You are on page 1of 14

Универзитет Св.

Климент Охридски – Битола


Правен Факултет – Кичево
Дисперзирани студии – Струга

Семинарска работа по предметот Арбитражно право


Тема:
Признавање и извршување на странските арбитражни
одлуки

Професор: Изработил:
Д-р Мирјана Ристовска Хулја Бешир 218/С
Содржина

Вовед...................................................................................................................................
Доброволно извршување на арбитражните одлуки.......................................................
 Форми на притисок за доброволно извршување на арбитражната одлука............
Присилно извршување на арбитражните одлуки...........................................................
Странска Арбитражна Одлука – Поим.............................................................................
 Одредување на припадноста на арбитражните одлуки – квалификување на
арбитражната одлука како „странска“........................................................................
 Персонален критериум................................................................................................
 Територијален критериум............................................................................................
 Критериумот на автономија на волјата на странките (процесен критериум).........
Постапка за признавање на странски арбитражни(и судски) одлуки...........................
 Видови постапки за признавање на странските (судски и) арбитражни одлуки....
 Постапка на проста егзекватура.................................................................................
 Делибациона постапка.................................................................................................
 Постапка prima facie evidence......................................................................................
Постапка за признавање на странските судски (и арбитражни) одлуки во
Република Македонија......................................................................................................
Користена Литература.......................................................................................................
Вовед

Основната карактеристика на меѓународната трговска арбитража како начин на


решавање на споровите,се состои во тоа што арбитражната постапка завршува со
донесување на одлука за предметот на спорот,која што е задолжителна за
странките.Поинаку казано,арбитражната одлука има авторитет на пресудена
работа.Арбитражната одлука авротитативно ги регулира правните односи меѓу
странките.Со чинот донесувањето на арбитражната одлука,формално-правно се
окончува спорот заради кој е формирана арбитражата.Работата на арбитражниот
суд се смета за завршена и тој е functus officio.Фазата која следи по донесувањето
на арбитражната одлука суштински се разликува од арбитражниот процес поради
што во правната наука ги добива квалификациите како нешто абнормално.Имено
во оваа фаза би требало да настапи доброволното исполнување од страна на
странките,на она што е досудено во арбитражната одлука.Во
практиката,странката – губитник најчесто доброволно ги исполнува обврските кои
за неа произлегуваат од арбитражната одлука,со што се затвора логичниот круг
на арбитражата.Имено,со исполнувањето на арбитражната одлука,во суштина се
исполнуваат договорените обврски кои странките ги презеле уште при
склучуваето на арбитражната спогодба – во конкретниот случај,обврската да се
потчинат на одлуката на арбитрите.Доколку арбитражната одлука се
иврши,трудот на арбитрите добива признание,а арбитражата како институција се
зајакнува.
Доброволно извршување на арбитражните одлуки

Податоците во врска со доброволно извршување на арбитражните


одлуки,покажуваат задоволителни резултати.Се наведува дека дури 90% од
одлуките на Меѓународниот арбитражен суд при меѓународната трговска
арбитража во Париз, се исполнуваат доброволно.Добрата на странките во
системот на меѓународна трговска арбитража,во голема мерка ја објаснува
високата стапка на доброволното исполнување на арбитражните одлуки.Но,сепак
во крајна линија,успехот на меѓународната трговска арбитража,како и секоја друга
форма на решавање на споровите,зависи пред се од дијапазонот на
расположливите инструменти за ефикасно присилно извршување на одлуките кои
од неа произлегуваат.Колку е поголема извесноста од присилно
извршување,правопропорционално расте веројатноста дека странките
доброволно ќе ја исполнат сопствената обврска од арбитражната одлука и
обратно.Притоа,мора да се има предвид дека арбитражата претставува
недржавна институција,која нема на располагање средства за присилно
извршување на своит одлуки.Општо земен, во случај на одбивање на доброволно
извршување од страна на должникот, странката – победник има на располагање
две солуции: Првата, се состои во примена на некоја од формите на притисок, од
финансиски или од друг тип, со цел да и се покаже на странката – губитник дека е
во нејзин интерес да ја изврши одлуката.Втората солуција би се состоела во
посегање по власта на државата, преку обраќање до државните судови заради
спроведување на постапката за присилно извршување.

