главата.

во состав на реченица за да се изрази несигурност, неверување, сомневање,



несогласување и сл. во врска со содржината вметната во загради или со содржината
пред прашалникот вметнат во загради;
На пример: На тоа место ќе изградат две (три?) згради.
Рече дека утре (во среда?) ќе прави забава.

На пример: Професорката ни најави тест (?) уште во првата недела.

може да се употреби самостојно, без зборовен состав, при што зборовната


содржина се подразбира од контекстот;
На пример:

– Ќе дојдеш на забавата?

–?

– Кај Ненад, утре?

– ??

– Зарем не знаеш, никој ли не те викна?

– ???

Прашалник може, а и не мора да употребиме во следните случаи:

во наслови на уметнички дела или медиумски содржини


На пример: За кого бијат камбаните; Чија си; Ќе се намали ли загаденоста во главниот
град?

 на крајот од реторички исказ или исказ со нагласен личен став;


На пример: Пак истата песна? Како така наеднаш се растури таквата дружба.

Прашалник заедно со извичник, се употребува:

 за зголемување на изразноста на прашалната содржина и изразување зачуденост.


Во зависност од тоа што се нагласува, прашањето или зачуденоста, прашалникот и
извичникот си ги менуваат местата;

На пример: Сите доаѓаат?! Вистина зборуваш?!


Ќе учиш да плетеш!? Го исекле дрвото во дворот!?

 за искажување желба или поттик за вршење (или невршење) некое дејство;


На пример: Да се јавиме до дома!?

Прашалник не се употребува:

 на крајот од исказна реченица во која се прекажува содржина на директно


прашање.
На пример: Тој праша дали ќе одиме на забавата. Се прашувам дали ќе дојдат сите.

ИЗВИЧНИК

Извичник е интерпункциски знак. (Како правописен не се употребува.)

Со него се бележи извичната интонација, односно различниот интензитет на покачување


на тонот. Тонот го покачуваме при изразени чувствени состојби или реакции, повикување,
нагласена заповед, забрана, поттик или желба за вршење некое дејство итн.

Извичник се пишува:

 на крајот од извичните реченици со кои се изразува чувствена состојба или


реакција (возбуда, радост, чудење, воодушевеност, изненадување, предупредување,
страв, лутина, гнев, итн.);
На пример: Земјо моја, татковино мила!

Оди си!

Каква убавина!

 на крајот од речениците со кои се искажува заповед или забрана за вршење некое


дејство;
На пример: Дојди ваму веднаш! Немој да излегуваш!

 на крајот од извични реченици со кои се изразуваат желба или поттик за вршење


(или невршење) на некое дејство;
На пример: А да дојдеше кај мене! Ајде да работиме!

 за изразување благослови и клетви;


На пример: Живи и здрави! Од убаво да не куртулите! Оган да ги изгори!
 на крајот или во средина на реченица преземена во директен говор;
На пример: Во училната се слушаше: „Фати го! Грабни го!“ и трескање на вратата на
крајот.

 во нагласени форми за обраќање или повикување;


На пример: Еј! Дојди ваму!

Ученици! Потивко малку!

 по поздрави и зборови со значење на учтивост, љубезност, предупредување,


погрдност;
На пример: Здраво! Добар ден! Мило ми е! Внимавај! Срамота!

 ад извици со кои се искажуваат разни чувства или служат за имитирање на звуци


или животински гласови;

На пример: Оф!, Леле!, Муу!, Мјау!

Извичник може, но не мора да се напише:

 во наслови на уметнички дела и медиумски содржини;


На пример: Никогаш не оставај ме

Браво! Мини библиотека на отворено!

Повеќе од еден извичник (а најмногу три) се употребуваат:

 за истакнување на значењето на извичната содржина;


На пример: Врати се, веднаш!!!

Извичник со прашалник се употребува:

 за зголемување на изразноста на извичната содржина и да се означи чудење. Во


зависност од тоа што се истакнува, зачуденоста или прашалноста, тие го менуваат
своето место.
На пример: Навистина!? Што зборуваш!?

Зарем и ти не доаѓаш?!
Извичник не се употребува:

 по заповед или молба прекажани во исказна реченица;


На пример: Ги замолив да ја напишат домашната.

Му свика на детето да не трча.

You might also like