You are on page 1of 6

„Природата е неисцрпно одржлива ако се грижиме за неа.

Наша универзална
одговорност е да им ја пренесем Земјата здрава на идните генерации“ – Силви Долсон1

Со оваа мисла го започнувам есејот од причина што во неа е содржано сето она кое
сакам да го кажам, а кое воедно го налага насловот на истиот: „Влијанието на домашното
воспитување врз развојот на еколошката свест и култура на предучилишните деца“.
Во минатото се сметало дека природата е неисцрпно богата, а на човековата моќ,
ум и способност било оставено да ја потчини и присвои. Но некако границите се
поминале, па односот на човекот кон природата доведе денес до низа глобални,
регионални и локални еколошки проблеми, кои претставуваат сериозна еколошка криза.
Денес се бара изнаоѓање на нов пристап во општествениот развој и развивање на
одговорноста на поединецот кон заштита и зачувување на животната средина. А кој е еден
од најдобрите начини за успешна применливост на овие нови пристапи?
Со право ќе кажам дека одговорот е во секој од нас, а за да дојдеме до истиот
потребно ни е пробудување на еколошката свест. Како резултат на ваквиот одговор на
предходното прашање, се наметна и второ прашање, а тоа е: „Како да ја пробудиме
еколошката свест и се стекнеме со еколошка култура“? Одговорот е многу едноставен –
Семејството е првата средина со која секој поединец се сретнува и од каде почнува да
учи!
Еколошката свест произлегува од искуственото знаење кое децата го стекнуваат од
најрана возраст во рамките на семејството во кое се воспитува и ја осознава околината,
односно се она што ги опкружува. Еколошките вредности и однесување, сознанија и
ставови за животната средина претставуваат компонента на еколошката свет, а се збир кои
ја обликуваат еколошката култура кај децата уште од најрана возраст во рамките на
семејната средина.
Еколошката свест различно е дефинирана, зависно од теоретските и филозофските
пристапи. Воглавно, таа се дефинира како свест за животната средина, која се состои од
сфаќања, однесувања, мотивации, дејства, желби и очекувања за човековата природна
1
Силви Долсон е натуралист, фотографер на дивиот свет и хонорарен писател за публикации кои опфаќаат
содржини за природата, нејзино зачувување и дивите животни. Нејзина страст се мечките, која страст се
изедначува со нејзината потрага да ги научи луѓето за вистинската важност од зачувување на природата и
нејзините природни благодети кои ни ги дарува.
животна средина. Не вклучува само сознанија за промените во природата предизвикани од
човековата активност, туку и знаења за можните начини за решавање на еколошките
проблеми, кои доведуваат до еколошка криза. Еколошката свест претставува и историска
категорија, бидејќи се појавува во даден период од развојот на општествените односи кон
природата.
Е кога стану збор за тоа што значи да се биде еколошки свесен, најпрво е
неопходно да сме научени на истото, односно да имаме домашно воспитување во насока
на она што значи еколошка култура. Доколку ова го имаме уште од најрана, односно уште
во предучилишната возраст, еколошко свесните поединци во подоцнежниот живот ќе
знаат да го лоцираат проблемот во животната средина и да размислуваат креативно за
негово разрешување. За формирање на еколошката свест неопходно е воспитување на
децата уште на предучилишна возраст за значењето на екологијата, здравата животна
средина и начинот на однесување кон животната средина. За подигнувањето на
еколошката свест потребно е континуирано информирање на сите граѓани, како и нивно
формално и неформално образование, исто почнувајќи од најрана возраст.
Гледано од овој аспект, еколошката свест ги има следните компоненти:
- Еколошки вредности,
- Еколошко однесување,
- Еколошко знаење и
- Еколошки ставови.
И според наведените компоненти, еколошката свест треба да започне во
семејството преку воспитување на децата од најрана возраст и преку личен пример,
бидејќи несомнено е дека децата учат по модел – прв модел за нив се родителите.
Сликата јасно ни покажува дека еколошката свест е на мошне ниско ниво кај
возрасните, кои сигурно, некои од нив имаат деца на предучилишна возраст, а ова го
гледаат и нивните деца, па сосема е очекувано дека тие подоцна ќе се однесуваат на ист
начин кон животната средина. Ова е поткрепено со одредени фактички податоци според
кои нашата држава е на дното на листата според нивото на еколошка свест, односно се
наоѓаме на 37 место во Европа, од вкупно 40 држави.
Во продолжение на овој есеј би сакала да го поставам прашањето за еколошката
култура. Една слика – илјада зборови. Јасно се гледа дека живееме во животна средина
каде никој не води грижа каде фрла ѓубре, а сум била сведок како некои фрлаат кеса ѓубре
преку прозорец возејќи автомобил, а на задното седиште седи дете, кое сигурно попатно
го носат во предучилишна установа.

