You are on page 1of 16

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј„
Педагошки факултет „Св. Климент
Охридски„

Семинарска работа
По

Предмет : Дидактика

Тема

Наставен план и програма

Ментор: Изработил:
Проф. Д-р.Сузана Никодиновска Банчотоска Андријана Савовска 12539

Скопје, 2021
Содржина
Вовед..........................................................................................................................................3
Наставен план.........................................................................................................................4
Значење и видови на планови.................................................................................................7
Наставен предмет и научна дисциплина................................................................................8
Наставна програма.................................................................................................................10
Заклучок..................................................................................................................................14
Користена литература............................................................................................................15

2
ВОВЕД

Наставата, како и воспитаниието во целина е општествено-историски условена.


Карактерот на наставата зависи од општествено-историските околности во кои таа се
изведува. Целта, задачите и содржините на воспитно-образовната работа во
современото општество се многу поинакви од оние во минатото.
Наставата е сложен процес кој е плански организиран и воден, во кој учениците
усвојуваат знаења, стекнуваат вештини и навики, психофизички се развиваат и
сестрано се воспитуваат.Наставната работа најчесто се изведува во педагошки
институции (градинка, училиште, факултет) и е насочена на севкупниот развиток на
воспитаниците.
Основните фактори на наставата се: наставникот кој подучува, учениците кои
учат и дидактички обликуваните содржини кои треба да се совладаат. Планирањето на
наставата сочинува важен дел од работата на наставникот. Ги вклучува сите потребни
елементи за подготовка на изведување на на наставен час или наставна единица. За
оваа цел во образованието на наставниците, се учат концепции во врска со тоа кои
предмeтни, дидактичко-методски и педагошки околности треба да се земат во предвид
пред изведување на наставата и како истите да се документираат
Планирањето на наставата служи како ориентир за наставникот додека држи
настава. Од друга страна, планирањето треба да ги оправда целите на наставата во
согласност со избраниот дидактички модел.
Главните документи, врз кои се темели наставата во училиштата се наставниот
план и наставната програма.

3
Наставен план
Наставниот план е основен училишен документ. Со него се одредуваат
предметите кои ќе се учат во поедин тип и вид на училиште, со кој редослед по
одделенија и со колкав број по часови по секој предмет. Со наставниот план се
одредува кој вид содржини ќе се учат во училиштето, а со тоа се одредува и профилот
на наставата и типот на самото училиште.
Покрај редовната настава, во наставниот план се предвидени и други облици на
воспитно образовниот процес ( додатна и дополнителна настава, слободни активности,
екскурзии, излети, културни и јавни активности на училиштето и сл) кои заедно ја
сочинуваат структурата на учебната година и вкупниот обем на работата на учениците.
Во некои дефиниции се наведува дека наставниот план е документ во облик на
табела, што најчесто е и точно, но тоа не е неговата најбитна одредница. Понекогаш се
нагласува дека наставниот план го донесуваат просветните власти. Тоа е условно точно
бидејќи централната власт, покраинските или локалните органи (како во која земја,
зависи од степенот на централизација, односно децентрализација) ги донесува
наставните планови.
Но, во Европа и Америка се поизразена тендецијата еден дел од наставниот
план да го утврдуваат училиштата според локалните потреби, а дел самите ученици со
слободен избор на предмети. Но во некои земји надлежноста за донесување на
наставниот план припаѓа на најниските државни органи- општините, а има и такви
(Обединетото Кралство) во кои училиштата го утврдуваат комплетниот наставен план.
Работата на наставникот вклучува развој на добро регулирана дејност за формирање
знаење и вештини кај учениците. Планот е основната и намерна функција на
образованието. Со наставниот план се прави шема и процедури на наставниците,
директор и заменик директор , кои се во насока на подобрување на ефикасноста на
педагошката дејност, постигнувањето на учениците и училиштето во целина. Покрај
тоа со планот се обезбедува можност да се идентификуваат главните методи на работа
во училницата.Планот за работа изразува фреквенца на училницата и воннаставните
активности, приватни часови, натпревари и сл. Наставниот план е целта на
образованието , изразена во писмена форма.