 Форми на притисок за доброволно извршување на арбитражната одлука


Пристапувањето кон доброволно извршување на арбитражната одлука,
претставува правна и деловна проценка на самата странка околу штетните
последици кои може да настанат по неа од неизвршувањето.Најчесто, стравот од
критика од деловната заедница, како и опасноста неизвршувањето на
арбитражната одлука да се протолкува како доказ за нејзината лоша финансиска
состојба,се сосема доволем мотив за странките веднаш и доброволно да
пристапат кон извршување.Но ваквото поведение може да биде силно охрабрено
доколку странката – губитник е цврсто уверена дека заедницата нема да остане
пасивна во случај на неизвршување, туку врз неа ќе бидат применети одредени
форми на притисок. Најсилниот притисок кој може да направи се странката да се
натета доброволно да ја изврши арбитражната одлука, претставуваат санкциите
од финансиска природа. Кај долготрајните деловни односи, може да биде во
интерес на губитникот доброволно да ја изврши одлуката, пред се заради
ненарушување на односите со победникот од кои може да се извлече значителна
добивка во иднина.Посебната форма на вакви санкции постои кај арбитражните
одлуки донесени од ICSID центарот. Доколку странката губитник е држава, таа е
под закана дека во случај на неизвршување на одлуката, ќе и бидат ускратени
понатамошните заеми од Светската банка. Ефикасна форма на притисок
претставуваат санкциите кои ги востановуваат трговските асоцијации и
арбитражните институции. Прва на листат на овие санкции е негативниот
публицитет, на кој се изложува странката – губитник од страна на самата
институција. Тоа се прави преку истакнување на името на странката – губитник на
огласната табла во седиштето на Трговската комора, или може да биде
циркуларно писмо до сите членки и сл.Со таквиот потег, останатите членки се
обесхрабруваат да стапуваат во деловни односи со странката која не ја
исполнела својата обврска од арбитражна одлука. Следна санкција би била
забрана за несовесната странка во иднина да ги изнесува своите спорови пред
институционалната арбитража во состав на одредена трговска комора. Името на
странката се става т.н “црна листа„ .Солидарноста во бојкотирањето на субјектите
од црните листи е посебно истакнато во трговијата со житни растенија и кај
трговците со дијаманти. Најстрога санкција би било исклучувањето или
суспензијата на несовесната странка од трговската асоцијација во чии рамки
функционира институционалната арбитража. Би можело да се изведе заклучокот
дека елементите на комерцијален или друг притисок вообичаено стојат зад т.н
доброволно извршување на арбитражните одлуки. Тие во значителна мерка ја
зголемуваат веројатноста дека странката – губитник доброволно ќе ја изврши
арбитражната одлука и покрај тоа што таа е за неа непријатна.
Присилно извршување на арбитражните одлуки

