You are on page 1of 7

„Декамерон„-

Џовани Бокачо
Изработила : Мирјана Василева II7
ДЕКАМЕРОН
 Декамерон“ претставува заокружена збирка раскази кое авторот го постигнал со
воведниот дел, односно „Уводната новела“. Во неа Бокачо го прикажува својот
концепт на збирката.
 Имено, за време на големата чума во Фиренца, група млади луѓе (7 жени и 3 мажи) се
засолнуваат во една куќа (се повлекуваат во карантин) и за да не им биде здодевно за
секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да прават. Во текот на
тие десет дена, сите десетмина, секој ден раскажуваат по еден расказ на определена
тема (10 X 10 = 100).
 Затоа збирката „Декамерон“ содржи 100 новели.
Според темите тие се поделени на:
1 ден – нема одредена тема – кралица е Пампинеа
2 ден – неприлика со среќен крај – кралица е Филомена
3 ден – за двомислени луѓе – кралица е Немфиле
4 ден – за несреќната љубов – крал е Филострат
5 ден – за среќната љубов – кралица е Фијамета
6 ден – за оние кои биле итри и досетнно се спасиле – кралица е Елиза
7 ден – за жените кои го изневериле мажот – крал е Дионес
8 ден – исмејувањата на мажите од жените и обратно – кралица е Лаурета
9 ден – слободна тема – кралица е Емелија
10 ден – за правилните постапки – крал е Помфил
 Во „Декамерон“ се прикажани многу настани, ликови и случки.
Oсвен според деновите, како што ја направил поделбата
самиот Бокачо, новелите може да ги поделиме во неколку групи.
„ФРАНЧЕСКА И ОГЛЕДАЛОТО“
Некој човек по име Фреско од Челатико, имаше внука која нагалено ја викаа
Чeска, а која беше сосема убава по става и на лика, но не од оние ангелските
убавици, какви што можевме претходно да видиме. Таа, поради изгледот и
благородноста толку многу себеси се ценеше, што стекна навика да ги колку и
мажите и жените и сè друго што ќе ѝ се најдеше пред очи, без да помисли и на себе
самата, иако таа беше понепријатна, поздодевна и понезгодна од сите други, така
што не постоеше ништо што можеше да биде по нејзина волја. А покрај сето ова,
беше
горделива, што ќе беше премногу дури и да доаѓаше од дворот
на францускиот крал. Кога минуваше по улица, пак, толку силно
ѝ мирисаше на стари партали, што само ја кривеше муцката,
како да доаѓаше миризбата од секој кого ќе го сретнеше или
ќе го видеше.
Но, да ги оставиме сите нејзини непријатни и здодевни навики, се
случи еден ден, кога се врати дома, таму да биде  дојден
Фреско, па таа брефтајќи, седна до него и постојано само
воздивнуваше, така што Фреско ја запраша:
– Ческа, што треба да значи ова, денес е празник, а ти толку рано
се врати дома?
На ова таа, сета збивтајќи, одговори:
– Точно е дека се вратив рано, зашто мислам
дека во овој град никогаш немало толку
непријатни и здодевни мажи и жени како
денеска. И нема ниту еден да минува по
улица, а да не ми е омразен и да не му донесе
баксуз. Мислам дека нема ни друга девојка
на која да ѝ е поздодевно да ги гледа овие
непријатни луѓе од мене, па за да не ги
гледам нив, ете затоа се вратив толку рано.
На ова Фреско, кому незгодниот табиет на внука му воопшто не му
се допаѓаше, рече:
– Ќерко моја, ако тебе толку те нервираат непријатните луѓе, како
што велиш, тогаш, ако сакаш да бидеш среќна, не смееш никогаш
да се гледаш во огледало.
Но, таа шуплива како трска, иако се сметаше
себеси дека е мудра како Соломон, ја сфати
досетката на вујко ѝ полошо и од обична овца,
па дури на крајот изјави дека и таа сака да
се гледа себеси во огледало, како и сите други.
И си остана длабоко нурната во својата
глупост и така си живееше до ден денешен.

You might also like