You are on page 1of 11

Малв.П.бр.

330/17

Малв.П.бр.330/17

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

ОСНОВНИОТ СУД ВО КАВАДАРЦИ, како надлежен, првостепен


парничен суд и тоа судијата Лилјана Ситникоска како судија поединец , со
записничар Надица Динова, одлучувајќи во правната работа на тужителот К.И.
од К., ул.,, ,, а против тужениот АД В.на Р.М. С. со седиште на ул.,.... Ц. С. , за
надомест на штета, вредност 27.600,оо денари, по одржаната главна и јавна
расправа, во присуство на полномошник на тужителот адвокат Манчо Манчев од
К. и на полномошникот на тужениот адвокат Стојанче Геровски од С., заклучена
на ден 19.02.2018 година, на ден 23.02.2018 година ја донесе и ја објави
следната:

П Р Е С У Д А

Тужбеното барање на тужителот К.И. од К., СЕ УСВОЈУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот АД В.на Р.М. С., на име надомест на


материјална штета причинета на лозвиот насад за 2017 година, да му исплати
на тужителот вкупен износ од 27.600,00 денари, со законска казнена камата
пресметана во висина на референтна стапка на Народна банка на Република
Македонија што за секое полугодие важела на последниот ден на полугодието
што му претходело на тековното полугодие, зголемена за осум процентни поени,
сметано од 13.09.2017 година (денот на поднесување на тужбата), до денот на
исплатата, во рок од 8 дена од приемот на пресудата, како и во истиот рок на
име процесни трошоци да му исплати на тужителот износ од 46.582,00 денари.

Барањето на тужителот да се задолжи тужениот да му ја исплати


разликата од досудениот износ на процесните трошоци до бараниот износ од
60.882,00 денари, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

О б р а з л о ж е н и е

Тужителот К.И. од К. преку својот полномошник адвокат Манчо Манчев од


К. до насловниот суд на ден 13.09.2017 година поднесе тужба против тужениот
АД Водостопанство на Република М. во државна сопственост С., за надомест на
материјална штета, вредност 41.380,00 денари. Предметот е заведен со работен
број Малв.П.бр.330/17.
Постапувајќи согласно чл.269 ст.1 од ЗПП, судот тужбата со доказите ја
достави на одговор до тужениот, кој во определениот рок, поточно на ден
02.10.2017 година, поднесе одговор на тужба во писмена форма, по што судот
закажа рочиште за главна расправа.
Полномошникот на тужителот во тужбата и на расправата пред судот
наведе дека тужителот е сопственик на лозов насад со кп.бр.872 /2 во м.в
,,Маренски пат,, , во површина од 6587м2 . Во непосредна близина на лозовиот
насад поминува каналот за навондување кој е на ниво над лозовиот насад , така
што досега водата од каналот лесно понирала и навлегувала во лозовиот насад.

1
Малв.П.бр.330/17

Наведе дека поради ваквата состојба од страна на тужителот била


поведена постапка за обезбедување на докази водена под ВПП2-35/17 во која
бил извршен непосреден увид на лице место во присуство на вешто лице и во
која постапка е утврдена состојбата со оштетувањето на лозовиот насад. Врз
основа на изготвеното вештачење било констатирано дека лозовиот насад бил
зафатен со вода од каналот и тоа редовите од северозападниот дел и од јужниот
дел, а поради дефект на шахтата..
Поради поголемото количество на вода кое се натрупувало во редивите
од лозовиот насад и поради неможноста да се обработува приносот на лозовиот
насад бил намален и со тоа било предизвикана штета, и изгубена добивка така
што вкупната материјална штета според изготвеното вештачење е проценета на
износ од 41.380,00 денари.

Во тужбата полномошникот на тужителот се повукува на констатираните


состојби во вештачењето и на начинот на пресметување на штетата од вештото
лице и врз основа на истото ,предлага во тужбата судот да го усвои тужбеното
барање на тужителот и да го задолжи тужениот на име надомест на материјална
штета причинета врз лозовиот насад за 2017 година, да му исплати на тужителот
вкупен износ од 41.380,00 денари со законска акзнена камата пресметана
согалсно чл.266-а од ЗО,сметано од денот на поднесување на тужбата до денот
на исплатата .
На ист начин со писмен поднесок од 16.10.2017 година полномошникот
на тужителот врши прецизирање на тужбеното барање како во тужбата.

