You are on page 1of 7

Казнено процесно право

Надлежности на Бранителот

Одбраната е еден од трите основни функции во кривичната постапка,претставува процесна


активност на спротиставување на обвинението,наполно или делумно одрекување дека е сторено
кривично дело и на одговорноста за него,истакнување на аргументи со кои се побива тезата на
обвинението и дејствија што се преземаат за да се изнесе се што е во корист на
обвинениот.Одбраната треба да има еднаква вредност со функциите на гонење и
пресудување.Функцијата на одбрана е одвоена од функцијата на пресудување,сепак согласно со
начелото на објективност судот и другите државни ограни се должни совесно,вистинито и
потполно да ги утврдат фактите важни за донесување законита одлука,со еднакво внимание да ги
испитаат и да ги утврдат фактите кои ги товарат обвинетиот,исто така и оние кои му одат во
корист.И ЈО,како носител на гонењето,може да изјави жалба,на штета или во корист на
обвинетиот.Ваквата активност,односно заштитна дејност на органите на кривичната постапка во
корист на се нарекува материјална одбрана.Oва одбрана ја воделе државните органи во поново
време под овој термин се подразбира одбраната на самиот обвинет за заштита на неговите
интереси во постапката.Формална одбрана е одбраната на обвинетиот од неговит бранител
овластен да укажува стручна помош.Според нејзините носители одбраната се дели на : лична
одбрана на обвинетиот; одбрана од државни органи: суд,ЈО,МВР и други слични органи и одбрана
од бранителот на обвинетиот.Во зависност дали обвинетиот има право на бранител или
одбраната е задолжителна,се разликува:

1.Задолжителна одбрана – обвинетиот мора да има бранител ако сам не го избере ќе има
службена должност : Тоа е : ако обвинетиот е нем,глув или неспособен самиот да се брани ако
против него се води кривична постапка за кд,за кое во закон е пропишана диживотен затвор мора
да има бранител уште при првото испитување; ако против обвинетиот е определен притвор за
време додека трае притворот ; ако по поднесениот обвинителен акт поради кд за кое со закон е
пропишана казна затвор од 10 год или потешка казна затвор,мора да има бранител во времето на
доставувањето на обвинителниот атк; обвинетиот на кој му се суди во отсуство мора да има
бранител штом ќе се донесе решение за судење во отсутство; ако обвинетиот при задолжителна
одбрана од претходните ставови,не земе бранител,претседателот на судот ќе му постави
бранител по службена должност за натамошната кривична постапка до правосилноста на
пресудата.За тоа се известува обвинетиот заедно со донесувањето на обвинителниот акт.

2.Факултативна одбрана – е право на обвинетиот да има бранител во текот на целата кривична


постапка против него.

3.Одбрана на сиромашни – е посебен вид факултативна одбрана,се применува кога не постојат


услови за задолжителна одбрана,ако не може да ги поднесува трошоците на одбраната на
обвинетиот по негово барање му се постави бранител,кога тоа го бараат интересите на
правдата,особено тежината на кд и сложеноста на случајот.
Поставување на бранител

Изборот на бранител зависи од слободна одлука на обвинетиот,сам бира кој ќе му биде


бранител.И адвокатот слободно одлучува дали ќе прифати на некое лице да му даде стручна
правна помош.Само ако постои обострано слободно одлучување може да се реализира заемна
доверба,е неопходен услов за успешна одбрана.Бранител на обвинетиот можат да му обезбедат и
неговиот законски затапник,брачниот односно вонбрачен другар,роднина по крв по права
линија,посвоител,посвоеник,брат,сестра и хранител.Обвинетиот треба да се поучи дека има право
на бранител по свој избор,со кого може насамо да се советува и бранителот може да присуствува
на неговото испитување.Бранител може да биде само адвокат.За кд казна затвор во траење од
најмалку 10г,бранител може да биде адвокат со искуство од најмалку 5 год по положен
правосуден испит.Повеќе обвинети можат да имаат заеднички бранител ако тоа не е спортивно на
интересите на нивната одбрана.Ако органот што ја води постапката смета дека обвинетите не
можат да имаат ист бранител,ќе повика определен рок за да именуваат друг бранител,еден
обвинет може да има и повеќе бранители,одбраната е обезедена кога во постапката учествува
еден од бранителите.Лицата кои не можат да бидат бранители се : жртвата,оштетениот,нивниот
брачен или вонбрачен другар,нивен роднина по крв во права линија,лице повикано како сведок
во постапката,освен ако е ослободено да сведочи и изјавило дека нема да сведочи или ако
бранителот се сослушува како сведок ако самиот обвинет тоа го бара и лице кое во истиот
предмет е сообвинето или постапувало како судија,ЈО или полициски службеник.Обвинетиот
може да го отповика или откаже полномошното на својот бранител и да земе друг за тоа ке го
извести судот веднаш,најдоцна во рок од 3 дена.Во спротивно судот ќе постави нов бранител по
службена должност. Претходниот бранител е должен да ги преземе сите дејствија во корист на
обвинетиот,до доставување на нов браните.Ако тоа се случи во главна расправа бранителот е
должен да ги преземе сите дејствија до завршување на рочиштето.Неуредно вршење на
должноста од страна на назначениот бранител е основа за негово разрешување од надлежен
судија или суд,по барање на обвинетиот или со негова согласност.Ќе се назначи друг бранител со
обврска за разрешувањето да се извести адвокатската комора.

