You are on page 1of 2

ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО СКОПЈЕ

КО бр 145/18

Скопје, 2020 година

ДО

ОСОМНИЧЕНИОТ И БРАНИТЕЛОТ

Врз основа на чл.302 ст.1, 3 и 4 од ЗКП, донесувам

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ЗА ЗАВРШЕНА ИСТРАЖНА ПОСТАПКА

Основното јавно обвинителство Скопје, по наредба КО.бр. 145/18 од 2020


година спроведе истражна постапка против Вас/ осомниченените Александар
Митревски, Велко Петрески и Илија Серафимоски од Скопје поради постоење
на основано сомнение дека сте сториле/сторил кривично дело Злоупотреба на
лични податоци од член 149 од Кривичниот Законик, со тоа што во период јуни
2017 година до крајот на 2020 година, обвинетите Александар Митревски,
Велко Петрески и Илија серафимоски правеле лажни исправи со намера да се
употребат како вистински. Притоа употребиле податоци за идентитети на лица,
кои до сега не побарале и не се стекнале со македонска биометриска патна
исправа, а се иселени од земјата или од раѓање живеат во странство, кои немаат
остварено влез во земјата, но поседуваат македонско државјанство. Потоа
обвинетите ги користеле податоците на овие лица за изработка на патни
исправи, со вметнување на фотографии од баратели на патни исправи кои
поради криминални активности се бараат со меѓународни потерници. Целта
била нелегалните македонски пасоши да ги искористат при премин на државни
граници, легитимирајќи се со македонската патна исправа и прикривајќи го
својот вистински идентитет.
Со тоа овозможиле на незаконски начин 214 странски и еден македонски
државјанин да се стекнат со македонски патни исправи под туѓ идентитет.
Пасошите биле издавани заобиколувајќи ја постапката за издавање на патни
исправи, во најголем број случаи без закажан термин за фотографирање преку
системот, без проверка на идентитетот, без почитување на предвидените рокови
за изработка и издавање на патни исправи

Со тоа не само што ја оштетиле државната каса, туку и злоупотребиле податоци


на голем број луѓе.

Списите од спроведената истражна постапка дадени се на чување во архивата на


Основното јавно обвинителство Скопје.

Осомничените и нивните бранители имаат право да ги прегледаат списите и


доказите од спроведената истражна постапка и да составуваат препис од истите.

Осомничените имаат право во рок од 15 дена од приемот на ова известување, до


ова јавно обвинителство да поднесат исправи, докази, списи од дејствијата на
одбраната или од Јаниот обвинител да бараат да соберат определени докази.

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Александра Илиевска

You might also like