You are on page 1of 8

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ

Стојческа, Ѓорѓиоска, М., Серафимова, М., Ѓорѓиоски, Г. „Друштво за наука и


уметност“- Прилеп,

Списание на трудови на ДНУ – ПРИЛЕП, бр. 26-27

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ

Д-р Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска, Бизнис Академија Смилевски, Битола

Д-р Мимоза Серафимова, Факултет за туризам и бизнис логистика, Гевгелија

Гоце Ѓорѓиоски, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп

ВОВЕД
Република Македонија го започна својот пат кон децентрализација и локална
демократија. Централната власт пренесува надлежности и установи на локално ниво, процес со
кој ќе се зголемуваат овластувањата на локалната самоуправа за самостојно управување.
Во оваа насока особено значаен чекор е пренесувањето на надлежностите за основање,
управување и раководење на училиштата од централната власт на општините.
Со засилување на трендот Ефективни училишта, и Училишен менаџмент, училишната
самостојност и Училишните одбори се спомнуваат како начин да се зголеми ефективното
раководење. Денес, заедно со акцентот врз стандардите и гаранцијата на квалитетот, се
соочуваме со појава на изменета улога на Училишните одбори со зголемувањето на
вклученоста на заедницата во училишното управување преку силни и добро воспоставени
училишни одбори, што може да го зголеми квалитетот на наставните и процесите на учење,
генерирајќи позитивен ефект врз степенот на успех кај учениците.
Училишниот одбор има важна улога во образовниот систем. Добро етаблиран,
училишниот одбор може да ја обезбеди потребната поддршка на училиштето за да се подобрат
неговите перформанси како образовна институција и да се подобрат постигнувањата на
учениците.
Образованието е сфера која е значајна за целото општество. Затоа е многу битно
прашањето за демократско управување со училиштата, транспарентноста и прегледноста на
сите процедури и донесување на одлуки. Училиштата мора да се трансформираат во установи
кои ќе бидат управувани на осмислен и коензистентен начин.

1
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ

Во овој контекст, улогата на локалната заедница и на родителите ќе има исклучително


значење. Односно, досегашното релативно пасивно учество е заменето со нивна активна улога
во креирањето на политиките на училиштето и неговиот развој. Нивната вклученост во
училишниот одбор, како најстручно тело коe ќе ги креира политиката и развојот на
училиштето, ќе придонесе да се зајакне квалитетот на образованието во училиштето. Посебно,
улогата на единиците на локалната самоуправа во креирањето на политиката на образованието
на локално ниво ќе придонесе училиштето да има што повеќе врски со локалната средина.
Образованието не дејствува во изолација, како потреба само за себе, туку пред сè за потребите
на локалната средина
За да може Училишниот одбор да одговори на овие потреби мора да развие способност
да работи тимски, да обезбедува соработка, а не ривалство. Училишниот одбор континуирано
треба да стекнува теориски и практични знаења и да не стравува од промените кои се
неопходни во процесот на развојот на училиштето. Значи, пред се, Училишниот одбор треба
заеднички да развива идеи, ставови и вредности кои ќе се обединат во визија за позитивните
промени во училиштето.

Седум навики на високо ефективни членови на училишен одбор


За да се биде член на училиштен одбор, потребно е да се биде подготвен да се
вложува време, да се оди на состаноци еднаш или два пати месечно, да се запознаат и
почитуваат законите за образование, да им се помогне на учениците.
Промените што настанаа со децентрализацијата на образованието предизвикаа
промени и во работата на училишните одбори. Училишниот одбор постепено го добива
своето вистинско место, како орган на управување во училиштата.
Но дури и на најискусните членови на училиштен одбор, оние што се успешни
во работењето, потребно им е познавање за ефективно работење.
Што е потребно за да се биде ефективен член на училиштен одбор?
1. Се фокусира на „ ние“, не „мене“
Секој член од училишниот одбор треба да биде дел од тим, да ги почитува
останатите членови, да соработува со нив, во интерес на училиштето и учениците.
Ефикасните членови на училиштен одбор треба да бидат уверени дека треба да работат
во интерес на учениците, дури и кога имаат дијаметрално различни мислења за тоа
како да се реши проблемот. Членовите на училишниот одбор треба да го ценат
знаењето на другите членови.

