You are on page 1of 9

РЕЛЕЈНА ЗАШТИТА НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ПОСТРОЈКИ

ПРЕКУСТРУЈНА НЕЗАВИСНА ЗАШТИТА

Прекуструјната независна заштита може да се користи за заштита на високонапонски


мрежи, генератори, трансформатори и останатите елементи на системот. На сл. 6. 12. е
прикажан дел од радијална електрична мрежа, штитен со прекуструјна независна
заштита. За да се постигне селективност потребно е да се изврши струјновременско
степенување на заштитата при што разликата во времето на исклучување во однос на
претходниот вод се нарекува степен на селективност (∆t).

Степенот на селективност може да изнесува 0,4 s до 0,6 s и зависи од точноста на мерните


струјни трансформатори и точноста на прекуструјните независни релеи. Од сл. 6. 12. се
воочува дека колку е грешката поблиску до генераторите, што значи дека струјата на куса
врска е поголема,
времето на
исклучување на
грешката е
поголемо што е
неповолно за
генераторот.

Сл. 6. 12. Степенување на преку струјна заштита

При двострано напојувани мрежи не може да се постигне селективност ако не се


употребат релеи на насока. На сл. 6. 13. е дадена шема на постигнување селективност при
двострано напојувана мрежа.

Сл. 6.13. Степенување на преку


струјна заштита при двострано
напојување

1
Основен принцип на постигнување селективност во ваква мрежа е да се усвои дека
позитивна насока на поврзување на релејот е од собирницата кон водот. Ако насоката на
енергијата на грешка се совпаѓа со оваа насока истата проработува, а во спротивно
блокира (сл. 6. 14).

Сл. 6. 14. Принцип на работа на насочувачки релеј на моќност

Прекуструјна независна заштита се користи како основна заштита на сите елементи во


мрежата или како резервна заштита во поголемиот број елементи штитени со друг вид
заштита.

ПРЕКУСТРУЈНА ЗАВИСНА ЗАШТИТА

Прекуструјната зависна заштита се реализира со прекуструјните зависни релеи. Таа има


предност при заштита од куси врски во т.н. замкасти мрежи, заради зависноста на
времето од големината на струјата на грешка, но при радијални мрежи е тешко
применлива. Оваа заштита може да се користи како заштита од преоптоварување, а ако
се употребат релеи со комбинирана карактеристика за комплетна заштита на
електромотори и др.

2
ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Заради своите карактеристики диференцијалната заштита се користи за заштита на


трансформатори, генератори, собирници, водови итн. Таа се карактеризира со голема
брзина на исклучување ((0,04 s 0,06 s) и селективност, вградена во нејзиниот принцип на
работа.

Најчесто диференцијалната заштита се реализира со стабилизирани релеи. Кога истата се


користи за штитење на водови, посебен проблем претставува преносот на мерните
вредности на струјата од едниот кон другиот крај на далноводот заради што е ограничена
должината на водовите што може да се штитат со оваа заштита.

Разликуваме надолжна диференцијална заштита и напречна диференцијална заштита.


Надолжната диференцијална заштита се користи за водови, генератори и
трансформатори, а напречната диференцијална заштита за водови и трансформатори кои
работат паралелно.

Со диференцијална заштита се штитат поважните елементи од високонапонските мрежи


како куси водови и енергетски трансформатори со моќности поголеми од 8 MVA и
генератори со моќности поголеми од 5 MVA.

ДИСТАНТНА ЗАШТИТА

Дистантната заштита има повеќе предности во однос на останатите заштити, кои се


состојат во следново:

 го определува местото на грешки со што овозможува брзо елиминирање на


причините за грешката,
 ги исклучува кусите врски со многу помало време во близина на генераторите и
лесно се реализира селективноста во двострано напојуваните водови.