4
Главни цели на планирањето се :

 Формирање на задачи
 Изјава за образовни проблеми во процесот
 Изгледот на педагошка дејност на училиштето
 Професионална обука за развој
 Формирање на основа за социјална заштита на учениците
 Идентификување на ефикасноста на образовниот процес.

5
Пример за наставен план :

Годишниот план ги покажува главните задачи поставени од страна на образовната


институција. Планот е способност да се предвидат кадровските промени и
реструктуирање, да се воведат иновации, подобрување на опременоста на училниците
и професионалноста на наставниците.
Структурата на часовите иако релативно се стабилни не се непроменливи. Распоредот
на часовите и организацијата на училишната работа по денови , училиштата ги
изградуваат врз основа на наставниот план.
Со наставниот план се утврдува :

6
 Целта на воспитание и образование за одреден степен и вид на образование,
 Наставна програма со список на задолжителни и изборни предмети со означен
неделен фонд на часови за секој предмет,
 Расположлив неделен фонд на часови по незадолжителните предмети –
дозволено неделно оптоварување на учениците,
 Краток опис на содржината на образованието за секој задолжителен предмет,
 Кадровски и материјално-техничкиуслови потребни за реализација на
наставната програма,
 Услови за упис на ученици,
 Метод на оценување за секој предмет.

Главни цели на развојнотото планирање се :

 Ориентација кон иновации во педагогијата


 Формирање на вредности кај учениците : морален, духовен, граѓански,
 Зголемување на чувството на одговорност, самоувереност, иницијатива, долг и
сл.
 Како дел од планот за развој на наставниците треба да се воведат најновите
методи на образование и воспитание на учениците, технологија, зачувување на
здравјето, да се постават специфични цели водени од страна на учењето на
ученикот, индивидуално учење.
 Училиштето е одговорно за обезбедување на средства за стекнување на знаења
и вештини, со методологијата и технологија, обука на наставен кадар. Главната
задача- систематизација на нормативната база на образовниот процес.

ЗНАЧЕЊЕ И ВИДОВИ НАСТАВЕН ПЛАН

Значењето на наставниот план е истакнат со самото тоа што во дефиницијата се


вели ека тоа е основниот школски документ врз основа на кој и натаму се составуваат
наставните програми и се пишуваат учебници. Тој е темел на распоред на часови и
организација на работата на училиштето по денови.

7
Кои предмети и со колкав број на часови ќе влезат во наставниот план на
училиштето зависи од системот на вредности на општеството . Зависно од тоа како
поаѓалиште се земаат некои од следниве критериуми:

 Потребите на општеството- сегашни и идни;


 Барањата на традицијата;
 Културно-уметнички барања;
 Научно-технолошки барања.

Меѓу овие пристапи не постојат цврсти граници. Тие можат да бидат


порзани и да се надополнуваат, но и меѓусебно да се спротивставени. При
утврдување на наставниот план најчесто се комбинираат пристапи. Се утврдува
некоја рамнотежа меѓу потребите на личноста и потребите на општеството.
Постојат различни класификации на наставните планови зависно од
критериумите; според нивото на училиштето во училишниот систем – за
основно училиште, за средно училиште, за факултет односно за виша школа;
според типот на училиштето- за гимназија, за медицинска школа, за економско
училиште,...;според менталниот развој на учениците – за специјално училиште;
според траењето на школувањето- целосен или скратен наставен план; според
специјалната задача на училиштето- за експериментална работа; според
националноста на учениците – за национални малцинства и тн.

Видови планирање

Главниот критериум за класификација е временска рамка. Постојат два основни вида :


долгорочни и краткорочни. Целта е да се развијат насоки за подолг период. Почетна
единица време е учебната година.
Долгорочно планирање :

 Како да се изврши упис на училиштте


 Да се организира работа со родители
 Соработка со медицински и високообразовни институции
 Како да се развие личноста на децата преку воннаставните активности.

Вредноста на долгорочното планирање е голема. Таа се одразува на глобалниот


проблем на училиштето и неговиот персонал. Широките цели вклучуваат значајни
последици, така да кон ова планирање треба да се пристапува одговорно.Годишниот
план се потпира врз сознанијата од анализите и извештаите на програмата за работа од
претходната година искажаните и утврдени потреби од спроведените истаражувања.

