You are on page 1of 9

КЛАСИЦИЗАМ ВО

МУЗИКАТА
• Класицизам (classicus – од прв ред, примерно, безвременско) е името на уметничкиот, а со тоа
и музички правец, кој траел во периодот од 1730 година до 1820 година и кој тематски се обидел да
го сумира најдоброто и најбезвременското од сите негови музички претходници. Наспроти доцниот
барок (рококо/преткласика – 1720 -1770), препознатлив по накитеноста, класицизмот се залага за
јасност, урамнотеженост и едноставност. Делата треба да бидат сразмерни и хармонични, израз на
класична убавина.
Ваквите ставови се под влијание и на тогашната политичка, филозофска и уметничка клима,
како на пример воспоставувањето на Декларацијата за човекови права во САД, 1776 и Француската
револуција во 1789. Доминира рационализмот (разумноста), идејата за космополитизам и новото
оживување на античката идеална убавина како едноставен, но и ненадминлив пример за сите творци
во сегашноста.
МУЗИКАТА ВО КЛАСИЦИЗМОТ

• Наместо полифонија, сe почесто до израз доаѓа хомофоната


музика (хомофонија), се отфрла моторичноста на сметка на
симетричноста и периодичноста.
• Класичната оркестарска симфонија, концертот, виолинската,
клавирската соната и гудачкиот квартет стануваат водечки форми
кај кои правило е класичната четириставна форма: Allegro-Adagio-
Menuetto-Finale (Allegro) со мали исклучоци, како на пример
Бетовеновото внесување на Scherzo на местото на Menuetto.
• Најзастапени инструменти се: виолината, чембалото, клавирот,
кларинетот, обоата и флејтата.
• Франц Јозеф Хајдн (1732 - 1809)
• Волфганг Амадеус Моцарт (1756 - 1791)
• Лудвиг ван Бетовен (1770 - 1827)
Франц Јозеф Хајдн
Австриски композитор и основоположник на
класичната симфонија и на гудачкиот квартет. Во
детството се истакнува со убавиот глас, а пеел и
во познат, детски,виенски хор до своите 18
години. Ги совладал музичките форми, свирел на
повеќе музички иструменти и работел на повеќе
позиции во повеќе градови, за потоа да достигне
слава и да се вработи во дворот на грофот
Естерхази во Ајзенштат, останувајќи на таа
позиција цели 30год.
Волфганг Амадеус Моцарт

• Австриски композитор и еден од најпознатите


музичари на сите времиња. Репутацијата на
гениј го следела уште од раното детство: бил
роден во музичко семејство, почнал да свири и
да компонира уште на 4 години,со што го добил
Лудвиг ван Бетовен

• Германски композитор, еден од најуниверзалните,


најистакнати творци
на сите времиња. Уште на рана возраст бил приморан да се
осамостои и да почне да заработува за живот, компонирајќи
и свирејќи на повеќе инструменти. Ги запознал Моцарт
и Хајдн во Виена, а потоа и се преселил таму. Уште во
младоста го загубил слухот, што значително му ја отежнало
композиторската професија, но, и покрај тоа, не се откажал
од неа.
Музички форми
• Симфонија – инструментална композиција, најчесто во четири става со брзо-бавно-умерено
брзо темпо, усовршена во времето на класицизмот. Се исполнува од страна на голем музички
ансамбл,т.н. симфониски оркестар, во кој се вклучени речиси сите видови инструменти, со
тоа што сите се подеднакво застапени, без кој било од нив да доминира над останатите. Во
исклучителни случаи, композиторот може да воведе и хор, како на пример Бетовен во
последниот став од неговата 9-та симфонија – „Ода на радоста“.
• Гудачки квартет – мал музички ансамбл од четири музичари кои свират на гудачки
инструменти – две виолини, виола и виолончело и композицијата што ја исполнуваат го носи
истиот назив – гудачки квартет.

You might also like