You are on page 1of 9

ОУ „Гоце Делчев“ – Демир Хисар

ИИЗЗВВЕЕШ
ШТТААЈЈ
ЗА
ЗАСПРОВЕДЕНА
СПРОВЕДЕНАСАМОЕВАЛУАЦИЈА
САМОЕВАЛУАЦИЈАВОВО
ОУ
ОУ„ГОЦЕ
„ГОЦЕДЕЛЧЕВ“
ДЕЛЧЕВ“ДЕМИР
ДЕМИРХИСАР
ХИСАР

ЈУНИ 2019 година


ИЗВЕШТАЈ
ЗА СПРОВЕДЕНА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА ОУ„ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “
ДЕМИР ХИСАР

Согласно член 147 од Законот за основно образование на крајот на наставната 2018/2019


година во ОУ „ Гоце Делчев“ Демир Хисар беше извршена самоевалуација. Истата ја спроведе
училишна комисија формирана по предлог на директорот на училиштето.
Самоевалуацијата ги опфаќа следните области:

- Наставни планови и програми


- Постигања на учениците
- Учење и настава
- Подршка на учениците
- Училишна клима и односи во училиштето
- Ресурси
- Управување, раководење и креирање политика

1. Наставни планови и програми


Наставните планови и програми кои се одобрени од страна на Министерството за
образование и наука училиштето во целост ги реализира, без исклучок, по сите наставни
предмети, како и Образование за животни вештини која се реализира на часовите на
одделенската заедница. Од учебната 2014 /2015 година во училиштето се реализира и новата
програма по Кембриџ по предметите математика и природни науки, а од учебната 2016/2017 се
реализира и по предметите биологија, физика и хемија во предметна настава.
Особено се важни индивидуалните образовни планови (ИОП) кои наставниците ги
прилагодуваат на индивидуалните способности на учениците со посебни образовни потреби.
Индивидуалните образовни планови за децата со посебни образовни потреби се изготвуваат во
рамките на инклузивниот тим во училиштето со меѓусебна соработка и размена на искуства со
поддршка на стручните соработници.
Училиштето на родителска средба на почетокот на учебната година ги информира родителите
со целите на наставните планови и програми по сите наставни предмети.
Училиштето соработува и со локалната заедница и ги прилагодува своите планови и
програми со цел искористување на нејзините потенцијали во функција на подобрување на
квалитетот на воспитно образовниот процес.
Наставните планови и програми им се достапни на наставниците, родителите и учениците
така што на почетокот на учебната година наставниците ги запознаваат учениците со програмата
по секој наставен предмет поодделно, како и со планот за реализација на истата. При
изготвувањето на Наставните планови и програми на наставниците им се дава несебична подршка
и помош од страна на стручната служба.
При реализацијата на наставните планови и програми постои подеднаква можност за
учество на учениците од различна етничка и полова припадност во раководењето, соработката,
договарањето, самодовербата и разрешувањето на конфликтите.
Учениците со различни способности, со натпросечни знаења, како и учениците кои имаат
потешкотии во учењето се вклучени во вон-наставните активности. За учениците кои во текот на
редовната настава постигнуваат натпросечни резултати организирана е додатна настава по сите
наставни предмети. За учениците кои во текот на редовната настава постигнуваат слаби резултати
организирана е дополнителна настава.

Клучни јаки страни


 Наставата се реализира согласно наставните планови и програми, одобрени од МОН;
 Наставниците изготвуваат квалитетни наставни програми по сите наставни предмети кои
ги содржат неопходните елементи за успешна реализација на часот;
 Наставниците работат тимски и добро соработуваат на ниво на стручни активи при
изготвување на наставните планови;
 Училиштето соработува со локалната средина;
 Реализирање на вон – наставни активности од различен вид , каде подеднакво учество
земаат ученици од различна етничка и полова припадност;
 Учениците слободно според своите афинитети, заедно со своите родители избираат кој
изборен предмет ќе го изучуваат;
 Реализирање на МИО активности кои промовираат меѓуетничка интеграција во
образованието;