8
Во планот се определени приоритети во насока на подобрување на квалитетот на
воспитно-образовниот процес.
Краткорочно планирање
Краткорочните планирања се насочени во повеќе правци. Не се фокусирани на
процесот на учење во целина,како и на личноста на секој ученик. Целта на ова
планирање е да се зголеми нивото на знаење на ученикот, земајќи ги во предвид
карактеристиките на перцепцијата, меморијата, вниманието. Единица време на
краткорочните планиирања е ден, недела, квартал, лекција и сл.
Тематско планирање
Тематското планирање се врши врз основа на наставниот план одобрен од страна на
Министерството за образование. Календар и тематско планирање- развој на рамка за
разбирање на одредена дисциплина во една учебна година.
Тематскиот план предвидува некои инвестиции на време и напор за да се учат на часот,
поставување на цели и предизвици. Плановите се структурирани документи спорред
кои секоја тема треба да се изучува за одреден број на часови. Лекцијата планот мора
да е во согласност со програмата за обука на таа тема. Наставникот треба да оддели
време за темите, тоа зависи од комплексноста на темата, некои бараат повеќе време и
подетален преглед, и зависно од индивидуалните карактеристики на перцепцијата на
учениците.А по завршувањето на темата треба да се утврди нивото на постигнатите
образовни и развојни цели.

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ И НАУЧНА ДИСЦИПЛИНА

Помеѓу наставниот предмет и науката на која тој се заснива, не може да се стави


знак за еднаквост. Наставниот предмет настанува со дидактичко обликување
(прилагодување) на одредена научна дисциплина. Но постојаниот развој и
диференцијацијата на науката на потесни гранки бара на тој процес да се
прилагодуваат и наставните планови.
Наставниот предмет извира од соодветната базична наука и затоа секогаш
одново се поставува прашањето на заемен однос меѓу тие две области. Какви се
сличностите и разликите меѓу научната дисципина и наставниот предмет и како
научното сознание се трансформира во научното градиво.

9
На овие две прашања се давани и се даваат многу различни одговори. Некои
потполно го изедначуваат сознајниот процес и процесот на сознание во наставата, а
други тие два процеса ги ставаат еден наспроти друг. Првите нагласуваат дека врските
во системот на наставно знаење се цврсто одредени со логиката на науката а други
дека наставата не мора да се репродуцира и копира според логиката на науката.
Целосна репродукција на научната логика сосема би оневозможила послободно
компонирање на наставното градиво, а тешко би било и да се оствари меѓу наставните
предмети. Предметот се обликува врз основа на научната дисциплина, но во согласност
со наставните цели и функција на училиштето.

Поим и суштина на научната дисциплина

Развојот на науката е условен со социјалните потреби на епохата, со општата


состојба во општеството и придонесот на значајните научници, До одредени научни
откритија се доаѓа кога за тоа се создадат услови. Со тоа се толкува дека речиси во
исто време неколку научници доаѓаат до исти резултати.
Една од внатрешните законитости на научниот развој е менување на периодот
на мирување и периодот на револуционерен напредок. Периодот на мирување го
карактеризира тоа што многу појави се објаснуваат од позиција на претходно
прифатени важечки теории. Кога некоја нова појава не може да се вклопи во рамките
на владејачката теорија, на сцена стапуваат млади научници со дивергентни идеи. Со
своите откритија ја рушат традиционалната и создаваат нова теорија. Тоа е
револуционерен период. Важна законитост на науката е континуитетот. Науката е
систем на проверени знаења која има трајна вредност. Таа е универзално човечка и по
тоа се разликува од верувањата и идеологијата. Од ова битно произлегува природниот
заклучок дека историјата на науката не може да биде темел за структуирање на
наставното градиво на кое било ниво на школување. Наставниот предмет не може
хронолошки да го следи развојот на базната наука, бидејќи тоа би значело дека
учениците мораат да одат по трагите на научниците, кои во трагањето на научната
вистина често лутале, постапувале и погрешни хипотези.
За изложување на целосната историја на науката низ одреден наставен предмет
нема ниту доволно време. Затоа се избираат одреден број карактеристични факти и
податоци кои дидактички се обработуваат,со цел да се создаде слика за развојот на
науката.

