You are on page 1of 5

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС ПО

МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

Студент: Ивана Димчевска 11533

Професор: проф. д-р. Владимир Талевски

Одделение: II – второ одделение

Наставна тема: Пеење

Наставна содржина: ,, КОКИЧЕ НЕЖНО ЦВЕЌЕНЦЕ” – обработување на песна


по слух

Тип на часот: Усвојување на нови знаења

Наставни методи: Метод заснован на зборови (опишување, контролиран


разговор); метод работа со книга (работа со музички материјали), метод на
набљудивање (демонстрација), метод на практична работа (имитација и вежби).

Наставни форми: Фронтална, групна и индивидуална форма

Наставни средстав: Дидактички средстав и материјал (учебник по музичко


образование), визуелни наставни средстав (хамер), мануелни наставни средста
(синтисајзер)

Цел на часот: развивање на чувството за: ритам, темпо, детскиот говор, слух,
помнењето, го збогатува музичкото и емоционалното доживување,

Корелација со друг предмет: Македонски јазик и Природни науки

Задачи на часот: Воспитно – образовни и фукнционални: почитување на


зададените правила, доживувањето на мелодијата, способност за издржување на
интонацијата, разликување на темпото, усвојување на нови знаења од музичката
писменос, развивање на помнењето истовремено на текстот и мелодијата,
правилно дишење за време на пеењето.

Артикулација на часот: Емоционална подготовка – воведни активности:


Пред да го започнам часот им се претставува на учениците и им ја кажувам мојата
цел и причина за моето доаѓање. Потоа ги прашувам кој песна по музичко последна
ја изучиле и дали може да ми ја отпеат. Тоа го користам како воведн дел од мојот
денешен час, бидејќи нашата главна цел ќе ни биде да изучиме песна по слух.
Потоа им поставувам прашање дали песната што сега ми ја одпеаа беше со ноти
или со литературен текст. И со тоа ги воведувам дека и на денешниот час ќе учиме
исто така песна која која ке ја пееме со читературен текст, но со мелодија.

Главен дел: Ги запознавам со новата песна што треба да ја изучиме, тексто го имам
запишано на хамер кој го поставувам на табла пред сите за да можат да го читаат.
Како за почеток им го читам текстот од песната и разговараме за него, ако некој има
нешто непознато го разјаснувам. Потоа бидејќи тоа ќе биде и нашата главна цел
текстот однесно песната им ја одпејувам во придружба со синтисајзер, за да можат
да ја почувствуваат мелодијата. Уште еднаш им ја одпечувај за подобро да
запомнат.
Потоа преминуваме на делото од часот каде што учениците ќе треба да ја научат
песната. Ќе ја поделам по фрази и фраза по фраза ќе ја изучуваме.
Секоја од фразите прво јас ќе ја одпеам два до три пати, потоа заедно со учениците
заедно ќе ја повториме неколку пати и на крајот учениците сами да ја одпеат. Со
секоја нова научена фраза ќе ги поврзуваме со предходно научените фрази. За на
крајот кога ќе ги споиме сите да добиеме една целосна строфа која ќе се одпее со
мелодијата. Одкако ќе изучиме една строфа преминуваме веднаш на наредната,
но не ја повторуваме постапката со фразите туку веднаш ја пееме целата строфа.

Завршен дел: Во завршниот дел од часот, ги правиме последните корекции во


песната, ги насочувам учениците да внимаваат на јасната и чиста дикција, на
местата каде што се зема воздух, на темпото и пеењето да не биде прегласно. А
како дополнителна инспирација и поголем мотив може да пеат наизменично во
групи, или пак едни една стофа други друга строфа или да направиме како еден
мал натпревар меѓу повеќе гупи.
КОКИЧЕ НЕЖНО ЦВЕЌЕНЦЕ

КОКИЧЕ НЕЖНО ЦВЕЌЕНЦЕ


ЗОШТО СИ ТОЛКУ БЕЛО,
ЗОШТО ГО ВЕДНЕШ НАДОЛУ
ТВОЕТО МАЛО ЧЕЛО.

ЗОШТО ОД СНЕГОТ НИКНУВАМ


ЈАС СУМ СИ НЕЖНО, БЕЛИЧКО,
А СИ ГО ВЕДНАМ ЧЕЛОТО
ЗОШТО СУМ САМО ЕДНИЧКО.

УШТЕ СЕ ПЛАШАМ ОД СОНЦЕТО


СРАМ МИ Е ОД ДЕЧИЊАТА,
ГЛАСЧЕТО МОЕ ЅУНЛИВО,
ЕВЕ ГИ БУДИ ЦВЕТЧИЊАТА.

You might also like