По однос на наводите во одговор на тужба и истакнатите приговори од


тужениот за недостиг на активна и пасивна легитимација, полномошникот на
тужителот истакна дека истите се неосновани, од причина што тужениот како
правно лице стопанисувал со системот за наводнување и затоа и истиот треба
да ја надомести предизвиканата штета,По однос на вештачењето изготвено од
вештото лице Диме Златев истакна дека е реално и правилно е утврдена
висината на штетата .
По сослушување на сведокот Златко Николов беа ,констатирани грешки
во вештачењето со вијание врз висината на штетата , кои беа исправени и
појаснети од вештите лица со поднесок од 09.02.2018 година врз основа на кој е
пресметана висина на штетата во вкупен износ од 27.600,00 денари.Овој износ
беше прифатен од полномошникот на тужителот и тој го прецизира тужбеното
барање по висина на вкупен износ од 27.600,00 денари, од кои 20.800,00 денари
на име изгубена добивка и износ од 6.800,00 денари заради отежнати услови за
берба.

Во завршен збор полномошникот на тужителот наведе дека од


изведените докази во текот на постапката се утврди фактичката состојба од која
произлегува основаноста на тужбеното барање. и предложи судот да го усвои
во целост како што е прецизирано.

Предложи докази, побара трошоци.

Во одговорот на тужба во писмена форма, тужениот го оспорува


тужбеното барање по основ и висина. Наведено е дека тужениот не се согласува
со фактичката состојба која тужителот ја презентира од причини што истата

2
Малв.П.бр.330/17

била невистинито прикажана и не се приложени докази од кои може да се


утврди основаноста на тужбеното барање. Тужителото не го докажува правниот
интерес да поднесе тужба-нема активна легитимација за водење на спор, ниту
пак ќе ја докажува пасивната легитимација, поради што предлага судот да ја
отфрли тужбата.

Доколку судот не ја отфрли тужбата предложено е да го одбие тужбеното


барање, бидејќи истото се заснова само на вештачењето изготвено од Диме
Златев, за кое е наведено дека е изготвено паушално, спротивно на правилата
на струката и со цел тужителот да се стекне со имотна корист, исто така кон него
нема докази нити пак лиценца за вештото лице. Во одговорот на тужба најавено
е и вештачење од областа на земјоделието што го иницирал тужениот.

На рочиштето полномошниот на тужениот наведува дека од страна на


тужителот не бил посочен точниот ден на прелевањето на водата од каналот .
Приговара и на тоа дека воопшто не било изготвено вештачење според кое би
било утврдено дека има недостатоци на каналот. Наведува дека во случајот
тужениот треба да одговара по принципот на субјективна одговорност , односно
по принципот на докажана вина , а не по принципот на објективна одговорност .
Најавено е вештачење кое не беш доставено ни подоцна.

На рочиштето полномошникот на тужениот наведе и декаод страна на


тужителот не е посочен точниот ден на прелевање на каналот, као услов за
утврдување на критичниот момент на причинско последичната врска на
настанот и штетата.,дека не се утврдени со вештачење недостатоци на каналот
. Наведе дека не извршува дејност од која произлегува зголемена
опасност и не одговара по основ на објективна одговорност туку по основ на
утврдена вина. Писуството на трева во лозовиот насад укажува и на
непостапување на тужителот , кој според ЗОО и Законот за земјоделство и
рурален развој има обврска со земјоделското земјиште да постапува како добар
стопанственик и на свој трошок да ги врши ситните поправки или обврски
потребни земјиштето да биде во уредна состојба.

Полномошникот на тужениот предложи да се сослуша во својство на


сведок Златко Николов кој беше присутен како преставник на тужениот на лице
место и во чие присуство се вршеше пребројување и констатирање на
оштетувањата, кој во својот исказ истакна конкретни забелешки по однос на
пресметката, па откако тие беа исправени од вештото лице , во врска со
прецизираното барање и намалување на тужбеното барање , полномошникот на
тужениот наведе декатужениот ја оспорува тужбата во целост.