Затоа дистантната заштита најмногу се користи за заштита на водови и високонапонски


мрежи со напони поголеми од 110 kV. Основни проблеми при нејзиното користење се
неточностите што произлегуваат од импедансата на грешката, неточностите при заштита

3
на куси водови, постигнување на истовремено исклучување од двете страни на двострано
напојувани водови и релативно високата цена.

ЗАШТИТА НА ВОДОВИТЕ

ЗАШТИТА ОД КУСИ ВРСКИ

Постојат воздушни водови и кабловски водови. Според досегашните искуства воздушните


водови се употребуваат во среднонапонските мрежи (6, 10, 20, 35 kV) и високонапонските
мрежи (110, 220, 400 kV). Кабловски водови се употребуваат во нисконапонските водови
0,4 kV и среднонапонските водови, додека за високонапонските водови се употребуваат
многу ретко (за напони 110 kV).

Водовите се штитат од куси врски и од преоптоварување. Од куси врски водовите се


штитат со прекуструјна независна или зависна заштита (осигурувачи или релеи со зависна
карактеристика), надолжна и напречна диференцијална заштита и дистантна заштита.

Со осигурувачи и релеи со зависна карактеристика се штитат нисконапонските водови и


водовите во замкасти среднонапонски мрежи. Со прекуструјна независна заштита се
штитат среднонапонските мрежи, при што треба да се води сметка за струјновременското
степенување на заштитата за да може да се обезбеди селективност во заштита од куси
врски.

Сл. 6. 15. Принцип на работа на надолжна диференцијална заштита

4
Сл.6. 16. Принцип на работа на напречна диференцијална заштита

Сл. 6. 17. Селективна напречна диференцијална заштита

Диференцијална заштита се користи за штитење на водови со мали должини и голема


важност за високонапонската електрична мрежа. Постојат надолжна диференцијална
заштита во која се врши споредба на струите на почетокот и крајот на водот и напречна
диференцијална заштита која се применува при паралелни водови. При употребата на
надолжната диференцијална заштита основен проблем е начинот на изведба на врските
меѓу почетокот и крајот на водот, кои заради цената на чинење што ја ограничува
должината на водовите на примена на оваа заштита (7 - 10 km). На сл. 6. 15. е даден

5
принципот на работа на надолжна диференцијална заштита. Во нормален погон напоните
на краевите од отпорниците се еднакви така што низ диференцијалните намотки на
релеите 1 и 2 нема да тече струја. При куса врска во водот, меѓу точките А и В, напоните на
редно врзаните отпори се во противфаза. Ова ќе предизвика течење на струја и низ
диференцијалните намотки (D) на двата релеја и нивно активирање за исклучување на
прекинувачите 1 и 2. Напречна диференцијална заштита може да се користи при
паралелни водови, при што разликуваме исклучување на паралелни водови со еден
прекинувач (сл. 6. 16) или исклучување на секој паралелен вод со посебен прекинувач (сл.
6. 17).

При користење на напречна диференцијална заштита се јавува т.н. мртва зона на крајот на
штитените водови која мора да се отстрани со обезбедување резервна заштита на двата
вода.

Водовите се штитат и со дистантна заштита. Водовите со највисоки напони (110, 220, 400
kV) се штитат со дистантна заштита која овозможува брзо исклучување на грешката во (80-
90%) од должината на водот, определување на местото на грешка и брзо отстранување на
причините за неа, мало време на исклучување (40-100 ms) во водовите блиски до
изворите каде што се кусите врски најголеми и лесно постигнување селективност во
двострано напојуваните водови. Освен тоа, дистантната заштита со вториот, третиот и
останатите степени претставува основна или резервна заштита на елементите лоцирани
подалеку од самата заштита. На сл. 6. 18. е даден пример за степенување на дистантната
заштита.

6.18.Степенување на
дистантна
заштита

6
ЗАШТИТА ОД ОПАСНИ СОСТОЈБИ НА ВОДОВИТЕ

Опасни состојби за водовите се преоптоварувањето и земјоспојот. Преоптоварувањето на


водовите може да се јави при зголемена моќност што треба истите да ја пренесат, при кои
се јавува зголемена струја која ги загрева проводниците. Заштитата од преоптоварување
се реализира со прекуструјна зависна заштита или со термичка заштита (при заштита на
кабли).

