You are on page 1of 18

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН

ТЕМА:
ПСИХОДИЈАГНОСТИКА НА ТРАУМИТЕ ОД ДЕТСТВО И
НИВНИ ПОСЛЕДИЦИ ВО СЛИКАТА ЗА СЕБЕ

Ментор: Изработила:

Проф. Д-р Елена Златева Ведрана Стојановска М223016

Св. Николе, Април 2024

1
Содржина

1. Вовед
2. Периодизација на развојот кај децата
3. Настанување на психичкиот живот
4. Траума и посттрауматско стресно растројство (ПТСН)
5. Видови трауми од родителскиот однос кон детето
6. Трауми и последици во подоцнежниот живот
7. Користена литература

ВОВЕД

Во оваа семинарска ќе елаборираме неколку главни аспекти за психичкиот живот на човекот од


детството до подоцнежниот живот, односно причинско последични условувања во личниот
идентитет кај возрасниот како последица од социјалните односи во рамките на примарното
детство со родителите и оние луѓе со кои детето (идната возрасна личност) растело. За да се
изгради една личност ослободена од било какви психолошки и духовни ограничувања, потребно е
да има биолошки потенцијал за здрава физиолошко-психолошка основа, како што подеднакво
важи истото и за потребата од постоењето на една здрава социјално – егзистенцијална средина во
која тоа ќе умее да живее и расте во една пријатна и стимулирачка околина. Овие фактори се
важни од причина што се неопходни потреби кај едно дете за да може да биде изградено во една
психо – физички здрава и комплетно хармонизирана личност која ќе може да ја користи
општествената средина како можност за себенадградување, личен и професионален развој,
едукација и развој на своите способности, вештини и потенцијални таленти. Но, секој жив
организам за да стигне до одреден степен на развој мора да помине низ одредени еволутивни
фази низ кои ќе умее да ја развива својата биолошка структура како би постигнал една основа за
понатамошен развој, па затоа оваа семинарска ќе ја започнам со основите за сложеното
формирање на психичкиот живот, не само кај човекот туку и кај сите живи организми од
понискиот еволуциски слој.

Понатаму, откако ќе се запознаеме со психичката сфера и развојот на човекот, ќе можеме да се


осврнеме и на подоцнежниот живот, односно како социјалните услови на детето со најблиските
луѓе влијаат на неговото однесување во подоцнежниот живот кога се работи за сликата за себе,
неговото однесување и доживување на околината. Траумите од детството се една нова модерна

2
психологија во која многу луѓе се пронајдоа, а истата ги објаснува влијанијата на условувањата на
околината врз детето во подоцнежниот живот кај човекот.

ПЕРИОДИЗАЦИЈА НА РАЗВОЈ КАЈ ДЕЦАТА

1. Периодизација на развојот кај децата според Сигмунд Фројд


I. Орален стадиум од раѓање до 1 година.

Извор на задоволство е устата. Доењето како главен контакт со мајката. Како главна радост за
секое дете е цицањето и дејствијата кои ги врши преку устата.

II. Анална фаза од 1 до 3 години

Со празнењето на дебелото црево и мочниот меур стануваат ритуал на носител на задоволство.


Контролата на телото е дел од оваа фаза и родителите го учат детето да користи тоалет.

III. Латентен стадиум од 6 до 12 години

Сексуалноста во овој стадиум е доста намалена, либидото е потиснато. Во овој стадиум повеќе
детето се спознва себеси во социјалните дејствија. Училишната средина и создавањето на
врсничките групи со стекнување на лични искуства се дел од градењето на самодовербата.

IV. Генитална фаза и почеток на пубертетот

Зрели сексуални интереси. Градење на хетеросексуални односи кои се јавуваат како и кај
возрасните. Во оваа фаза постои задоволство за себе и секако желба да се задоволат потребите на
другите. Ако до овој стадиум сите фази биле поминати без значителни проблеми, личноста се
обидува да најде рамнотежата помеѓу различните сфери на своето постоење.

2. Четирите етапи на интелектуалниот развој според Пијаже

Според Пијаже интелигенцијата е основниот процес за да се обезбеди рамнотежа помеѓу


односите помеѓу личноста и животната средина. Развојот на интелигенцијата е континуиран
процес на асимилирање и акомодирање кои водат кон зголемување на сите идеи, шеми и сл.
Асимилација се различните искуства на единката се преобразуваат за да се вклопат во постојните
шеми. Истите искуства придонесуваат тие шеми да се зацврстат и да станат поефикасни.
Акомодација - е промена на внатрешните шеми. Кога ќе се јават нови средински искуства детето

3
треба постојните шеми да ги приспособи (акомодира) за да ги употреби во новите околности.
Првата етапа е сензомоторната. Новореденчињата го градат знаењето за светот преку поврзување
на слухот, видот. Оваа етапа се дели на шест потфази.