Крајното средство кое постои во правниот систем против несовесниот губитник од


арбитражната одлука , е прибегнување кон присилно извршување од страна на
државните судови. Со оглед на тоа што предмет на извршувањето е имотот на
должникот од арбитражната одлука, можни се две ситуации. Во првата, која е
помалку комплицирана, би се пристапило кон присилно извршување во земјата во
која арбитражната одлука се смета за домашна. Во теоријата и законодавството
се познати четири системи за извршување на т.н домашни арбитражни одлуки.
Според првиот од нив кој е во примена во Швајцарија и во Хрватска на пример,се
врши депонирање на арбитражната одлука кај надлежниот државен суд, а дури
потоа е можно нејзино присилно извршување. Според вториот систем, кој е
застапен во Република Македонија , Словенија, Англија и други земји, врз основа
на арбитражната одлука директно се поднесува барање за присилно извршување
до надлежниот суд. Третиот систем, кој е во примена во Франција на пример,
пропишува обраќање до домашните државни судови заради добивање на еден
вид „признавање„ односно дозвола за извршување – егзекватура. Според
четвртиот и последен систем, се поднесува тужба до надлежниот суд врз основа
на арбитражната спогодба создава договорна обврска за исполнување на
одлуката.Пример за ваков систем претставува т.н слободна арбитража од
италјанското право, која се одвива врз основа на чл.1322 од Граѓанскиот законик
на Италија. Одлуката на слободната арбитража – lodo irrituale има дејство на
договор за странките и доколку не биде извршена доброволно,истото може да се
оствари дури по спроведување на дополнителна сумарна судска постапка.
Извршувањето на домашните арбитражни одлуки, е секако значајно процесуално
– право. Многу посложена е ситуацијата, кога е неопходно арбитражната одлука
да биде присилно извршена во земја во која таа не се смета за домашна, т.е каде
истата се третира како странска одлука. Тоа не доведува до проблемот на т.н
„признавање и извршување на странските арбитражни одлуки“. Овој институт во
себе содржи неколку прашања на кои е неопходно да се даде одговор. Најнапред,
како претходни прашања се појавуваат одредувањето на поимот на странската
арбитражна одлука и дефинирањето на поимите признавање и извршување на
странските арбитражни одлуки. Трето нужно е определувањето на правилата на
постапката во која се спроведува признавањето и извршувањето на странските
арбитражни одлуки. Сепак, четвртото и најзначајно прашање се т.н претпоставки
за признавањето и извршувањето на странските арбитражни одлуки. Во
продолжение, секое од поставените, прашања ќе биде подложено на проучување,
најнапред низ призмата на меѓународните конвенции, за потоа да биде извршена
компаративно – правна анализа на законодавствата на подделните држави.
Странска Арбитражна Одлука – Поим

Меѓународните инструменти и внатрешните законодавства на одделните држави,


подеднакво одбегнуваат да го определат поимот на арбитражната одлука. Така,
на пример, во Њујоршката конвенција од 1958 година, е предвидено единствено
дека „под арбитражни одлуки ќе се подразбираат не само одлуките кои ќе ги
донесат арбитрите именувани за одредени случаи, туку е оние кои ќе ги донесат
постојаните арбитражни органи на кои странките подложиле„ . Модел – законот за
меѓународна трговска арбитража на UNCITRAL во својата конечна верзија, исто
така остана без дефиниција на поимот арбитражна одлука. Сепак, нужно е да се
напомене дека при изготвувањето на Модел – законот, постоела предлози за
дефинирање на поимот „арбитражна одлука„. Така, на Конференцијата во Лозана
од 1984 година, била предложена следната дефиниција: Арбитражна одлука
означува конечна одлука со која се решаваат сите прашања кои се поставени
пред арбитражниот суд и секоја друга одлука на арбитражниот суд со која конечно
се решава суштината на спорот или за прашањето на неговата надлежност или
пак секое друго процедурално прашање, но во последниот случај, само ако
арбитражниот суд го насловил својот акт како одлука. Меѓу поновите национални
арбитражни кодификации, единствено Хрватскиот закон за арбитражата од 2001
година, содржи дефиниција на поимот арбитражна одлука. Така, во овој закон е
предвидено дека одлука е одлука на арбитражниот уд за суштината на спорот, а
дека конечна одлука е одлуката со која е решено за основата и висината на
одделно барање. Сепак, независно од евентуалните разлики, во правната теорија
и во практиката, не е спорно дека под арбитражна одлука би требало да се
подразбере онаа одлука со која се решава за суштината на спорот помеѓу две или
повеќе лица, која е задолжителна за странките и има дејтсва кои кореспондираат
со дејствата на судските одлуки, а која е донесена од недржавно тело – ad hoc
или институционална арбитража чии што овластувања се црпат од спогодбата на
странките.