Слабости
 Постојните наставни средства во целост не ги задоволуваат потребите за реализација на
наставата по новите адаптирани наставни програми од Меѓународниот центар за наставни
програми на Кембриџ (Cambridge International Examination Centre) по предметите математика
и природни науки.
 Недовона едуцираност на наставниците за изработка на индивидуални образовни
планирања (ИОП)
 Недоволна вклученост на подрачните училишта во соработката со локалната средина
 Недоволна вклученост на родителите во училишните активности
 Потреба од поголем број комплети на лектирни изданија во училишните библиотеки.

Идни активности: Приоритетни подподрачја (оддели) во рамките на ова подрачје кои може
да бидат вклучени во Програмата за развој на училиштето
 Набавка на нагледни средства за реализација на новите програми;
 Организирање на обуки за доусовршување на наставниците за реализација на
новите програми.
 Организирање на обуки за изработка на индивидуални образовни планирања.
 Поголема вклученост на подрачните училишта во соработката со локалната
средина
 Спроведување активности во насока на подобрување на соработката со
родителите и нивно вклучување во активностите на училиштето
 Опремување на училишната библиотека со поголем број на комплети лектирни
изданија за одделенска и предметна настава.

2. Постигања на учениците

Постигањата на учениците е важен сегмент кој бара посебен ангажман околу оценувањето,
поттикнувањето на учениците да постигнуваат подобри резултати, како и на оние со послаб успех
или учениците со посебни образовни потреби за кои треба да се предвидат поспецифини
дидактички методи и постапки за да се извлечат можните позитивни страни.
Критериумите на наставниците при оценувањето е многу важно прашање за да обезбедат
јасни и недвосмислени вредности во училиштето кои треба сите да ги почитуваат.
Родителите сметаат дека наставниците се грижливи за своите ученици и постигнуваат
максимален успех и во училиштето се работи квалитетно.
Редовно се информирани за напредокот и постигнувањата на нивните деца, и се во
постојан контакт со наставниците,и за било кој проблем слободно можат да се обратат до нив, а
родителските состаноци се редовни и добро организирани.
Наставниците редовно го следат и бележат постигнувањето и напредувањето на
учениците. При оценувањето се зема во предвид и нивното мислење за личните достигнувања и
пофалбата се користи како начин за мотивирање.
За работа со учениците со посебни потреби се изготвуваат индивидуални образовни
планови па нивните постигања се следат преку задавање на задачи со тежинско ниво прилагодено
на нивните можности и способности, изработка на вежби кои ја поттикнуваат нивната креативност
и чувството за самодокажување.
Учениците ја истакнуваат соработката наставник-ученик како добра, имаат доверба во
наставниците кои пак имаат слух за нивните идеи и потреби.
Училиштето има добро развиен систем за праведно оценување на постигањата на учениците,
им овозможуваат задоволување на потребите за знаење кај учениците без разлика на нивните
можности и предиспозиции.

Клучни јаки страни

 Планирање и превземање конкретни активности за постојано подобрување на постигањата


на учениците
 Постоењето на процедура за идентификација на ученици со тешкотии во учењето, ученици
со посебни образовни потреби
 Училиштето ја практикува инклузијата на децата со посебни образовни потреби во
секојдневните свои активности и со нив работат одделенските и предметните наставници
во соработка со стручната служба и образовни асистенти
 Соработката на стручните активи
 Наградување и пофалување на учениците кои постигнале добри резултати
 Користење на разни методи и техники на учење и поучување;
 Учество на учениците на oпштински, регионални и државни натпреварии постигнување на
солидни резултати
 Вклучување на учениците во процесот на оценување

Клучни слаби страни

 Недоволно нагледни стредства по одредени предмети


 Недоволна оспособеност на наставниците за изготвување на ИОП за работа со деца со
посебни потреби.
 Недостаток од почеста соработка со мобилен дефектолог, логопед и други стручни
лица кои ќе помогнат во отстранување на пречките во развојот на децата со посебни
потреби