1. Преодоперационална етапа каде што децата околу втората година ги користат


симболичките способности (слики, зборови), одложена имитација, иреверзибилност,
трансдуктивно резонирање т.е резонирање од поединечно кон поединечно.
2. Следната етапа се конкретните операции - мислењето се одвива преку конкретни
операции. Детето е способно ментално да подредува, собира, вади и да ги преобразува
предметите. Да се мисли со конкретни операции значи да се употребат логички операции:
конзервација (детето согледува дека бројот и количината на материјата не се менуваат со
појавната промена на нивниот распоред), класификација, серијација (сфаќање на
релационата положба на предметите и случувањата во просторот и времето), нумерирање
(последователност во броењето. Комбинација на серијација и класификација).
3. Етапа на формални операции - Преминот од конкретни во формални операции има 2
специфики :

- Првата: конкретните операции не се заменети туку се вклучени во формалните операции

- методолошки пристап на решавање проблеми (ги разгледува можните решенија на


систематичен начин), при докажување и заклучување се служи со пропозиционално
резонирање, основен пристап за решавање проблем е хипотетско-дедуктивен.

- Втората : преминот од конкретни во формални операции не е универзален, зависи од


созревањето на нервниот систем. Конкретните операции се од прв степен операции а
интелектуалните од втор степен.

3. Сензомоторната интелигенција според Пијаже

Сензомоторната интелигенција – се развива преку дразби кои ги поттикнуваат сетилата за вид,


слух, мирис, вкус и допир, како и со употреба на различна група мускули преку движење на рацете
и нозете, а која е зачеток на интелектуалниот развој, социјалниот систем во кој расте детето
(релацијата со родителот, пред сè, со оној што се грижи за него). Посебно ги истакнува
когнитивните процеси во својата теорија т.е перцепцијата,вниманието, меморијата, говорот...

5. Средно детство

4
Започнува во шестата година и завршува околу 12 години. Се смета за најздрав период во целиот
животен циклус на човекот. Во овој период доста често се јавува појавата на дебели деца, а како
причина за тоа се истакнува нездравата исхрана и пасивноста во живеењето. Карактеристично за
овој период е подоброто функционирање на мозокот кој влијае на скусување на реакционото
време. Во овој период имаме селективно внимание што значи способност за концентрација на
дразба додека другите се запоставуваат. Автомазицијата е процес на секвенција од мисли и
поведенија се повторува додека не стане автоматска т.е не постане навика. Когнитивниот стил
повеќе е поврзан со личната посебност отколку со IQ. Во почетокот на средното детство децата се
опишуваат според телесниот изглед и активностите што ги прават. Во средното детство се
опишуваат според некои ментални својства и посложени активности. Од околу осмата година
сликата за себе е поапстрактна и поглобална. Тоа значи дека децата се посвесни за сопствените
физички и ментални особини и ги споредуваат со врсниците. Свесни се за тоа како ги гледаат
другите.

Според Колберг - Интелектуалното созревање и искуството влијаат врз моралното мислењ е. Во


средното детство појавата на конкретното мислење и искуствата со врсниците им помагаат на
децата да преминат од претконвенционално во конвенционално ниво на морално резонирање.

3 нивоа и 6 стадиуми :

1 ниво: Претконвенционално морално резонирање

- моралното расудување е контролирано од надворешните награди и казни

- нема интернализација

- цел е постигнување награда или избегнување на казна

- насоченост кон себе

Стадиум 1 – хетерономна моралност (мора да се прави добро, страв од казнување, послушност)

Стадиум 2 – инструментална и релативистичка ориентација (секој води сметка за своите интереси)

2 ниво: Конвенционално морално резонирање

- Интернализацијата е на средина
- Постојат заемни интерперсонални очекувања,обноски и конформизам
- Насоченост кон заедница

5
Стадиум 3 - Заемни интерперсонални очекувања и конформираност (социјалното одобрување е
подобро од секој вид награда)

Стадиум 4 - Моралност според социјален систем (секаква почит кон закон, ред, правда)

3 ниво: Постконвенцинално морално резонирање

-моралните вредности се целосно интернализирани


-насоченост кон идеали

Стадиум 5 - Постојат општествени привилегии и права (општествени противречности)


Стадиум 6 - Универзални етички принципи (кога има дилема меѓу законот и совеста се следи
личната совест)