 Одредување на припадноста на арбитражните одлуки – квалификување на


арбитражната одлука како „странска“
Како што веќе претходно беше напоменато, прашањето за правното дејство на
една арбитражна одлука во одреден правен систем, зависи првенствено од тоа
дали ќе биде квалификувана како „домашна“ или како „странска“. Сосема јасно, за
ваквата квалификација е меродавен поредокот на државата во која се бара
арбитражната одлука да го произведе правното дејство. Во правната теорија се
познати повеќе критериум за одредување на припадноста на арбитражните
одлуки, со цел да се означи странската одлука, која пред извршувањето подлежи
на претходно признавање од страна на надлежните власти. Во современото
внатрешно и меѓународно арбитражно право, постојат два критериума за
одредувањето на припадноста на арбитражната одлука, а со тоа и за
определувањето на поимот на странска арбитражна одлука.Првиот е
територијалниот критериум, во кој пресудно значење имаат седиштето на
арбитражата или местото на донесувањето на арбитражната одлука, а вториот е
критериумот на автономијата на волјата, кој што уште се нарекува и процесен
критериум. Во постарата правна теорија, се среќава и едно друго стојалиште, т.н.
персонален критериум. Во современета теорија пак, се појавува и концептот за
постоење на т.н. „анационални“ арбитражни одлуки, кои не се поврзани со ниту
една држава. Во продолжение ќе им биде посветено внимание на секој од
наведените критериуми.

 Персонален критериум
Според застапниците на персоналниот критериум припадноста на една
арбитражна одлука се одредува преку поврзаноста помеѓу учесниците во
арбитражниот процес и одредена држава. Овој критериум, сосема разбирливо,
има малку приврзаници во правната теорија, а речиси е игнориран од
националните законодавства. Половина на ХIX-от век, пресудно за одредувањето
на статусот на арбитражната одлука како странска, би било државјанството и
домицилот на арбитрите, односно на претседателот на арбитражниот совет, ако
арбитрите би биле со различна националност. Ваквото стојалиште било
прифатено и во делови од француската судска практика од почетокот на ХХ-от
век. Според едно друго, исто така персоналистичко сфаќање, клучната врска,
односно клучниот критериум за одредувањето на потеклото на арбитражната
одлука е државјанството, или пак домицилот на странките. За слабостите на
персоналниот критериум, не е потребно премногу да се елаборира. Доволно е да
се истакне дека според овој критериум, една арбитражна одлука донесена во
постапка која во целост се одвивала на теритеријата на домашна држава, би се
сметала за странска само поради тоа што некој од арбитрите е со странско
државјансто, односно е домицилиран во странство. Практично, една сосема
случајна врска, која нема ништо заедничко со самата арбитража би била пресудна
за одредувањето на статусот на одлуката на таа арбитража. Токму поради овие
причини, застапниците на персоналниот критериум денес немаат никаква
поддршка и имаат единствено теоретско значење.

 Територијален критериум
Доминантен во правната теорија и во законодавствата на одделните држави е т.н.
територијален критериум. Неговата суштина е во тоа што се инсистира на
територијалната врска помеѓу арбитражата и одредена држава, како пресуден
фактор во определувањето на припадноста на арбитражната одлука. Обидите за
локализација на арбитражата во помош на елементите на територијалната
поврзаност отсекогаш имале најмногу приврзаници во теоријата и се од големо
влијание во практиката. Уште многу рано е формиран еден од најзначајните
критериуми за врзувањето на арбитражата за седиштето на арбитражата, и тоа од
автори кои денес можат да се сметаат за класични. Овој критериум е поддржан и
од бројни други автори, но бројни се и критиките упатени до него. Основните
аргументи за таквата критика се: тешкотиите околу утврдувањето на седиштето на
арбитражата, можноста арбитражата да заседава во повеќе места и сл. И покрај
наведените недостатоци, територијалниот критериум е сепак најпогоден, и како
таков е широко прифатен во практиката. Најголемиот број национални
законодавства го прифаќаат местото на донесувањето на арбитражната одлука,
како критериум за одредени национални законодавства, го прифаќаат
територијалнио критериум како единствен критериум.
И ЗМТАРМ од 2006 година го усвојува територијалниот критериум како
единствен,при што е предвидено дека како странска арбитражна одлука се смета
единствено арбитражната одлука што не е донесена во Република Македонија.
Понатаму, предвидено е дека странската арбитражна одлука има припадност на
државата во која е донесена.

