You are on page 1of 15

УНИВЕРЗИТЕТ „Св.

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- БИТОЛА


ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА
СО НАСЛОВ:

УЧИЛИШНА ДИСЦИПЛИНА

ПРЕДМЕТ:

МЕТОДИКА НА ВОСПИТНА РАБОТА

Изработил: Александар Ментор: Проф. Д-р Биљана Цветкова


Пандовски Димов
Бр. на индекс 1610

Битола 2020
СОДРЖИНА

ВОВЕД ..........................................................................................................................................1
ШТО ПРЕТСТАВУВА УЧИЛИШНАТА ДИСЦИПЛНА.........................................................2
ШТО ВО СУШТИНА ПРЕТСТАВУВА УЧЕНИЧКАТА ДИСЦИПЛИНА? .........................3
ПРИРОДА НА УЧЕНИЧКА НЕПОСЛУШНОСТ....................................................................5
ПРИЧИНИ ЗА УЧЕНИЧКА НЕПОСЛУШНОСТ......................................................................5
ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНА НА ЧАСОТ...............................................................7
ПРЕВЕНТИВНА ДИСЦИПЛИНА .............................................................................................8
ПОСТАПКИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕСООДВЕТНО ОДНЕСУВАЊЕ.........................9
АТМОСФЕРА НА ЧАСОТ ..........................................................................................................9
СОЗДАВАЊЕ НА ПОГОДНА АТМОСФЕРА НА ЧАСОТ.....................................................11
ЗАКЛУЧОК ..................................................................................................................................12
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА......................................................................................................13
ВОВЕД

Проблемот дисциплина може да се ублажи или да се подобри со подучување


или одговорни правила за однесување кои наставниците ги донеле заедно со
учениците. Денес во светот се познати два позитивни методи за одржување на
училишната дисциплина во светот: позитивна дисциплина како школски модел која е
насочен на ученикот и го нагласува развојот на самодисциплина и во неа ги
вбројуваме мислите и емоциите додека асертивната дисциплина е насочена кон
наставникот. Заедно со дисциплината многу е важна и класната атмосфера која може
силно да учествува на ученичката мотивација самиот однос кон учењето. Класната
атмосфера која најдобро ги поттикнува и ги мотивира учениците е токму оној кој се
опишува како целосен, опуштен, срдечен и среден.

КЛУЧНИ ПОИМИ: позитивна дисциплина, асертивна дисциплина, класна атмосфера..

1
ШТО ПРЕТСТАВУВА УЧИЛИШНАТА ДИСЦИПЛИНА?

Поимот дисциплина има латинско потекло и значи учење. Изворно се користела за


самодисциплина потребна за извршување на некои задачи а денес спрема Клавичевиот
речник (1987) се користи според збир на прописи за одржување на поредокот на некои
установи и организации. Целта на дисциплината е да спречи појава на проблеми или
доколку се појавил одреден проблем истиот да не се повтори. Денес во светот се
познати два модела на дисциплини. Првата е позитивна дисциплина создадена од Џејн
Нелсон и нејзиниот соработник и асертивна дисциплина создадена од Ли Канитер и
Марине Кантер. Позитивната дисциплина е насочена кој ученикот каде што се
нагласува самиот развој на самодисциплина на која и следуваат мислите и емоциите.
Со примената на оваа дисциплина се задоволуваат потребите на ученикот за:

 Автономност ( самостојност)- Потребата своеволно и самостојно да ги бира


активностите и да донесуваме одлуки важни за нас и за нашиот живот.
 Компетенција ( натпреварување)- претставува потребата да се чувствуваме
посебни и да имаме контрола над околината.
 Поврзаност- односно добрите односи со другите. Овој п0оим се однесува на
потребата за блиски и сигурни извори со другите луѓе кои не го поттикнуваат
чувството на компетентност и не ја загрозуваат нашата автономија.