НАСТАНУВАЊЕ НА ПСИХИЧКИОТ ЖИВОТ

Сложеното однесување и сложениот психички живот, како што ги среќаваме кај човекот, се
резултат на долгиот развој. Кај растенијата, кои претставуваат временски порана појава на живот
отколку кај животинските врски, одржувањето и прилагодвањето во средината се остварува со
помала анатомска и физиолошка организација. За да на пример, се одржи некое растение во суви
сончеви краеви, кај него се создаваат мали и меснати ливчиња кои го намалуваат испарувањето
на водата или се развиваат долги корени со чија помош полесно доаѓаат до вода. Кај животните
прилагодувањето на условите за живот се остваруваат по пат на менување на однесувањето, а не
само со менувањето на анатомско – физиолошките организации. Кога ќе се сменат условите во
кои се наоѓаат, го менуваат начинот на своето реагирање, ги менуваат движењата. Целиот развој
на реакции и однесување и кај растенијата и кај животните претставува процес на подобро
прилагодување на условите за живеење. Важен степен во развојот на способноста за
прилагодување го сочинуваат јавувањето на реакциите на организмот на промените кои немаат
непосредна биолошка важност туку само наговестуваат, сигнализираат дека е нешто важно за
одржување на организмот, животните. На пример, почнуваат да реагираат на одредени звуци, не
затоа што звукот сам по себе им помага за одржување на организмот, туку затоа што одреден звук
им служи како знак, како сигнал за постоење или настапување на одредени дразби важни за
животните. Слично на тоа одреден облик или боја накоја реагира некој инсект, на пример,
пчелата, претставуваат знак дека животното може да најде материја која е за нив важна (во овој
случај цветен прав). Слично и некој одреден вид на мирис претставува знак дека е блиску пленот
или непријателот. За ваквите реакции кои се јавуваат и на промена кои претставуваат само сигнал,

6
а не се непосредно важни за одржување на организмот говориме како за психичка реакција. Оваа
психичка реакција им овозможува на живите суштества подобро да се ориентираат во светот и да
делуваат во поголема мера во склад со карактеристиките на предметите и појавите кои ги
опкружуваат.

Ваквата способност за психичка реакција се јавува на одреден степен на развиток на органските


материи. На кој степен на развој на живите суштества настанува психичкиот живот, тешко е сосема
да се одговори. Некои автори мислат дека првиот или вистинскиот психички живот се јавува со
појава на првите животни. По нив и кај едноклеточните животни постојат реакци кои можеме да
ги наречеме психички и кои претставуваат некој вид на одржување на случувањето во
објективниот свет. Други сметаат, а тоа гледиште изгледа уште пооправдано, дека психичките
реакции не се јавуваат кај наједноставните животински видови, туку кај оние животински видови
кај кои постои релативно развиен нервен систем. Тоа би биле поразвиените видови безрбетници.

За развојот на способностите за прилагодување важна улога има развојот на способностите на


организмот да реагирана промените во својата средина. Оваа способност се повеќе се развива во
текот на развојот на врстите. Основа на овие способности ги сочинуваат карактеристиките кои ги
поседуваат сите живи суштества: својство за надразнување. Надразливоста се состои во
способност да се реагира на одредени промени во надворешниот свет, кои се важни за
одржување на организмот. Таа способност сè повеќе се развива. Кај развиените животински врсти
се јавува и способност за разликување на надворешниот свет, се јавува и психичкиот живот.

Според советскиот психолог Леонтиев во развојот на однесување на животните и во развојот на


неговиот психички живот можеме да разликуваме три етапи или три типа на однесување. (Рот,
Н.2004:63).Овие три типа на однесување и три степени за развој на психичкиот живот би биле:

а) инстиктивно однесување и едноставни сензорни психички реакции кои се јавуваат на


одредени дразби;

б) однесување на основа на навика и психичка реакција на склоп од дразби кои истовремено


делуваат на набљудување на предметите;

в) таканаречено интелектуално однесување на животните при кои наоѓаме и сложени психички


процеси, како што е увидување на односите.

7
Првиот тип на однесување, инстиктивното однесување, вклучува и уште поедноставните видови
на однесување отколку инстиктивните активности: тропизми и рефлекси. Тропизми се реакции на
движења предизвикани од влијанието на некоја надворешна енергија. Кога движењето на
човекот или растението е насочено кон изворот на енергија зборуваме за позитивни пропизми, а
ако постои автоматско одалечување од одреден извор на енергија зборуваме за негативни
тропизми (пр. движење на сончогледот, инсекти и.т.н.).

Рефлексите можеме да ги одредиме како вродени и автоматски движења на поедини органи кои
се предизвикани со одредени дразби. Рефлексите се разликуваат од тропизмите по тоа што кај
инстиктите постои движење на одредни сложени реакции само на поедини органи, а кај
тропизмите доаѓа до движење на цел организам.