 Критериумот на автономија на волјата на странките (процесен критериум)

Според овој критериум кој датира од поново време, припадноста на арбитражните


одлуки би се одредувала преку процесното право врз оснона на кое е донесена
соодветната арбитражна одлука. Овој критериум се базира на две премиси.
Првата премиса е околноста дека секоја арбитражна одлука се донесува врз
основа на процесното право на некоја држава, поради што истата е контролирана
од тоа право – lex arbitri. “ Lex arbitri не мора да е нужно правото кое е меродавно
за суштината на спорот ниту пак правото чии што процесни правила кои ги
применуваат арбитрите. Попрво, lex arbitri ја регулира полноважноста на
арбитражниот процес како таков. Втората премиса, се заснова на автономијата на
волјата на странките, да го одберат државниот процесно – правен систем на кој ќе
го подложат арбитражното решавање на споровите. Притоа, странките можат да
ја подложат арбитражата и на процесно правниот систем на држава различна од
онаа во која се одвива арбитражната постапка. Консеквентно на тоа,
арбитражната одлука би ја имала припадноста на државата чие што процесно
право било определено како меродавно за нејзиното донесување врз основа на
автономијата на волјата на странките, независно од тоа што во која држава
одлуката е донесена. Критериумот на автономијата на волјата, не е прифатен
ниту како единствен, а ниту како примарен критериум за одредувањето на
припадноста на арбитражните одлуки. Напротив, во одредени национални
законодавства, како и во Њујоршката конвенција од 1958 година, тој е прифатен
единствено како дополнување кон територијалниот критериум, кој е поставен како
основен за квалификувањето на една арбитражна одлука како странска. Така на
пример, во законодавството на Србија како странска арбитражна одлука се смета
одлуката која ја донел арбитражен суд чие место е надвор од оваа држава, но и
одлуката која ја донел арбитражен суд во Република Србија ако на арбитражната
постапка е применето странско право. Правен основ за примена на критериумот
на автономијата на волјата во Њујоршката конвенција, претставува втората
реченица од членот 1, став 1, каде е предвидено дека покрај на арбитражните
одлуки кои не се донесени во државата во која се бара признавањето и
извршувањето, конвенцијата ќе се применува исто така и на арбитражните одлуки
кои не се сметаат за домашни одлуки во државата во која се бара нивното
признавање и извршување.
Постапка за признавање на странски арбитражни(и
судски) одлуки

Кога се говори за постапка за признавање и извршување, првенствено се мисли


на збирот од процесни правила според кои се спроведува постапката за
признавање и извршување на странските одлуки. Тоа би ги вклучувало, на
пример, прашањата за определување на стварната и месната надлежност за
нејзино спроведување, составот на судот, легитимацијата за поведување на
постапката, дали постапката е контрадикторна, правните лекови кои можат да се
поднесуваат и сл.

 Видови постапки за признавање на странските (судски и) арбитражни одлуки


Постапката за признавањето (и извршувањето) на странските одлуки се регулира
со внатрешните прописи на граѓанското процесно право на државите. Притоа, во
одделните држави е застапен еден од следниве видови постапки: а) проста
егзекватура; б) делибациона постапка; и в) постапка prima facie evidence.

