You are on page 1of 6

УЛОГАТА НА ВОДСТВОТО ВО СТРАТЕШКОТО ПЛАНИРАЊЕ

НА СОРАБОТКАТА СО РОДИТЕЛИТЕ

Василка Ѓурчиновски

ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес

vasilka79@yahoo.com

АПСТРАКТ
Партиципирањето на родителите во работата на училиштето станува предизвик
во образовниот процес во XXI век.Лепезата на воспитно-образовни задачи на
училиштето се проширува и родителите можат да земат активно учество во многу
образовни активности. Затоа, ваквиот партнерски однос, во голема мера ќе придонесе
родителот на ученикот да се чувствува како важен фактор во развојот на оптималните
способности на своето дете во процесот на воспитание и образование.

Новото време во кое живееме придонесува да се бараат директори, кои ќе бидат


вистински лидери во своите средини и ќе успеат да ги мотивираат и вклучат
родителите во различни активности се со цел подобрување на квалитетот на
работењето во училиштето, а со тоа да создадат тим и клима на високи очекувања за
успех кај наставниците, учениците и родителите.

Клучни зборови: училиште, ученик, родител, соработка, водство


1. ВОВЕД

Подобрување на квалитетот во образованието е континуиран тренд во


образованието. Тоа бара вклучување на сите субјекти, како во училиштето така и на
државно ниво. За квалитетот во образованието на учениците одговорно е училиштето,
односно водството во училиштето. Развојот на учениците и општеството во целина
зависи од ефектите на воспитно-образовната услуги што им ги дава училиштето на
корисниците.

Во тој контекст партиципирањето на родителите во работата на училиштето


станува императив на времето во кое живееме. Таквиот партнерски однос, во голема
мерка ќе придонесе родителот на ученикот да се чуствува како важен фактор во
развојот на оптималните способности на своето дете во процесот на воспитание и
образование.

2. КВАЛИТЕТНО ВОДЕЊЕ НА УЧИЛИШТЕТО

Денес, повеќе од кога било порано е нагласена потребата од квалитетно водство


во училиштата. Ова прашање сè повеќе се актуелизира сега кога за спроведување на
промените во училиштата многу силно се нагласува улогата на директорот на
училиштето.„Водството претставува однесување или поведение кое им овозможува и
помага на другите да ги постигнат планираните цели“. (Patrick Whitaker)

Целта на водството е да развива чувство за припадност кон организацијата и


кон заедничките вредности и идеи кои стануваат извор на овластување за сето она што
другите мора да го направат. Водството во училиштата ја има главната улога за
воспоставување на позитивна клима меѓу човечките ресурси, а таа се карактеризира со:
- уредна и пријатна средина за работа;
- воспоставен систем на вредности и систем на наградувања;
- воспоставена добра соработка меѓу човечките ресурси и родителите;
- воспоставен систем за развивање на позитивни ставови кај персоналот;
- воспоставен систем за донесување и спроведување на одлуки;
- воспоставен систем на отворени и чесни комуникации.
За да се изгради позитивна клима во училиштето потребно е директорот да ги
поседува сите потребни карактеристики на однесувањето. Но покрај влијанието на
директорот, во формирањето на училишната клима многу силно учествуваат и
наставниците и учениците и нивните родители со своите ставови и однесувања како во
училиштето така и надвор од него. Директорите на училиштата за да се успешни во
извршување на својата работа и да се пред се добри водачи потребно е да поседуваат
одредени менаџерски спобности, креативни вештини, комуникациски вештини,
способност за соработка и градење на доверба.

3. СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ
Вклучувањето на родителите во работата на училиштето е од огромна важност
како за учениците и родителите, така и за училиштето. Инволвирањето на родителите
во воспитно-образовниот процес, неминовно ќе доведе до зголемена меѓусебна помош
во постигнувањето на повисоки образовни резултати, квалитетно решавање на
тековните и заедничките проблеми, размена на искуства и идеи и до подобрување на
условите за работа во училиштето.
Родителите како активни и главни партнери на училиштето треба да имаат
клучна улога во осмислувањето, креирањето и реализирањето на голем број
разновидни училишни и вон наставни активности. Тие се истовремено и во улога на
наш непосреден линк со локалната средина поради што се истовремено и во улога на:
соработници, насочувачи, евалватори и промотори на активностите. Родителите треба
постојано да се анимираат и мотивираат за преземање на партнерска улога во креирање
на обележјата на ефективно и креативно училиште.