Идни активности: Приоритетни подподрачја (оддели) во рамките на ова подрачје кои може
да бидат вклучени во Програмата за развој на училиштето

 Набавка на нови наставни средства и помагала


 Обука на наставниот кадар за работа со деца со посебни потреби
 Обезбедување на со мобилен дефектолог, логопед и други стручни лица кои ќе
помогнат во отстранување на пречките во развојот на децата со посебни потреби

3. Учење и настава
За успешна реализација на наставата наставниците изготвуваат квалитетни годишни
глобални планирања, тематски процесни месечни планирања, интегрирано тематско и дневни
подготовки, како и долгорочни, среднорочни и краткорочни планирања по новите Кембриџ
програми за наставните предмети по математика и природните науки. За поголем квалитет на
планирањата кои се огледало на наставниот процес, секој наставник индивидуално во своите
планирања интегрира ЕКО содржини, ИКТ во наставата, МИО активности со партнер училиштето,
примена на алатките од Математика со размислување, примена на техники на учење од Јазична
писменост во почетните одделенија.
Стручната служба ги следи планирањата на наставниците и соработува за нивно
квалитетно изработување, а на стручни активи се соработува и се врши размена на мислења меѓу
наставниците.
Училиштето дава стручна поддршка преку интерни обуки, семинари, едукативни програми.
Со цел поголема активност на учениците и стекнување на знаења, наставниците
применуваат разновидни наставни форми и методи, при што тие работат во групи, тријади, парови
или индивидуално. Се користат нагледни средства и материјали и најразлични ресурси за
потребите на Кембриџ програмите по математика и природни науки, а по наставните предмети се
изведуваат и практични активности и се применува ИКТ. На часовите наставниците поттикнуваат
индивидуализирана настава и ги поттикнува учениците за меѓусебна соработка, помош, дискусија.

Клучни јаки страни


 Наставниците навремено и квалитетно изготвуваат планирања за наставата;
 Ефективна соработка меѓу наставниците;
 Чувството на безбедност во училиштето и во неговата околина;
 Почитување на индивидуални потреби и потешкотии кај учениците;
 Користење на различни методи, форми и техники на учење;
 Навремено известување на родителите и учениците за успехот;
 Примена на стандарди за оценување на учениците;
 Континуирано изложување на ученички трудови и проектни активности на учениците од
различни наставни предмети;
 Учество на натпревари по пооделни наставни предмети;
 Напредок и развој на учениците кои поседуваат талент по одделни наставни предмети;
 Континуирано следење на учениците и собирање на докази во нивните портфолија и
достапност на родителите;

Слабости
 Недостаток на потрошен материјал за потребите на учениците;
 Недоволна едуцираност на наставниците за изготвување на Индивидуален образовен план
за ученици со посебни потреби;
 Нефункционалност на компјутерите во централното и во подрачните училишта;

Идни активности: Приоритетни подподрачја (оддели) во рамките на ова подрачје кои може
да бидат вклучени во Програмата за развој на училиштето

 Обезбедување на материјални и нагледни средства по повеќе предмети


 Обука на наставници за работа со ученици со посебни образовни потреби за поефективна
настава
 Надградба на компјутерскиот софтвер во училиштето за поквалитетна примена на
образовни содржини