2
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ

Има членови на училиштен одбор кои се уверени дека нивното мислење е


правилно и дека имаат најголем придонес за успешно работење на училишниот одбор.
Сепак, ваквите ставови треба уште на почеток да се надминат за да не се уништи духот
на соработката која треба да постои од самиот почеток.
1. Се однесува со почит кон вработените
Ефективните членови на училишниот одбор треба да ги поддржат
раководителите во напорите вработените да бидат одговорни за своите работни места.
Тоа значи поставување високи стандарди кои треба секој да ги почитува за да има
квалитет во работењето. Тоа не значи дека членовите на училишниот одбор не ја
почитува стручноста на вработените. Тие ги почитуваат како експерти во својата
област, кои треба да работат според одредени стандарди, за да има изедначување на
квалитетот на работењето.
2. Се подготвува пред состанокот
Еден од најтешките концепти за јавноста е да се сфати дека без оглед на
работните сесии, состанокот на училишниот одбор не е време за наоѓање факти.
Ефективниот одбор бара неговите членови да подготват прашања пред состанокот.
Значи членовите претходно да се подготват, да можат да поставуваат прашања и
солидно да го разберат проблемот. Оние што со информациите ќе се сретнат прв пат
кога ќе дојдат на состанок, не се доволно подготвени и не можат активно да
учествуваат во дискусија, која води кон решавање на проблемот. Нивната
неподготвеност предизвикува губење време, продолжување на состанокот и негова
неефикасност.
3. Активно слуша
Друг предизвик е да се слушне мислењето на сите и на оние со различни
ставови. Да не се слуша само сопствената идеја. Ефективните членови на училиштен
одбор знаат дека со слушање различни точки на гледање, подобро може да се разгледа
ситуацијата од повеќе аспекти и да се дојде до поквалитетно решение.
Неефективните членови брзаат да донесат некоја одлука, без да се сослушаат
сите заинтересирани за дискусија. Таквите членови го губат угледот кај останатите
членови. Затоа, потребно е да се бараат повеќе факти, податоци, да се сослушаат повеќе
мислења, повеќе гледишта, пред да се донесе одлука.
4. Храбар е

3
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ

Ефективните членови на училиштен одбор ги почитуваат своите принципи и


одлуки, веруваат дека е за доброто на учениците и ги спроведуваат дури и кога се
соочуваат со притисок.
Тие имаат храброст да ги следат зацртаните политики и правила, одлуките што
се донесени врз основа на Законот и за доброто на учениците и покрај силниот
притисок на родителите или заедницата. Полошо е кога учениците би биле без такви
ефективни застапници.
5. Го поддржува школскиот систем и одлуките на одборот
Членовите на училишниот одбор не треба слепо да веруваат дека одборот
секогаш носи вистински одлуки, дека на прави грешки. Грешките се неизбежни.
Меѓутоа, ефективните членови се оптимисти за иднината на системот и се посветени
на решавање на проблемите, без да се губи надеж дека успехот ќе се постигне.
Неефективните членови се фокусираат исклучиво на недостатоците. Без разлика
на предлогот, тие тврдат дека не е правилно решението.
Додека независноста на мислењето е важна, ефективните членови се посветени
на концептот на владеење на мнозинството. Тие остануваат на своите позиции, без да
ги напаѓаат оние што имаат спротивни ставови и даваат поддршка на одлуката на
одборот.
6. Ја знае својата улога
Прифаќањето на разликата помеѓу улогата на училишниот одбор и улогата на
директорот може да биде тешко. Навистина јавноста очекува членовите на одборот да
ги решат проблемите. Работата на ефективниот член на училишниот одбор е да знае
точно која е неговата улога, која е улогата на директорот на училиштето и кој што треба
да спроведува. Само со добра соработка помеѓу членовите на одборот и директорот ќе
има добро работење и резултати кај учениците. Училишниот одбор треба да донесе
соодветни одлуки, а директорот е одговорен за утврдување на најдобриот начин за
нивно спроведување. Tooley, Howes (1999:25).
Најдобри практики
1. Јасно воспоставена структура на управување;
2. Обука на членови на училишни одбори, базирана на идентификувани потреби,
воведување и менторирање на новите членови на училишниот одбор;

