You are on page 1of 21

БУЧАВАТА КАКО ФИЗИЧКИ

ФАКТОР ЗА ДИЗАЈНИРАЊЕ НА
РАБОТНИОТ ПРОСТОР
II - 3
Бучавата претставува непријатен и
несакан звук, звук кој пречи и иритира
 Комплекс од звучни бранови односно
мешавина на различни звуци со различен
број на треперења во одредено време и
може да се дефинира како еден вид
непожелна звучна појава
 Предизвикува непријатност па дури и болка
Извор на бучава е градба, постројка,
опрема, инсталација, уред, средство и
апарат кој со работа или употреба
предизвикува постојана или повремена
бучава, бучна активност од луѓе и
животни, вклучувајќи ги градежните
активности, како и други активности од
кои се шири и врши емисија на звук во
средината.
 Под звук го
подразбираме сето она
што го слушаме и што
го примаме преку
органот за слух.
 Според физичката
дефиниција, звукот
претставува осцилација
во гасовита, течна и
тврда средина.
 Човековото уво не може да ги регистрира
сите звуци кои настануваат во природата
 Чујноста е ограничена во однос на
фреквенцијата на звукот од 16-16 000 ( 20 - 20
000) Hz
 Увото е најосетливо на звук од 1000-7000 Hz,
а максималната осетливост е на околу 4500
Hz
 Звукот со
фреквенција помала
од 16 Hz се нарекува
инфразвук и него
човековото уво не го
регистрира
 Звуците со
фреквенција
поголема од 20 000
Hz се нарекуваат
ултразвук и нив
човековото уво не ги
регистрира и може
да имаат многу
силно механичко
разорно дејство
 Освен оштетување на слухот може да
настанат и други пореметувања и
оштетувања на виталните органи кај
човекот
 Бучавата штетно влијае и врз резултатите од
работата на луѓето кои се изложени на
штетното дејство на бучавата
При проценката на влијанието на бучавата
на здравјето потребно е да се утврдат
следните нејзини карактеристики од кои
што зависи штетното дејство на бучавата врз
луѓето:
 Интензитетот на бучавата
 Времетраење на експозицијата
 Временската променливост на интензитетот
на бучавата
Интензитет на звучни бранови кој го емитираат
неколку извори
I (dB) Извор на звук
0 Праг на чујност
10 Шушкање на листовите
20 Листање на книга
30 Шепот
40 Тивка музика
50 Разговор во близина
60 Разговор на 1м оддалеченост
70 Патен сообраќај
80 Гласна музика
90 Подземна железница, дискотека
100 Мотор без пригушувач
110 Авион на оддалеченост од 10м
120 Авион на оддалеченост од 3м
130 Праг на болка
Поделба на бучавата

 Во зависност од изворот на бучава, бучавата


може да се подели во две групи
1. Бучава од природен извор
2. Бучава од работна средина
 Бучава од природни
извори подразбира
бучава која се јавува во
природата како резултат
на физичко-хемиските
промени во атмосферата,
метеоролошките промени
како на пр. грмотевици,
ветрови, шумолење на
реките и др. Оваа бучава
не влијае штетно врз
здравјето на луѓето.  Бучава од извори кои
ги создал човекот е
всушност онаа бучава
со која тој се среќава
секој ден и која може да
влијае штетно врз него.
 Бучавата во работната средина може да
биде: - Бучава која ја создаваат алатите
и машините со кои работникот директно
работи и ги опслужува
- Бучава од соседните алати и машини кои
работникот не ги опслужува директно
- Бучава од непроизводните извори како
што се: вентилаторски системи, систем за
греење и климатизација, бучава од
соседните работни организации,
сообраќајна бучава и др.
Пореметувања на организмот
предизвикани од бучавата
Пореметувањата на организмот
предизвикани од бучавата се среќаваат кај
работниците кои се долго изложени на
бучава. Се делат во три категории:
1. Аудитивни
2. Психолошки
3. Физиолошки
Аудитивни пореметувања
 Се должи на долготрајно изложување на
бучава каде што постои опасност од
акустични трауми односно трајно
оштетување на слухот и губење на слушната
осетливост
Психолошки пореметувања
 Одвраќање на вниманието од предметот на
работата, чувството на пречки, односно,
неугодност, психичка напнатост или
внатрешен немир, вознемиреност,
невротични симптоми, општа
раздразливост, агресивност и склоност кон
конфликти, нерасположеност, чувство на
премореност, главоболка, пореметување на
сонот
Физиолошки пореметувања
 Пореметувања на кардиоваскуларниот
систем: тахикардија, пораст на артерискиот
крвен притисок поради вазоконстрикција
 Пореметување на гастроинтестиналниот
систем : губење на апетит, појачување на
перисталтика и секреција
Мерки за намалување на нивото на
бучава
 Техничко-технолошки мерки за глобална
модификација на неповолните услови
(херметизација, изолација и др.)
 Организациони мерки
 Мерки за лична заштита со употреба на
лични заштитни средства, се применува
кога техничките и организациските мерки
не се доволни (слушалки, ушни тампони и
др.)

You might also like