4. Поддршка на учениците
Во училиштето се води подеднаква грижа и за учениците со посебни образовни потреби.
Намалувањето на насилствто и создавањето на позитивна училишна клима се основа за
создавање на ефективна средина за учење и подучување. Училиштето има изготвено програма со
цел да се спречи насилното однесување во училиштето и да се едуцираат учениците за ненасилно
решавање на конфликтите. Целта е да се обезбеди почитување на личноста,негување на
слободата за изразување, остварување на правото на барање, примање и давање информации,
интерактивен однос, меѓусебна доверба,почитување на мислењето на сите, еднаквост и без
предрасуди во однесувањето кон учениците.
За оценување на емоционалните, физичките и социјалните потреби на сите машки и
женски деца училиштето користи непосреден разговор со учениците и родителите, соработка со
службата за социјални грижи и други асоцијации, како и вклучување на учениците во слободните
ученички активности. Тоа произлегува од потребата сите деца, без разлика на нивната полова и
етничка припадност, да бидат подеднакво вклучени во целиот воспитно образовен процес и
воннаставните активности.
Постоењето на стручната служба во училиштето како и помошта која што можат да ја
добијат родителите и учениците е преку работата на Советот на родители, родителските средби и
активностите на одделенските часови. Исто така се запознаваат и со изборот за учество во
слободните ученички активности, додатната настава, се запознаваат со соодветната работа за
ученици кои покажуваат асоцијално однесување, нередовност, слаб успех како и со соодветната
работа за ученици.
Наставниците постапуваат правично и ги почитуваат индивидуалните потреби и
потешкотии кај одделни ученици

Клучни јаки страни


 Односот на наставниците кон учениците
 Соработката ,взаемното почитување и меѓусебната комуникација меѓу самите вработени
 Позитивниот однос на наставниците кон учениците
 Посветеноста на наставниците
 Добра информираност на учениците за професионалната ориентација
 Континуирано следење на напредокот на учениците;
 Континуирана грижа за здравјето на учениците.
Слабости

 Недоволна соработка и поддршка на родителите чии деца имаат потешкотии во


наставата и одредени здравствени проблеми
 Потреба од дефектолог и логопед со постојан работен однос за тимска работа со
учениците со потешкотии во учењето и здравствени проблеми
 Недоволна обученост на наставниците за работа со ученици со потешкотии;

Идни активности: Приоритетни подподрачја (оддели) во рамките на ова подрачје кои може
да бидат вклучени во Програмата за развој на училиштето

 Организирање на обука и работилници на тема „Работа со ученици со потешкотии


 Вработување на дефектолог и логопед

5. Училишна клима и односи во училиштето


Училиштето е препознатливо по високиот квалитет на работа и постигањата на учениците
во различни области, како и остварување на визијата и мисијата на училиштето. Во училиштето
има изготвено Кодекс на однесување на непосредните носители на воспитно образовната работа.
Во училиштето постои Кодекс на однесување на учениците. При изготвување на Кодексот на
однесување, учениците беа активно вклучени и истиот го почитуваат
Поведението и дисциплината се два важни фактори кои не треба да се злоупотребуваат
од страна на учениците без разлика на етничка припадност, женски или машки пол и секогаш
треба да се има атмосфера за работа во која ќе владее хармонија и примерност од страна на
учениците. Во нашето училиште на часовите владее работна атмосфера, а на одморите преку
дежурства на наставниците се настојува, исто така да се одржува редот и дисциплината во
училиштето.
Наставниот кадар учествува во организирање на средината за учење со поставување на
јасни очекувања во однос на постигањата, редовноста и дисциплината на учениците. Учениците се
мотивирани за соодветни постигања на ниво на училиште и на разни натпревари. Наставниците ги
мотивираат учениците, ги поттикнуваат да учествуваат на натпревари користејќи го пофалувањето
како техника за поттикнување на учениците. Училиштето ги промовира постигањата на учениците
во рамките на училиштето и во пошироката локална средина и става акцент на бројни активности
во таа насока
Соработката на училиштето со локалната средина се реализира преку активно вклучување
на училиштето во средината ,нејзино информирање за постигнатите резултати преку Facebook,
Web сајтот на училиштето и општината , издавање на училишниот весник Бисери како и разни
други видови соработки.