Во завршен збор полномошникот на тужениот наведе дека во текот на


постапката не се докажала основаноста на тужбеното барање. Тужителот не
доставил никаков доказ ниту став на вешто лице дека постојат недостатоци на
каналот како услов за побарување на штетата. Па со оглед дека не се утврдени
недостатоци на каналот со кој стопанисува тужениот, смета дека самото чистење
и обработувањето на земјиштето спаѓа во тековно работење како обврска на
тужителот согалсно чл. 68 ст.4 ал.2 од Законот за земјоделство и рурален
развој. Наведе дека тужителот со ниту еден доказ не се докажа дека водата,
односно пренаквасеноста на почвата е од вода од каналот со кој стопанисува

3
Малв.П.бр.330/17

тужениот.
Наведе и дека тужителот не достави договор склучен со тужениот
согалсно чл. 19.в.в. чл.24 од Законот за водостопанство што уакжува на тоа
дека тужениот своите обврски со клиентите ги извршува врз основа ан склучен
договор Поради сето ова предложи судот да ја одбие тужбата како незаконита,
неоснована и недокажана. .

Предложи докази, побара трошоци.

Во текот на доказната постапка судот ги изведе предложените и


прифатени докази и тоа: изврши увид во тековна состојба за тужен бр.0805-
50/151420170003584 од 29.08.2017 година на Ценрален регистар на Република
Македонија , увид во ил.бр.348 за КО Рибарци издаден од Одделение за
катастар на недвижности К. бр.1105-789/2017 од 01.08.2017 година, го прочита
наодот и мислењето од вешто лице Диме Златев од 31.08.2017 година, изврши
увид во спсиите на предметот ВПП.2.бр.35/17,го сослуша вештото лице м-р Диме
Златев, изврши распит на тужителот аккос транка ,го сослуша сведокот Златко
Николов , ја прочита исправката од вешто лице Диме Златев поврзана со
основното вештачење во предметот ВПП2-35/17 доставено за потребите на оваа
постапка на ден 09.02.2018 година, па по оценка на секој доказ посебно ценејќи
ги и сите докази заедно во нивна меѓусебна поврзаност согласно чл.7 и 8 од
ЗПП и вра основа на резултатите од целокупната постапка, ја утврди следната
фактичка состојба:

Тужителот К.И. од К. е сопственик на недвижен имот-лозов насад со


кп.бр.872 /2 во мв,,Маренски пат,, во повшрина од 6587м2 еведентиран на
ИЛ.бр.348 за КО Рибарци. Во непосредна близина на лозовиот насад од
западната страна се наоѓа магистралниот канал при ХМС Тиквеш со кој
стопанисува тужениот. Јужната и источната страна и најзападниот дел од
лозовиот насад кој граничи со каналот е обраснат со интензивен пораст на
шамак како последица од поголемо количество на вода која е резултат од
понирањето на каналот.
По однос на фактичката состојба на лозовиот насад и конкретнките
оштетувања и последиците од присуството на вода во истиот, беше извршен
увид на лице место од страна на судот во присуство на вешто лице М-р Диме
Златев дипломиран инженер агроном, како и во присуство на претставник на
тужениот како противник во постапката, Златко Николов вработен кај тужениот .
Имено, сега тужителот како предлагач на ден 01.08.2017 година до
насловнот суд поднесе предлог за обезбедување на докази. Постапката е
заведена под ВПП.2.бр.35/17 Со решение ВПП.2.бр.35/17 од 01.08.2017 година
судот го усвои предлогот, определи изведување на доказ увид на лице место во
присуство на вештото лице .Увидот беше спроведен на ден 04.08.2017 година.
По извршениот увид од страна на вештото лице м-р Диме Златев е
изготвен наод и мислење со проценка на штетата и истиот на ден 31.08.2017
година е доставен до судот . Во прилог на наодот и мислењето се доставени
фотографии, со појаснување на состојбата за секоја фотографија приложена кон
наодот.
Вешто лице во наодот и мислењето констатира дека лозовиот насад на
тужителот е шпалир од сортата Вранец со старост на насадот од околу 15 годни
.Лозовиот насад се состои од 35 реда посадени во правец исток запад, така што