3.1. ОБЛИЦИ НА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ РОДИТЕЛОТ И


УЧИЛИШТЕТО

Училиштето треба да им обезбедува на родителите навремени и пристапни


информации за она што се случува во училиштето, а што е релевантно за школувањето
на нивните деца, како и информации што се поврзани со работата и напредувањето на
децата во училиштето.

Континуираната соработка помеѓу родителот и училиштето треба да се одвива


преку следните облици:

- Родителите и наставниците треба заеднички да


пронаоѓаат можности со цел да ги утврдат приоритетите од
интерес за детето;
- Наставниците треба да се запознаат со домашните услови на детето со цел да ги
утврдат содржините и методите на настава кои најмногу му одговараат на детето;

- Наставниците и родителите треба заедно да ги проценат можностите и потребите на


детето;

- Успешноста на соработката меѓу родителите и училиштето зависи од степенот на


размена на информации;

- Родителите треба да учествуваат во утврдувањето на наставните цели и методи;

- Родителите и наставниците треба заеднички да го споделат успехот;

- Директорот, стручната служба и наставниците мора да најдат време да ги слушнат


искажувањата на родителите;

- Вклучување на родителите и учениците во изготвување на плановите на ниво на


училиште;

Соработката со родителите треба се одвива во континуитет во текот на целата


учебна година, и преку организирани родителски средби и индивидуални контакти.
Соработката меѓу учениците, наставниците и родителите најдобро е да се развива низ
толеранција, солидарност и почитување на индивидуалноста и интегритетот на
личноста.
Соработка на училиштето и семејството е педагошка и психолошка категорија.
За успешна реализација на воспитно-образовниот процес неопходна е континуирана
заемна соработка на училиштето и семејството. Училиштето треба се грижи за
подигање на педагошко-психолошкото образование на родителите, за нивно поцелосно
информирање и запознавање со воспитно-образовните цели и задачи на наставната
работа во училиштето, ќе ги запознава родителите со сите промени и реформни зафати.
Ќе им помага на родителите плански и систематски да ги надминуваат и решаваат сите
слабости и проблеми присутни во семејното воспитание.
Кога родителите учествуваат во образованието на своите деца,тогаш расте
мотивираноста и достигнувањето на ученикот.
4. ЗАКЛУЧОК
Заедничката работа на родителите и училиштето во создавањето на подобри
услови за вклученоста на родителите е сигурно решение за успех. Водството во
училиштето треба да создаде позитивни услови што ќе го охрабри вклучувањето на
родителите.
Со цел обезбедување на поголема соработка со родителите треба да се преземат
следните чекори:

 зајакнување на соработката и довербата на родителите кон училиштето,


менаџментот во училиштето и наставничкиот кадар;

 промовирање на активна улога на родителите во осмислувањето, изведувањето и


евалуирањето на наставните и воннаставните активности;

 зајакнување на соработката помеѓу родителите со различно етничко, верско,


културно потекло;

 продлабочување на животните вештини кај родителите како и формирање на


навики кај нив за континуирано самообразование;

 поттикнување на самодовербата и на позитивен однос кај родителите

Соработката на родителите и училиштето се најдобрата поддршка на патот кон


успехот. За нашите деца и за иднината на нашата земја треба да соработуваме при овој
најосновен предизвик во образованието.
БИБЛИОГРАФИЈА/КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Адижес,Исак.(1998) Овладување со промените, ДЕТРА Центар, Скопје

2.Герамитчиевски.Т.,Петковски.К,.ЛамеваБ., (2004) Квалитетното образование и неговото обезбедување,


Образовни рефлекси, 3и4, Биро за развој на образование, Скопје

3. Дракр,П.(2003) Ефективниот раководител, Класика и стил ООД, Софија

4. Друцкер,П.(1996), Иновације и предузетниство, пракса И принципи, Друго издање, Грмец, Београд

5. Efficiency and effectiveness of the teaching process – collection of research papers of the international
professional conference (2011), Municipality Secondary School „Taki Daskalo“, Bitola

6. Eliot,J. (1991), Action research for Education change, Development Teachers an Teaching, Milton Keunes,
Open Universitu. Press, Philadelphia

7. Закон за Бирото за развој на образование, Случбен весник на РМ, бр.

8. Јанкоски, Д.(2002) Организација на образованието, Педагошки факултет, Битола

9. Кралев, Т.Основи на менаџментот, ЦИМ,Скопје,1995.

10. Кралев, Т. (1992), Индустриски менаџмент, Просветно дело, Скопје

11. Миленковска, В. (2004) Организациско комуницирање во основните училишта, Научен собир-


Охрид, Боро графика

12. www.adi.org, "The School Community Journal"

You might also like