You are on page 1of 2

Ренесанса

Ренесансата (значи „преродба“)- централно место зазима човекот,преродба на


целкоупниот средновековен дух и култура. Место црковни се појавуваат теми од совремниот
живот,пејсажи, актови,архитектура,митологија и сл. Се појавува во Италија од каде подоцна
се шири низ цела Западна Европа. Центри на Ренасансната уметност се Венеција, Фиренца и
Рим.

Рана ренесанса (кватроченто)15век

Архитектура- Градбите се карактеризираат со


рамни и јасни линии, полукружен лак и куполи, и
типично антички елемнти. Најпознат архитект
на 15 век е Филипо Брунолески , со неговата
катедрала во Фиренца.

Скулптура- Најзначаен скулптор е Донатело, со


неговото најзначајно скупторско дело – Давид.

Сликарство- Се открива перспективата, се


проучува анатомијата. Се појавуваат нови мотиви
како : пејсажи,митолошки сцени, ,голи човечки
фигури. Претставници: Мазачо -Прогонување
одрајот (голи човечки фигури во движење со
истовремно прикажување на просторноста),
Сандро Ботичели – во своите дела како
Примавера, Раѓањето на Венера, внесува
митолошки теми, со романтични, треперливи и
елегантни линии и форми.

Примавера , Пролет -Ботичели

Висока ренесанса чинквеченто 16 век

Рим станува главен центар на уметноста.

Архитектура и скулптура - Донато Браманте бил познат


архитект на малата црквичка Темпието во Рим
,карактеристична по нејзината кружна градба.

Микеланџело Буанароти најзначаен италијански архиект,


вајар и сликар. Учествува во градењето на цркавата Св.
Петар во Рим. Негови најзначајни дела во однос на
скулптурата се: скулпторалната композиција Пиета во
цркавата Св.Петар во Рим, каде е прикажано оплакувањето
на Богородица над незјиниот мртов син.
1
Голиот Давид симбол на младоста и силата. Микеланџело учествува во
сликањето на таванот на Сикстинската капела во Ватикан, каде се
создадени циклуси на фрески со сцени од Стариот Завет, каде посебно се
издвојува сцената Создавањето на Адам.

Сликарство- Најзначајни имиња во 16 век во италијанското


сликарство се: Леонардо да Винчи, Микеланџело, Рафаело Санти,
Тицијана, Џорџоне

Леонардо да Винчи

Уметник и научник .Проучувач на анатомијата на човечкото тело.


Работи во нова техника која тој ја создава — сфумато(размекнати
гигури, со благо преминување на светлината во темно и претопување на една форма во
друга.) Дела:Тајната вечера во црквата Санта Марија во Милано, Мона Лиза-Џоконда.

Рафаело Санти - Создал свој тип на Богородица- Мадона,

Тицијан- слика портрети на угледни личности,

Џорџоне- инпириран од природата слика пејсажи каде го доловува атмосферскиот амбиент.

You might also like