You are on page 1of 4

ИЗВРШИТЕЛ Образец бр.

66
Христо Јованов
именуван за подрачјето
на Основниот суд И.бр.108/2016
Скопје 1 и Скопје 2
ул. Народен Фронт 25/3
тел. 02 3224-794

Извршителот Христо Јованов од Скопје врз основа на барањето за спроведување


на извршување од доверителот ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје со ЕДБ
4030001419723 и седиште на ул.Никола Кљусев бр.2, засновано на извршната исправа
Нотарски Акт – Договор за залог врз иден недвижен имот ОДУ бр.1362/2005 од 27.12.2005
на Нотар Боривој Стојкоски, против: 1.должникот и заложен должник Друштво за
градежништво, трговија и услуги ФИ-КОМ ДОО во стечај Скопје од Скопје со ЕДБ
4030994186044 и седиште на бул.Јане Сандански бр.111/1-2/3,со стечаен управник Весна
Спирковска , ул. Атинска бр.5Б Скопје, Карпош, 2.заложен должник Вучко Димишковски
бивш од Скопје со законски наследници Ѓурѓа Милкова Димишковска од Скопје со
живеалиште на ул. Анастас Митрев бр.42/2/11, Сузана Димишковска Николовска од Велес
со живеалиште на ул. Благој Ѓорев бр.69/2/17 со полномошник адвокат Елизабета
Пупулиева со седиште на ул. Партизанска бр.2 Неготино , Иван Димишковски од Скопје
со живеалиште ул. Анастас Митрев бр.42/2/11 и Звезда Спасовска од Скопје со
живеалиште на бул. АВНОЈ 6/3/13 ,3. заложен должник Милан Ѓурчиновски од Скопје со
живеалиште на ул. Карл Либкнехт бр. 1 / 2-2, 4.Анѓа Ѓурчиновска бивша од Скопје со
законски наследник Милан Ѓурчиновски од Скопје со живеалиште на ул. Карл Либкнехт
бр. 1 / 2-2, за спроведување на извршување во вредност 180.677.662,00 ден., на ден
12.06.2019 година го донесува следниот:

ЗАКЛУЧОК
ЗА УСНА ЈАВНА ПРОДАЖБА
(врз основа на членовите 179 став (1), 181 став (1) и 182 став (1) од Законот за
извршување)

СЕ ОПРЕДЕЛУВА ПРВА продажба со усно јавно наддавање на недвижноста


означена како:
Објект- станбена зграда во градба на ул. Иван Козаров бр.44, која со својот габарит
опфаќа дел од две катастарски парцели и тоа дел од КП .бр.771 КО Кисела Вода 1 со
површина од 415м2 и дел од КП.бр.790 КО Кисела Вода 1 со површина од 66м2 и тоа:
- Подрум ниво -1 со површина од 587м2
- Подрум со површина од 591м2
- Приземје со површина од 444м2
- Кат 1 со површина од 455м2
- Кат 2 со површина од 441м2
- Кат 3 со површина од 447м2
- Кат 4 со површина од 466м2
- Кат 5 со површина од 467м2
- Кат 6 со површина од 455м2
- Мансарда со површина од 485м2
- Мансарда 2 со површина од 73м2
- Лифт од 5м2

незапишана во имотен лист, во фаза на затворена карабина, степен на изграденост 50%


до предавање клуч на рака ,
кој се гради врз основа на градежно техничка документација изготвена од
Инветиторот ФИ-КОМ ДОО Скопје заверена во Министерство за транспорт и врски
подрачна единица Кисела Вода Скопје, одобрение за Градење заведено под бр.16-618/2
од 25.02.2004 година издадено од Министерство за транспорт и врски подрачна единица
Кисела Вода – Скопје, врз основа на Договор за заедничка градба склучен на ден
30.10.2002 година заверен кај Нотар Боривој Стојкоски под УЗП бр.11201/2002 од
30.10.2002 година, Договор за заедничка градба склучен на ден 30.10.2002 година,
заверен кај Нотар Боривој Стојкоски под УЗП бр.11202/002 од 30.10.2002

Продажбата ќе се одржи на ден 28.06.2019 година во 10,00 часот во просториите


на Извршител Христо Јованов, на ул. Народен фронт бр. 25/3.
Почетната вредност на недвижноста, утврдена со заклучок на извршителот И.бр.
108/2016 од 12.06.2019г, изнесува 1.356.237,00 евра, под која недвижноста не може да
се продаде на првото јавно наддавање.

НАПОМЕНА:
Извршувањето се спроведува врз идна градба идентификувана со извршен премер
соласно Геодетски елаборат за фактичка состојба на објект деловоден број 0802-418/16
од 28.05.2019г. на ГЕОМАП-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз- извоз Скопје и попишан со
Записник за попис на предметна недвижност согласно чл. 239-а од Законот за
извршување И.бр. 108/2016 од 21.05.2019г на извршител Христо Јованов

Сите јавни давачки, даноци кои ке настанат по продажбата на објектот потребни за


запишување на објектот во имотен лист паѓаат на товар на купувачот

Недвижноста и по продажбата останува оптоварена со обврски- посебни права на


сопствениците на земјиштето и на претходните објекти на кое е изградена зградата( кои
права преминуваат на наследниците на починатите сопственици) и произлегуваат од
Договори за заедничка градба кои се составен дел на Нотарски Акт – Договор за залог врз
иден недвижен имот ОДУ бр.1362/2005 од 27.12.2005 на Нотар Боривој Стојкоски, кои
купувачот ке треба да ги исполни.