4
Малв.П.бр.330/17

на западната страна кон исток теренот е со благ нагиб. Во 25 реда од западната


страна на редовите од северниот дел на насадот во близина на каналот постои
презаситена влага и површинска вода која опфаќала околу 20 лози од секој ред.
Поради ваквата презаситеност на вода кај 25 -те реда подолг период не било
возможно изведување на било какви операции на обработување рачно или
машинско, а на останатите 10 реда кон југ од јужната страна кон север во
периодот на месец Јуни-Јули имало водат која од тој период предизвикала
голем пораст на плевели и шамаци Ваквата состојба со местоположбата на
лозовиот насад е констатирана и од страна на судот при извршениот увид.
По однос на присуството на вода, во вештачењето е констатирано дека
дирекно под вода се наоѓа стазата и 25 реда по 20 лози или 500 лози, а во 10
реда југоисточно биле под вода по 30 лози или вкупно 300 лози. Овие делови
од влагата и превисоките треви биле тешко проодни, а во 25 реда поради
преголемата количина на вода воопшто не било можно ни пешки да се поминува
по истите . Поради ваквата количина на вода во овие делови од лозовиот насад
лозите стагнирале со вегетацискиот капацитет, па како последица лозите имале
помал род од стандардниот кој требало да биде во просек од 5кгр.по лоза, а
сега бил 2,5 кгр. како намален род по 1 лоза.
Согласно изготвеното вештачење и исправката на вештачењето од
страна на вештото лице како обична штета е пресметан износ од 26.000,оо
денари и тоа кај 800 лози е утврдно оштетување поради преголемото количество
на вода, како намален принос од 2,5 кгр. по 1 лоза. Така што 800 лози по 2,5
кгр е 20.000,оо денари по 13,оо денари по кгр. е 26.000,оо денари обична штета.
Од овој износ се одзема 20% за трошоци кои нема да се реализираат , а во кои
спаѓаат берба, утовар, превоз , односно износ од 5.200,оо денари , така што
останува износ од 20.800,оо денари чиста изгубена добивка. На овој износ се
додаваат ворнедните трошоци за отежнати услови за берба и тоа 3 надници за
отежната берба износ од 2.400,оо денари, 2 надници за инесување на вреќи по
1.000,оо денари или 2.000,оо денари, 3 надници за подготовка за берба по
8.00,оо денари или износ од 2.400,оо денари или вкупно 6.800,оо денари. Така
што кога овој износ од 6.800,оо денари се додаде на износот од 20.800,оо
денари се добива износ од 27.600,оо денари вкупна штета.

На рочиштето беше појаснето од ова вешто лице дека оваа констатирана


состојба е врз основа на непосреден увид и тоа не само од негова страна туку со
претставник на тужениот Златко Николов вработен кај тужениот и уште за време
на траење на увидот пред да се констатира состојбата на записник од страна на
вештото лице биле усогласувани ставовите, а ваквата констатација уште во
постапката за обезбедување на докази е доставена до тужениот. На прашање на
полномошникот на тужениот дали при излезот на лице место биле утврдени
недостатоци на каналот, ова вешто лице појасни дека при вршењето на увидот ,
каде бил и присутен престаникот на тужениот Златко Николов како раководител
на системот за наводнување воопшто не било спорно дека присуството на вода
во лозовиот насад е од дефектот на каналската мрежа. Имено вештото лице
дава констатација дека пребујно израснатите треви и жбунови присутни се и на
самата патека покрај каналот и истите се надвиснати кон водата на каналот и
во водата на каналот, а било видливо дека се масивно присутни и на делот на
оштетените фуги во каналот, Сето ова укажувало дека не постои соодветно
одржување и чистење на каналот и на приосторот околу каналот, што и довело
до понирање на водата од каналот и навлегување на истата во лозовиот насад

5
Малв.П.бр.330/17

на тужителот предизвикувајќи материјална штета на лозовиот насад.

