You are on page 1of 25

Современо претприемништво – испитни прашања

Современо претприемништво испитни прашања и одговори

1. Карактеристики на претприемништвото?
Претприемништвото се карактеризира со постојано барање на нови можности за
работа.
Организирање на различни комбинации во работата.
Преземање на ризик во отпочнување со претприемничка активност.
Висок степен на мотивираност заради можноста за остварување на профит кој
претставува награда од преземениот ризик.

2. Лични карактеристики на претприемачот според Џон Берч?


Личните карактеристики според Џон Берч се личности кој поседуваат:
Способност за изразување на сопствените мисли и ставови.
Упорност во извршување на работата.
Јасен став и карактерност.
Способност за долго-часовно работење.
Способност за создавање на пари врз основа на сопственото знаење.
Професионалност и само-одговорност.
Голема желба за остварување на успех.
Голема храброст за преземање на ризик во работењето.

3. Услови за отпочнување на претприемничка активност?


Поседување на претприемнички дух.
Зголемување на бројот на малите претпријатија.
Мотивите на претприемачот за отпочнување на сопствен бизнис.
Поседување на одредени лични карактеристики.
Ризик од претприемничка активност.
Мотивираност од можноста за остварување на профит.

1
Современо претприемништво – испитни прашања

4. Ризици од претприемничка активност?


Ризиците од претприемничката активност се состојат во тоа што претприемачот не
може да го предвиди ризикот од деловната активност во моментот на започнување
на истата, туку тој може да ги предвиди само факторите кој го водат до остварување
на задоволителни деловни резултати. Секој деловен потфат е изложен на
соодветни ризици односно различни опасности кон идните претприемачи кој не ги
посакуваат но не можат од нив да побегнат.

5. Разлики помеѓу претприемачот и менаџерот?


* Претприемачот е високо интуитивен:
Ги прифаќа ризиците.
Ја прифаќа конкуренцијата.
Тој е иновативен.
Тој реагира брзо.
Тој е не зависен.
* Менаџерот е аналитичен:
Избегнува ризици.
Избегнува конкуренција.
Не е иновативен.
Спроведува претходна анализа и изработува дадени задачи.
Се чувствува зависен.

6. Карактеристики на малите претпријатија?


По дефиниција малите претпријатија претставуваат претпријатија кој се во
сопственост на едно лице или индивидуа. Малиот бизнис може да се определи како
бизнис кој е во рацете на една индивидуа која дејствува независно. За малите
претпријатија може да се каже дека претставуваат претпријатија во која:
Сопственикот и менаџерот се независни.
Не се доминантни во подрачјето во кое дејствуваат.

2
Современо претприемништво – испитни прашања

Вообичаено не вработуваат повеќе од 50 вработени.

7. Причини за отпочнување со претприемничка активност?


Голем број на истражувања спроведени во оваа област покажуваат дека
претприемачите донесуваат одлука да отпочнат со извршување на претприемничка
активност поради:
Желбата за заработување на повеќе пари.
Желбата да се биде сопственик и самостојно да се одлучува и управува.
Желбата да го продолжи фамилијарниот бизнис.
Желбата да се биде газда.
* Со отпочнување на претприемничка активност се подразбира преземање на голем
ризик.

8. Програми за едукација и обука на претприемачите?


Успешното извршување на претприемничката активност со цел промовирање на
претприемништвото и создавање на финансиска добивка, бара малите
претпријатија да бидат управувани од претприемачи кој поседуваат одредено
знаење, вештини и способности.

9. Извори на информации за посакуваниот бизнис?


Публикуваните, во пишувана форма, потенцијалниот претприемач може да ги
добие на официјален начин. Тука спаѓаат публикувани извештаи од држави и
локални институции, месечни и годишни извештаи.
- Интернетот се повеќе станува алтернативен пристап за добивање на потребните
информации. Секое големо претпријатие има сопствена веб страна, а со тоа
пристап има секој потенцијален примач.

10. SWOT анализа?


Преку SWOT анализа се врши анализа на екстерното и интерното опкружување.
Називот SWOT потекнува од англиските зборови:
Strengths (сили).

3
Современо претприемништво – испитни прашања

Weakness (слабости).
Opportunities (можности).
Threats (закани).
SWOT анализата ги утврдува силите и слабостите на самото претпријатие како и
можностите и заканите во опкружувањето во однос на позицијата на пазарот на
претпријатието.
* Силите претставуваат јаки, кој ги определуваат јаките точки на претпријатието од
поставените прашања.
* Слабостите преставуваат слаби точки од аспект на претпријатието и од аспект на
потрошувачите. Слабостите ги претставуваат основните недостатоци кои се
присутни, или можат во иднина да имаат влијание.
* Можностите претставуваат акции кои претпријатието потенцијално може да ги
преземе со цел остварување на определените стратегиски цели.
* Заканите претставуваат подрачја во кои претпријатието е осетливо од аспект на
конкурентните претпријатија.

SWOT анализа како примена претставува единствен и ефикасен начин преку кој
претприемачот може да добие реални информации за состојбата на
претпријатието.
Според технологијата:
SWOT анализа е начин на истражување и анализирање на важните фактори во
работењето на претпријатието и стратегијата.

11. Проектирање на новиот бизнис?


Основа за отпочнување на новиот бизнис на претприемачот е тоа дека тој треба да
има чувство за времето или моментот кога да го започне новиот бизнис.
Проектирањето на новиот бизнис опфаќа:
Планирање на деловен план и проектирање на акциони планови.
* Деловниот план ги дефинира општите и посебни цели на новиот бизнис; анализа
на конкурентите и маркетинг стратегијата. Деловниот план се состои од неколку
фази:
Анализа и истражување на пазарот.