Процесна положба на бранителот

Постојат различни мислења.Според едни бранителот е помошник на обвинетиот,постои сваќање и


дека тој не е зависен од наредбите на обвинетиот.Некои сметаат дека бранителот е орган на
правосудството со определени ограничени функции.ЈО и бранителот учествуваат во
правосудството како носители на различни функции,но не ја уживаат истата слобода и
независност.Бранителот останува зависен од обвинетиот,не може да постапува против негова
волја.Бранителот се третира како процесен помошник на обвинетиот иако има самостојни права и
обрвски пропишани со закон тој не е наполно независен од обвинетиот,не може да постапува
против неговата волја и неговата активност е во интерес на заштита на обвинетиот.
Права и должности на бранителот

Бранителот има права кои ги користи кога тоа го бараат интересите на обвинетиот.Некои се на
определена фаза на кривична постапка,другите на целата постапка.Е овластен во корист на
обвинетиот да ги презема сите дејствија што може да ги преземе обвинетиот да бара известувања
од граѓани.Најважни негови права се: Увид во списите и доказите – во текот на целата кривична
постапка,увид и да добие препис од записниците и другите списи од дејстијата а кои одбраната
имала право да присуствува,кои се чуваат во ЈО; да му предлага на ЈО да преземи дејствија за
собирање докази; Самиот или негов заменик или овластен детектив од него,да презема дејствија
за пронаоѓање и собирање докази и тоа во текот на целата постапка; комуникација со обвинетиот
во притвор,бранителот може слободно и без надзор да се допишува и разговара,судијата ова
право може да го подложи на визуелен надзор ако притвор е одреден постои веројатност дека
обвинетиот ќе го злоупотреби контактите со бранителот; право да прибавува изјави или
известувања и од друго лице кое е во притвор за тоа мора да добие посебно одобрение од
судијата на претходна постапка,само откако лицето претходно разговарало со неговиот бранител
и било испитано од ЈО; право да присуствува при испитување на обвинетиот,ова право се
однесува на секое испитување на обвинетиот во целата постапка; право да разговара со лица
заради собирање на известувања,корисни за одбраната,не смее да разговара само со жртвата и
оштетениот.Со кои може да разговара има право да побара писмена изјава или
известување.Бранителот е должен да го запре прибирањето на известувањето ако од неговта
изјава произлегува дека се товари себеси или излага на кривично гонење.Овие изјави не можат да
се користат против лицето кое ги дало.Ако лицето не сака да даде известувања на бранителот а се
корисни за одбраната,бранителот има право да побара од ЈО да го повика лицето за да го
испита.Испитувањето се спроведува во присуство на бранителот,кој прв поставува прашања;
право да присуствува на одделни истражни дејствија како што се увид,реконструкција и
вештачење.ЈО обвинител е должен да го извести осомничениот за времето и местото на
извршување на истражното дејствие,ако постои опасност од одлагање.Ако обвинетиот има
бранител ЈО ги известува само него; право да побара да се спроведе доказно рочиште и да
присуствува на истото.Недоаѓање на бранителот не го спречува неговото одржување туку судијата
ќе определи друг бранител; во новиот ЗКП на бранителот му е дадено право што до сега го
немаше пристап до приватни простории или простории кои не се отворени за јавност.Ако лицата
што со нив располагаат не даваат дозвола за пристап,по барање на бранителот пристапот го
одобрува судот со образложена наредба,се определува и неговото конкретно
спроведување.Ваквиот пристап не е претрес,повеќе е заразди разгледување и е поблизок до увид;
да поднесе притвор против акт без изречно овластување од осомничениот,не и против неговата
волја; да пристапува на главна расправа,тој има право да дава воведен збор да се договара со
обвинетиот за да може да ја усогласи својата одбрана; да вложува редовни и вонредни правни
лекови против одлуки со кои завршува кривичната постапка или се донесуваат во текот на
постапката.Како субјект на правните лекови му припаѓа право да присуствува на седница на совет
на второстепениот суд и на судот од трет степен; надомест на трошоците што бранителот ги имал
во текот на кривичната постапка,и на посебна бранителска награда.Бранителот има повеќе
должности кои гарантираат квалитетно,професионално и стручно вршење на одбраната согласно
законот и кодексот на адвокатската етика.Бранителот спаѓа во категорија лица што не може да се
сослушат како сведоци за она што му доверил обвинетиот како свој бранител,ако самиот обвинет
го бара тоа како неопходен услов за успешна одбрана.Адвокатот ужива функционален имунитет
не може да биде повикан на одговорност за изкажано мислење во суд да биде притворен за кд
извршено во давање правна помош без согласност од вишиот суд и без мислење од адвокатската
комора.Давањето правна помош и овозможување одбрана на обвинетиот може да се одбие и
откаже според законот и кодексот на адвокатската етика.Кодеоксот за професионална етика на
адвокатите е збир од усвоени начела по кои адвокатите треба да се управуваат во својата работа.

