You are on page 1of 2

До АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ

преку
ОСНОВЕН СУД ВО СКОПЈЕ I - Скопје
ТУЖИТЕЛ:______________________________
ТУЖЕН:_________________________________
ВРЕДНОСТ:______________________________

ЖАЛБА
на тужителот против пресудата на Основниот суд во Скопје I 7ПРК-С-6877/17 од
10/09/2018.година

1.
Со цитираната пресуда одбиено е тужбеното барање во целост, а на тужителот
му е наложено да ги плати парничните трошоци во износ од 18.300,00 денари.
Пресудата тужителот ја побива во целост.

2.
Означената пресуда тужителот ја побива поради следните разлози:
а)погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и
б)погрешна примена на материјалното право.

3.
Во одговор на тужбата, тужениот предложи да се сослуша во својство на сведок
Митре Свиркоски од Охрид, на околности дека бил во истата просторија каде
што странките се договарале и го склучиле спорниот договор.
Тужителот во поднесокот од 12.09.2010.година предложи да се сослуша во
својство на сведок и Пенчо Пајкоски од Охрид, на истите околности како и
тужениот.
Судот со процесно решение од 07.10.2010.година го одби предлогот на
тужителот, а го уважи предлогот на тужениот. Во боразложението на побиваната
пресуда образложи дека пенчо Пајкоски бил брат на сопругата на тужителот и
не ќе бил веродостоен сведок.
На тој начин судот го прекрши човековото право на еднаквост на оружјето во
комбинација со човековото право на владеење на правото од истиот член и
истиот став на ЕКЧП.
Имено, не постои закон кој што одредува дека роднина, односно во конкретниов
случај братот на сопругата на тужителот не може да биде сведок во граѓанска
парница.
Поради тоа, првостепениот суд го прекршил правото на еднаквост на оружјето,
кога за истиот настан му дозволил да сведочи на сведок предложен од тужениот,
а не му дозволил да сведочи на сведок на истиот настан, предложен од
тужителот.

4.
Во побиваната пресуда, судот тврди дека во писмениот договор, што рачно го
составил тужителот, а го потпишале странките, е договорено дека доколку
тужениот не ја исплати цената до одредениот рок, странките ќе направат
компензација со паричното побарување што го има тужениот кон тужителот.
Меѓутоа, во споменатиот договор нема ваква содржина. Во него пишува дека;
доколку тужениот не ја исплати цената до одредениот рок, нема да се прави
компензација со спорното побарување на тужениот кон тужителот.
Впрочем за тоа побарување веќе тече спор пред истиот суд.
ДОКАЗ: -увид во писмениот договор помеѓу странките составен рачно од
тужителот, без датум
-да се прибават по службена должност списите на П.бр.10800/2008 на
тој суд и да се изврши увид во тужбата на тужениот и одговорот на тужба на
тужителот
Поради тоа, постои противречност помеѓу она што го тврди побиваната пресуда
за писмениот договор рачно составен од тужителот и самиот тој рачно составен
договор.
На тој начин судот сторил апсолутно битна повреда на одредбите на парничната
постапка по член 343 став 2, точка 13 од Законот за парнична постапка.

5.
Тужителот предложи да се утврди фактот дека тој воопшто не бил странка во
облигационоправниот однос, врз основа на кој што тужениот истакна приговор
за компензација. За тоа предложи да се направи увид во книговодствените
исправи на тужителот од страна на вешто лице од економска струка.
Бидејќи побиваната пресуда не го утврди овој факт со предложениот доказ,
нецелосно ја утврди фактичката положба.

6.
Поради прекршување на човековите права, сторената апсолутно битна повреда
на одредбите на парничната постапка и нецелосно утврдената фактичка
положба, судот не бил во можност правилно да го примени материјалното право.
Првостепениот суд немал основана причина да ги примени одребите за
компензација, односно одредбите од член 325 до член 332 од Законот за
облигационите односи.

7.
Поради тоа, тужителот

предлага

жалбениот суд да ја укине побиваната пресуда во целост и предметот врати на


првостепениот суд на повторно судење, со надоместок на трошоците за ова
жалба.

Во Охрид _______________ ЗА ТУЖИТЕЛОТ


ТРОШКОВНИК
-состав на жалба................____________ денари
-паушал............................. ____________ денари
-судски такси................... ____________ денари
________________________________________
ВКУПНО......................... ____________ денари

You might also like