Тужениот АД Водостопанство на РМ во државна сопственост С., е


основано врз основа на Закон за водостопанства (Сл.весник на РМ бр.51 од
31.03.2015 година) на ден 28.10.2105 година, со тоа што во неговиот состав се
регистрирани и подружници, меѓу кои и подружница Тиквеш К. која претходно
фигурираше како самостојно претпријатие Водостопанство Тиквеш К.. Согласно
чл.16 од овој Закон, овој правен субјект врши воодстопански дејности на
подрачјето на цела територија на РМ. Според чл.47 од истиот закон-од преодни
и завршни одредби, со започнување на примена на овој закон, постојните
водостопанства продолжуваат да работат како подружници на АД
Водостопанство. Примената на законот е од 01.10.2015 година.
Во став 5 и 6 од одредбата од чл.47 од Законот, е уредено дека со денот
на основањето на АД Водостопанство од став 1 на овој член, имотот, опремата,
средствата за работа и другите средства, архивата, документацијата,
вработените, правата и обврските на постојните водостопанства, ги презема АД
Водостопанство од ст.1 на овој член. АД Водостопанство од став 1 на овој член,
е правен следбенк на правата и обврските на постојните водостопанства од став
1 на овој член.

Согласно чл.48 од Законот, хидросистемите, системите за наводнување и


системите за одводнување, кои се во сопственост на РМ, а со кои до денот на
започнувањето со примената на овој Закон не стопанисувале постојните
водостопанства во чл.47 ст.2 од овој закон, ниту други правни лица, ги презема
АД Водостопанство од чл.47.

Ваквата фактичка состојба судот ја утврди од изведените докази во текот


на постапката, пред се од увидот во списите на предметот ВПП2.бр.35/17,
непосредно извршениот увид во постапката за обезбедување на докази и
земјоделското вештачење изготвено од М-р Диме Златев дипломиран инженер
агроном и изјавата на ова вештото лице, од увидот во имотниот лист,
фотографиите приложени кон вештачењата. и изјавата на сведокот Златко
Николов вработен кај тужениот и на тужителот.

Фактичката состојба и не е спорна помеѓу стрнките. Имено не е спорно


дека тужителот К.И. е сопстевник на лозовиот насад со кп.бр.872/2 во мв
,Маренски пат,, заведен во ИЛ.бр.348 за КО Рибарци.

Врз основа на непосредно извршениот увид, како што е наведено во


фактичката состојба, констатирано е дека лозовиот насад е во непосредна
близина на каналот со кој стопанисува тужениот и поради големото присуство на
вода и нередовно чистење на истиот предизвикувало појава на шамак и
затревување и при тоа дошло до понирање на вода од каналот која
предизвикала материјална штета на лозовиот насад.
Со детално пребројување беше пребројан секој ред, беше утврдена
површината, односно редовите кои се целосно зафатени со шамак и од страна
на вештото лице и во присуство на претставник од тужениот на лице место се
утврди состојбата со каналот .

Од наодот и мислењето на вештото лице , како и од извршениот увид на

6
Малв.П.бр.330/17

лице место се потврди причината за присуството на вода во лозовиот насад и


тоа заради оштетување на фуги на каналот кој е на повисоко ниво од лозовиот
насад а поради прекумерното затравување со шамак и други треви и
неродовното чистење и одржување на каналот . Сето ова довело до понирање
на водата и поради поголемото количество на вода кое било во каналот во
летниот период заради наводнувањето ,се излевала неконтролирано вода од
каналот.

