You are on page 1of 2

СТОПАНСТВО И СТОПАНСКИ ГРАНКИ

1. Дефиниција за стопанство:
Стопанство е сложен систем на односи на природно-географски и популациско-општествени факторикои директно
или индиректно влијаат врз развојот на определен простор или држава.

2. Кои се природни фактори кои влијаат на стопанството?


- геолошко-петролошкиот состав на земјата, рељефот, климата, водите, почвите, растителниот и животинскиот
свет.

3. Кои се популациско општествени фактори кои влијаат на стопанството?

- населението со своите структурни карактеристики, развојот и текот на историско-политичките настани и


промени, внатрешни услови и односи, меѓународното опкружување и сл.

4. Во стопанството на РСМ се разликуваат производствени и непроизводствени дејности.


Тие се поделени во 3 групи: примарни, секундарни и терцијарни

5. Кои се производствени дејности?


Производствени дејности се примарните и секундарните дејности.

6. Кои се примарни дејности?


Примарни дејности се: земјоделство со полјоделство, сточарство,шумарство,лов и риболов

7. Кои се секундарни дејности?


Секундарнидејности се: рударство, индустрија, производственозанаетчиствои градежништво

8. Кои се непроизводствени дејности?


Непроизводствени дејности се терцијарните:
сообраќај, трговија, угостителство, туризам, образование, здравство, наука, култура и други непроизводствени
занимања

Земјоделство, општи карактеристики:

1. Кои природни услови влијаат врз развојот на земјоделството?


- рељефот, климата, водите, почвите, растителниот и животинскиот свет, геолошко-петролошкиот состав на
земјиштето, обемот и структурата на обработливите површини, пасиштата и др.

2. Како влијае релјефот врз земјоделското производство?


- непосредно– преку поволните услови, концентрацијата, обемот и структурата на обработливите површини во
рамничарските и ридско-планинските предели и стопанската дејност на човекот во тие простори

-посредно – зависи од климата, хидрографијата и другите елементи на природната средина. Пр. кај нас има рамнини
и на надморска висина над 1.000 м, но не се користат за одгледување житни растенија заради острата планинска клима и
составот на земјиштето.

3. Како влијае климата на земјоделството?


Климата е значаен фактор за развој и разместеноста на земјоделството. Посебно значење имаат температурата на
воздухот, врнежите, ветерот и другите појави.

Во областите со умерено-континентална клима се одгледуваат: жито, индустриски култури, градинарски и фуражни


растенија.

Во областите со изменето-средоземноморска клима се одгледуваат суптропски култури: ориз, памик, афион, сусам,
кикиритки, смокви, калинки, винова лоза, раноградинарски култури и др.

Во областите со планинска клима се одгледуваат: компир, `рж, овеси сл.

Карактеристична климатска појава е сушата.

4. Како влијае водата како природен услов за развој на земјоделството?


Водата е еден од основните услови за опстанок на земјоделството, на органскиот свет и човекот. Значајна е за
водоснабдување на населените места, наводнување на посевите, напојување на добитокоти сл.

5. Какво е значењето на растителниот и животинскиот свет?


Растителниот и животинскиот свет се значајни бидејќи од нив се обезбедуваат производи за исхрана на населението,
разни суровини за индустријата, развој на шумарството, ловот риболовот и сл.

6. Какво е значењето на почвите за земјоделството?


Почвите се значајни за развој на земјоделството, шумарството и сточарството. На плодните почви се одгледуваат сите
видови земјоделски култури кои успеваат кај нас. Од нив се обезбедуваат неопходни производи за исхрана на
населението и разни суровини за индустријата.

7. Зошто населението е важен фактор за развој на земјоделството?

Затоа што населението е главен носител на земјоделското производство.

Земјишен фонд, организација а земјоделското производство и мерки за унапредување на земјоделството

1. Земјишен фонд и неговата структура се основа за развој на земјоделското производство

2. Како е организирано земјоделското производство?


Земјоделското производство се одвива на ораници, бавчи, овоштарници, лозја, ливади, пасишта, рибниции др.

3. Кој агротехнички мерки се превземаат во земјоделството?


Мелиоративни мерки, агрохемизација, агромеханизација, селекција на семиња, реонизација, избор на
висококвалитетни видови на добитоки др.

4. Во кој котлини има изградено системи за наводнување?


Струмичкa, Гевгелиско-валандовска котлина, Тиквешко, Велешка,Овче Поле, Кочанска, Кумановска, Пелагонија,

5. Според реонизацијата колку земјоделски реони се издвојуваат во Македонија и кои се?


Има 6 земјоделски реони:
- Медитерански (Гевгелија, Валандово, Струмица, Радовиш, Штип, Свети Николе, Кочани,
Виница, Неготино, Кавадарци и Велес)

- Пелагониски (Битола, Прилеп, Демир Хисар и Крушево)


- Скопско-кумановски (Скопје и Куманово)
- Западен земјоделски реон (Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Македонски Брод)
- Источен земјоделски реон (Берово, Делчево, Пробиштип, Кратовои Крива Паланка,)
- Големо езерси(Струга, Охрид и Ресен и Дојран)

You might also like