Како очекуваме дека ќе имаме еколошка култура ако примерите од кои треба
најмалите да ги земаат како позитивни се како погоре посочениот? Како ќе имаме
изградена еколошка свест кај децата од предучилишна возраст?
Формирањето на еколошка култура не е ни малку лесна задача, па оттаму се
наметнува како императив за поглед на светот кој се заснива на еколошки знаења и
критичко вреднување на односот спрема животната средина. Ниту еден од постоечките
еколошки проблеми не е возможно до крај да се реши доколку не се насочиме кон
менување на човековото однесување. Многу истражувања се обиделе да дадат одговор на
прашањето кое се однесува на поврзаноста меѓу ставовите за животната средина и
еколошкото однесување на луѓето, и сите податоци од истражувањата наведуваат на
фактот дека секое однесување се учи и се формира од најрана возраст, започнувајќи во
семејството, па потоа преку другите институционални форми (градинка, училиште и сл.).
За крај на овој есеј заклучоците ќе се обидам да ги изведам преку зборови кои ќе го
доближат до секој од нас значењето на домашното воспитување во делот на еколошкото
однесување и третман на животна средина на секој поединец кој живее на планетата Земја.
Домот е место каде што започнува воспитувањето на децата од најрана возраст и
всушно претставува првото училиште за нив. Преку воспитувањето кое го добива од
родителите, детето учи т.н. лекции кои подоцна ќе го водат низ целиот живот и според кои
тоа ќе се однесува спрема другите и спрема средината во која ќе живее и работи. Од тука
потекнува и еколошката култура и еколошката свест кај децата од предучилишна возраст.
Така, за да може еколошката култура да се смета како начин на поддршка на
животот на секој еден поединец, потребно е да се формираат потреби и начини кои не би
претставувале закана за животот на Земјата, системот на духовни вредности и етички
принципи во иднина. Целта на домашното воспитување во насока на екологијата е да се
формира одговорен однос кон животната средина од страна на децата заснована на ново
размислување, што претставува (она што предходоно го рековме) усогласеност со
моралните и правните шринципи на управување со животната средина, активна работа во
проучување и заштита на нивната област, како и заштита и обвновување на природните
ресурси.

Воспитувањето за еколошката култура и еколошката свест треба да биде насочено


кон развој на такви квалитети на личноста на детето кои ќе претставуваат одговорност за
зачувување на природата и човекот во неа. Притоа, односот на детето кон природната
средина или животната средина во голема мера е определен од три фактори:
1. Директно познавање на природата,
2. Училишно еколошко образование и
3. Информациите кои стигнуваат до него преку медиумите.
Понатаму, целта на формирањето на еколошка култура преку домашно
воспитување кај децата од предучилишна возраст е децата подоцна да се поттикнат да
имаат одговорен однос кон природата кој подразбира нејзино почитување, а тоа значи и
поседување на знаења и вештини за нејзина заштита и одговорно однесување кон неа.
Еколошко културното дете треба да има еколошко размислување, односно да може
правилно да ги анализира и воспостави причинско – последичните врски на еколошките
проблеми и да ги предвиди еколошките последици од човековата активност.
Еколошки одговорната личност се формира од најрана возраст и со тоа се насочува
кон еколошко посакувано однесување. Во таа смисла, важно е да се истакне значењето на
развивање еколошка свест и еколошка култура не само во насока во локалната средина во
која поединецот секојдневно се движи, туку и во насока на општото делување за заштита
на животната средина на глобално ниво. Чувствата на еколошки културната личност ја
одредуваат насоката и природата на формирање на самото еколошко рамислување и
однесување. Ставот на еколошки културната личност кон природата се формира,
доживува и манифестира кога се препознава природниот свет и кога комуницира со него
преку чувствата како што се восхит, радост, изненадување, наклонетост,
сочувство...Чувството на љубов кон природата се формира преку природна перцепција и
познавање на еколошките проблеми, естетски чувства за околниот свет на флора и фауна
што на секој начин и во секој миг не опкружуваат.
Користена литература:

1. Johnson, Erik W., and Scott Frickel, (2011). "Ecological Threat and the Founding of U.S.
National Environmental Movement Organizations, 1962–1998," Social Problems 58
(Aug. 2011), 305–29.
2. Martell, Luke. „Ecology and Society: An Introduction”. Polity Press, 1994.
3. World Bank, 2003, "Sustainable Development in a Dynamic World: Transforming
Institutions, Growth, and Quality of Life", World Development Report
2003, International Bank for Reconstruction and Development and Oxford University
Press.
4. Clarke, R. & King, J. (2006). The Atlas of Water. London: Earthscan. ISBN 978-1-
84407-133-3.
5. Krebs, C. J. (2001). Ecology: the Experimental Analysis of Distribution and Abundance.
Sydney: Benjamin Cummings. ISBN 978-0-321-04289-7.
6. Millennium Ecosystem Assessment (2005). Ecosystems and Human Well-being:
Biodiversity Synthesis (PDF). Washington, DC: World Resources Institute.
7. https://www.b92.net/zivot/nauka.php?nav_id=40884
8. https://zapisanosvetlom.wordpress.com/2015/01/29/ekoloska-svest/
9. https://www.ekologija.com.hr/koliko-smo-ekoloski-osvijesteni/
10. https://ouniverzitet.wordpress.com/2014/03/06/sanja-trifunovic-i-milica-batricevic-
ekoloska-svest-pojedinca/
11. https://odbranaibezbednost.rs/2020/08/06/da-li-smo-ekoloski-svesni/

You might also like