You are on page 1of 11

Упатство (насоки и совети) за

реализација на далечинско учење


во средното стручно образование

Март, 2020 година


Скопје
Содржина

1. Вовед......................................................................................................................... 3
2. Поими ....................................................................................................................... 3
3. Планирање, организација и реализација на далечинско учење во средното
стручно образование …………….……………………….…………..……………………. 4
4. Улоги на вклучените учесници во далечинско учење на средното стручно
образование ................................................................................................................. 6
5. Оценување - вреднување на постигањата ............................................................ 9
6. Практични совети/насоки ……............................................................................... 10

Листа на кратенки
ИКТ Информатичко-комуникациска технологија
ТВ Телевизија
БРО Биро за развој на образованието
МОН Министерство за образование и наука
РУ Резултати од учење
СОО Стручно образование и обука
ССО Средно стручно образование
ЦСОО Центар за стручно образование и обука
ДУ Далечинско учење

2
1. Вовед
Упатството за далечинско учење изработено од ЦСОО е во согласност со заклучоците,
препораките и мерките од 17-та седница на Владата на Република Северна Македонија,
одржана на 12 март 2020 година, точка 18 втор и трет став, и заклучоците, препораките и
мерките од 26-та седница одржана на 23 март 2020 година, во врска со спречување за
внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, на која е донесена Уредба со законска
сила за примена на Законот за средното образование за реализација и организација на
наставата во средните училишта, како и за начинот на оценувањето на учениците за
времетраење на вонредната состојба.
Упатството има цел да помогне во успешната реализација на новиот начин на далечинско
учење (онлајн настава), која произлезе како потреба од новонастанатата состојба во
нашата земја. Истото, првенствено, е наменето за наставниците во средните стручни
училишта кои реализираат наставни програми по стручно-теоретски наставни предмети,
практична обука и вежби. Но, не е исклучена можноста за користење на Упатството и од
останатите наставници и служби кои работат во стручните училишта.
ЦСОО со овој документ сака да укаже на: институционална поддршка што ја дава во
напорите на училиштата да организираат и реализираат далечинско учење, практични
совети од аспект на методско-дидактичко однесување на наставниците при реализација на
далечинско учење, употребата на новата технологија при што наставните содржини можат
да им бидат достапни на учениците секогаш и на секое место, во различни форми,
овозможувајќи им на тој начин непречена и перманентна соработка и учење и сл.
Далечинското учење е можност да се истакнат и да се искористат некои предности во однос
на традиционалното учење како што се: независност од местото и времето на одржувањето
на наставата, пониски трошоци за учесниците, можност за самоорганизирање на времето
за учење, користење разни локации на интернет, туторијали и мултимедиски материјали,
моментална достапност на резултати и сл.
Упатството има поттикнувачка, а не забранувачка улога, така што сè она што не е наведено
во Упатството, а би можело да се користи во реализација на далечинското учење, треба да
биде искористено.

2. Поими
Образование на далечина - образовен процес во кој наставникот и ученикот се раздвоени
или по време или по место, или според двете компоненти. Наставните содржини се
испорачуваат на оддалечена локација со примена на ИКТ. При тоа може да биде вклучена
пишана кореспонденција, текст, графика, аудио и видео медиуми, непосредна инструкција
по пат на телекомуникациски канал, примена на аудио-видео конференциски систем, ТВ.
Значи, образованието на далечина е систематизиран процес на постигнување знаења и
вештини преку доставување информации, насоки, упатства со примена на различни
техничко/технолошки ресурси.

3
Далечинско учење - начин на учење без да бидете во редовен контакт „лице в лице“ со
наставник во училница. Тоа е учење кое е достапно на различни видови: преку видео
средби/конференции, синхроно и асинхроно учење на далечина, отворени распореди на
часови/курсеви преку интернет, хибридно образование од далечина, фиксно време на
состанување преку интернет и слично.
Електронско/e-учење – претставува употреба на електронски уреди, мултимедија и
интернет заради подобрување на квалитетот на учењето преку олеснување на пристапот
до оддалечени извори и услуги и олеснување на соработката и комуникацијата од
далечина. При тоа испораката на образовните содржини може да биде со користење
електронски медиуми, едукативна технологија и информатички и комуникациски
технологии (ИКТ). Е - учењето може да биде синхронизирано – онлајн и несинхронизирано
(текст формат, аудиоформат, видеоформат, интерактивен софтвер).
Онлајн (On-line) учење - учење кое функционира под директното водство на наставникот
и е базирано на користење интернет. Онлајн учење опфаќа широк збир на апликации и
процеси како што се веб-базирано учење, компјутерски поддржано учење, виртуелна
училница, колаборативност во наставниот процес и учење кое е поддржано со електронски
и дигитални средства.
Платформа за онлајн учење - услуга која им овозможува на образовните институции и на
нивните вработени и учениците пристап со „user domain account“. Платформите нудат
најнови решенија и апликации за комуникација и соработка, тимска работа, евалуација на
знаењата, делење на материјали и содржини со неограничен број корисници.

