You are on page 1of 2

Музиката во втората половина на XVIII век и во XIX век

Класицизам во музиката
Стилскиот правец на европската музика наречен музичка Класика (Класицизам,
Класична музика) се вообличува во условите на идеолошките сфаќања на буржоазијата во
времето на Француската револуција. Основниот идеал во музичката класика е изразниот
музички јазик да биде универзален, а не стеснет во националните граници, растоварен од
излишни декорации, да биде пријатен и облаготворувачки за секој нормален и чувствителен
слушател.

Класичната музика ја препознаваме во творбите на најголемите музичари, тројцата


врвни композитори, генијални во вистинската смисла на зборот, кои живееле и твореле во
втората половина на 18ти век и првата половина на 19ти век, а тоа се:

Јозеф Хајдн, Волфганг Амадеус Моцарт и Лудвиг ван Бетовен

Формите на инструментална музика вообличени во галантен стил одиграле важна


улога во натамошниот развиток на музиката, како во класиката, така и во текот на целиот 19ти
век.Тие музички форми се: соната, соло-концерт, симфонија, клавирско трио, гудачки квартет
и дувачки квинтет. Операта како музичка-сценска творба во втората половина на 18тиот век
била реформирана и се развиле двата вида на опера: сериозна и комична.

Што се однесува за оркестарот, неговиот состав бил следнот: 2 флејти, 2 обои, 2


кларинети, 2 фаготи, 2 хорни, 2 труби, тимпани, виолини(прва и втора), виоли, виолончела и
контрабаси.

Програмска и апсолутна музика


Музиката која има определена тема, програма врз која композиторот го компонира
музичкото дело, се нарекува програмска музика. Насловот на музичкото дело ја открива
избраната програма што авторот доследно ја следел при компонирањето. Како програмска
замисла можат да се најдат: пејзажи, историски ликови или настани, ликови на херои,
филозофски теми, сцени од народниот живот и т.н. Програмската музика може да биде
вокално-инструментална или само инструментална музика.

Музиката која е без текст или програма, нема наслов и е чиста инструментална музика,
се нарекува апсолутна музика. Композиторот ја пренесува својата музичка мисла или
сопствените чувства без намера да остави впечаток или да ги открие истите. Апсолутната
музика не користи мотиви, ниту содржини од други уметности. За наслов на ваквите музички
дела се зема исклучиво музичката форма (со ознака за тоналитет, темпо или број) на пр.:
соната, токата, концерт, алегро, етида, анданте и т.н.
Романтизам во музиката
Сите позначајни историски збиднувања во животот на народите и човештвото речиси
секогаш се одразуваат на соодветен начин во уметничкото и културното творештво. Тоа важи и
за Француската револуција која предизвикала крупни политички и општествено-економски
промени во европските земји.

По Француската револуција, како во книжевноста и ликовната уметност, подоцна и во


музиката се појавува нов стилски правец како идејно и уметничко движење во текот на 19ти
век, таканаречен Романтизам.

Романтичарските композитори најчесто биле инспирирани од народните песни,


фолклорните елементи, приказни и легенди. Инспиративен поттик им давала и љубовта кон
природата, романтиката и човековата духовност и психологија, што обусловиле развој на
музичката лирика.

Изразно-содржински обележја на романтичарската музика се: чувствителноста,


егзотиката, мистицизмот, индивидуализмот, но исто така и национализмот кој особено бил
изразен преку музичките дела во кои се забележува бунтот против снобизмот и
малограѓанштината, со истакнати национални чувства.

Романтичарски музички форми се: оперета(мала опера), балет, опера-балет,


клавирска минијатура, соло-песна и други.

Операта во Роматнизмот сопствената содржина (за либрето) ја барала во народната


книжевност, народните приказни, легенди и песни. Главна одлика била лирската
чувствителност. Најпознати композитори на опери во романтизмот се Џузепе Верди и
Рихард Вагнер

Композитори од Романтизмот
Композитори од поразвиените западно-европски земји се:

Жорж Бизе, Феликс Менделсон, Хектор Берлиоз, Франц Лист, Едвард Григ, Јохан Штраус,
Јоханес Брамс, Франц Шуберт, Роберт Шуман и други.

You might also like