Висината на штетата по основ на оштетување на лозовите насади каде


има намален принос како обична штета е пресметана во вештачењето и на
записник пред судот преку непосреден распит е појаснето вештачењето и
расчистени приговорите истакнати од полномошникот на тужениот.
Од исказот на тужителот К.И. сослушан во својство на странка се потврди
дека водата која понирало од каналот довела до поплавување на лозовиот
насад и предизвикала материјална штета.
Тужителот во својот исказ јасно наведе дека и претходните години имал
ваков проблем и понекогаш , самиот преку чистење на каналот и тревите околу
него успевал да го санира проблемот, за овој проблем биле запознати
вработените кај тужениот, но воопшто досега не биле превземени никакви мерки
за чистење и одржување на каналот во овој дел каде се наоѓа неговиот лозов
насад. Тој верно пред судот ја прикажа неговата комуникација со правниот
претходник на тужениот-сега Подружница Тиквеш К., и беше потенцирано од
негова страна дека неговата интенција е да се санира состојбата и да се
отстрани причината, затоа што лозвиот насад го обработува со аргати и никој
не се нафаќа да работи во такви услови.
Судот во целост го усвои барањето за штета, бидејќи истата беше
определнена врз основа на вештачењето кое не беше оспорено со друго
вештачење, основата за пресметката на штетата е утврдена по непосреден
увид во присуство на судот претставник на тужениот кој ниту во присуство на
судот нити подоцна, направи забелешки ниту предлог за дополнување на
вештачењето.
Од изјавата на сведокот Златко Николов вработен кај тужениот се
потврди дека во случајот станува збор за излевање на каналот во местото каде
се слевале дренажните води од каналот и кога доаѓало до излевање на истите
долниот дел од лозовиот насад на тужителот се поплавувал.

Имено овој сведок наведува дека имало и имрзнување на еден дел од


лозовиот насад на тужителот кој допринел и за причинување на штетата во вид
на намален принос, но ваквите наводи судот не ги прифати од причина што од
сите изведени докази, а пред се и од изготвеното вештачење, како и од увидот
на лице место јасно се гледа дека во лозовиот насад на тужителот имало
концентрирано поголемо количество на вода која довела до оштетување на
лозовиот насад во вид на намален принос, а исто така овој сведокок самиот
кажа дека ј делот од лозовиот насад каде има измрзнување не е земен во
предвид при пресметување на штетата.

Истакнатите забелешки по однос на бројот на оштетените лози , во 25-те


реда беа прифатени и за намлен принос беа предмет 800 лозови прачки за што
беше направено и дополнивање,,исправка,, од вештото лице,врз основа на коее
намелно тужбеното барање одполномошникот на тужителот.

7
Малв.П.бр.330/17

При одлучувањето судот се раководеше од следните материјално правни


одредби:

Согласно чл.9 од ЗОО: Секој е должен да се воздржува од постапка со


која може на друг да му предизвика штета

Согласно чл.142 од ЗОО , изменет и дополнет со чл. 41 од Законот за


измени и дополнувања на ЗОО (Сл.в. 84/08) ,, Штетата е намалување на нечиј
имот (обична штета) и спречувањето на неговото зголемување (испуштена
корист ), како и повреда на личните права,,

Согласно чл. 48 од Законот за изменување и дополнување на Законот за


облигациони односи (Сл.в. 84/08 извршена е измена на насловот пред чл.159
од ЗОО и на самиот член и истиот како наслов е именуван како ,,Претпоставка
за постоење на причинска врска ,,

Според изменетиот член 159 ,За штетата настаната во врска со


предмет, подвижен или недвижен, чија положба, употрба, особина или самото
негово постоење преставуваат зголемена опасност од настанување на штета за
околината (опасен предмет) или дејноста чие вршење преставува зголемена
опасност од настанување на штета за околината (опасна дејност) ,се
претпоставува дека потекнува од тој предмет, односно таа дејност,освен ако се
докаже дека причината е на страна на оштетениот или трето лице , или
настанала поради виша сила,,

Во конкретниот случај неспорно е дека водата истекува од канал со кој


стопанисува тужениот и кој нема изведено дренажа , и од оштетените фуги и
големата затравеност која е во канало и надвор од него, акко и нерасчистениот
дел околу каналоит се појавила вода која понирала во лозвиот насад на
тужителкат.Не се настанати штети ни од измрзнување,односно тие не се змени
во предвид при пресметување на штетата која е предмет на тужбеното барање.
Затревеност и појава на шамак и нерасчистувањето и неодржувањето на
каналот и просторот околу него довел до причинување на материјална штета во
лозовиот насад на тужителот.