Може да се каже дека сите посложени особини на човекот се резултат на организирање на бројни
својства на личноста во нови целини. Некои од тие особини кои влегуваат во новите целини се
развиваат претежно под влијание на наследството, а другите под влијание на средината. Со
гените се пренесуваат диспозициите кои се манифестираат во анатомско-физиолошката
организација во целина па и во нервниот систем. Таквите диспозиции се неопходен, а не доволен
услов за развој на одредени особини. Генотипот како збир на наследени диспозиции
квалитативно се менува под влијание на наследството и активноста на поединецот. Со цел
можностите на поединецот да се искористат неопходно е да се има стимулативно дејство на
средината и мотивацијата на самата личност. Потребно е да се разликува физичка и социјална
средина. Иако е јасно дека социјалната средина има поголемо значење во менталниот развој на
личноста, но не треба да се потценува влијанието на физичката средина. пр. претерана сува или
валажна клима доведува до појава на депресивно однесување и намаленост на физичкото и
менталното функционирање. Во однос на влијанието на социјалната средина односно агенсите на
социјализација (семејство, училиште, врсници) секако е зборувано многу и е истакнувано нивното
исклучително значење за правилниот развој на личноста. Семејството односно родителите се тие
кои директно влијаат врз развојот и поттикнувањето на одредени особини и облици на
однесување кои се јасно видливи во подоцнежното однесувањето на детето. Училиштето со својот
воспитно-образовен систем и стил директно влијае на корекција примарните особини и облици
кое детето ги покажува во него или во реалциите со врсниците. Значајно е да се напомене дека
особините кои се заснивани на наследните диспозиции не мора да се јават веднаш по раѓањето
туку тие се јавуваат после подолг временски период пр. созревањето-матурацијата. Евидетно е

8
дека покрај влијанието на наследните и срединските фактори не се помалку значајна детермината
која допринесува за развојот на особините кои во прицип имаат генетска основа. Можеме да
заклучиме дека развојот на поединецот можеме и треба да го наблудуваме како синтеза на
наследни и средински фактори кои се модифицираат и дименизираат како резултат на активноста
на самиот поединец.

Познато е дека психичкиот живот и однесувањето на поединецот се развиваат, а со тоа се менува


целиот организам во целина. Карактеристично за овие промени е тоа што тие на почеток се
прогресивни, подоцна во еден период се забележува релативно стабилно ниво на способности, а
подоцна по овој период настапува постепено опаѓање на способностите. Основата на
периодизацијата на животните циклуси ја чинат доминантните особини на единката, типичните
потреби на личноста и типичните односи помеѓу единката и средината кои се карактеристични на
таа возраст. Во однос на влијанието на социјалната средина односно агенсите на социјализација
(семејство, училиште, врсници) секако е зборувано многу и е истакнувано нивното исклучително
значење за правилниот развој на личноста. Семејството односно родителите се тие кои директно
влијаат врз развојот и поттикнувањето на одредени особини и облици на однесување кои се јасно
видливи во подоцнежното однесувањето на детето. Училиштето со својот воспитно-образовен
систем и стил директно влијае на корекција примарните особини и облици кое детето ги покажува
во него или во реалциите со врсниците. Значајно е да се напомене дека особините кои се
засновани на наследните диспозиции не мора да се јават веднаш по раѓањето туку тие се јавуваат
после подолг временски период пр. созревањето-матурацијата. Евидетно е дека покрај
влијанието на наследните и срединските фактори не се помалку значајна детермината која
допринесува за развојот на особините кои во прицип имаат генетска основа. Можеме да
заклучиме дека развојот на поединецот можеме и треба да го наблудуваме како синтеза на
наследни и средински фактори кои се модифицираат и дименизираат како резултат на активноста
на самиот поединец.

Животните циклуси на луѓето од психолошка гледна точка можат да се поделат во три лесно
воочливи квалитативни целини.

1. Првата целина е поврзана за периодот на раст и развој до 18 година.


2. Другата целина се карактеризира со релативна стабилност во поглед на развојот на
поединечните функции кој се случува од 18 до 60 години.

9
3. Третата целина се карактеризира со опаѓање на поедини функции и осиромашување на
личноста во целина ориентационо после 60 година.

Во функција на пооперционален предглед на развојните периоди кај човекот ќе се послужиме со


класификацијата на периодите на развој на човекот кој ја дава (Рот, Н. 2004:85-88) според кој се
делат на: детство, младост, зрелост, старост.

Детство

Овој развоен период трае од раѓањето до пубертетот. Во рамките на овој развоен период се
разликуваат неколку подпериоди и тоа:

- прво детство кое трае до крајот на втората година,


- рано детство кое трае до крај на шестата година,
- средно детство трае од шестата до деветата година и
- касно детство кое трае до крајот на дванаесетата година.