4
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ

3. Еднаш месечно се планираат средби фокусирани на усогласувањето на мисијата и


визијата;
4. Помалку од половина од состаноците имаат извршна сесија;
5. Вклучување идни членови на одборот во проекти или комисии, со цел да се
запознаат со работата на училиштето и да им дадат идеја како да се вклучат во
работата на училишниот одбор;
6. Стратешки план за насочување на работата со краткорочни и долгорочни цели;
7. Финансиска комисија за развивање буџет, финансиски политики и процедури и
внатрешна и надворешна ревизија;
8. Потребните материјали за состаноците членовите ги добиваат една недела пред
средбата;
9. Применува упатства кои лесно се разбираат и јасно комуницираат со членовите од
одборот;
10. Се фокусира на резултатите, а не на процесот;
11. Членовите на училишниот одбор работат според законската регулатива;
12. Применуваат проактивен начин на размислување;
13. Разбирање за предностите и слабостите на другите;
14. Оценување на сопствената работа, најмалку еднаш годишно;
15. Програма за работа на училишниот одбор;
16. Ефикасни и продуктивни состаноци;
17. Почитување на Деловник за работа и Кодекс на однесување на членови на
училишниот одбор;
18. Следење на реализацијата на финансискиот план;
19. Индивидуално, членовите на училишниот одбор учат за училиштето и образовните
прашања.
Карактеристики на ефективните училишни одбори
Искуствата од развиените образовни системи ни покажуваат дека ефективните
училишни одбори ги имаат следните карактеристики:
- Фокус на учењето на учениците и најдобриот интерес за сите ученици;
- Промоција на значајно вклучување на родителите и заедницата;
- Отвореност и приемчивост за различни гледишта;
- Активна вклученост во поставувањето на приоритетите на училиштето за
подобрување на резултатите на учениците;

5
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ

- Користење јасни и прецизни процеси за донесување одлуки;


- Редовна комуникација со заедницата;
- Негување заедничка почит, доверба и разбирање;
- Јасно разбирање на улогите и одговорностите на одборот и раководството на
училиштето;
- Заедничка визија за успехот на учениците;
- Добра информираност за политиките и процедурите на одборот;
- Одржување високи етички стандарди;
Членот на училишниот одбор треба да поседува низа лични атрибути и способности.
Верба и надеж во подобра иднина, силна посветеност на образованието и професионалност се
општите способности кои се потребни за да се биде член на училиштен одбор. Дополнително,
потребни се конкретни способности за анализа на буџетот и на плановите, како и за избор на
персонал. Овие способности се сметаат за силни предности кои можат да го зајакнат
исполнувањето на функциите на одборот. Конечно, поради чувствителноста на училишната
средина, мора да се поседуваат и одлични интерперсонални вештини.
Пет клучни карактеристики на ефективен училиштен одбор
1. Ефективните одбори се фокусираат на достигнувањата на учениците
Се става акцент дека сè е насочено кон промовирање на достигнувањата на учениците.
Потребно е да се применуваат високи стандарди, соодветни наставни програми и квалитетен
наставен кадар. Настојувањата на училишните одбори се да се даде поголем придонес кон
учењето на учениците.
2. Ефективните одбори одвојуваат средства за потребите на учениците
Сите ученици во училиштето немаат исти потреби. Задача на училишниот одбор е да
врши распределба на ресурсите според потребите на учениците, да поставува приоритети во
трошењето на средствата.
3. Ефективните одбори го разгледуваат враќањето на инвестицијата
Ефективните одбори ја сфаќаат обврската што ја имаат – отчетност за сопствената
работа спрема заедницата, која им дала доверба, спрема родителите кои му ги довериле своите
деца на училиштето.
4. Ефективните училишни одбори користат податоци
Во текот на работата на училишниот одбор потребно е да се користат податоци. Без
податоци, ефективните одбори не можат да се уверат дека сите ученици, без разлика на пол или
социо-економски статус, еднакво напредуваат кон постигнување високи стандарди.
Предизвиците за учење на учениците, а посебно за обезбедување еднаквост меѓу сите ученици
во остварувањата, се сложени. Интуицијата базирана на оценката на учениците за учење е

