You are on page 1of 2

Значењето на раниот психомоторен и говорно - јазичен развој

Апстракт

Иако личноста на детеото претставува неделива целина, вообичаено е при проценка на


развојот посебно да се разгледаат поединечните области кои го сочинуваат тоа лице:
психомоторна област, говор, чувства и когнитивна област (интелигенција).

Говорот, моториката и емоциите претставуваат приближно сложени процеси и сѐ додека


трае нивниот развој, потребно е постојано истите да ги поттикнуваме. Со цел да бидеме
сигурни дека нивниот развој се одвива соодветно, неопходно е да бидеме запознаени и по
кој редослед треба истите да се развиваат.

На почетокот од развојот, особено во првите години од животот, овие функции сѐ уште не


се разликуваат доволно, а во однесувањето доминира моторната активност. Поради тоа,
степенот на развој во првите години од животот се оценува врз основа на психомоторната
проценка. Психомоториката, во текот на целото детство е тесно поврзана со созревањето и
разгранувањето на чувството на живот и со развојот на интелигенцијата и
размислувањето. Познавањето на степенот и квалитетот на организацијата на детската
психомотирка е од особено значење поради тоа што психомоториката претставува и
најсоодветен начин за стимулирање на созревањето на нервите, особено кориткалните
структури, но и за созревањето на личноста на детето како целина.

При проценување на психомотрниот развој, треба да се имаат предвид основните


принципи на развој: одреден редослед, од поедноставни кон посложени функции, потоа
нерамномерност во ритамот на развојот на одредени функции, како и индивидуалните
разлики во развојот на личноста. Психомоторниот развој најчесто се опишува со
термините „нормален“, „просечен“ и „незадоволителен развој“.

Кога станува збор за говорно-јазичниот развој, точно е дека постојат одредени норми во
развојот: фаза на гугање, која започнува помеѓу вториот и третиот месец од животот на
детето, фаза на баблинг од петтиот до шестиот месец, фаза на слоговно говорење која
може да се очекува околу деветтиот месец кога детето ги поврзува слоговите (ма-ма, та-то,
ба-ба) и каде всушност се гледа и почетокот на зборовите кои следат во иднина. Околу
дванаесеттиот месец се очекува појава на првите функционални зборови.

Активноста на родителите поврзана за стимулирањето на детето пред да го изговори


првиот збор, во голема мера влијае на тоа дали развојот ќе биде задоцнет или не. Па,
постои и одговор на прашањето како да се поттикне развојот на говорот кај детето.

Првата година е период кога мозокот на детето интензивно созрева под влијание на
искуството и времето кога настануваат и пресвртници во развојот на детето на секои
неколку месеци. Подоцна, тие пресвртници се случуваат на шест или на дванаесет месеци.
Поради тоа, од особено значење е тогаш детето активно да ги користи своите сетила, да
го процесира тоа што го слушнало, видело, доживеало, пробало, помирисало, вкусило, да
ги интегрира сите тие податоци во една значајна целина на начин на кој истите би добиле
своја смисла. Често пати, кога постои проблем со доцнење во прозборувањето, се
воспоставува дека на детето му недостасуваат токму сензорни и манипулативни искуства.

Во овој труд, ќе биде даден преглед на некои од важните показатели кои се поврзани со
искуствата кои што треба да ги има детето (преку активности кои треба да бидат
забележани кај истото во различни периоди од неговиот развој).

Александра Стојаноска

You might also like