You are on page 1of 4

« ТСЖ-628/16»

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО БИТОЛА, во совет составен од судиите:


Јоска Матески - претседател на советот, Меџит Шазимани и Никола Крстески -
членови на советот, во правната работа на доверителот Е. 2002 ДОО О - Р.
против должникот Е. - Мако ДОО О. - Р., за неправилности на Заклучокот за
утврдување на трошоците на извршување, вредност 117.442,00 денари,
решавајќи по жалбата на доверителот против решението на Претседателот на
Основен суд Битола ППНИ-211/16 од 16.11.2016 година, на седницата на советот
одржана на ден 20.12.2016 година, донесе

РЕШЕНИЕ

Жалбата на доверителот, СЕ УВАЖУВА.

Решението на Претседателот на Основен суд Битола ППНИ-211/16


од 16.11.2016 година, во став 1 и 2 од изреката, СЕ ПРЕИНАЧУВА И СЕ
ОДЛУЧУВА:

СЕ УВАЖУВА приговорот на доверителот.

Заклучокот за утврдување на трошоците на извршување


И.бр.26/2010 од 28.10.2016 година на извршителот Николче Диневски од Битола,
во точка 1 за надомест на трошоци на извршувањето и тоа на име цена за
администрирање на предметот и трошоци на име превземени извршни дејствија,
СЕ СТАВА вон сила.

Барањето на доверителот за надомест на првостепени и


второстепени трошоци, СЕ ОДБИВА како неосновано.

Образлож ение

Со побиваното првостепено решение делумно е усвоен приговорот на


доверителот на начин што Заклучокот за утврдување на трошоци на
извршувањето И.бр.26/2010 од 28.10.2016 година на извршител Николче
Диневски од Битола во точка 1 за надомест на трошоци на извршувањето и тоа
трошоци на име цена за администрирање на предметот и трошоци на име
превземени извршни дејствија е оставен во сила.

Заклучокот за утврдување на трошоци на извршувањето И.бр.26/2010 од


28.10.2016 година на извршител Николче Диневски од Битола, во точка 2 за
надомест на награда за реализирана извршна исправа е ставен вон сила.

1
« ТСЖ-628/16»

Против вака донесеното првостепено решение во законски предвидениот


рок жалба вложи доверителот од чија содржина произлегува дека истото го
побива во делот во кој е оставен во сила Заклучокот за утврдување на трошоци
на извршувањето, став 1 и 2 од изреката на побиваното решение, по сите
законски основи предвидени во чл.342 ст.1 од ЗПП, со предлог жалбата да се
уважи, побиваното решение во побиваниот дел да се преиначи на начин што ќе
биде уважен приговорот како основан и Заклучокот за утврдување на трошоци на
извршување донесен од извршител Николче Диневски од Битола да се стави во
целост вон сила, како и да се задолжи извршителот Николче Диневски од Битола
да му ги надомести на доверителот трошоците за судска такса за приговор во
износ од 2.400,00 денари, такса за решение во износ од 2.300,00 денари и такса
за жалба во износ од 2.340,00 денари.

Примерок од изјавената жалба од доверителот е доставен до


извршителот Николче Диневски од Битола, меѓутоа не е поднесен одговор на
жалба.

Апелациониот суд во Битола во границите на своите овластувања


согласно одредбата од чл.354 во врска со чл.371 од ЗПП и во согласност со
чл.10 од ЗИ, ги разгледа списите по предметот, го испита побиваното
првостепено решение во побиваните делови, како и жалбата и жалбените
наводи, приговори и предлози на доверителот и по оцена на истите најде дека:

Жалбата е основана.

Основани се жалбените наводи за погрешна примена на материјалното


право.

Во конкретниот случај првостепениот суд одлучи на начин како во став 1 и


2 од изреката на побиваното решение, од причини што од приложените докази
во списите на предметот утврди меѓу другото дека извршителот Николче
Диневски од Битола по поднесено барање за извршување од доверителот Е.
2002 ДОО О. - Р., ја спровел извршната постапка И.бр.26/2010, врз основа на
извршна исправа ПЛ.бр.7449/09 од 02.12.2009 година на Основниот суд Битола.
Извршителот со Заклучок за запирање на извршувањето И.бр.26/2010 од
21.01.2010 година, донесен врз основа на чл.28 ст.2 од ЗИ, го запрел
извршувањето поради повлекување на барањето за извршување од страна на
доверителот. На ден 28.10.2016 година, извршителот донел заклучок за
утврдување на трошоците на извршувањето И.бр.26/2010 со кој го задолжил
доверителот со трошоците на извршната постапка.

При една вака утврдена состојба, првостепениот суд заклучи дека


извршителот основано го задолжил доверителот со трошоци на извршната
постапка кои се однесуваат на цена за администрирање на предметот и трошоци
за превземени извршни дејствија кои подробно се наведени во точка 1 од
Заклучокот за утврдување на трошоци на извршувањето И.бр.26/2010 од
28.10.2016 година, од причина што согласно чл.10 ст.2 од Тарифата за награда и
надоместок на другите трошоци за работата на извршителите, кога

2
« ТСЖ-628/16»

извршувањето е запрено по барање на доверителот, цената за администрирање


и цената на извршните дејствија ги плаќа доверителот.