3. Планирање, организација и реализација на далечинско


учење во средното стручно образование
Планирањето, организацијата и реализацијата на наставата од страна на наставниците
кога таа се спроведува преку далечинско учење, треба да се приспособи и да се спроведе
на начин што ќе овозможи постигнување на очекуваните резултати од страна на учениците,
согласно со наставните планови и програми. Далечинското учење треба да се гледа како
процес кој се заснова на негово планирање, организација и реализација.
Планирањето на наставата преку далечинско учење бара модифицирање на
среднорочното/тематското/процесно-развојнотo и дневното планирање, односно планира-
њето на модуларните единици и планирањето на наставните часови. Планирањето треба
да ги опфати ресурсите како што се: времето на реализација, наставните материјали што
се потребни, техниката и технологијата што ќе се користи, потребна поддршка, помошни
материјали и сл. Во планирањето е потребно да се земе предвид остварувањето на
вмрежувањето на училиштата (учење едни од други), комуникацијата со родителите,
комуникацијата со институциите, меѓусебната комуникација на учениците и сл.

4
Чекори за планирање на далечинско/е-учење
1. Идентификација на карактеристиките на учениците (мотивираност, трпеливост,
способности за управување со време, самостојност во учењето и сл.);
2. Ниво на информатичката писменост. (ИТ вештини, разликување видови техники и
технологии што ќе ги користат, стратегии на учење и сл.);
3. Избор на платформа е-учење;
4. Планирање и изработка на сценарија за учење;
5. Избор на техники за оценување на знаењата.
При организација на далечинско учење (наставен час) треба да се определи што
наставникот треба да подготви како анимации и видеа, презентации, текстови, табеларни
прегледи, едукативни софтвери, аудиторски задачи, квизови, проектни задачи, студии на
случај и друго, а би се користеле во реализацијата заради остварување на целите и
очекуваните резултати од наставните програми.
Дидактички правила за обликување на наставните материјали

• Наставните материјали не треба содржински да се проптеретени;


• Треба да овозможат стекнување на потребните знаења и вештини усогласени со
целите и РУ на наставната програма;
• Да ги поттикнуваат учениците на активности и да им овозможуваат самостојна
работа;
• Да ги развиваат когнитивните, психомоторните и афективните способности кај
учениците;
• Да се приспособени на возраста на учениците;
• Да ги опфаќаат тематските целини/модуларните единици кои се застапени во
предметот;
• Да бидат лесни и интересни за читање и напишани на начин кој одговара на
годините и способностите на учениците;
• Да им помогнат на наставниците за да ги научат учениците на различни
способности и да изработат соодветни тестови за сите нив;
• Може да бидат во формат на текст, аудио и видео запис и да содржат: илустрации,
дијаграми, примери, вежби, студии на случај, симулации и друго, а со цел да им се
помогне на учениците да ги разберат содржините кои ги учат.
При организацијата и реализацијата потребни се методи и техники сoодветни за овој вид
настава, а во согласност со можностите што ги нудат електронските платформи што се
користат на ниво на училиште, локална власт и Министерство за образование и наука
(www.eduino.gov.mk). При реализацијата на далечинско учење може да се користат
различни алатки за споделување на материјалите, како што се: Google Forms, OneNote,
LinoIt, Padlet, Zoom, Kahoot, Mentimeter, Socrative, Microsoft Teams, SurveyМonkey, Quizlet,
Edmondo, ClassDojo, и други.

