You are on page 1of 3

ОСНОВНИОТ СУД ВО БИТОЛА со судијата «Гоче Малиновски како судија

поединец», во правната работа на предлагачот- доверителот «ЈП КОМУНАЛЕЦ Битола


ул.16-та бб,»«»застапуван преку полномошникот адвокат Васко Талевски од Битола против
противникот - должникот «Друштво за производство, услуги и трговија на големо имало ЛД
КАРТОН Битола ДООЕЛ од «Битола», ул.Бурса бр.36«», основ « долг », вредност
«301.760,00» денари, одлучувајќи по посебното барање на тужителот за издавање на
привремена мерка за обезбедување на парично побарување, по одржананото рочиште во
присуство на полном. на тужителот адв.............а во отсуство на тужениот уредно поканет, на
«15.07.2021» година го донесе следното:

РЕШЕНИЕ

Барањето на предлагачот - доверителот за издавање на привремена мерка за


обезбедување на парично побарување СЕ УСВОЈУВА.
СЕ ЗАБРАНУВА на деловните банки и тоа : ХАЛК БАНКА АД Скопје каде
противникот- должникот Друштво за производство, услуги и трговија на големо имало ЛД
КАРТОН Битола ДООЕЛ од «Битола поседува трансакциска сметка бр.270066858890157,
ТТК БАНКА АД Скопје каде должникот поседува трансакциска сметка бр.290200000379505 и
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД Скопје каде должникот поседува трансакциска сметка бр.
300060000069388 , да извршат налог на должникот Друштво за производство, услуги и
трговија на големо имало ЛД КАРТОН Битола ДООЕЛ од «Битола или на трето лице по
налог на должникот да не дозволат исплата од неговите жиро -сметки на паричниот износ
од 301.760,00 денари за кој износ се дозволува привремената мерка.
Вака изречената времена мерка ќе трае 15 дена по правосилното завршување на
постапката по издадениот нотарски платен налог НПН.бр.738/21 од 06.07.2021 година на
Нотарот Горан Димановски од Битола или 15 дена по правосилното завршување на
парничната постапка која што би се водела по евентуален приговор на должникот против
издадениот нотарски платен налог НПН.бр.738/21 од 06.07.2021 година на Нотарот Горан
Димановски од Битола.

Жалбата не го одлага извршувањето на ова решение.

Образложение

Предлагачот-доверителот во писмениот предлог и на расправата преку


полномошникот наведе дека против противникот - должникот поднел предлог за издавање
на нотарски платен налог за наплата на долгот во вкупен износ од 301.760,00 денари врз
основа на издадени фактури за плаќање во текот на 2020 и 2021 година. Фактурите се
однесувале на продадена отпадна балирана хартија. По предлогот нотарот Горан
Димановски од Битола донел решение НПН.бр.738/21 од 06.07.2021 година со кое го усвоил
предлогот, но рокот за изјавување на приговор се уште не бил истечен. Во меѓувреме
доверителот имал сознанија дека должникот започнал со распродажба на опремата со која
работел, заради што предложи издавање на привремената мерка како во изреката на ова
решение од причини што се работи за стасано парично побарување кое должникот го немал
платено и за што е издаден нотарски платен налог со што побарувањето е сторено
веројатно, а опасност за осуетување и отежнување на наплатата на побарувањето постоела
со тоа што должникот започнал со распродажба на опремата со која работел, значи
отуѓувал дел од неговиот имот, со што биле исполнети условите за издавање на мерката.
Управителот на противникот - должникот на расправата неспори дека фактурите
предмет на издавањето на нотарскиот платен налог навистина не биле платени од страна
на должникот односно дека долгот во целост постои и не бил платен , појаснувајќи дека
должникот доцнел со плаќањето на фактурите од причини што имал ненаплатени
побаруивања од неговите должници. Неспори и тоа дека дел од опремата со која работел
навистина ја продавал, како би покрил дел од обврските кои ги имал.
Одлучувајќи по предлогот за издавање на предложената привремена мерка, а имајќи
ги во предвид истакнатите наводи на странките во постапката, како и ценејќи ги
приложените докази кон предлогот и тоа : решение за издавање на нотарски платен налог
НПН бр. 738/21 од 6.07.2021г на нотар Горан Димановски од Битола , тековна состојба од
ЦР на РСМ за трансакциските сметки на должникот од 08.07.2021г, фактури издадени во
текот на 2020 и 2021г,кои се предмет на издавање на нотарскиот платен налог НПН бр.
738/21 од 6.07.2021г. , судот го усвои предлогот и одлучи како во изреката на ова решение
од следните причини:

Согласно чл.33 ст.1 од Законот за обезбедување на побарувањата „Привремена


мерка за обезбедување на парично побарување може да се дозволи ако доверителот го
стори веројатно постоењето на побарувањето и опасноста дека без таква мерка должникот
ќе ја осуети или значително отежне наплатата на побарувањето, со тоа што својот имот,
односно своите средства ќе ги отуѓи, прикрие или на друг начин ќе располага со нив“.
Согласно чл.33 ст.2, од истиот закон, Доверителот не мора да ја докажува опасноста
ако стори веројатно дека со предложената мерка должникот би претрпел само незначителна
штета.
Согласно чл. 34 ст.1 т.1 и т. 5 од Законот за обезбедување на побарувањата , за
обезбедување на парично побарување може да се издаде налог на носителот на платен
промет на должникот или на трето лице по налог на должникот да не дозволи од
должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремената мерка.
Согласно погоре цитираните законски одредби за судот да изрече привремена мерка
заради обезбедување на парично побарување е потребно да бидат исполнети двата услови
предвидени во член 33, став 1 од Законот за обезбедување на побарувањата, односно
доверителот треба да го стори веројатно постоењето на побарувањето и опасноста дека без
таква мерка должникот ќе ја осуети или значително отежне наплатата на побарувањето, со
тоа што својот имот, односно своите средства ќе ги отуѓи, прикрие или на друг начин ќе
располага со нив.
Во конкретниот случај тужителот го стори веројатно постоењето на своето
побарување. Веројатноста на побарувањето на тужителот произлегува од наводите и од
приложените докази кон предлогот. Имено, неспорно е дека доверителот против
противникот - должникот поднел предлог за издавање на нотарски платен налог за наплата
на долгот во вкупен износ од 301.760,00 денари врз основа на издадени фактури за
плаќање, издадени во текот на 2020 и 2021 година. Фактурите се однесувале на продадена
отпадна балирана хартија. По предлогот нотарот Горан Димановски од Битола донел
решение НПН.бр.738/21 од 06.07.2021 година со кое го усвоил предлогот, но рокот за
изјавување на приговор се уште не бил истечен. Се работи за стасано парично побарување
кое должникот го немал платено , кој факт должникот воопшто не го оспорува видно и од
исказот на управителот на рочиштето дека навистина го должи бараниот износ, со што
побарувањето е сторено веројатно.
Исполнет е и вториот услов за издавање на приверемена мерка , а тоа е дека
опасност постои дека должникот ќе ја осуети или значително отежне наплатата на
побарувањето, со самиот факт кој не го оспорува нити управителот на должникот , а тоа е
дека дел од опремата со која работел навистина ја продавал, како би покрил дел од
обврските кои ги имал.
Со оглед и двата услови за издавање на привремената мерка се кумулативно
исполнети , како е предвидено со погорецитираните закони одредби,следуваше судот
истата да ја усвои како е предложено донесе , и да го определи и времетраењето на
мерката, како стои во изреката на решението,

Крајно, со вака издадената привремена мерка - забрана сега тужениот би претрпел


само незначителна штета со оглед неговите жиро сметки не се блокирани.
Од тие причини во смисла на погорецитираните законски одредби се одлучи како во
изреката на ова решение.
С у д и ј а,
Гоче Малиновски

ПОУКА: Рок за жалба 3 дена по приемот, преку овој суд до Апелациониот суд во
Битола.
Жалбата не го одлага извршувањето на ова решение.

Д-НА: На тужителот преку полномошникот, на тужениот, на ХАЛК БАНКА АД Скопје ,


КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД Скопје и ТТК БАНКА АД Скопје

НАЛОГ ЗА ТАКСА: СЕ ЗАДОЛЖУВА предлагачот во рок од 5 дена од доставување на


преписот од ова решение да плати такса за предлог и решение во износ од 6.035,оо
денари на Буџетска сметка на РМ 100000000063095 при НБ на РМ, уплатна сметка 840 103
03338 приходна шифра 722211 за правни, односно уплатна сметка 840 103 03359 приходна
шифра 722213 за физички лица, во спротивно истата ке се наплати присилно преку решение
на Управата за јавни приходи зголемена за 50 % по основа на казнена такса.

You might also like