You are on page 1of 1

Мартин Ристовски IV-1

Есеј
Хуманоста дел од нашето секојдневие

Не верувам дека постоие човек што би кажал нешто против хуманоста. Ми се


чини дека тоа е единственото нешто кај човекот кога се сите расположени, го
сакаат животот и несебично ја даруваат својата љубов. Едноставно, има
нешто што те тера на се насмевнеш и со насмевка да зборуваш за хуманоста,
да бидеш хуман. Можеби грешам, но сепак во хуманоста се гледа
големината на еден човек.
Хуманоста е многу важна особина на луѓето како членови на општеството
кои сакаат да придонесат за неговиот развој и да им помогнат на поединците
кои се сиромашни, болни и немаат покрив над главата. Хумани сме бидејќи
сакаме да бидеме. Хумани сме бидејќи некои луѓе сметаат на нашата помош.
Хумани сме бидејќи чувството да спасиш човечки живот е непроценливо.
Хуманоста е општествена вредност. Таа е дел од нашите принципи.Таа е дел
од нашата животна етика .
Секојдневно се организираат хуманитарни акции со цел да се соберат пари
за луѓе кои откриле дека боледуваат од сериозна болест, но немаат доволно
средства за операција, се продаваат разни списанија и честитки за да им се
помогне на оние кои живеат во ужасни услови, се поттикнуваат граѓаните да
донираат облека и се организираат крводарителски акции. Иако не сме
богата држава, сепак народот во повеќе случаи покажал огромна
солидарност. Секој помага онолку колку што може. Некои донираат храна и
облека, некои донираат по 100 денари преку мобилните оператори, други
им наоѓаат работа и дом на бездомниците, им помагаат да си го средат
животот и да почнат од почеток. Македонскиот народ многупати досега ја
покажал својата несебичност и хуманост.
Сметам дека во нашето општество, постојат многу области на кои им е
потребно подобрување. Треба сите заеднички да ја насочуваме  нашата
енергија кон хуманоста, а компаниите – кон општествено – одговорните
практики, за да обезбедиме подобра заедница.

You might also like