You are on page 1of 4

Методика на наставата по македонски 2 Милка Трајковска - 11536

ТАТКОВИНА

Нигде на светов под вишно небо,


под златен сончев сјај,
толку убава земја нема
ко мојот роден крај!

Врвови вишни, гори зелени


и реки голем број,
те личат сегде о, земјо моја
о, роден крају мој!

За мене ти си живот и среќа,


најголем, најмил дар,
во мое срце за тебе, земјо,
гори љубов ко жар!

Ванчо Николески

ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ
Предмет: Македонски јазик

Одделение: II (второ)

Наставно подрачје: Читање, литература и лектира

Наставна единица: Интерпретација на лирски текст (песна/стихотворба) –


Татковина (стр.9)

Дидактички средства: Учебник, тетратка, слики, видео, компјутер, проектор

Наставни форми: Фронтална и индивидуална

Наставни методи: Метод на разговор, метод на усно излагање, метод на


работа со текст, метод на илустрација
Методика на наставата по македонски 2 Милка Трајковска - 11536

Наставни задачи:

 Образовни: учениците да се оспособуваат да читаат поезија и да ги


препознаваат строфите во песната; да се оспособуваат за гласно
читање; да го збогатува речникот со нови зборови
 Воспитни: кај учениците да се развива чувството за патриотизам
 Функционални: развивање на критичкото мислење, градење ставови,
формирање заклучоци

Цел на часот: Оспособување на учениците да читаат поезија, да ги


препознаваат строфите во песната и содржинска, идејно естетска анализа на
песната.

Тек на часот:

 Воведен дел: Ги прашувам: Кој од вас знае што значи зборот


„Татковина“? Како се вика нашата татковина?
Им кажувам дека нашата татковина најлесно ќе ја препознаеме по
нејзините симболи (знаме, грб и химна) – им покажувам и слики од
знамето, грбот и од географската карта.

Им кажувам дека грбот е еден од симболите на нашата татковина, тоа е


непроменет, постојан знак, кој е различен на секоја држава и служи за
разликување меѓу државите.

Ги прашувам: Кога го гледате грбот на нашата татковина, што


можете да забележите? Што ја краси нашата татковина?

Грбот на нашата татковина како што може да видите има пејсажен


карактер. На него може да се забележат сонцето, небото, венците од
жито и останатите домашни култури кои се одгледуваат во нашата
татковина, природните убавини (планини, реки, езера), традиционални
везови (кои ја претставуваат облеката (носиите) на нашите предци). А
сето тоа е карактеристично за нашата татковина. Грбот ги покажува
природните богатства на нашата татковина.
Методика на наставата по македонски 2 Милка Трајковска - 11536

Потоа им пуштам едно кратко видео на кое можат да ги видат убавините


на нашата татковина https://www.youtube.com/watch?v=u5UXBui_WaY
Следно, им кажувам дека на часот ќе ја обработиме песната која се вика
„Татковина“, чиј автор е Ванчо Николески (наш, македонски поет и
писател за деца и млади)

 Главен дел: Изразно и интерпретативно им ја читам песната (еднаш до


два пати).
Ги прашувам дали имаат непознати зборови и им ги објаснувам:
 Вишно – високо
 Врвови – се мисли на врвовите на планините
 Гори зелени – се мисли на шумите на планините
 Личат – ја разубавуваат, ја красат

Ги прашувам: За што се зборува во оваа песна? Според поетот што е


тоа што ја разубавува нашата татковина? Дали тоа што го видовте на
грбот на нашата татковина и во видеото е истото за кое се зборува во
песната? Зошто авторот толку многу ја сака својата татковина? Какви
чувства пробуди оваа песна кај вас?

Им објаснувам дека песните имаат специфична композиција


(конструкција).

Основен елемент на песната е стихот. Стихот претставува еден ред од


песната, кој е покус од редот во текстот и се забележува со голо око.
Повеќе стихови оформуваат строфа.

Строфа е целина од одреден број стихови. Таа претставува мисловна


целина. Тоа значи дека секој од нас може да замисли слика што е искажана во
секоја строфа.

Учениците кои знаат да читаат убаво, читаат по една строфа од песната.


На тој начин се вежба изразно читање. Учениците внимателно следат во
книгата, додека некој чита. По секоја прочитана строфа ги прашувам
учениците: Каква слика замислувате кога ја слушате строфата? Потоа
разговараме од колку строфи е составена песната. До одговорот доаѓаме,
преку бројот на слики кои ги имаат замислено додека ја читавме песната.
Односно, песната е составена од 3 (три) строфи. Одговорот можеме и да го
провериме со броење на строфите во учебникот кои се одделени една од друга
со празен ред.

Ги прашувам учениците: Што го поттикнало авторот да ја напише


оваа песна? На тој начин доаѓаме до мотивот во песната: Љубовта кон
татковината. Поетот сака да ни ја покаже љубовта која тој ја чувствува кон
татковината и преку убавините на природните богатства кои се спомнуваат во
Методика на наставата по македонски 2 Милка Трајковска - 11536

оваа песна сака да ни покаже зошто и ние треба да ја сакаме оваа наша
татковина.

 Завршен дел: Ја учиме песната, строфа по строфа, на памет. Доколку


нема доволно време на часот, учениците ќе треба сами да ја доучат
дома песната. И да ја прикажат песната преку илустрација во нивните
тетратки.

You might also like