Сите луѓе вклучувајќи возрасните но и учениците сакаат кога сами можат да


одлучуваат за она што го сакаат, она што им е важно без разлика дали прво би
напишале домашна задача па подоцна да си играат и тоа на која тема ќе напишат
одредена задача и како ќе одат на излет. По сето ова можеме да заклучиме дека малите
нешта и чувството на слобода доведуваат до чувство на задоволство а со тоа имаме
помалку проблеми поврзани со дисциплината. Другата потреба е да се потенцира на
тоа дека секој ученик има потреба за да се покаже себеси а со тоа и на другите дека
барем во нешто е успешен т.е. компетентен. Тоа на голем број ученици им успева.
Некои ученици се добри, некои се исклучително надарени за одреден предмет малку
полоши во одреден спорт или некоја друга слична активност. Но постојат и ученици
кои во ниту едно подрачје не се толку добри како и нивните соученици и за ваквите
ученици училиштето тешко искуство бидејќи секојдневно се соочуваат со одредени
неуспеси. Ваквите ученици се постојано фрустрирани, напнати и склони кон
несоодветно однесување па затоа многу често некои од нив ( посебно тинејџерите) се

2
соочуваат со користење на одредени пороци како алкохол, дрога и однесување кое
прозрачно е нивна маска за да изгледаат опасно пред соучениците. Затоа секој ученик
има потреба да биде прифатен, има потреба од пријатели и ученици од самото
одделение. На некои ученици тоа за жал не им успева. Некои имаат лоши социјални
вештини, повлечени се или доаѓаат од сосема споредна околина и опкружување а
некои пак не знаат како да се вклопат во самото опкружување. Во овие случаеви каде
што ученикот не може да се вклопи ученикот барајќи свое место на улица често
завршува во лоши друштва. Опишаниот модел на позитивната дисциплина се противи
на употребата на награда, пофалба и казна. Се темели на доброто однесување на
учениците и наставникот како и нивното постојано договарање и решавање на
одредени проблеми. Ако некој т.н. не слуша му претходат логички последици како на
пр: Не си одвоил доволно време за читање на лектирата па не е ни чудо што си
добил/а единица!!. Од друга страна асертивната дисциплина е насочена кон
наставникот. Се темели на правилата и коректното однесување и постапки во случај на
кршење на одредени правила. Ваквите корективни постапки како награди, пофалници,
казни се клучни компоненти на овој модел и служат не само во текот на траењето на
проблемот туку и во нивното спречување во создавањето на самодисциплина. Према
сето ова што го наведовме можеме да заклучиме дека оваа асертивна дисциплина е
краткорочно ефикасна но доколку играме со некои други долгорочни ефекти најдобра
е позитивната дисциплина. Кога сето ова би го комбинирале не би добиле некои
спектакуларни резултати бидејќи е многу тешко да се раздвојат учениците со
поединечни пристапи ( Ријавиц и Миљковиќ 2010).

ШТО ВО СУШТИНА ПРEТСТАВУВА УЧИЛИШНАТА ДИСЦИПЛИНА?

Дисциплината во глобално значење претставува ред во училницата за да


учениците делотворно учат. Постојат голем број на книги кои нудат здрави
психолошки и практични совети ( Робертсон 1996, Роџерс 1994) и такви кои ги
наведуваат резултатите добиени од одредени истражувања во врска со наставниците и
учениците а воедно и споделените искуства. Според Елтоновиот извештај (DES, 1989)
се кажува дека дисциплината е една од најинтересните области за студентите кои учат