Веќе во рано детство покрај биолошките фактори значајни за развој на единката имаат факторите
на социјалната средина. Најзначајни социјални фактори значајни за развој на детето имаат
родителите пред се мајката при исхраната, навикнување на основните физиолошки и хигиенски
услови кои се бараат од детето. Но, исклучително важна улога, според истражувањата има
степенот на внимание и љубов која им се посветува на децата уште од најрана возраст. Всушност
истражувањата покажуваат дека најважен услов за развој на зрела и здрава личност е
зачувувањето и постојанот унапредување на физичкото и менталнот здравје на секоја индивидуа.

Младост

Друг важен период е периодот на младоста. Во овој период значајни се два моменти и тоа:
физички развој и социјален развој. Во овој период доаѓа до интензивен физички развој кој
започнува од единаесетата година и се намалува нагло во шеснаесетата година. Тогаш доаѓа до
поевидентен пораст на висината, тежината, созревање на сексуалните органи и функции, се
јавуваат секундарни полови карактеристики (промена во гласот и други физички карактеристики
кај машките и девојчињата). Како најзначаен момент во овој период се половото созревање и
појава на некои психолошки кризи кои се поврзани со тие промени. Проблемите во вој период не
се предизвикани само со овој вид на промени. Во овој период се јавува тенденција нанезависност,
самостојност и желба момчињата и девојчињата да бидат прифатени како равноправни учесници

10
во односите со врсниците. Во овој периот и покрај потребата да се поседува автономност од
родителите младите незибежно се соочени со реалноста да се прифатат ставовите на родителите
токму поради непостоење на соодветни пихолошки услови (искуство, знаење и други лични
карактеристики). Веќе во овој период младите неопходно е да се определат за идното занимање
или студии во соглсност со своите интереси и можности. Во тој период настануваат значајни
интелектуални и социјални промени и развој како и појава на формално операционална
интелигенција според Пијаже. (Рот, Н. 2004:87) наведува дека во овој период се развива интерес
за општетсвените проблеми и формирање на нови социјални односи и ставови кои го
поттикнуваат адолесцентот да ги користи развиените интелектуални способности.

Зрела возраст

Периодот на зрелост може да се определи до 60 годишна возраст односно од (30-40 години).


Околу 40 година почнува сведување на билансот при што се јавува (не) равнотежа ако билансот е
позитивен се јавува чувство на внатрешна равнотежа, ако е негативен се јавува латентно
незадоволство и други негативни манифестни облици на однесување (Хрњица, С. 2000:127). Во
овој период личноста се среќава со повеќе проблеми меѓу кои се: како да се воспитуваат децата,
како да се сочува семејството, когнитивни, интерперсонални или психолошки функциони,
самопочитувањето, создавање неопходни материјални добра кои обезбедуваат нормален
животен тек и други. Овој период е најдолг во развојот на поединецот и се одликува со развој на
максимална физичка енергија и најголема продуктивност во текот на животот. Во овој период
како што напоменавме физичката енергија е на исклучително високо ниво, но после триесетата
година значително опаѓа, а од педесетата година забележително брзо. На оваа возраст
значително ослабнуваат сензорните и други способности кои во голема мерка ги дефинираат
понатамошните активности на индивидуата. Во овој период се намалуваат или ограничуваат
интересите на индивидуата се намалува желбата за физички активности од друга страна се јавува
потреба за стабилизирање и ограничување на социјалната мрежа на комуникација во средината.

11
ТРАУМИ И ПОСТТРАУМАТСКО СТРЕСНО РАСТРОЈСТВО (ПТСН)

Секој има искуства кои се вознемирувачки или навредливи. Сепак, постојат моменти кога овие
искуства се повеќе од само вознемирувачки и можеби штетни. Постои разлика помеѓу настаните
кои се привремено вознемирувачки и оние кои се трауматски. Траума е секој настан што едно
лице го доживува како штетен или заканувачки и има долготраен ефект врз благосостојбата на тоа
лице.

Луѓето доживуваат траума преку многу извори, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на нив,


злоупотреба, војна, криминал, природна катастрофа и дискриминација, а многу од траумите може
да ги искуст дури и во рамките на својот дом со своите родители. Овие искуства честопати
предизвикуваат физички и емоционални реакции кои можат да траат со години по настанот.
Ефектите од траумата можат да влијаат на односите, работата, здравјето и целокупната
перспектива на животот на човекот.