6
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ

доволна основа за одредување на образовната политика. Меѓутоа, без податоци, извештаи, не


може да се зборува за враќање на инвестицијата. Заедницата очекува мерливи резултати, за она
што го вложила во образованието.
5. Ефективните училишни одбори се ангажираат за заедницата на која и
служат
Ефективните училишни одбори бараат начини што повеќе да ги вклучат родителите во
креирањето на училишната политика. Ефективните училишни одбори имаат воспоставено
механизми за учество на заедницата во поставување визија на училиштето, ги претставуваат
вредностите на заедницата, ги идентификуваат областите за поставување краткорочни и
долгорочни приоритети.
Дали сите училишни одбори ги имаат овие пет карактеристики?
Можеби не, но може да се подобри нивната ефикасност преку преземање
иницијативи за одговорност од страна на нивните членови, кога имаат визија, постепено
демонстрираат лидерство. Комбинацијата на овие атрибути резултира во донесување правилни
одлуки со кои се подобрува ефикасноста на училишните одбори.
Доброто управување во училиштата зависи од воспоставувањето на ефективни
Училишни одбори кои добро ги познаваат и прифаќаат своите задачи.
ЗАКЛУЧОК
Училишните одбори имаат основна улога во работата на училиштата. Резултат кој
може да произлезе од еден силен училиштен одбор е училиште со кое добро се управува и кое
има добро реноме во локалната заедница. Во процесот на децентрализација, улогата на
училишните одбори станува сè позначајна бидејќи одговорноста за управување на образовните
структури е пренесена во рацете на оние што имаат дадено најголем влог: општините,
наставниците и родителите.
Преку обуките, членовите на училишните одбори пројавија голем интерес не само за
исполнување на нивните одговорности туку и за преземање многу проактивни иницијативи.. И
покрај тоа што резултатите од проектот веќе се видливи, одржливоста останува едно од
клучните полиња на кои треба да се продолжи да се работи и во иднина.
Клучни зборови: училиштен одбор, децентрализација, образование,
управување.
SUMMARY
In the schools the primary role has the school boards.
The result that can come up from one school board is well managed school that has
good reputation in the local community. In the process of school decentralization the role of

7
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ

school boards is becoming more important, because responsibility for the management of
education have the ones who have a major investment: the municipalities, the parents and the
teachers.
Key words: school boards, decentralization, education, management.

БИБЛИОГРАФИЈА
1. Ананиев. Ј. Образованието и децентрализацијата, Винсент Графика, Скопје,
2006
2. Анализа на капацитетите за добро управување во образованието, извештај,
Фондација Институт отворено општество на Македонија, Скопје, 2008
3. Беналал, С. Јакнење на училишните одбори во образовниот систем на
Македонија, УСАИД, СЕА, Сkопје, 2008
4. Bush, T.; Bell, L.; Bolam, R.; Glatter, R. and Ribbins, P Educational
Management:Rredefining theory, policy and practise, London Paul Chapman SAGE
1999
5. Donald, R. MaAdams, R. What School Boards Can Do, Teacher College press, New
York, 2006
6. Drucker, P.F. The Age of Discontinuity, Guidelines to Our Changing Society. London:
Transaction Publishers, 2000
7. Eugene, R. Effective Schools Boards, Jossey – Bass publishers, 1999
8. Everard, K.B., Morris, G. Wilson I. Effective School management. 4-th
edotion.London: Paul Champan Publishing Ltd, 2004
9. Fullan, M.G. The new meaning of Educational Change, 3nd edition, London,
RoutledgeFalmer andTeachers Ciollege; New York: Columbia University, 2001
10. Frederic, H. Allen, J. Effective Schools Through Effective Management, Illinois Assoc
Of School, 2001
11. Прирачник за училишни одбори на основни и средни училишта,УСАИД,
Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје, 2009
12. Rene, S. Brown, J.A practical Guide to Effective School Board Meetings, Corwin
Press, Thousand Oaks, 2005
13. Спасов, Љ. Дцентрализација во Македонија (Рамномерен регионален развој и
образование, состојби и перспективи), Фондација Фридрих Екберт, Скопје, 2008

You might also like