5
Пожелно би било, на ниво на училиште да се определи одговорно лице-администратор
(едно или повеќе лица) кои би давале поддршка на наставниците и учениците во однос на
правилно користење на ИКТ ресурсите.
Голема тешкотија во ССО претставува реализацијата на практичната настава и
практичните вежби преку далечинско учење. Она што би било целисходно да се препорача
во овој домен е изработка и реализација на: проекти, мултимедијални презентации,
постери, шеми, спецификации, алгоритми, истражувачки задачи, симулации, студии на
случај, изработка на предмети и продукти и сл. Доколку постои можност, би било оправдано
да се консултираат работодавачите во однос на реализацијата на практичната настава и
практичните вежби.
Евидентирањето е неминовна активност во процесот на далечинско учење. Оправдано е,
на ниво на училиште да има утврдена методологија за евидентирање на реализацијата на
далечинското учење. Се препорачува наставниците да изготвуваат извештаи на неделно
ниво (присутност на ученици, време на реализација, реализирани активности, остварени
резултати, проблеми во текот на реализацијата и сл.) кои би биле доставувани до
администраторот и директорот на училиштето. Исто така, наставникот треба да води и
електронско портфолио за секој ученик врз кое би се вреднувале и оцениле постигањата
на ученикот.

4. Улоги на вклучените учесници во далечинско учење на


средното стручно образование
За успешно планирање, организирање и реализирање на далечинското учење потребна е
меѓусебна соработка на сите учесници во образовниот процес. Во Упатството се дадени
улогите на клучните вклучени учесници во реализација на далечинското учење за да истите
се разграничат и да помогнат на сите чинители за успешно воспоставување на процесот, а
не да наметнат задолженија, обврски и оптоварувања.
Улога на МОН
• Подготвува акти/одлуки за времено воведување на далечинско учење за време на
одредени непогоди и вонредна состојба, со цел на секој ученик да му овозможи
непречен пристап кон наставата и наставниот процес, а при тоа да не бидат нарушени
безбедноста и заштитата на учениците.
• Креира политика и обезбедува средства за стручно усовршување на директорите и
наставниците, како и средства за подобрување на инфраструктурата потребни за ваков
вид настава.
• Дава упатства и ги информира училиштата за почетокот и времетраењето на ваков
вид настава.
• Ја следи имплементацијата на далечинското учење, анализира податоци и
извештаи од училиштата и од Државниот просветен инспекторат надлежен за следење
на реализацијата на наставата преку далечинско учење, врз основа на кои дава мерки
и препораки за нејзино подобрување.

6
• Ја координира целокупната работа за време на реализација на далечинското
учење со Центарот за стручно образование и обука и Бирото за развој на
образованието.

Улога на ЦСОО
• Изготвува Упатство за реализација на далечинско учење;
• Креира и дава податоци за струки/сектори, профили/квалификации, наставни
предмети потребни за креирање национална платформа за СОО;
• Дава советодавна поддршка на училиштата за реализација на далечинско учење;
• Прибира информации од имплементацијата на далечинското учење;
• Предлага мерки за подобрување на далечинското учење доколку се јават одредени
слабости во реализацијата.

Улога на училиштето
• Планира и реализира активности потребни за овозможување на далечинско
учење;
• Обезбедува технички услови (платформа, опрема, интернет конекција), позитивна
клима за работа;
• Овозможува стручно усовршување на вработените и учениците за користење
дигитална платформа за реализација на далечинско учење;
• Доставува информација до МОН и ЦСОО за реализирано далечинско учење;
• Поставува методологија за помагање на учениците кои имаат тешкотии во
следењето на далечинското учење;
• Обезбедува услови за вмрежување и разменување материјали и информации со
другите училишта и институции.

Улога на директорот на училиштето


• Планира и координира активности за успешна реализација на далечинско учење;
• Го информира училишниот одбор и наставничкиот совет за преземените активности
за далечинско учење;
• Именува администратор во училиштето за координација на целокупната работа за
време на реализација на далечинското учење;
• Во соработка со администраторот/ите обезбедува алатки и платформа за
комуникација и далечинско учење;
• Планира и организира стручно усовршување на наставниците и учениците за
користење на ИКТ ресурсите за реализација на далечинско учење;
• Подготвува извештаи и информира и ја евалуира успешноста на успешност на
далечинското учење.

7
Улогата на администраторот
• Координира активности поврзани со далечинско учење;
• Подготвува интерно техничко упатство и насоки за избор и користење на
дигитални алатки и платформа;
• Обезбедува пристап на наставниците во училишната платформа за ДУ;
• Управува со платформата и на наставниците им дава упатства како да соработуваат
во овој вид настава;
• Одржува платформа, следи работа, додава и брише корисници, креира упатства за
нивно функционирање, им дава техничка поддршка на наставниците и сл.;
• Посредува и помага при појава на тешкотии за реализација на активности помеѓу
наставник и ученик при далечинско учење.
• Води евиденција за тешкотиите и најдените решенија.