ПТСН е нарушување што може да се развие кај некои луѓе откако ќе доживеат траума. Според
Националниот центар за ПТСН, приближно 7-8% од луѓето ќе бидат дијагностицирани со ПТСН во
нивниот живот, што е многу помало од бројот на луѓе кои доживуваат траума. Никој не знае точно
што предизвикува некои луѓе да развијат ПТСН, додека други не. Некои фактори кои можат да
влијаат на развојот на ПТСН вклучуваат:

- Чувство на ужас, беспомошност и страв по трауматски настан


- Мала социјална/семејна поддршка од членовите
- Дополнителен страв/стрес по настанот
- Имајќи претходно постоечко нестабилно ментално здравје или состојба на употреба на
супстанци како депресија или анксиозност

Траумата не е само едно застрашувачко случување. Траумата е кое било искуство со кое личноста
не може да се носи, кое условува нервниот систем да излезе од рамнотежа.

Секоја личност нема да ја доживее траумата на ист начин, па овие доживувања не треба да се
споредуваат. Не можеме да ги означуваме како „големи“ или „мали“, ниту помалку или повеќе
валидни. Начинот на кој детето го процесира трауматското искуство зависи од способноста на
родителите да ги регулираат сопствените емоционални состојби. Детето по принцип на
моделирање ќе се носи со состојбата на сличен начин, а неретко по пат на дистракција,

12
избегнување, користење супстанции, изливи на бес, впуштање во односи со токсични динамики,
затворање во себе…

За едно дете и следните ситуации претставуваат траума:

1. Родител кој го негира доживувањето на реалноста од страна на детето.


2. Родител кој не го гледа и не го слуша детето такво какво што е.
3. Родител кој (делегирано) живее преку своето дете.
4. Родител кој му кажува на детето дека не смее или не би требало да има одредени чувства.
5. Родител кој преку детето се обидува да разреши нешто од сопственото детство или
младоста.
6. Родител кој е фокусиран на надворешното – на пример, физички изглед, успех, имиџ.
7. Родител кој не умее да ги регулира сопствените чувства.

Неразрешената траума од детството во возрасна доба може да се манифестира и како:

– Хронично угодување на другите.


– Слаби лични граници.
– Влегување во односи кои поттикнуваат страв од напуштање.
– Живот во режим на преживување: хипервигилни одговори на нервниот систем.
– Несвесна желба да поправаме, спасуваме или да бидеме избрани.
– Предавство на сопствените потреби.
– Живеење како „лажно ЈАС“.

Она штосе нарекува трауматично искуство е предизвик составен од меѓусебно поврзани


компоненти. Тоа е болка чија вистинска суштина и карактер е надвор од нашата активна свесност.
Тоа е вознемиреност што се манифестира индиректно, преку разединети и често навидум
произволни симптоми, и тоа е вистински проблем што, освен ако нé преземеме намерни
превентивни мерки, упорно ги нарушува нашите животи на долг временски период.

Траума е удар кој останува нецелосно сфатен, па дури и нецелосно почувствуван, што резултира
со исклучително долготрајни последици. Не може да се избрише од нашата потсвест бидејќи не е
соодветно сфатена или запаметена. Ние сме под влијание на некоја состојба која не успеваме
вистински да да ја препознаеме, само сфаќаме дека работите не се сосема во ред. Не ги
разбираме емоциите кои се одвиваат во нас и причините зад нив, а со тоа и најпогодниот начин
да одговориме или да ја ублажиме нашата тага.

13
Траумата нè подлегнува на повторувачки циклус на пригушени или енигматски тешкотии кои
времето не може да ги излечи. Ние сме изложени на постојано непријатна сегашност оптоварена
со симптоми.

Повеќето трауми, иако не исклучиво, се случуваат во детството поради ранливостa што ја


поседуваат децата. Нивното ограничено разбирање на светот, неспособноста да ги препознаат
мотивите и недостатокот на самосвест ги прават подложни на трауматични искуства. Затоа, децата
се најбеспомошни на целиот свет и бараат безусловна љубов, посветена родителска грижа и
чувство на сигурност, како и слободно искажување на нивните чувства и расположенија.

Децата, исто така, имаат ограничена контрола врз нивните рутини и опкружувања. Ова ја
попречува нивната способност да воспостават структури кои би можеле да им помогнат во
толкувањето и ублажувањето на настаните околу нив. Тие во голема мера се потпираат на
нивните старатели, кои поседуваат моќ да ги заштитат од било каква траума и опасност, но за жал,
во некои случаи, исто така може да бидат изворот на тоа.

