You are on page 1of 8

ХОЛОГРАФИЈА

Изработи: Тамара Марковска


Што е тоа холографија?
 Холографијата т.е. „целосен запис“ од грчките
зборови: холос-цел и граф-пишува, е
специјален начин на „замрзнување“ на
структурата на светлинските бранови, кои се
одбиваат од предмет, врз фотоплоча. При
осетлување на ваква плоча (холограм) со
светлински сноп, замрзнатите бранови на неа
се „оживуваат“ во нивната правобитна форма,
така да при регистрирање на брановите од
човековото око се добива визуелен ефект кој е
ист како при набљудување на самиот предмет.
Историски Преглед
 Денис Габор во 1947 година ја открил
холографијата. Сепак, реализацијата на
Габоровата идеја станува возможна дури после
откривањето на кохерентната светлина т.е.
ласрската светлина во 1960-та година.
Оригиналната Габорова шема ја усовршиле
америанските научници Лејт и Упатниекс, кои во
1963-та година ги добиле првите ласерски
холограми. Советскиот научник Дењисјук во 1962
година ја предложил оргиналната метода за
фиксирење на холограмот врз дебелослојна
емулзија.
Кој бил Денис Габор
 Денис Габор -5 јуни 1900 – 9 февруари 1979)
— унгаро-британски електроинженер и
физичар, најпознат по откривањето на
холографија, за што подоцна во 1971 година
ја добил Нобеловата награда за физика.
Принцип на добивање
 Холограмите се добиваат со помош на ласерска
светлина и плоча премачкана со холографска
емулзија, но тие не можат да дадат
тримензионална слика сами од себе – неопходно
им е осветлување на адекватен начин. Кога
светлината паѓа врз холограм, таа се рефлектира
и се расфрла така што создава 3D слика на
оригиналниот објект. Кога холограмот се гледа
од разни агли се добива впечаток дека тој се
гледа од друга перспектива. Холографија може
да даде и холограм на објект во движење.
Својства
 При пресек на два еднакви дела не се губи
половина од сликата, туку на секоја
половина може повторно да се види целиот
објект. Ако продолжиме да го делиме
холограмот и понатаму, на секој дел
останува барем груба слика на објектот иако
се губат деталите.
Примена
Во примена се најинтересните и најбараните
“dot-matrix” холограми, интегрирани точка по
точка на начин кој ја исцртува сликата на
матричен принтер. Нивната најчеста примена
е зачувување на многу важни информации
како што се информациите на пасошите,
личните карти и кредитните картички. Ова се
прави во две фази, каде најпрво се поставуваат
информациите на матрична основа, а потоа се
прават многу копиии.

You might also like