Клучни јаки страни


 Почитување на Кодексот на однесување за наставници
 Почитување на Кодексот на однесување за ученици
 Училиштето ги негува родовата сензитивност и мултикултурализмот
 Училиштето ја поддржува инклузивноста
 Активно ги вклучува родителите во воспитно – образовниот процес
 Отвореност на училиштето за соработка со локалната заедница, невладиниот сектор и
медиумите
 Училиштето редовно ги промовира и наградува постигањата на учениците

Слабости
 Соработката на училиштето со училишта од регионот е на послабо ниво
 Недоволна визуелизација за реализација на наставата по Кембриџ

Идни активности: Приоритетни подподрачја (оддели) во рамките на ова подрачје кои може
да бидат вклучени во Програмата за развој на училиштето
 Реализирање на обуки за ученици со потешкотии
 Реализирање на активности за зајакнување на соработката со училишта од регионот
 Обезбедување нагледни средства за реализација на Програмата по Кембриџ
6. Ресурси
Училишниот простор ги исполнува условите за изведување на редовна настава. Постојат
соодветни просторни услови за реализирање на настава и за работа на наставниот кадар.
Големината на училниците соодветствува со бројот на учениците во паралелките. Училиштето
располага со добро опремена фискултурна сала и спортски терени кои ги задоволуваат потребите
на наставата по ФЗО . Во библиотеката има книжен фонд но потребно е истиот да се обнови и
дополни со нова литература. Училиштето континуирано ги подобрува условите за работа. Има
јасен план и распоред, максимално ги користи расположливите капацитети за изведување на
настава и на воннаставните активности, со што ги задоволува потребите на учениците
Училиштето располага со голем дел на стручна литература и наставни средства кои
соодветствуваат со современите наставни програми.
Училишната библиотека располага со одреден број литературни и лектирни изданија,
но дел од нив се стари наслови кои повеќе не се во употреба, и има потреба од нивна замена
со нови изданија. Евиденцијата во библиотеката се води електронски.
Оценувањето на наставниците во наставниот процес е дел од системот на
вредностите во реализација на воспитно-образовната работа. Вреднувањето на наставниот
кадар произлегува од потребата за професионално однесување во образовниот процес.
Подобрувањето на стручните способности на наставникот овозможува континуирано
усвојување, проширување и продлабочување на знаењата, развивање на вештините и
способностите кои се релевантни за успешноста на наставните и воннаставните активности на
ученикот. Целта на работата е оспособување на наставникот-приправник за самостојно,
квалитетно и успешно реализирање на задачите на работното место и подготвување на
приправникот за полагање на стручен испит.
Училиштето располага со адекватно уредени училници во кои се изведува наставата,

Клучни јаки страни


 Училиштето има доволно просторни капацитети кои ги задоволувааат потребите за
квалитетно изведување на наставата,
 Располага со стручна литература по сите наставни предмети која можи непречено да се
користи во текот на целиот работен ден ;
 Училиштето сите вработени ги третира подеднакво
 Училиштето ги следи и им дава помош на наставниците - приправници преку константен
надзор на менторите, давање потребни совети или консултации доколку има потреба
 Училишниот буџет (секогаш е скромен) но се користи наменски при што се подобрува
квалитетот на наставата и учењето а со тоа се обезбедува развојот на училиштето во
целина;
 Постои ефективна и релаксирана комуникација меѓу раководството и наставниците;
 Во училиштето постои добра соработка со стручната служба (педагог,психолог).

Слабости

 Кабинетска настава се изведува само по одделни предмети;


 Недоволен број на наставни средства и помагала;
 Недоволен број на лектирни изданија во библиотеката;
 Потреба за посетување на семинари и обуки за работа со деца со потешкотии во учењето
кои би биле потребни за доусовршување на квалитетен наставен кадар кој сака да си ги
подобри своите стручни способности.

Идни активности: Приоритетни подподрачја (оддели) во рамките на ова подрачје кои може
да бидат вклучени во Програмата за развој на училиштето

 Создавање услови за одвивање на кабинетска настава по сите наставни предмети т.е.


