You are on page 1of 10

ТРАНЗИСТОРИ

Електроника II год.
Предметен наставник: Ангела Магдеска
Поим за транзистори

Полуспроводнички елемент со два PN-споја и три


електроди претставува транзистор.
Името транзистор е од англиските зборови
TRANSfer resISTOR, што значи преносна
отпорност, или поточно, отпорност со која може да
се управува.
Поделба на транзисторите
 Транзисторите можат да се поделат на две
основни групи:
1. Биполарни транзистори и
2. Транзистори со ефект на поле (FET – Field Effect
Transistor).

 Според режимот на работа, транзисторите од


двете групи можат да се поделат на
1. Засилувачи и
2. Прекинувачи.
Структура на биполарните транзистори

Биполарниот транзистор претставува спој од два


полуспроводника од едниот вид, меѓу кои е вметнат
полуспроводник од другиот вид.
 Таков распоред е можен во две варијанти означени со
NPN и PNP.
NPN-транзистор
 NPN транзисторот е составен од два PN-споја, допрени со
P подрачјата.
 Има 2 полупроводници од N тип, и помеѓу нив се наоѓа
полупроводник од P тип.

• Средното подрачје на транзисторот се вика база (B). Едниот крај на N подрачјето


се вика емитер (Е) и има основна задача да емитува носители на полнеж -
електрони, кои патуваат преку базата (B) и се собираат на спротивниот крај на
транзисторот, наречен колектор (C).
Графички приказ на NPN-
транзистор

• По завршениот процес на формирање на единствениот кристал, се создаваат 2


потенцијални бариери и 2 зони на попречување со внатрешните полиња E 1 и Е2
со спротивни насоки. Едната е на спојот емитер база, а другата е на спојот меѓу
база и колекторот.
Поларизација на NPN-
транзистор

• Кај NPN-транзистор ќе тече струја меѓу емитер и колектор, само ако


тече струја во колото емитер база, а тоа се случува кога колекторот е
на повисок потенцијал од потенцијалот на базата кон емитерот
(UCE ≥ UBE ≥ 0.7V).
Физички распоред на полуспроводните
региони на NPN-транзистор

• Површината на
колекторскиот спој е 3 пати
поголема од површината на
емитерскиот спој.
• Ова е потребно за да може
колекторот да ги собере сите
електрони кои доаѓаат од
емитерот.
PNP-транзистор
• PNP транзисторот е составен од два PN-споја, допрени со N
подрачјата.
• Има 2 полупроводници од P тип, и помеѓу нив се наоѓа
полупроводник од N тип.
• Базата е од N тип, а емитерот и колекторот се од P тип.
Графички приказ на PNP-транзистор

При поларизација на PNP-транзисторот, емитерот е на повисок


потенцијал од базата, а базата од колекторот.

You might also like