You are on page 1of 2

2.4.

Генерирање на електрична енергија и насочување на наизменичниот


напон

Алтернаторот може да се подели на три функционални целини : наизменичен 3-фазен


генератор, диоден исправувач на ел. Струја и регулатор на напон.

Сл.1. Шема на трофазен генератор (алтернатор)


Еднонасочната струја поминува преку четкиците и клизните прстени на роторските
намотки (побудни намотки). На роторот се појавува магнетско поле кое со роторските
полови преминува на статорот и повтрорно се враќа на роторот. Заради вртењата на
роторот во статорот се јавува променливо магнетно поле кое индуцира наизменични
напони.
Три наизменични напони одат на диодите на исправувачот каде се претваараат во еден
еднонасочен напон. Тој напон се праќа во две насоки, едната насока е напојување на
надворешните потрошувачи, а другата насока е напојување на роторските намотки преку
регулаторот на напон.

Претворувањето на наизменичната струја во еднонасочна настанува во трофазниот


диоден исправувач. Диодите се поединечни и се поставени во конструкција која
обезбедува добро ладење на диодите.
Диодата е електронички елемент со две електроди: анода и катода. Електричната струја
низ диодата може да поминува само во една насока (кога + полот е поврзан на анодата, а –
полот на катодата). Кога имаме спротивен поларитет струјата не тече.
Диодите се направени од силициум ( P и N тип на силициум) и се осетливи на преголема
температура. Затоа е битно диодите да се ладат добро бидејќи со зголемување на
температурата во исправувачот може да дојде до нивно прегревање.

Сл.2. Поединечни диоди Сл.3. Диоди вградени во држач за диоди во


алтернаторот

Сл.4. Исправувачки спој


За исправување на трофазната наизменична струја во алтернаторот постојат 9 диоди.
Шест се главни диоди и уште три диоди за потребите на регулаторот на напонот. Диодите
се споени во држач (мост), тие можат да бидат позитивни и негативни. Кај позитивните
постои + пол во облик на извадоци, а негативниот пол е куќиштето во кое се сместени
диодите. Кај негативните диоди е спротивно.

You might also like