3
за наставници а воедно овој извештај е прогласен за важен во9 своето подрачје посебно
усовршување на искусните наставници. Редот во училницата е потребен бидејќи
учениците повеќе учат во текот на нивните активности. За одржување на дисциплината
е најважно да го постигнеме потребниот ред и мир со умешноста за делотворно со
нашиот однос према непослушноста на учениците. Доколку наставните активности се
добро испланирани, припремени, доколку наставните единици поттикнуваат и
одржуваат ученичка заинтересираност и соработка, доколку активностите се
предизвикувачки и ни пружат реалистични изгледи за успех заедно со постигнување
на сите овие активности се воспоставува потребниот ред и мир. Успешното учење и
подучување се темели на добрата дисциплина. Учениците може повремено да бидат
непослушни бидејќи овој проблем и се случува дури и на најискусните наставници и
како проблем мора да се реши. Погрешно е тоа да мислиме дека со дисциплината како
метод ќе решиме одреден проблем на ученичка непослушност одвоено од самото
подучување но уште поголема грешка е дека ќе воспоставиме дисциплина со
доминација спрема учениците и влевање на одредена доза на страв. Со ваквата
доминација на себеси можеме да ја направиме ученичката непослушност смирена само
привремена. Ваквото однесување е несоодветно и непожелно бидејќи не можеме да
воспоставиме позитивна класна атмосфера потребна за успешно изведување на
наставата. Она што ќе го одврати вниманието на наставничкото внимание а со тоа и
квалитетното учење би било погубно за постигнување на редот во училницата
(Kyriacou, 2001). За да го одржиме редот и мирот во училницата треба да поставиме
јасни правила и прописи за соодветно однесување во училницата и општо во самата
образовна институција. Доколку на самиот почеток наставникот не создаде соодветни
правила и прописи за однесувањето на учениците во училницата му допуштаат на
учениците да прават што сакаат а воедно му ги ограничуваат т.е. граници во нивното
однесување. За да учениците бидат мотивирани и да се придржуваат до одредени
правила треба и тие да се вклуче4ни во тој процес на создавање на тие правила и
прописи и детално да им се објасни за што служат тие правила и на кој начин истите
се почитуваат. Воедно со почитувањето на овие заедничко донесени правила и одлуки
можеме да ги пофалиме или наградиме учениците доколку без никакви ограничувања
се придржуваат кон нив.

4
ПРИРОДА НА УЧЕНИЧКАТА НЕПОСЛУШНОСТ

Ученичката непослушност е главно и прилично детинет. Некои од најчестите


видови на непослушност со кои наставниците најповеќе се среќаваат во училница се.

 Зборување и мешање во разговор


 Галама ( односно довикување меѓусебно, тропање на маса..)
 Духовна отсутност
 Неизвршување на задачи
 Напуштање на местото без никаква причина
 Пречење на другите ученици
 Доцнење на настава

Наведените проблеми може да се ублажат со добро подучување или со договор


за правилата на однесување по кои учениците мора да се придржуваат. Треба да знаеме
дека непослушноста на децата е широк спектар на процеси кои варираат од прилично
неважни до сериозно важни. Зависно од наставникот варира и очекуваното однесување
на ученикот. Еден наставник може да има потполна тишина за време на час додека
учениците работат додека другите наставници се соочуваат со прилична
непослушност. Самата дисциплина на часот не зависи само од наставникот неговото
однесување и барањата туку од неговите очекувања но и самите карактеристики на
училиштето. Спрема сето ова можеме да заклучиме дека дисциплината и редот во една
училница зависи првобитно од поставувањето на наставникот спрема учениците.
Доколку наставникот добро го организира часот и го втемели во доброто и
заедничкото почитување непослушноста на учениците може да се сведе на минимум.

ПРИЧИНИ ЗА УЧЕНИЧКА НЕПОСЛУШНОСТ

Општо познато е дека секој ученик би учел или лошо би владеел со материјалот
доколку за тоа постои вист6инска причина и мотив. Поради тоа должноста на секој

5
наставник е на ученикот да им олеснат колку што е можно за тие добро да владеат со
материјалот. Некои од најважните причини за непослушност се:

 ДОСАДАТА: До не асе доаѓа доколку активностите на часот се организирани и


испланирани така што кај учениците не успеваат да им го зачуваат вниманието
и да го одржат активното размислување, доколку активноста не е прилагоди за
нивната возраст итн.
 ДОЛГОТРАЕН УМСТВЕН НАПОР: До него често се доаѓа бидејќи голем дел
од школските активности бара напорен умствен тренинг и сето тоа ги исцрпува
учениците. И сами знаеме колку е тешко кога не можеме да го предадеме
материјалот за да истиот биде прилагоден за возраста која треба да го совлада.
 НЕМОЖНОСТА ДА СЕ ИЗВРШИ НЕКОЈА АКТИВНОСТ: до ова доаѓа
кога на учениците им е зададена тешка задача и не разбираат што се бара во
истата.
 ДРУЖЕЉУБИВОСТ: учениците во училиште живеат со слободен друштвен
живот. Во текот на своето одење во школо учениците создаваат пријателства,
шират пријателства, се прават првите расправии и судири на интереси,
создаваат заеднички интереси итн. Тој начин на социјализација ( друштвена)
често знае да се пресели во текот на времетраењето на часот па често учениците
своите разговори ги пренесуваат и во тек на наставниот час.
 НИСКА УЧЕНИЧКА САМОСВЕСТ: некои ученици имаат потреба од
самодоверба како што кај некои ученици е дело на минатото. Присутноста на
недостатокот на самодоверба учениците знаат потполно да ја применат да се
откажат од ученичките очекувања кои се дел од позитивното наставно
задоволство.
 ЕМОЦИОНАЛНИ ПРОБЛЕМИ: Поедини ученици може да имаат и
емоционални проблеми со што им се отежнува прилагодувањето на барањата од
животот во училиште или академските барања во врска со наставата. Но исто
така овие емоционални проблеми може и да настанат како последица после
завршување на училиштето или занемарувањата во домашната атмосфера. Овој
тип на ученици својата самодоверба ја пресликуваат во честото предизвикување
на проблеми и предизвикување на насилно внимание.
 НЕГАТИВЕН ОДНОС: постојат уленици кои не го ценат добриот успех во
школо па знаат целосно да откажат ( исклучат) од предаваното наставно

6
градиво согледувајќи го како досадно, неинтересно, напорно или бесмислено.
Исто така многу често се трудат да го избегнат часот со доцнење или
притајување и работа сосема на минимално ниво.
 НЕДОСТАТОК НА НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ: ако ученикот почне со
лошо владеење на материјалот наставникот е должен да поработи на тоа и да ги
согледа причините за тој проблем. Наставникот со движења и разговор може да
го натера ученикот повторно да врати во колосек. Но доколку ученикот не се
потруди да ја разбере суштината на проблемот и решението кое му се нуди како
помош во тој случај продолжува со тоа што тој мисли дека е правилно.

ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНА ВО УЧИЛНИЦАТА

Создавање на клима во училницата и процесот на учење Климата или


атмосферата во училницата и процесот на изведување на наставата се постигнува кога
зае4днички е постигната и усмереноста, вниманието и одржувањето на тоа внимание
заедно со заедничките интереси и активности на предметот кој е цел на изучување.
Така нема да има потреба од различни облици на однесување во поглед на оттргнување
на вниманието и желбата да се пронајде начин за изведување на одредени процеси како
досада и незаинтересираност . Постигнувањето на климата на учење се остварува
заедно со целите на оспособување на ученикот за самостојна работа, самодисциплина и
креативност. Ниту еден облик на организација на наставата нема сама по себе нема да
ни даде соодветна клима во процесот на учење. Строгите и традиционални фронтални
настави се малку погодни за настанување на клима на учење за разлика од
индивидуалните наставни процеси иако во двата типа на настава наставникот е тој што
ја игра главната улога. Врз основа на познавањата на потребите интересите и можноста
на ученикот добриот наставник сам одредува која комбинација на структурен план,
слобода, препуштање на иницијатива, давање и исклучување на информации ќе ги
воведе. Врз темелите на горенаведените комбинации наставниот процес се претвора во
меѓусебна соработка за заеднички.