ВИДОВИ ТРАУМИ ОД РОДИТЕЛСКИОТ ОДНОС КОН ДЕТЕТО

Трауми од детство (големи или мали) се сите негативни искуства кои детето ги живеело во
рамките на семејниот дом или средината во која растело во првите 12 години од неговиот живот.
Трауми се искуства кои оставиле некаков психолошки белег врз детското восприемање за себе,
светот и другите луѓе околу себе. Кога едно дете не го живее сопствениот живот во директна
конекција со својата душа и автентично себство, тогаш тоа се стреми да ги задоволи
надворешните околности, луѓе и ситуации, а не да биде во симбиоза со самото себе. Кога
психичкото восприемање на надворешните околности и луѓе кај младиот човек претставуваат
закон и услов врз начинот на неговото однесување, одлуки и ставови, тогаш може да се каже дека
тоа условување предизвикува младиот човек да се води себеси кон прилагодување, а не кон
внатрешно конектирање со својата психичка личност. Зошто е ова вака ќе објасниме врз неколкуте
видови на трауми во прилог кои може да се јават кај младиот човек во младоста, тинејџерството и
адолесценцијата.

Една конкретна траума која често се создава кај младата личност живеење во неавтентичност и
дисконектирање со своето себство и душа во подоцнежниот живот се искуствата од нејзиното или
неговото детство кога родителите се однесувале со непочитување и незаинтересираност, па

14
детето на овој начин стекнува личен идентитет на “не сум доволно добро за да бидам прифатено
такво какво што сум – несовршено“, па затоа тоа стекнува внатрешна психолошка слика за себе
дека нешто со него не е во ред.

ТРАУМИ И ПОСЛЕДИЦИ ВО ПОДОЦНЕЖНИОТ ЖИВОТ

Кога едно дете поминува низ ваков тип на трауми, неговата слика за себе и идентитетот на својата
личност ги условува на прилагодување, а не низ себеспознавање. Прилагодувањето кон емоциите,
барањата и очекувањата на родителите, блиските, а најчесто и сите останати луѓе наоколу.
Бидејќи неговата потсвесна психолошка програма станува манифестација на постојаното
внатрешно чувство предизвикано од другите дека “нешто не правам како што треба“, па затоа учи
(несвесно) да се прилагодува, да наоѓа стратегии, да биде доброто дете за да може да ги задоволи
мама или тато, бидејќи инаку ќе го критикуваат и ќе го гледаат како ништо да не вреди. Затоа
често со вакви искуства, самодовербата кај возрасната личност е на многу лабилно ниво.

Меѓутоа прашањето кое се поставува е зашто еден родител го прави ова?

Бидејќи еден родител не може да ја види вредноста во своето дете, ако не може да ја види
вредноста ниту кај самиот себе. Ако самиот родител нема стекнато доверба во себе, нема
стекнато идентитет, самореализација, самодоверба, самовредност, лична позитивна слика за
себе, нема да може тоа да го гради ниту кај детето, а најмалку и да го очекува кај него во иднина,
како што тоа најчесто се случува. Родителите очекуваат од децата некако да се однесуваат според
нивен шаблон како да создале шаховски пиуни за управување во нивниот живот, а не деца кои
имаат своја автентична личност за која тие самите имаат одговорност.

Неретко родителите на вакво незрело ниво и во подоцнежниот живот индиректно бараат од


децата да ги водат, да им помагаат и да ги советуваат, затоа што откако ќе созреат децата мислат
дека сега тие се доволно зрели за да можат да им бидат новиот родител кој никогаш не го добија
ниту од своите родители ниту од својот сопружник (иако често и тука се контрадикторни, затоа
што еден момент се ранливи пред нивните веќе пораснати деца и бараат постојана поддршка, а
во друг момент се поставуваат како надреден и авторитетен родител кој сѐ знае). Во вакви
животни ситуации, родителите играат улога на искусниот родител кој секогаш “повеќе“ знае од
детето. Генерациски кога ќе погледнеме сите сме доживеале моменти на “јас сум повозрасен и
поискусен од тебе“ од своите родители, меѓутоа во другите ситуации самите родители кога не
знаат како да постапуваат во својот живот, се однесуваат ранливо и наивно пред своите деца, па

15
се ставаат во улога на жртва и даваат улога на немоќ за да бидат сожалени од децата и да добијат
насоки. Што всушност, не треба да биде така, бидејќи родителот за животните полиња, секогаш
мора и треба да биде независен од своите деца, зошто тој треба да биде пример на стабилност и
самоконтрола пред своите деца, а не да се очекува обратното.

Кога едно дете доживува вакви односи со своите родители во кое се чувствува како да не е
доволно добро, тоа создава една внатрешна слика во своето детско “ЈАС“ која несвесно му вели:

- “Безразлика на тоа колку и да се трудам, постојано грешам.“


- “Никогаш не можам да добијам признание од мама/тато (блиските).“
- “Секоја моја постапка е восприемана како погрешна.“
- “Сакам да си отидам од овој дом. Мама и тато, само ме критикуваат.“

Практичен пример низ искуства во детството одиграни на несвесно ниво:

- “Ако повторно погрешам, уште повеќе ќе се чувствувам дека не вредам доволно, затоа или
ќе бидам повлечено и мирно или оваа фрустрација ќе ја манифестирам агресивно и ќе
водам инает на родителите, бидејќи не ме почитуваат.“
- “Што и да земам да учам/практикувам/играм, никогаш немам чувство дека можам да го
постигнам, бидејќи немам поддршка од мама/тато. Тие се постојано зафатени.“
- “Колку и да се трудам, признаено ми е само она кое го правам за мама/тато. А кога нешто
ми е на мене важно, тогаш никогаш не ме зимаат за сериозно.“

1. Траума настаната поради земање на детето како несериозна обврска или “здраво за
готово“.