10
Процесот на научно сознание ги содржи следните основни етапи: откривање и
собирање факти кои не можат да се објаснат со постоечкиот научен образец;
воопштување на фактите со истакнување хипотези кои овозможуваат да се објаснат
нови факти; разработка на теории, добивање резултати од поставената теорија и
експериментална проверка на добиените резултати. Процесот на научно сознание
започнува и завршува со факти. Најважната етапа во тој процес е поставувањето
хипотези во што се гледа генијалноста на научникот.

Поим и суштина на наставниот предмет

Руските автори А.А. Пински и Г.М. Голин под логика на наставен предмет
подразбираат механизам на структуирање на наставното градиво, начин на добивање
на дедуктивно знаење, прифатен систем на образложување и докажување судови.
Со дидактичка преработка на поедини наставни дисциплини се добиваат
наставни предмети. Затоа постои паралелизам меѓу науката и наставниот предмет.
Иако научниот систем е основа врз која се гради наставниот предмет, при дидактичко
обликување на наставното градиво доаѓа до поголеми тешкотии поради експлозијата
на новите научни сознанија, промена на научниот систем и се поголеми
диференцијации на базичните науки.
Сето тоа не може да се прекопира во училишните програми и во наставата. Не
можат во програмата да се внесуваат нови сознанија, а истовремено да се задржат оние
застарените, бидејќи така би дошло до преоптеретување на ученикот. Затоа во
пониските одделенија постојат т.н синтетички предмети кои се темелат на неколку
научни дисциплини. Училишното градиво се зема од научните дисциплини, но
дидактички се обликува, зависно од целите и задачите на секој вид училиште и се
прилагодува на возраста на ученикот.
Стратусот на предметите во наставниот план зависи од типот на училиштето
(општообразовно училиште, стручно) и од значењето и сложеноста на материјата на
наставните предмети. Така имаме главни предмети, споредни, помошни, општи,
задолжителни, изборни, општообразовни, стручни. Ваквото рангирање на предметите
се спроведува во средните и високите школи, а во основните само делумно (изборна и
факултативна настава).

11
Наставна програма
Наставната програма во педагошката литература е различно дефинирана.
Дефинициите зависат од поаѓалиштата на авторите. Едни автори ја дефинираат како
систем на содржини поделен на предмети според наставниот план и наменет за
образование во соодветен вид или тип на училиште.Други нагласуваат дека наставната
програма е школски документ со кој се пропишани наставните содржини по предмети
од наставниот план.
Овие две дефиниции се исти по суштина со таа разлика што во првата се
нагласува системот на содржините, а во другата дека тоа е школски документ со кој се
пропишани содржините. Наставната програма е низа одлуки. Според германскиот
дидактичар Клафки, се одлучува прво за тоа што и зошто се учи, а после како и со
што. Значењето на овие одредници е јасно: ШТО - искажува кои содржини, ЗОШТО-
нагласува дека во програмирањето мора да се одлучи кои намери,со кои методи и
медиуми треба да се оствари.
Кога зборуваме за реформи во образованието, секогаш зборуваме за реформа во
програмирањето на наставата. Резултатите (постигнатите ефекти) од образованието ги
одредуваат знаењето, вештините и вредностите шшто треба да ги развие секој ученик
во задолжителното и општото образование, како реализација на образовните цели,
поради активното учество во општествениот живот, успешно задоволување на
сопствените потреби , личен развој и потенцијал и придонесот во развојот на
општеството и културата.
Значи резултатите ги опишуваат самите ученици, нивното знаење што можат
или умеат да направат под одредени околности , како да се однесуваат во одредени
ситуации, кон што треба да се стремат, какви ставови да изразат кон другите.
Резултатите не се однесуваат на наставниците , не опишуваат што и како треба
наставникот да прави ниту го опишуваат наставниот процес и активностите.
Резултатите го дефинираат профилот на ученикот, односно каков ќе биде ученикот
откако ќе реализира одреден наставно-образовен циклус.
Наставната програма се конкретизира со наставниот план Со него се утврдува
обемот, длабочината и редоследот на наставните содржини.Обемот се состои од збир
на знаења (факти, судови, концепти), што треба да се стекне во едно одделение и збир
на активности што треба да се извршат. Обемот е усогласен со возраста на учениците.
Длабочината е таква дидактичка категорија со која се означува квалитетот на
стекнатите знаења и способности.
Во некои земји особено на англиското говорно подрачје, доскоро и не постоеше
задолжителна наставна програма. Нацрт програмата е составувана од наставниците и
применувана многу слободно во рамките на флексибилниот систем на обележан и со