Мерки за обезбедување лица

Покана – Поканата е општо средство за обезбедување присуство на лица во кривичната


постапка.Со не се повикува,обвинетиот,и други лица кои учествуваат во постапката.Неа ја упатува
органот што ја води постапката.Треба да биде затворена и да содржи : назив на органот кој што
повикува,име и презиме на лицето кое се повикува,местото каде повиканото лице треба да
дојде,денот и часот кога треба да дојде,во кое својство се повикува,предупредување дека во
случај на недоаѓање може да биде приведен,службен печат и потпис од одговорното лице во
огранот кој го повикува.Ако се повикува обвинет во поканата треба да биде назначен и кд кое му
се става на товар,доколку се повикува прв пат таа треба да содржи и поука за право на бранител и
и дека може да присуствува на негово испитување.Ако не може да се јави на поканата поради
болест или друга неостранлива пречка,може да се испита таму каде што се наоѓа или ќе му биде
обезбеден превоз до седиштето на органот кој го повикува,или до местото каде се презема
дејствието.Поосодветно е да го наредува јавниот обвинител,тој раководи со претходната
постапка.Поканата може да се упати и усмено ако лицето се наоѓа пред судот.Повиканиот се
предупредува на последиците од недоаѓање,потпишува записник во кој е забележано дека е
извршено повикување и се смета дека поканата е полноважно доставена.Поканата содржи
присилба затоа што ја ограничува слободата на повиканото лице да одлучува по свој избор каде
ќе се наоѓа во определено време.

Приведување,лишување од слобода и задржување

Приведување – се врши ако повиканото лице не се одзвие на покана и не постојат оправдани


причини,ако не може да се достави покана,а од околностите очигледно произлегува дека
одбегнува прием или ако постојат основи за изрекување мерка притвор.Наредба за приведување
дава надлежен суд,а ја извршува полицијата.Се издава писмено и покрај генералии на лицето
треба да содржи и назив на кд и основот за приведување.Лицето кое врши приведување,прво му
ја предава наредбата на обвинетиот и го повикува доброволно да појде со него,ако одбие ќе
приведе присилно.Ако се очекува отпор,приведувањето ќе се изврши без претходно предавање
на наредбата.

Лишување од слобода – се презема спрема лице затекнато во извршување на кд,кое се гони по


службена должност,како лице за кое околностите кои укажуваат дека сторило кд.Лишување може
да преземе секој,ако постои опасност од бегство на осомничениот.За тоа веднаш се известува
полицијата.Полицијата може да лишува од слонода без одлука на суд ако постои опасност или ако
постојат некоја од причините за притвор.Полицијата е должна веднаш најдоцна во рок од 6 ч да го
изведе лицето пред судија на претходна постапка,го известува со службена белешка.Ако не е
изготвена судијата во записник го внесува усменото известување на полицијата.Исто е должна да
го извести и ЈО.Лицето се поучува за неговите права веднаш при лишување.