Земјиштето на кое е изградена зградата и објектот кој постоел пред изградба на


зградата е оптоварено со следниве товари и службености:
-имотен лист 4170 за КО Кисела Вода 1: Право на реален товар во корист на
доверителот Еуростандард Банка АД Скопје врз основа на Записник за попис на
предметната недвижност (врз основа на чл. 239-а став 1 од ЗИ) И.бр.108/2016 од
21.05.2019г од извршител Христо Јованов; Други права чие запишување е утврдено со
закон: заложно право хипотека, носител на право Еуростандард Банка АД Скопје врз
основа на Нотарски Акт ОДУ.бр.335/2004 од 22.03.2004г на нотар Боривој Стојкоски;
пренесена хипотека од интабулационите книги , носител на право Еуростандард Банка
АД Скопје врз основа на Нотарски Акт ОДУ.бр.567/04 од 11.05.2004г на нотар Боривој
Стојкоски од Скопје; пренесена хипотека од интабулационите книги носител на право
Еуростандард Банка АД Скопје врз основа на Нотарски Акт ОДУ.бр.704/04 од 11.06.2004г
на нотар Боривој Стојкоски; Други стварни права превземени од стариот електронски
систем а кои се однесуваат на заложно право на идната градба која се гради на
земјиштето врз основа на Нотарски Акт – Договор за залог врз иден недвижен имот ОДУ
бр.1362/2005 од 27.12.2005 на Нотар Боривој Стојкоски; Ограничувања и прибележувања
превземени од стариот електронски систем : поведен судски спор пред Основен Суд
Скопје 2- Скопје , Поднесено барање УП.бр.1150/884 од 21.09.2006г тужба од
11.09.20116г до Основен суд Скопје 2- Скопје; Поднесено барање УП.бр.1123/468 од
26.03.2007г Решение за привремена мерка П.бр.381/07 од 22.03.2007г
- имотен лист 4166 за КО Кисела Вода 1: Право на реален товар во корист на
доверителот Еуростандард Банка АД Скопје врз основа на Записник за попис на
предметната недвижност (врз основа на чл. 239-а став 1 од ЗИ) И.бр.108/2016 од
21.05.2019г од извршител Христо Јованов; Други права чие запишување е утврдено со
закон: заложно право хипотека, носител на право Еуростандард Банка АД Скопје врз
основа на Нотарски Акт ОДУ.бр.335/2004 од 22.03.2004г на нотар Боривој Стојкоски;
Други стварни права превземени од стариот електронски систем а кои се однесуваат на
заложно право на идната градба која се гради на земјиштето врз основа на Нотарски Акт
– Договор за залог врз иден недвижен имот ОДУ бр.1362/2005 од 27.12.2005 на Нотар
Боривој Стојкоски; Забрана за тужените да располагаат на било кој начин да ја
оптоваруваат недвижноста; Ограничувања и прибележувања превземени од стариот
електронски систем: Со решение СТ.бр.219/2007 од 04.07.2007г на Основен Суд Скопје 2
Скопје се отвара стечајна постапка спрема должникот Друштво за трговија и услуги ФИ-
КОМ ДОО Скопје; Поведен судски спор пред Основен Суд Скопје 2- Скопје

Должникот кој како сопственик домува во продадената семејна станбена зграда


или стан, не го задржува правото да домува тука и е должен зградата, односно станот да
ги испразни во рок од 30 дена од денот на доставување на Заклучокот за предавање во
владение на недвижноста, а ако тоа не го стори, извршителот на предлог од купувачот
присилно ќе го изврши испразнувањето на зградата односно станот.
На јавното наддавање можат да учествуваат само лица кои претходно положиле
гаранција која изнесува 1/10 (една десеттина) од утврдената вредност на недвижноста,
најдоцна до 27.06.2019г
Уплатата на паричните средства на име гаранција се врши на жиро сметката од
извршителот со бр. 300000002315329 која се води кај Комерцијална Банка АД Скопје и
даночен број 5030006240687.
На понудувачите чија понуда не е прифатена, гаранцијата им се враќа веднаш по
заклучувањето на јавното наддавање.
Најповолниот понудувач - купувач на недвижноста е должен да ја положи вкупната
цена на недвижноста, во рок од 15 дена од денот на продажбата, во спротивно ќе се
определи нова продажба, а средствата од положената гаранција се сметаат за наплатени
средства во извршувањето.

Овој заклучок ќе се објави во дневниот весник Нова Македонија и електронски на


веб страницата на Комората .
Заклучокот ќе се достави до странките, заложните доверители, до учесниците во
постапката, до лицата кои имаат запишано или законско право на првенство на купување
и до надлежниот орган на управата.

ИЗВРШИТЕЛ
Христо Јованов

Д.-на: ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје


стечаен управник Весна Спирковска
Ѓурѓа Милкова Димишковска
адвокат Елизабета Пупулиева како
полномошник на Сузана Димишковска Николовска
Иван Димишковски
Звезда Спасовска
Милан Ѓурчиновски
УЈП-регионална дирекција- Скопје
Град Скопје

Правна поука: Против овој заклучок може да се поднесе приговор до Основниот суд
Скопје 2- Скопје согласно одредбите на член 86 од Законот за извршување.

You might also like