12
силна локална автономија и без постојана интервенција на централната власт. Во таква
ситуација постои опасност од анархична наставна практика, но тоа е избегнато со
интееракција на наставничките здруженија.
Спротивно на тоа постојат земји кои содржините на програмата ја одредуваат со
закон. Го подготвува и пропишува централната власт на административен начин.
Државата држи се во свои раце.
Во денешни услови кога програмите треба постојано да се прилагодуваат и менуваат
во склад со барањата на времето, најмногу се погодени системите кои ги контролираат
централните влади, додека децентрализираните системи се во состојба побрзо да се
менуваат. Гоцер нагласува дека училишната програма е директен одраз на она
општество во кое настанал и чии вредности ги претставува. Во програмирањето мора
да се гледа што ќе биде утре т.е програмата мора постојано да се иновира и дополнува.
Содржините во наставната програма може да бидат поредени на три начини:
линеарен, концентричен и комбиниран.

ЛИНЕАРЕН РАСПОРЕД НА ПРЕДМЕТИТЕ

Линеарен распоред е кога содржините на еден предмет следат еден по друг. Во


таков распоред содржините не се повторуваат во програмата. Она што е обработено во
едно одделение не се обработува во следните. Програмата веќе не се враќа на тој
материјал. Ваквиот распоред предизвикува потешкотии во основното училиште,
учениците не се доволно зрели за да се справат со флексибилната структура на науката
дадена со распоредот.Постои опасност учениците да го заборават она што го научиле.

КОНЦЕТРИЧЕН РАСПОРЕД

Концетричниот распоред на програмата ги избегнува слабостите на линеарниот


распоред. Материјалот е распореден во концетрични кругови. Во едно одделение
материјалот се обработува во одеден обем и длабочина, во следното одделиние на
следно ниво, материјалот се проширува и продлабочува. Овој распоред резултира со
трајност и квалитетот на знаењето, но се губи повеќе време и е помалку економичен.

КОМБИНИРАН РАСПОРЕД

13
Со спојување на линеарниот и концетричниот распоред , добрите страни се
спојуваат а лошите се поништуваат. Тоа се прави со запознавање на учениците со
основниот материјал и тој полека се пополнува со содржините според системот на
претходниот концетричен круг.Оваа комбинација на линеарна и концетрична
дистрибуција на содржини се нарекува Линеарно-спирално програмираље.

Заклучок

Правилното планирање на образовната дејност во училиштата е клуч за


квалитеот и знаењето на учениците.Тоа ни овозможува да се одреди нивото на обука на
учениците. Планирањето е клуч на успешна имплементација на цел -утврдување на
функцијата на образованието Главен извор за составување на планот е програма за
обука со чија помош се формираат тематски, годишни едукативни активности. Оваа и
претходната година имавме предизвик да се соочиме со нешто ново а тоа е учење од
далечина
Општеството сака да го претвори училиштето во место за решавање на оние проблеми
кое самото не ги решило. Ако привремените барања кои се поставуваат на образовниот систем

14
треба да ги заменат или да ги совладат, овие витални функции постои ризик училиштето да
биде лишено од својата причина и значење.

Користена литература
Дидактика 3 –Младен Вилотијевиќ
https://mon.gov.mk/stored/document/Plan%20za%20odrzuvane%20nastava%20vo
%20osnovno%20i%20sredno%20obrazovanie.pdf

15
https://mk.eferrit.com/%D0%B4%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%98%D0%BD-
%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD
%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE
%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0/
http://osnovnoobrazovanie.mon.gov.mk/%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%bd
%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bd
%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b0/
https://ma.wikienx.ru/formira%D1%9Ae/srednoto-obrazovanie-i-uchilishta/79774-planovi-
ovo%D1%98-plan-primer-tematski-plan-plan.html
https://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%9D
%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8_%D0%BF
%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC

16

You might also like