7
ПРЕВЕНТИВНА ДИСЦИПЛИНА

Современата педагошка психологија денес ја напушта праксата за откривање


на причините за недисциплина во училницата и нејзините причини. Од праксата е
познато дека кога веќе се појавило одредено несоодветно однесување во училницата
наставникот нема доволно можности да се справи со ситуацијата и можеме да кажеме
дека во тој поглед сите наставници ( со исклучок) се скоро неуспешни. Важни се
разликите во постапките и квалитетите на наставата кај оние наставници кои што ја
спречуваат недисциплината и оние кои во тоа се многу вешти. Затоа можеме да
заклучиме дека за спречување на настанатата недисциплина во училницата е
вистинскиот одговор на тоа како истата да се спречи со наставничкото внимание. Сето
тоа може да се спречи со активности кои имаат за задача добро да се управува со
наставниот процес и добрата организација. За сето ова да го спречиме потребно е:
 Наставникот секогаш да знае што се се случува во училницата да го укажува на
грешките и да реагира на одредени сето тоа. Ова претставува единствен начин
за спречување на појавата на недисциплината, за воочување на истата и
отстранување пред та да се прошири.
 Истовремено насочување на вниманието на неколку паралелки и подучувањето
и следењето на учениците, менување на бојата на гласот или набљудување на
некои ученици за време на наставниот процес е исто многу значајна метода.
Треба да водиме грижа за да можеме да воспоставиме ред и дисциплина без
притоа да ја прекинеме наставата и да го оттргнеме вниманието на ученикот.
 Да бидеме сигурни дека непрекинатиот тек на часот е добро испланиран и дека
на секој ученик сме му доделиле јасна задача и воспоставиле релативно брз тек
на одвивање на активностите. Со ваквите брзи временски активности на
ученикот му овозможуваме постојана зафатеност на одредената задача ,
завршување на истата и соодветно задржано внимание. Исто така треба да
бидеме сигурни дека нема да имаме прекинувања за да не дојде до некое
нападно однесување.
Примената на сите овие методи на управување со процесот на подучување учениците
се повеќе се фокусирани на часот а помалку фокусирани кон предизвикување на

8
нереди и несоодветно однесување како и активности кои се неповрзани за зададената
задача. Вака самата настава ќе биде изведувана без прекини а учењето ќе биде
профитабилно и значајно.

ПОСТАПКИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕСООДВЕТНО ОДНЕСУВАЊЕ

Доколку добрата организираност на часот, добро испланираната организација


на учениците и добро поставените правила повторно се појават одредени
недоразбирања во училницата потребно е да реагираме брзо со цел истите да не
прерастат во нешто поголемо. Треба да знаеме дека подобро проблемот во училницата
треба да го решиме пред истиот да стане поголем и да ни избега од контрола целата
ситуација. Малите невниманија и прекршоци треба да ги решаваме со поглед. Што се
однесува до на тешките прекршоци ( удирање на наставник без разлика намерно или
не, удирање на ученик со предмети и слично) се проблеми кои можеме да ги решиме
на два начини. Најпрво несоодветното однесување го прекинуваме без тоа да влијае
врз наставниот процес, а подоцна наставникот со откривање на причините за
настанатиот проблем применува соодветна мерка казнена или само дисциплинска со
што спречува појава на истата.

АТМОСФЕРА НА ЧАСОТ

Атмосферата на часот ја дефинираме како хуман квалитет меѓу односот на


наставникот со ученикот меѓусебно. Но не станува збор за тоа да му угодуваме на
ученикот односно атмосферата на часот најдобро помага при учење. " Атмосферата на
часот која наставникот ја воспостави може силно да делува на ученичката мотивација
и ставовите спрема учењето. Потребна е умешност за креирање на позитивна
атмосфера на часот која е многу значајна." .“[Kyriacou, 2001]. Поттикнатата атмосфера
на часот ја обележува:
 Взаемното почитување или респект – респект е латински назив а
означува промислување за одредено дејствие на нешто на кое ќе се насочуваме
или нешто што го уважуваме. Тоа не се однесува на т.н. тапо толерирање туку