Улога на предметниот наставник


• Го планира и подготвува наставниот час и дигиталните содржини во согласност со
наставната програма од каде ги презема резултатите од учење, ги планира
содржините, активностите, методите и техниките за остварување, приспособени,
редуцирани и концентрирани во насока на реализација на истите и планира на кој
начин ќе добие повратни информации од учениците за нивото на постигнатост на
истите;
• Вградува едукативни компоненти во насока на флексибилност и приспособување на
новонастанатата состојба во борба со светската пандемија (социјална дистанца,
општествена одговорност, солидарност, безбедност и стандарди при работа...);
• Ги комуницира учениците, избира временска рамка за реализација на далечинско
учење;
• Користи достапни мултимедиски алатки и поставува материјали на платформа;
• Ги подготвува учениците за начинот на работа на онлајн настава, во насока на
двонасочна комуникација;
• Kреира виртуелна училница за својот предмет (може да биде и во согласност со
временскиот распоред на часовите во училиштето);
• Го моделира и модерира делот од платформата за својот наставен предмет и за
учениците;
• Континуирано им дава поддршка на учениците доколку имаат тешкотии од технички
и педагошко-дидактички карактер при исполнување на своите задачи;
• Врши проверка на знаењата, вештините и компетенциите, односно постигнатоста на
резултатите од далечинското учење;
• Води педагошка евиденција и е-портфолио за своите ученици и за секој ученик
дава индивидуална повратна информација и вреднување.

8
Улога на ученикот
• Во договореното време со наставникот (а може и во согласност со распоредот на
часови) да учествува и реализира онлајн настава;
• Извршува зададени задачи и го информира предметниот наставник;
• Во случај на тешкотии при пристапот на онлајн наставата, ученикот треба да побара
помош од предметниот наставник, администраторот или родителот/старател;
• Разменува онлајн искуства и знаења со своите соученици.
Улогата на родителите
• Даваат поддршка на онлајн наставата и процедурите за нејзина реализација;
• Даваат помош и поддршка на учениците за следење на наставата;
• По потреба контактираат со предметните наставници.

5. Оценување - вреднување на постигањата


БРО во консултација со ЦСОО изготви Упатство за наставниците за начинот на оценување
на учениците во периодот на реализација на настава преку далечинско учење, односно
учење од дома.
Упатството за реализација на далечинското учење во делот на оценување - вреднување
на постигањата ќе даде одредени насоки кои се карактеристични за СОО.
Со процесот на оценување базирано на компетенции, треба да утврдиме дали ученикот во
доволна мера поседува знаења, вештини, способности и ставови, односно дали развил
компетенции до ниво на изведување одредена активност, во различни променливи
контексти во реалните животни ситуации, а во согласност со одредени пропишани
стандарди за извршување. Во оценувањето базирано на компетенции се поддржува
интеграцијата на различни методи на оценување, при што новите форми на оценување
можат да се користат во комбинација со класичните методи и техники. Добро е ваквиот
пристап да биде запазен и при реализација на далечинското учење.
Еден од начините на формативното оценување во услови на учење на далечина е водење
електронското портфолио (е-портфолио) за секој ученик. Електронското портфолио
претставува збирка на трудовите, изработките што ги прикажуваат постигнатите резултати
на конкретниот ученик преку различни активности во наставниот процес во овој период и
во текот на целата наставна година. Содржина на портфолиот се: чек листа, контролни
задачи, тестови, изработки на проекти, цртежи, шеми, различни типови на презентации,
спецификации, алгоритми, постери, албуми, заклучоци од реализирани истражувачки
задачи, снимки на докази за симулации, студии на случај, запишани предлози за решавање
на конкретна проблематика, пишани повратни информации од учениците и сл Овие
трудови се карактеристични за напредувањето и постигањата на ученикоти се докази за
оценката.
Во делот на проверување и оценување на практична изведба на одредена задача при
далечинско учење ќе наведеме можни елементи што може да се вреднуваат се:
запазување на постапката при целокупниот процес на изработка на ученичкиот труд,

9
запазување на редоследност на чекорите при извршување на задачата, способноста на
ученикот да ги објасни законитостите и начелата во работата и на кои се базира
функционалноста на трудот/ продуктот, соодветно користење на готов или изработка на
сопствен технички цртеж и друга документација, користење на повеќе извори на
осознавање, функционалност, точност, прецизност, естетичност, организираност на
ученикот во текот на реализација на задачата, запазување на мерки за безбедност и
заштита, способностите за анализа и друго
Секако дека голем дел од овие елементи може да бидат вградени во проверувањето и
оценувањето на стручно теоретските предмети.
Завршните сумативни оценки треба да бидат засновани на резултатите што ги постигнале
учениците во текот на целата година.