Кога едно дете се зема “здраво за готово“? - Кога родителите не го третираат како еднакво на
себе, кога му го потиснуваат зборот, кога му велат “ти ништо не знаеш, мал си“, кога му велат:
“оди ајде играј си во соба, не туку слушај тука“, кога сите избори ги прават за него, кога сите
навики му ги формираат родителите, па дури и оние во кои детето може и смее да има слободен
избор и волја.

Дете растено со потисната личност во себе, автоматски не може да гради стабилна долготрајна
самодоверба, чувство на сигурност и слобода да биде тоа што е, па потсвесно учи да се
прилагодува, потчинува и да мисли дека не вреди доволно, потсвесно ќе се стреми кон
себедокажување пред другите, ќе има тенденција на прилагодување пред другите, но ќе создава

16
и внатрешен негативен монолог, чувство за пониска вредност и така натаму. Овие деца во иднина
живеат често прилагодувајќи се на другите луѓе, но и со потешкотија да одат кон своите соништа,
внатрешен повик, идеја, замисла, таленти, па научени од своите домови само да се снаоѓаат во
животот, најчесто ги потиснуваат или воопшто не ги развиваат своите таленти, па затоа и
остануваат на работни места на кои се несреќни.

Заклучок

Детство во кое не биле задоволени примарните емоционални потреби на емотивна поврзаност со


мајката и/или таткото (или доколку не биле сериозно прифатени, разбрани или комуницирани
неговите потреби) се создава во дете кое е целосно блокирано да биде вистински тоа што е.
Неговата потисната личност како резултат на нездравиот однос на родителите, создава кај него
психички живот со кој ќе има тенденција да живее според потребите на другите, а не да се
ослучнува себеси. Овие деца ќе имаат длабоки стравови да бидат тоа што се, да преземат храбри
чекори кон тоа да направат животни промени, а воедно ќе имаат и склоност да го носат целиот
свој живот тој негативен внатрешен говор како последица на негативните односи во првите
години со родителите, но не само во првите години, ваквите односи траеле најверојатно и низ
понатамошниот живот. Па на тој начин целата дисфункционалност ќе се манифестира во статичен
живот полн со стравови кој не дозволува да се направат било какви промени, но и празнина во
себе, чувство на недоволност, чувство на постојана потреба од емоционална поддршка од
маж/жена/пријатели. Најглавниот фактор за емотивна (не)стабилност кај детето во подоцнежниот
живот е всушност мајката. Што значи детето доколку не ја добие оваа приврзаност, топлина,
поддршка, нежност, емпатија, позитивна наклонетост и поддршка од мајката, детето не создава
емоционална внатрешна хармонија која ќе му дава чувство на независност и сигурно чекорење
низ животот во подоцнежниот живот. На тој начин ова дете ќе има потешкотии во соочувањето
само со себе, поради потребата од постојана поддршка, признание и љубов од друг човек, поради
тоа што не ги добило во рамките на детството.

17
Користена литература

1. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82
2. Кеверески, Љ., Психологија (91 – 98стр) - Универзитет Св Климент Охридски, Битола
3. Стојановска, В; е-книга: Сенката на детството (53-58стр), Скопје (ISBN 978-608-66798-2-8)
4. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%81%D0%B8%D1%85%D0%BE%D0%BB%D0%BE
%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD
%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0
5. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD
%D0%B0_%D0%BF%D1%81%D0%B8%D1%85%D0%BE%D0%BB%D0%BE
%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0
6. https://mentalhealthtx.org/mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B4%D0%BD
%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D1%83%D1%81%D0%BB%D0%BE
%D0%B2%D0%B8/%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%83%D0%BC%D0%B0-%D0%B8-%D0%BF
%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%83%D0%BC
%D0%B0%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BD
%D0%B0%D1%80%D1%83%D1%88%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD/
7. https://deca.mk/traumi-od-detstvoto-kako-vlijaat-vo-vozrasnata-doba/
8. https://www.razgovor.mk/2023/07/06/shto-e-potisnata-trauma-i-kako-vli%D1%98ae-violeta-
ilioska/

18

You might also like