You are on page 1of 1

Одд. наставник/паралелка 4 одд.

Наставен предмет ОПШТЕСТВО


Време на реализација. Број на час
Програмско подрачје Живеалишта и населби
Наставна содржина План на градот (обработка) (ИКТ )
Е учебник http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/opstestvo_4_zivkovic.pdf
Тип на час обработка, вежби, повторување, увежбување, проверување
Цели
Образовни: Ученикот/ученичката
- да знае да ги определува страните на светот во населените места;
- да усвои знаење за ориентација и читање на план на град.
Воспитни: Ученикот/ученичката:
- развивање на вешштини и навики
Диференцирани цели:
Очекувани исходи: - ги определува страните на светот во населено место;
- умее да се ориентира и чита план на град.
Наставни методи Метод на разговор, објаснување, демонстративен
Наставни техники /
Наставни форми Фронтална, индивидуална
Наставни средства и помагала прибор за работа, комјутер, карта план на Скопје
Методи на оценување Одговор на поставено прашање
Опис на текот на активностите (на наставникот/ученикот)
Воведен дел: Како емоционална подготовка за часот со учениците ги повторуваме главните и
споредните страни на светот, како можеме да се ориентираме на географска карта и сл. Наставникот
поведува разговор за тоа како да се ориентираме и да најдеме некој објект во некој град.
Главен дел: Наставникот ја најавува целта на часот и користејќи интернет на вега платното го отвара
планот на град Скопје преку сајтот http://skopje.on.net.mk/. Учениците го разгледуваат планот и
наставникот објаснува дека плановите се карти со крупен размер, со точно внесени улици и значајни
објекти: болници, училишта, хотели, музеи...
За полесно ориентирање плановите се поделени на подеднакви квадратчиња каде редовите се
означени со броеви, а колоните со букви. Секој план содржи и список на улици по азбучен ред, како и
ознака на редот и колоната за полесно пронаоѓање на бараниот објект.
Пр.Хотел„Александар Палас“(Ц3).
Учениците користејќи го истакнатиот план пронаоѓаат објекти:
ГТЦ, Сообрание на РМ, Градски стадион, Скопски саем и ја истакнуваат ознаката на местото каде
што се наоѓа дадениот објект.
Завршен дел: Поставувам прашања со кои ги резимираме здобиените знаења од денешниот наставен
час за новата наставна содржина, а учениците одговараат на поставените прашања, со што ги
систематизираат здобиените знаења до денешниов час.
Следење и вреднување: Го следам вниманието и активноста кај учениците.

Рефлексија: Од реализираниот час можам да констатирам дека поставените цели беа успешно
реализирани. Сите ученици со голем интерес и задоволство преземаа иницијатива во текот на
процесот на учење и целосно беа посветени во извршувањето на задачите. Часот се одвиваше во
релаксирана и позитивна атмосфера

You might also like