Приговорите истакнати на вештачењето на вештото лица беа само


паушални, а по однос на висината, постојат понапред образложени причини како
истата е утврдена и во штетата која судот ја досуди, а во која е е опфатена
обичната штета, а дека сега тужениот е пасивно легитимиран, се утврдува од
понапред цитираните одредби од Законот за водостопанство.
Ваквата состојба аннасадот е предизвикана од тужениот, од изјавата на
тужителот на кого судот му поклони верба во целост се утврдува дека тој
постапувал со внимание на добар стопанственик, бидејќи во претходни години со
свои активности со вој скип го исчистил каналот, на негово барање е направен
канал покрај неговото лозје за прифаќање на водите кои истекувале од каналот.
Вршел и прскање на тревите крај каналот. Во својот исказ тој наведе дека и сега
има можност да се исчисти каналот и тоа со мала интервенција од тужениот.

Согласно чл.5 од Законот за водостопанство, АД Водостопанство ги

8
Малв.П.бр.330/17

користи, одржува и стопанисува со системите за наводнување и одводнување во


целина, заради снабдување со вода за наводнување, уредување на речни
корита, одводнување на земјиште и одведување на испуштените води.

Согласно ст.1 од законот, АД Водостопанство врши снабдување со вода


за наводнување на правни и физички лица, сопственици или корисници на
земјоделко земјиште согласно со одредбите од овој закон. Имајќи ги во предвид
овие одредби и фактот дека во смисла на чл.47 ст.5, тужениот стопанисува и со
овој канал за наводнување , чии води заради немање на дренажен систем
повеќе години нананзад го поплавуваат лозовиот насад на тужителот , и истиот
има објективна одговорност за настанатата штета на тужителот.
Отсуството на договор на тужителот склучен со тужениот,како доказ ,
нема никакво влијание во вршењее на обврските на тужениот по однос на
одржување на системите за наводнување, за да ја користи водата за
наводнување тужителот мора да има договор врз основа на кој и плаќа воден
андомест.

При одлучувањето за висината на штетата судот ја имаше во предвид и


одредбата од чл. 205 ст.1 од ЗПП, тужениот не ги оспори доказите на тужителот,
истакнатите приговори на вештачењето од сведокот кој беше преставник од
тужениот на лице место беа прифатени, согледани и отстранети .

Неоснован е истакнатиот приговор за немање активна легитимација на


страна на тужителот и пасивна на страна на тужениот, за овие приговори се
одлучува мериторно и не се отфрла тужбата. Ова од следните причини :
Покрај способноста да се биде странка ,лицето кое учествува како странка
во парницата мора да има овластување за водење на конкретна парница кое се
нарекува процесуална (парнична легитимација). Процесуалната легитимација е
одраз на странките спрема предметот на парницата .
Предмет на парница е правен однос од кој за една од странките извираат
овластувања (права) а за друга обврски па затоа процесуалната легитимација е
однос на тужителот спрема побарувањето чија што заштита се бара-активна
легитимација и однос на тужениот спрема обврската чие исполнување се бара-
пасивна легитимација. Процесуалната легитимација треба да се докаже и тоа е
должност на тужителот и тој треба да докаже дека тој е овластен да ја поведе
парницата спрема тужениот што го означил во тужбата, со оглед на конкретното
тужбено барање што го истакнал во тужбата.
Тужителот во конкретниот случај докажа дека за барањето што го означил
во тужбата - за штетата причинета на лозовиот насад во негова сопственост има
својство на оштетен и има овлатување да бара истата да му биде надоместена .
Исто така докажа и дека тужениот е пасивно легитимиран , бидејќи
постои причинско последична врска меѓу штетата и штетното дејствие тоа е
истекување вода од канал со кој стопанисува тужениот и кој според законот има
обврска да го одржува. Имено самиот канал прописно и навремено ако не се
одржува може да предизвика штети од големи размери бидејќи се протега на
голема површина и има зафатнина на големо количество вода и е во функција
од април месец заклучно со месец септември па дури и октомври , додека трае
поливната сезона. Освен тоа за користење на оваа вода за наводнување
корисниците плаќаат воден надомест и за таа услига неопходно е потребен
договор, договорот не е услов за одржување на каналот и спречување од него да

9
Малв.П.бр.330/17

настане штета .