9
на друштвен настан или поттикнување на човекот. Респектот се препознава по
взаемната учтивост додека спротивното однесување се смета за понижување.
 Соодветно придржување на правилата: создава довербата во работните
односи а сето тоа делува врз наставните резултати и на атмосферата на часот.
Не е дозволено да се однесуваме со учениците како тие да се наши робови и да
се придржуваме кон строги правила без ни малку соучество, потребно е да се
најде заедничка оптимална мерка и решение за да не дојде до несакани
последици кои подоцна би создавале додатни проблеми и препреки. Затоа
наставниците понекогаш недвосмислено искажуваат до кои граници може да се
оди но понекогаш замижуваат.
 Заедничка поделба на одговорностите: Силата и големата можност на
наставата е во тоа што овозможува учење во заедница. Кога наставата не би
била упатена кон заеднички цели истата би била организирана малку поинаку
или преку интернет. Затоа преземањето на одговорноста за процесот на
самостојно учење и учење на ученици е важен елемент во заедницата и учењето
во неа. Спротивноста на заедничката поделеност на одговорностите е постојано
префрлање на кривицата на тоа дека сме имале многу малку добра ситуација.
 Праведноста на наставникот према поединци и цела група на ученици:
Праведноста може да расте само ако двете страни наставник и ученик се
заложуваат и се трудат соодветна и искрена артикулација на интереси и нивно
ускладување и затоа во сето ова најголема улога има самиот наставник.
Спротивноста на праведноста е изигрување , преференцијално на поедини
ученици, и површинското согледување на одредени ситуации во поглед на
оценувањето.
Грижа на наставниците и учениците меѓусебно: Грижата е потребна за да бидеме
сигурни во нашата подготвеност и доволна подготовка во спремањето на учениците.
Се изразува со опширноста на наставникот кој ја води наставата но и спремноста за
помош и пријателски сооднос со учениците. Професионалноста на наставникот би
требало да пружа љубов сила време за грижа а ако не може тогаш треба да побара
соодветна помош. Се смета дека учениците повеќе учат кога имаат чувство дека
наставникот ги сака [Meyer, 2005.]
Освен горенаведените обележја за атмосфера на часот постојат и индикатори за
поттикната атмосфера на часот:
 Наставникот спрема учениците се однесува со почит
10
 Ниеден ученик не е дискриминиран поради лошите оценки
 Учениците во процесот на учење меѓусебно си помагаат
 Нема агресивно однесување на поедини ученици према другите
 Учениците меѓусебно не се навредуваат
 Нивниот јазик е лишен од пцовки и лоши зборови
 Не даваме предност на едни а ги оттурнуваме другите ученици
 Немаме соперништва и борби за моќ меѓу учениците
 Постојат јасно дефинирани одделенски должности
 Учениците меѓусебно се договараат за правилата и однесувањето
 Тие и тука и дома и во школскиот двор постојано се забавуваат и се смеат
Една од најзначајните и потребните наставнички компетенции е воспоставување на
позитивна атмосфера на часот. Затоа пожелно е наставниците да знаат:
 Да пратат проучуваат и интервенираат за да бидат сигурни во учењето и
дисциплината
 Да воспостават и да одржат разновидна работна атмосфера
 Да одредат високи очекувања во врска со ученичкото однесување, да
поттикнуваат дисциплина, да одржуваат дисциплина со помош на цврсто изјаснети
ставови на позитивен и продуктивен однос.
 Да овозможат сигурно опкружување кое помага во учењето така што учениците
би се чувствувале сигурни и имаат верба во своите квалитети.