 Постапка на проста егзекватура


Се состои во поднесување на молба која се приложува примерок од странската
одлука, а судот без претходна усна расправа испитува дали постојат услови за да
одобри признавање (егзекватура). Спротивната страна има само на приговори од
процедурален карактер. Оваа постапка се завршува со одбивање или со давање
на егзекватура.

 Делибациона постапка
Основно за неа е што се бара учество и на странката против која се бара
признавањето на одлуката, а вклучува и водење на контрадикторна постапка, за
која најчесто е надлежен виш или врховен суд.

 Постапка prima facie evidence


Се состои во покренување на нова парница, во која странската одлука се третира
само како солиден доказ prima facie evidence. Странката која се притиви, може да
истакне приговор дека странската судска одлука е заснована врз погрешна правна
основа или врз недоволни докази, со повреда на домашното или странското
право, да докажува дека постои тешка неправда што значи да се ставаат
приговори од материјална суштествена природа.
Постапка за признавање на странските судски (и
арбитражни) одлуки во Република Македонија

Постапката за признавање (егзекватура) на странските судски (и арбитражни)


одлуки во нашата земја е регулирано во ЗМПП. Предвидена е делибациона
постапка, во која судот е ограничен само на тоа да испита дали постојат условите
од членовите 101 до 110 од ЗМПП.
Постапката за признавање на странска судска одлука се поведува со предлог од
секој кој има правен интерес за признавање на одлуката. За нејзино признавање
одлучува судија подинец на основниот суд во секој стварно надлежен суд.
При поведување на постапката судот нема да ја признае странската судска одлука
само ако:
– ако во односната работа постои исклучива надлежност на суд или на друг орган
на Република Македонија
– aко тужениот бара признавање на странска судска одлука што е донесена во
брачен спор или ако тоа го бара тужителот, а тужениот не се противи,
исклучивата надлежност на судот на Република Македонија не е пречка за
признавање на таа одлука.
– ако по приговор на лицето за кое таа одлука е донесена, утврди дека
надлежноста на странскиот суд била заснована исклучиво врз основа на
државјанството на тужителот.
– ако по приговор на лицето за кое таа одлука е донесена, утврди дека странскиот
суд кој донел одлуката не го земал предвид договорот на странките за
надлежност на судот на Република Македонија.
– ако во истата работа суд или друг орган на Република Македонија донел
правосилна одлука или ако во Република Македонија е признаена некоја друга
странска судска одлука што е донесена во истата работа.
– ако пред суд на Република Македонија е во тек порано поведена парница во
истата правна работа и меѓу истите странки и тоа до правосилното завршување
на таа парница.
– ако дејството на нејзиното признавање е во спротивност со јавниот поредок на
Република Македонија.
– aко при одлучувањето за личната состојба (статусот) на државјанин на
Република Македонија требало да се примени правото на Република
Македонија, според овој закон, странската судска одлука ќе се признае и кога е
применето странско право, ако таа одлука суштински не отстапува од
правото на Република Македонија што се применува на таквиот однос.
– Ако странската судска одлука се однесува на личната состојба (статусот) на
странци кои не се државјани на државата што ја донела таа одлука,
одлуката ќе се признае само ако ги исполнува условите за признавање во
државата чии државјани се односните лица.
Република Македонија го усвојува системот на ограничена контрола на странските
одлуки, во која не е дозволено одлуката да се испитува мериторно и не е
дозволено таа да се менува. Постапката за егзекватура на странските одлуки е
посебна вонпарнична постапка. Поради тоа, на сите прашања за кои ЗМПП не
одржи посебни одредби, на постапката за признавање на странски одлуки
соодветно се применуваат одредбите од вонпарничната постапка.
Користена Литература

Меѓународно арбитражно право - Д-р Тони Дескоски

https://www.pravdiko.mk/postapka-za-priznavan-e-na-stranska-sudska-odluka/

You might also like