You are on page 1of 21

 За разлика од дигиталниот мултиметар кој

ги дава вредностите на мерените


електрични величини, осцилоскоп е
инструмент кој ги прикажува промените на
величините во текот на времето
 Тоа значи дека на екран од осцилоскоп
може да се види брановиот облик на
мерената величина
 Со осцилоскоп можат да се мерат:
напон,струја,фрекфенција,фазно
поместување и др.
 Осцилоскоп може да се користи и за
мерење на неелектрични величини ако тие
претходно со соодветни претворувачи се
трансформираат во електрична величина
 Обликот на влезниот сигнал во осцилоскоп
се исцртува со помош на електронски млаз
емитиран од катодата во катодната цевка
 Светлечката крива што се добива на екран
се нарекува ОСЦИЛОГРАМ
 Електронскиот млаз се генерира,фокусира
и забрзува кон флуоресцентниот екран во
катодната електронска цевка
 Катодна цевка
 Катода(емитирање на електронски млаз)
 Фокусирачка решетка(фокусирање и
насочување на електронскиот млаз)
 Анода1 и Анода 2(дополнително
фокусирање и засилување на
електронскиот млаз)
 Отклонски систем(отклонување на
електронскиот млаз по X и Y оска
 На екранот од надворешната страна е
исцртан координатен систем во форма на
мрежа.
 На X оска е времето, а на Y оска е напонот
 Мрежата која се нарекува растер има 10x8
квадрати со страна од 10mm
 Најважни копчиња на предниот панел се
копчињата означени со
VOL/DIV,TIME/DIV,XPOSITION,YPOSITION и
др
 Влезниот напон кој треба да се прикаже на
екран од осцилоскоп со помош на мерна
сонда се приклучува на BNC конекторот
 Најчесто осцилоскопот има два канали што
значи и два такви конектори за
приклучување на два различни напони
 Влезните напони директно или преку
ослабувач се носат на Y отклонскиот систем
 Во зависност од големината на влезниот
приклучен напон се зголемува или
намалува отклонот на електронскиот млаз
по Y оска
 На X отклонскиот систем се приклучува
таканаречен пилест напон за да може да се
прикаже напонот и по временската оска
 За да се добие осцилограмот на напонот
доведен на Y оска потребно е на X
отклонските плочи да се донесе пилест напон
 Пилестиот напон се генерира и регулира со
склоп во осцилоскоп кој се нарекува временска
база
 Растечкиот дел од пилестиот напон е задолжен
за движење на електронскиот млаз од крајната
лева до крајната десна точка од
осцилограмот,а опаѓачкиот дел е задолжен за
враќање на електронскиот млаз во крајната
лева положба
 VOLT/DIV-копче за подесување на напонска
вредност(вертикална) на еден поделок
 TIME/DIV- копче за подесување на временска
вредност(хоризонтална ) на еден поделок
 Y-t се прикажува временската зависност на
влезниот напон(бранова форма)
 X-Y се прикажува зависност на еден напон од
друг(или струја од напон како во случај на U-I к-ка
на диода)
 AC-набљудување само на наизменична компонента
 DC-набљудување на вкупниот напон
 GND-поставување на светлата линија да се
поклопи со хоризонталната оска(нулто ниво)
 Постојат едноканални,двоканални и
повеќеканални осцилоскопи
 Кај двоканалните и повеќеканалните
осцилоскопи можат во исто време да се
набљудуваат и мерат повеќе напони
 Тоа им дава предност во однос на
едноканалните осцилоскопи
 Со дигиталните осцилоскопи се подобрува
постапката за мерење на електрични сигнали
 Тие имаат меморија па сигналот може
дополнително да се обработува и анализира
 Работат на принцип на А/Д конверзија
 Влезниот напон со А/Д конвертор се претвара
во дигитален сигнал и понатаму се меморира и
обработува со микропроцесори
 Резултатот се прикажува на екран како
осцилограм и алфанумерички(во броен облик)
 Што прикажува осцилоскоп на својот
екран?
 Кои величини можат да се мерат со
осцилоскоп?
 Како се вика кривата што се прикажува на
екран од осцилоскоп?
 Кои се основните составни делови на
осцилоскоп?
 Објасни го принципот на работа на
осцилоскоп?
 Кои се најважните копчиња на предниот
панел на осцилоскоп?
 Зошто служи и кој го генерира пилест
напон?
 На кој отклонски систем се приклучува
напон кој се набљудува, а на кој пилестиот
напон?
 За што се користат следните копчиња од
предниот панел на осцилоскоп:
- VOLT/DIV
-TIME/DIV
-Yt
-X-Y
-AC,DC, GND ?
 Објасни ја блок шемата на осцилоскоп
 На кој принцип работи дигитален
осцилоскоп и кои се неговите предности во
однос на аналогниот осцилоскоп?

Проф.Ставревски Ненад
12.12.2018

You might also like