Сл. 6. 19. Состојби при земјоспој

Земјосиој се јавува во мрежи со изолирана нулта точка при спој на фаза со земја.
Разликуваме т.н. метален земјосиој (сл. 6. 19) и земјоспој преку електричен лак.

При метален земјоспој напонот на ѕвездиштето станува фазен напон, додека напонот на
здравите фази спрема земја станува меѓуфазен, односно 73% поголем од номиналниот.
Со тоа изолацијата на ѕвездиштето и на здравите фази спрема земја е напрегната на
повисок напон што може да предизвика пробој на изолацијата на некое друго место од
водот. Ако е земјоспојот преку електричен лак, се јавуваат т.н. комутациони пренапони
кои теоретски може да се 6,5 пати поголеми од номиналните, а во практиката се
измерени напони 4,85 пати поголеми од номиналните.

Заштитата од земјоспој во дистрибутивните мрежи со изолирана нулта точка претставува


сложен проблем и најчесто се сведува на сигнализација на земјоспојот што се изведува со
напонски релеј приклучен во ѕвездиштето на напојниот трансформатор или на секундарот
на отворениот напонски трансформатор како на сл. 6. 20.

7
Сл. 6. 20. Сигнализација на земјоспој

При појава на земјоспој на краевите на отворениот триаголник се јавува напон кој го


активира напонскиот релеј (Uo) и испраќа сигнал дека настанал земјоспој или преку
временскиот релеј (Т) по некое доцнење испраќа сигнал за исклучување на прекинувачот.
Волтметрите приклучени на терциерот на напонскиот трансформатор покажуваат
зголемен напон на двете здрави фази, а намален напон на фазата во која настанал
земјоспојот.

ЗАШТИТА НА СОБИРНИЦИТЕ

Кусите врски на собирниците се јавуваат многу почесто отколку Што вообичаено се мисли.
Тие најчесто се јавуваат како последица на погрешни манипулации со собирничкиот
разделувач, при што се јавува електричен лак што се шири кон собирниците, а исто така и
заради грешки на останатите елементи во ќелиите при што може да дојде до експлозија и
пожари во истите. Грешките на собирниците имаат за пос- ледица големи струи на куси
врски кои ако траат подолго (од 100 ms) предизвикуваат такви разорувања, што обично
бараат комплетна заме- на на собирниците. Од овие причини во одделни разводни
постројки треба да се води посебна сметка за нивната заштита, особено за брзи- ната на
исклучување на грешките на собирниците. Собирниците може Да се штитат на повеќе
начини и тоа:

8
- со дистантна заштита во соседните постројки, при што со- бирниците се опфатени со
вториот степен на дистантна заштита,

– со прекусшрујна заштита на найојниот трансформатор и на водовите која за грешки на


собирниците исклучува за време 0,3-0,5 s,

- со заштита која ги споредува насоките на сите водови прик- лучени за собирниците, и

– со диференцијална заштита на сите доводни и одводни водови која проработува на


принципот на Првиот Кирхофов закон.

На сл. 6. 21. е прикажан принцип на дејствување на диференцијалната заштита на


собирници. Во нормален погон и во случај на куса врска надвор од штитеното подрачје,
збирот на струите што доаѓаат до собирницата и струите што се одведуваат од неа е
еднаков на нула, а со тоа нема да дејствува и диференцијалниот релеј (дi). При куса врска
на некој дел од собирницата, збирот на сите струи не е нула, а кога нивниот збир е
поголем од струјата на проработување на диференцијалниот релеј, тој ги затвора своите
контакти и дава сигнал за исклучување на сите прекинувачи.

Сл. 6. 21. Принцип на работа на диференцијална заштита на собирници

You might also like