Задржување – според чл.159 полицијата може да го задржи лишеното лице за утврдување на


неговиот идентитет,проверка на алиби и други причини за водење на постапката.Лицето мора да
биде информирано за причините за задржување и за кд за кое се товари,посебно да се поучи за
неговите права: молчење,информирање на семејството или друго лице,бранител и лекарски
преглед.Задржаното лице во рок од 6 часа мора да се предаде на службеникот за прифат во
посебно определени полициски станици или посебни простории на Царинската управа и управата
за финансиска полиција.Службеникот за прифат со образложение ќе одлучи дали лицето ќе биде
задржано поради причините или ќе биде пуштено на слобода.Секое задоцнување мора да се
образложи.Во МВР се води регистар за задржани лица,увид прават ЈО и народниот
правобранител.При задржување службеникот е должен да наложи претрес и пронајдените
предмети да ги одземе со потврда оние кои можат да послужат како доказ или да ја загрозуваат
безбедноста на задржаното лице.

Мерки за претпазливост

Овие мерки ги определува судот по предлог на ЈО.Нив ги определува судијата на претходна


постапка,по стапувањето на обвинението во правна сила,по поднесувањето на обвинителниот
предлог до правосилноста на пресудата,нив ги определува судот пред кој се води постапката.Во
ЗКП се определени неколку мерки :

1.Забрана за напуштање на живеалиште,престојувалиште


2. обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен
орган
3.одземање на патна или друга исправа за преминување државна граница,забрана за
издавање,ако постои опасност од бегство.
4. одземање или забрана за издавање на возачка дозвола
5.забрана за посетување на определено место или подрачје
6. забрана за приближување или воспоставување одржување контакти или врски со определени
лица и
7.забрана за преземање на работни активности,поврзани со кд.
Мерките за претпазливост се определуваат со решение.Во зависност од тоа мерка е
определена,решението покрај општи податоци – кој го донесува против кој обвинет се
определува мерката,законски назив на кд за кое се води постапката и причини за определување
на мерката,содржи и други податоци.Ако е донесено решение за забрана на напуштање на
живеалиште односно престојувалиштето,судот во решението е должен да определи во кое место
обвинетиот е должен да престојува и границите надвор од кои не смее да оддалечува.Во
решението со кое обвинетиот се обрзува повремено да се јавува,судот ќе определи на кое
службено лице да се јавува во кој рок и на кој начин ќе се води евиденцијата за тоа.Во решението
со кое е определено привремено одземање на патната исправа,се наведуваат податоците за
патната исправа и се чува кај органот кој ја одзел.Во решението со кое се определува забрана за
посетување на определено место или подрачје треба да биде назначено местото,подрачјето кое
обвинетиот не смее да го посетува и растојанието до кое не смее да се приближува,пак кај
забрана на приближување или воспоставување контакти или врски,во решението треба да биде
внесена како далечината,местото и подрачјето до кое обвинетиот не смее да се
приближи,податоци за лицето со кое се забрануваат контакти.За забрана за преземање
определени работи во решението треба да се определи видот и предметот на тие работни
активности.Мерките за предпазливост можат да траат додека има потреба од нив,најдолго до
правосилноста на пресудата.Судот е должен по службена должност на секои 2 месеци да ја
преиспитува потребата од нив и ако оцени дека повеќе нема потреба од нив донесува решение со
кое таа се укинува.Против решението со кое се определува или укинува мерката,странките имаат
право на жалба во рок од 3 дена од приемот на решението,по која одлучува советот доколку
решението го донел судија на претходна постапка или судија поединец,ако решението го донело
судечки совет или советот доколку решението го донел судија претходна постапка или судија
поединец,ако решението го донело судечки совет или советот по жалбата одлучува собетот на
непосредно повисокиот суд.Со мерката на претпазливост не смее да се ограничува правото на
обвинетиот на непречена комуникација со бранител.Покрај на странките,решенијата се
доставуваат и до огранот кој е надлежен за нивно извршување.Надлежен орган за извршување на
мерките на претпазливост е полицијата.Само мерката на претпазливост обврска на обвинетиот
повременено да се јавува на определено службено лице,покрај полицијата може да ја извршува и
друг државен орган кој ќе го определи судот како надлежен орган.Судот има право во секое
време да врши контрола на извршувањето на мерките и да побара извештај за нивното
извршување.Органот е должен веднаш да достави извештај до судот.Ако обвинетиот постапува
спротивно на она што му е определено со мерката,органот кој ја извршува е должен веднаш да го
извести судот.

Гаранција
Како и мерките на претпазливост,според 150чл. Може да се определи само против лице за кое е
донесено наредба за спроведување на истражна постапка,што значи само против
обвинетиот.Гаранцијата ја определува судот,по даден предлог од странките.За разлика од
досегашниот закон во кој беше предвидено гаранција може да се определи само кога постои
опасност од бегство на обвинетиот,со новиот ЗКП е дадена можност за определување на
гаранција и кога постојат,околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе го
повтори,доврши или стори кд со кое се заканува.

You might also like