You are on page 1of 6

Заштита од струен

удар
Опасности од струен удар

 Човечкото тело е добар спроводник на електрична струја, затоа што телесната


течност во клетките и просторот околу нив е одреден вид на електролит којшто ја
спроведува електричната струја. Како спроводник и за него важи Омовиот закон.
Електричниот отпор на човечкото тело во различни делови е различен.
Внатрешните органи имаат многу помал електричен отпор отколку кожата. Исто
така, влажната кожа има помал отпор од сувата. При сува кожа отпорот на
човечкото тело е над 10.000 оми, а кога кожата е влажна под 1.000 оми. Многу е
опасно кога електричната струја минува низ срцето и низ мозокот. Јачината на
електричната струја над 10 мили ампери предизвикува силно грчење на
мускулите и при тоа се губи контролата над нив. Ако се фатиме со рака за
оштетен спроводник има опасност да не можеме да се ослободиме од него. При
јачина од 100-200 мили ампери, грчењето на мускулите е толку силно, што срцето
може да престане со својата работа. При оваа јачина на електрична струја се
јавуваат и големи тешкотии во дишењето. Во опасност човекот може да се најде и
на отворен простор, ако се случи невреме.
Постапки при помош на настрадан од
струен удар
 При укажувањето на помош прво треба да се исклучи струјниот круг чиј
дел станал несреќниот. При тоа спасителот треба многу внимателно да
работи за да не настрада и тој. Прво, треба електрички да се изолира од
подот со ставање на изолаторска подлога (гума или пластика), ако во
близина нема таква подлога може да застане на палто или свиткан
покривач. Повредениот и спроводниците под напон не смеат директно да
се допираат. Затоа е потребно со предмет од изолатор (дрво или
пластика) да се отстранат од несреќниот
Заштита од струен удар

 Заземјувањето е ефикасна заштита од струен удар. За заштита од струен удар


најосновно е никогаш да не се допре незаштитен спроводник којшто е дел од
електрично струјно коло. Меѓутоа како дополнителна заштита скоро кај сите апарати е
заземјувањето на надворешните метални делови. Апаратите во домаќинството -
нивните надворешни делови се изолирани од спроводниците низ коишто тече
електрична струја, но во случај на оштетување на тие спроводници надворешните
метални делови можат да се сврзат со изворот на електрична струја. Тогаш дејствува
заземјувањето. Тоа заземјување се вика заштитно заземјување. Заземјувањето на сите
апарати се врши на тој начин што се поврзуваат надворешните делови со закопана
метална плоча преку соодветни спроводници. Врската со заземјувањето се остварува
на тој начин што не се употребуваат обични, туку шуко-приклучок, прекинувачи и
приклучувачи. Натикачот преку контактна лимена плоча е во врска со куќиштето на
апаратот. Од завртката на заштитниот контакт во натикачот тргнува спроводник на
заземјувањето , кој се појавува како една жила на повеќежилен свивлив спроводник.
Водот до заземјувањето води до соодветниот вод во приклучникот....
Опасност и заштита од струен удар

 При секоја работа со опрема која што е под напон треба да се запазат сите чекори кои се неопходни за да бидеме заштитени од
струен удар.
 Лицата коишто ќе работат треба да бидат стручни во дадената област и да имаат поминато обука за заштита при работа.
 Треба добро да се познава опремата и објектот каде што се работи односно во даден случај да се проследи техничката
документација. *Се прави план на работа во кој опфаќа список на лица со зададени обврски и список на алат кој ќе се користи.
 Пред самата интервенција се прави проверка на состојба на алатот односно се проверува дали неговата изолација е во исправна
состојба и нема оштетување, секое лице ја користи личната заштитна опрема од висок напон односно ракавици, чизми, шлем,
заштитни очила и соодветна облека. Доколки во објектот има означени патеки за движење истите треба да се почитуваат.
 При секоја манипулација со висок напон за истата се бара дозвола од соодветно лице.
 При работа со електричен напон во домашни услови мораме да внимаваме на некои можни опасности

 Доколку забележиме механичко оштетување на каков било електричен уред истиот треба да се исклучи од мрежа и да се повика
соодветен сервис.
 Во случај на оштетен штекер, прекинувач, сијалично грло пред негова замена треба да се исклучат мрежните осигурачи потоа да
се провери со фазомер дали имаме безнапонска состојба на местото за интервенција.
 Исправноста на фазомерот можеме лесно да ја испитаме со проверка на напон во штекер каде што сме сигурни дека има напон.
 Генерално правило е дека работа под напон може да врши само стручно лице.
Изработил:Лука Петковски

You might also like