Согласно чл.178 ст.1 и 2 од ЗОО ,,Оштетениот има право како на


надоместок на обичната штета така и на надомест на испуштената корист.
Висината на надоместокот на штетата се определува според цените во
времето на донесувањето на судската одлука ,освен ако нешто друго не е
утврдено со закон,,

Според чл. 175 од ЗОО ,,Обврската за надомест на штетата се смета за


стасана од моментот на настанување на штетата,, .
Во конкретниот случај бидејќи штетата е изразена во пари судот на
досудениот износ на штета го задолжи тужениот да плати и законска казнена
камата пресметана согласно чл.266-а вв со чл.313 ст.1 од денот на поднесување
на тужбата до денот на исплатата.

Согласно чл.266 б, на паричните обврски што произлегуваа од другите


видови на облигациони односи, се применува стапката на законска казнена
камата за договорите во кои барем едното лице не е трговец за соодветната
валута.

Поради сето понапред наведено судот одлучи како во изреката на


пресудата.

Согласно одредбите од чл.148,чл.149 од ЗПП ,Законот за судски таски и


Тарифата за плаќање на наградата и трошоците на адвокатите ,судот го
задолжи тужениот да и му ги надомести процесните трошоци на тужителот во
вкупен износ од 46.582,00 денари, а кои се се однесуваат за следните процесни
дејствија:
-трошоци предизвикани во парничната постапка и тоа: за состав на тужба
со паушал од 30% и ДДВ 18% износ од 4602,00 денари, судска такса за тужба
износ од 1.200,00 денари, за судска такса за одлука износ од 1.200,00 денари, за
застапувања пред суд од страна на полномошник адвокат со паушал од 30% и
часовнина од 20% и ДДВ18% износ од по 5.522,00 денари за едно рочиште или
за четири рочишта износ од 22.088,00 денари, или вкупен износ од 29.090,00
денари трошоци предизвикани во постапката Малв.П.бр.330/17.
Од предјавените трошоци во вкупен износ од 29.880,00 денари во
парничната постапка судот го одби барањето на тужителот во делот на
разликата од побаруваниот износ за судска такса за тужба и пресуда за иснос од
по 400,00 денари или вкупно 800,00 денари .
Судот го задолжи тужениот да му ги надомести на тужителот и
трошоците предизвикани во вонпарнична постапка за обезбедување на докази
ВПП 2.бр. 35/17 во износ од 17.492,00 денари , а кои се однесуваат за:
-состав на предлог за обезбедување на докази со 30% паушал и 18% ДДВ
износ од 4.602,00 денари, за судска такса за предлог износ од 480,00 денари, за
судска такса за одлука износ од 1.000,оо денари, за застапување на адвокатот
на едно рочиште со паушал од 30% и часовнина од 20% и 18% ДДВ износ од
5.522,00 денари , за вештачење од вешто лице Диме Златев износ од 5.888,00
денари.
Судот од вкупно предјавените трошоци за обезбедување во износ од
30.992,00 денари , судот го одби барањето за износ од 13.500,00 денари кои се

10
Малв.П.бр.330/17

однесуваат на повисок предјавен износ за состав на предлог износ од 6.136,00


денари и износ од 7.364,00 денари повисок предјавен износ за присуство на
рочиште.
Судот не ги прифати така предјавените трошоци за состав на предлог и
за присуство на рочиште по предлог, бидејќи иако постапката е заведена
псудски деловник во ВПП уписник , овде станува збор за постапка уредена
согласно одредбите од ЗПП и одредбата од чл.162 од ЗПП се однесува на овие
трошоци па затоа истите се одмерени согласно Тарифата на основица на
досудениот износ на штета.

ОСНОВЕН СУД КАВАДАРЦИ, Малв.П.бр.330/17 од 23.02.2018 година.

С У Д И Ј А,
Лилјана Ситникоска,с.р

ПОУКА: Рок за жалба 8 дена по приемот на


пресудата, преку овој суд до Апелациониот
суд во Скопје.

Верно со оригиналот тврди:

11

You might also like