6. Практични совети/насоки
• Секогаш кога задавате одредена задача на учениците при далечинското учење,
размислете дали Вашите насоки ќе бидат целосно разбрани дека не треба
ученикот/учениците да имаат физички контакт со своите соученици или кој било друг за
да ја реализираат задачата. Не оставајте каква било можност за нивно меѓусебно
физичко контактирање. Во целост почитувајте ги мерките на Владата на Република
Северна Македонија за заштита од КОВИД-19.
• Градете позитивна работна атмосфера со учениците, објаснете дека не се на распуст,
и учењето на далечина е еден вид сервис на традиционалното учење/настава, а сето
ова што се прави е за нивно добро.
• Планирајте, организирајте и реализирајте остварување на цели и резултати преку
далечинско учење, согласно со наставните програми. При тоа, диференцирајте
приоритети. Што е она што учениците треба да го стекнат, односно научат како знаења
или вештини, а да имаат трајна вредност и што е пожелно учениците да усвојат како
проширени знаења или вештини. Фокусот ставете го на стекнување знаења и вештини
со трајна вредност и она што е неопходно потребно за стекнување знаења и вештини
или во наредната содржина/тема/учебна година, како и по друг / поврзан наставен
предмет.
• Не се обесхрабрувајте доколку се случат одредени технички проблеми кои може да
доведат до прекин на наставата или да дојде до опаѓање на концентрацијата на
учениците. Побарајте помош од администраторот, родителот/старателот, а доколку е
потребно разменете искуства и со колегите од другите училишта.
• Не се обесхрабрувајте доколку при реализација на електронското учење мислите дека
немате соодветна опрема и дека е ниско нивото на информатичките знаења на
учесниците. Размислувајте за дополнително решение или побарајте помош од Ваш
колега или соработник.
• Доколку има ученици кои не одговараат на Вашиот повик за далечинско учење, немојте
веднаш да генерализирате дека учениците не сакаат да учествуваат. Утврдете ја
причината за неучество, можеби е од технички или социјален карактер или пак не
стигнала информацијата до нив. Размислувајте како да им помогнете на ваквите

10
ученици, како да остварите контакт. Можеби е можно преку нивните
родители/старатели, преку нивните другари, преку класната или училишната заедница.
Исцрпете ги сите можности и начини да остварите комуникација и да ги вклучите во
процесот на далечинско учење.
• Овозможете планиран флексибилен пристап на далечинско/електронско учење и
постојан пристап до објавените материјали за Вашите ученици.
• Контактирајте повеќе со колегите од другите училишта, особено со наставниците кои
реализираат исти наставни програми.
• При изготвување на наставните материјали настојувајте да ги запазите следниве
насоки: напишете јасен и разбирлив текст кој ќе им овозможи на учениците да го
применуваат веќе стекнатото знаење и да усвојуваат ново, вклучете важни и
инспиративни илустрации, графикони, дијаграми и табели кои ќе им помогнат на
учениците да ги разберат новите содржини и вклучете вежби и активности кои ќе им
помогнат на учениците да го продлабочат знаењето и да го поврзат стекнатото стручно
теоретско знаење со практиката.
• Настојувајте пишаниот наставен материјал изготвен во Word, Excel, Power Point или сл.
да го дистрибуирате во PDF-формат.
• Без разлика за каков формат на наставниот материјал се работи (текст, аудио, видео
запис) настојувајте да го задржите вниманието на ученикот максимум 20 минути (15-20
минути).
• Насочете ги учениците дека местото каде го реализираат далечинското учење треба да
биде тивко, организирано, во него да нема ништо што би им го одвлекувало
вниманието, да биде добро осветлено, проветрено, да е удобно за работење
(ергономија на работниот простор), компјутерот да е исправен и функционален, во текот
на предавањето да водат сопствени белешки и сл.
• Линкови кои може да ги користите:
https://en.unesco.org/themes/education-emergencies/coronavirus-school-closures/solutions

https://alison.com

https://www.coursera.org

https://www.edx.org

http://ekstep.in

https://www.khanacademy.org

https://www.duolingo.com

https://adventureacademy.com/redeem

11

You might also like