При одлучувањето првостепениот суд го имаше во предвид и приговорот


на доверителот за застареност на побарувањето, но истиот го оцени како
неоснован со дадени образложени причини како во образложението на својата
одлука, предмет на сега жалбена постапка.

Меѓутоа, овој суд смета дека првостепениот суд при одлучувањето


погрешно го применил материјалното право и како резултат на тоа донесе и
погрешна одлука кога најде дека е неоснован приговорот на доверителот за
застареност на побарувањето, предмет на точка 1 од Заклучокот за утврдување
на трошоци на извршувањето И.бр.26/2010 од 28.10.2016 година на извршителот
Николче Диневски од Битола и тоа по однос на побараните трошоци од
извршителот на име цена за администрирање на предметот и на име превземени
извршни дејствија.

Приговорот за застареност на побарувањето, како што е во случајот


приговорот на доверителот, е од материјално правна природа и по таквиот
приговор не се решава како за процесно прашање туку како за прашање кое се
однесува на материјалното право.

Рокот на застареноста претставува протек на определено време после


кое определено право не може да се оствари присилно. Со застареноста една
правно заштитена обврска односно правно заштитено побарување се
претворува во незаштитена обврска, во натурална обврска, што со други
зборови значи дека не се гасне, туку само престанува правото присилно да се
бара исполнување на застарената обврска.

Застареноста почнува да тече првиот ден по денот кога доверителот имал


право да бара исполнување на обврската и настапува кога ќе истече последниот
ден од времето определено со закон - чл.350 и 351 од ЗОО.

Во конкретниот случај видно од списите на предметот, извршителот


Николче Диневски од Битола побарува од доверителот трошоци на име цена за
администрирање на предметот и на име превземени извршни дејствија подробно
опишани во точка 1 од оспорениот Заклучок за утврдување на трошоци на
извршувањето И.бр.26/2010 од 28.10.2016 година, што воедно значи дека се
работи за парично побарување односно долг.

Согласно одредбата од чл.360 од ЗОО, побарувањата застаруваат за 5


години, ако со закон не е определен некој друг рок на застареност, што значи
дека општиот рок на застареноста според ЗОО изнесува 5 години. Подолг рок од
овој рок е рокот од 10 години за побарувањата утврдени пред судот или пред
друг надлежен орган - чл.368 од ЗОО, што не е така во конкретниот случај.

Видно од списите на предметот, извршителот Николче Диневски од


Битола во постапката за извршување по предлог на доверителот Европа 2002
ДОО Отешево - Р. против должникот Евротурс - Мако - ДОО Отешево - Р., на ден

3
« ТСЖ-628/16»

21.01.2010 година, донесе Заклучок за запирање на извршувањето согласно


чл.28 ст.2 од ЗИ, односно поради повлекување на барањето за извршување од
страна на доверителот. Што произлегува дека извршителот Николче Диневски од
Битола имал право да ги побарува од доверителот трошоците на извршувањето
и тоа на име цена за администрирање на предметот и на име превземени
извршни дејствија, по истекот на првиот ден од денот кога е донесен Заклучокот
за запирање на извршувањето, т.е. од 22.01.2010 година.

Меѓутоа, во случајот извршителот Николче Диневски од Битола го


донесува оспорениот Заклучок за утврдување на трошоци за извршувањето
дури на ден 28.10.2016 година, што значи по истекот на општиот рок на
застареноста на побарувањата кој изнесува 5 години, што воедно неспорно
произлегува дека побарувањето на извршителот Николче Диневски од Битола е
застарено според - чл.360 од ЗОО.

При една ваква ситуација на работите, овој суд смета и цени дека
приговорот на доверителот за застареност на побарувањето на извршителот
Николче Диневски од Битола е основан, поради кои причини и следуваше да се
одлучи на начин како во изреката на ова решение согласно одредбата од чл.370
ст.1 т.3 од ЗПП.

Овој суд го одби барањето на доверителот за надомест како за


првостепени така и за второстепени трошоци, од причини што од една страна во
случајот се работи за облигационен однос помеѓу доверителот и извршитеот, а
не помеѓу доверителот и должникот, меѓутоа како во конкретниот предмет,
извршителот не е странка не може истиот да се задолжи да ги надомести
сторените трошоци, бидејќи според одредбите од ЗПП кои се однесуваат на
трошоците на постапката јасно произлегува дека сторените трошоци на
противната страна ги надоместува странката која не успеала во спорот. Од друга
страна пак видно од приговорот на доверителот против Заклучокот за
утврдување на трошоците на извршувањето на извршителот Николче Диневски
од Битола, произлегува дека доверителот првостепените трошоци кои ги
побарува такса за приговор и такса за решение не ги определил по висина што е
спротивно на чл.158 ст.2 од ЗПП.

Претседател на совет - судија


Јоска Матески с.р.
МШ/СИ

You might also like