СОЗДАВАЊЕ ПОГОДНА АТМОСФЕРА НА ЧАСОТ

Одделенскиот час кој наставникот го воспоставува може значајно и силно да


влијае врз учениците вклучувајќи ја ученичката мотивација и давање сам свој
допридонес во учењето. Затоа е многу важно часот да биде изготвен во позитивна
атмосфера. Часот треба да биде со цел, работен, срдечен, поттикнувајќи и среден. Вака
воспоставен час овозможува подобро учење и задржување на вниманието на
учениците. Целта и работата на часот се темелат на начинот на кој наставникот ја
истакнува потребата за постојаната потреба за напредок во учењето. Затоа времето не
смееме залудно да го губиме. Затоа брзиот почеток на наставата грижливото пратење
на учениците и нивниот напредок, добрата организираност се сигурни показатели на
тоа дека сме направиле одличен час и непрекинато учество на учениците. Кога
наставникот ќе дозволи некои неважни работи да ја прекинат наставата или тонот на

11
неговиот глас или полошо да каже дека денешната лекција не е толку важна тогаш кај
учениците имаме закана од непослушност, незаинтересираност, невнимание и
несоодветно однесување (игра не телефон, постојано бараат да излегуваат, си пишува
пораки со другарчето итн.). Затоа треба да внимаваме кои делови и на кој начин ги
искажуваме. Значењето на опустеноста срдечноста и поттикнатоста на наставникот е
од големо значење.

ЗАКЛУЧОК

Во рамките на воспитанието и образованието, поимот дисциплина се однесува на


однесувањето на наставникот што е реакција на однесувањето на ученикот што го попречува
редот, безбедноста и самиот процес на учење. Чарлс (1992) наведе пет категории на непожелно
однесување во училницата, имено: агресија, нечесност, пркос на авторитет, нарушување на
редот и неучество во работата. Дисциплината на учениците или недисциплината се посочува
како еден од најголемите проблеми во училиштето, и од наставниците и од директорите и од
родителите. [Галиќ, 2013]
Дисциплината треба да се спроведува од прво одделение за да се користат што помалку
казнени педагошки мерки и што повеќе пофалби и награди. Таквата состојба ги олеснува
работата и животот на сите учесници во образовниот процес во и надвор од училиште.
Доколку има проблеми со дисциплината, тие се решаваат на час, односно на училиште, и ако е
можно без вклучување на родителите. „Целта на добрата дисциплина е да се научи на детето
подобро однесување и да се избегне сличен проблем во иднина. Добрата дисциплина, по
правило, значи подобра врска помеѓу возрасен и дете. “[Госен, 1994: 32]
Создавањето позитивна атмосфера не е лесна задача ако земете предвид дека училиштето е
дел од системот воден од бројни правила, пропишани услови, систем за оценување итн. Сепак,
постои можност за избор и дизајн за да се создаде позитивна атмосфера. Пожелно е
училиштето да има клима на поддршка и топло прифаќање, така што учениците и
наставниците се задоволни што остануваат во него. Треба да работиме на фактот дека
училиштето е уредно и топло опкружување, богато со воннаставни активности и дека содржи
добронамерни луѓе кои ја формираат основата на позитивна училишна атмосфера. [Совет,
2012,]

12
ЛИТЕРАТУРА

1. Kyriacou C (2001.), Temeljna nastavna umijeća, Zagreb: Educa

2. Meyer H (2005), Što je dobra nastava, Zagreb: EruditA

3. Rijavec M, Miljković D (2010.), Pozitivna disciplina u razredu, Zagreb: IEP- D2

4. Andrilović V, Čudina- Obradović M (1996.), Psihologija učenja i nastave, Zagreb: Školska


knjiga

5. Council B (2012.), Upravljanje razredom, Zagreb: Printera Grupa d.o.o., preuzeto


sa:15.01.2017.

6. Galić M (2013.), Ostvarivanje discipline u razredu, preuzeto sa:


http://www.istrazime.com/skolska-psihologija/ostvarivanje-discipline-u-razredu/ 15.01.2017.

7. Rađenović A, Smiljanić M (2007.), Priručnik za razrednike, Zagreb: Alineja

13

You might also like