секоја наставник ќе може да има контрола врз наставните средства и помагала по својот
наставен предмет, со што би се дошло до помал процент на оштетувања на компјутерската
опрема во училниците.
 Замена на неупотребливите наставни средства со нови, посовремени, како и
 Збогатување на библиотечниот фонд со нови лектирни изданија соодветни на барањата во
наставните програми по мајчин и странски јазици.
 Создавање услови за стручно усовршување на наставниот кадар преку организирање на
семинари и обуки од разни области

7. Управување, раководење и креирање политика


Орган на управување во училиштето е Училишниот одбор (УО) составен од 9 члена и тоа:
тројца члена претставници од наставниците (избрани на седница на Наставнички совет), тројца
члена претставници од родителите на учениците, двајца члена од локалната самоуправа на
Општина Демир Хисар и еден член од МОН на РМ. По однос на половата застапеност:
претставници од женски пол (5), претставници од машки пол (4). Од именуваните членови е избран
претседател кој ги планира, свикува и раководи со седниците. Училишниот одбор (УО) е
конституиран согласно законската регулатива, Законот за основно образование и Статутот на
училиштето. Надлежностите за управување се јасно дефинирани со Деловник за работа на
Училишен одбор.
Орган на раководење на основното училиште е Директорот кој е одговорен за законитоста во
работата и за материјално - финансиското работење на училиштето. Раководниот орган има
стратешка определба заснована на јасна визија која ги содржи гледиштата и потребите на сите
вклучени страни во животот на училиштето. Покрај директорот во раководењето на училиштето се
вклучени и помошник директорот, педагогот, психологот и сите претседатели на стручните активи
од претходната учебна година
При креирањето на училишната политика и постапките што се содржани во неа, се
информираат сите заинтересирани субјекти и тоа: наставници, родители и ученици. Училиштето во
рамките на своите можности обезбедува транспарентност и информирање на учениците и другите
заинтересирани субјекти преку различни активности. Училиштето има политика во однос на
донесувањето на правила и прописи за однесувањето на учениците. Донесувањето на правила и
прописи на однесување на учениците, градењето на политиката на училиштето врз овие правила,
придонесува во креирањето на здрава училишна клима во ова училиште.

Клучни јаки страни


 Доследно спроведување на Законот за основно образование и негова примена во
училиштето во сите области и сфери;
 Редовно изготвување на Годишна програма за работа на училиштето и Програма за развој
на училиштето;
 Добра соработка помеѓу директорот на училиштето, претседателот и членовите на
Училишниот одбор
 Добра соработка и информираност на родителите за случувањата во училиштето,
поврзани со успехот и дисциплината на учениците;
 Редовно и во континуитет одржување на состаноци на раководниот тим на училиштето со
наставниот кадар
 Отворена соработка и добра комуникација на раководниот тим со вработените;
 Целосно организирање и функционирање на тимската работа меѓу наставниците во
училиштето;

Слабости
 Делумна информираност на Наставничкоит совет за работата на Училишниот одбор од
страна на наставниците членови на УО;
 Да се подобри соработката на раководниот орган и Училишниот одбор со другите
наставници во креирањето на училишната политика.

Идни активности: Приоритетни подподрачја (оддели) во рамките на ова подрачје кои може
да бидат вклучени во Програмата за развој на училиштето
 Поголема ажурност на наставниците членови на УО во однос информираноста на
Наставничкоит совет за работата на Училишниот одбор;
 Поголемо учество на наставниот кадар во креирањето на училишната политика
Во самоевалуацијата на училиштето се идентификувани потребите од промени во
образовниот систем кои се имплементирани во Програмата за развој при што во центарот на
своето работење ќе бидат ставени постигањата на учениците и подобрувањето на работата кое
нешто ја отсликува мисијата , визијата и вредностите на училиштето.

Училишна комисија Училишен одбор


Претседател
_________________ _____________________
/ Жана Јосифоска/ /Даниела Дамјановска/

You might also like