4
Современо претприемништво – испитни прашања

Анализа на производствена стратегија.


Анализа на пазарна стратегија.
Анализа на трошоци во работењето.
* Анализа на истражување на пазарот ги содржи сите информации на наоди од
спроведените истражувања на пазарот.
* Анализа на производствена стратегија содржи информации за планирање на
производството доколку претпријатието ќе биде ориентирано кон производството.
* Анализа на пазарната стратегија обезбедува информации за состојбите на
пазарот на кој претпријатието ќе ги продава производите и услугите.
* Анализа на трошоците содржи информации за износот на потребните средства
или трошоци за започнување на работа и работењето. Под трошоци за работењето
спаѓаат:
Трошоци за опрема.
Трошоци за ловечки ресурси.
Трошоци за материјал.
Трошоци за информациони системи.
* Проектирање на акционите планови го олеснува процесот на планирање на
бизнисот. Се состои од мапа за активност за маркетинг стратегија, за производство,
и за обезбедување на ресурси.

12. Бизнис план – содржина?


Бизнис планот не е ништо друго освен единствен план на бизнисот, или алатка,
средство преку кое се реализираат бизнис идеите. Единствено на лист хартија се
запишува она што е бизнис идеја, како да се реализира бизнис идејата и кога да се
реализира.
Единствено кажано бизнис планот е пишана подготовка на бизнис активностите.
Бизнис планот е пишан документ во кој претприемачот ја објаснува идејата за
бизнисот и како истата да се реализира.
Квалитетен бизнис план содржи:
Целите на бизнисот.
Потребните активности за реализација на целите.
Финансиските средства потребни за реализирање на бизнисот.

5
Современо претприемништво – испитни прашања

Временска димензија за реализација на бизнисот.

13. Принципи за составување на бизнис план?


* Начело при пишување на бизнис план претприемачот потребно е да ги следи
следните принципи:
Потребно е да биде напишан во соодветна форма.
Потребно е да биде јасен; конкретен и прецизен.
Потребно е да биде убедлив.

14. Составни делови на бизнис планот?


Сите бизнис планови се различни. Секој бизнис план е специфичен и оригинален.
Големината и обемот на бизнис планот исто така не се однапред дефинирани,
односно предвидени. Секој бизнис план треба да содржи:
Насловна страна.
Содржина.
Воведен дел.
Главен дел.
Опис на работата на претпријатието.
Анализа на претпријатието.
Анализа на производствениот процес.
Анализа на пазарот како и финансиска анализа.
Завршен дел.
Прилози.

15. Можни грешки при изработка на бизнис план?


Еден од проблемите со кои се соочуваат претприемачите е недостаток на искуство
при изработка на бизнис план, како и не предвидување на политиките, економските,
и технолошките случувања.
* Како можни грешки се среќаваат:

6
Современо претприемништво – испитни прашања

Лошо изработен бизнис план.


Премногу обемен бизнис план.
Премногу краток бизнис план.
Предлог опис на резимето.
Лош приказ на пазарната анализа.
Лош приказ на финансиската анализа.
Лошо изработен или не изработен завршен дел.

16. Презентација на бизнис планот?


Изработениот бизнис план треба да биде презентиран. Колку и да е добро
изработен ако не е презентиран значи исто како да не е изработен.
* Вербалната презентација има за цел да ги убеди во намерата на претприемачот
неговата бизнис идеја да успее.

17. Принципи за презентација на бизнис планот?


* Принципите за презентација на бизнис планот се следните:
Добри подготвителни активности (добра подготовка за презентација).
Внимателен избор на содржината.
Сериозност и убедливост во презентацијата.
Повторување.
Отвореност за соработка со присутните.

18. Форми за започнување со мал бизнис?


* Формите за започнување со мал бизнис се:
Основање на ново претпријатие.
Купување на веќе постојано претпријатие.
Франшиза и семејно претпријатие.
Swot анализа.

7
Современо претприемништво – испитни прашања

19. Физибилити студија за основање на ново претпријатие?


* Физибилити студија за основање на мало претпријатие претставува анализа на
факторите кои би имале влијание врз работата на претпријатието:
Анализа на фактори кој имаат влијание на работењето преставува анализа на
следниве фактори:
Пазарот на производните услуги кои ќе ги нуди новото претпријатие.
Локацијата на новото претпријатие.
Финансиските потреби за започнување со работа на малото претпријатие.
Правните барања за работење на претпријатието.

20. Анализа на пазарот на производите и услугите кои ќе ги нуди новото


претпријатие?
Анализата на пазарот, на пазарот на производите и услугите кои ќе ги нуди новото
претпријатие всушност претставува изработка на пазарна студија односно
подразбира спроведување на истражување на пазарот.
Преку оваа анализа се согледуваат сите можности за искористување на
предностите и колку што е можно намалување односно надминување на појавените
слабости:
Можности и ограничување на производи кој се планира да се спроведе на
пазарот, односно карактеристиките кој ги нуди конкуренцијата.
Асортиманот на производите кои ги нуди претпријатието.
Обемот кој се нуди.
Цените по кои се продаваат производите на пазарот.

21. Анализа на локацијата на новото претпријатие?


* При анализа на локацијата на новото претпријатие треба да се земат предвид
факторите кој влијаат на изборот на локацијата.
Постојат два вида на фактори:
* Општи; кои треба да се анализира пред да се донесе одлука за локацијата на
новото претпријатие, тука спаѓаат:

8
Современо претприемништво – испитни прашања

Личните фактори избираат местоположба, економските фактори.


Бројот на вработените во националната економија конкуренцијата и нејзиното
влијание за унапредување или престанок на работата на новото претпријатие.
Законските акти и прописи како: услов за отпочнување со работа на малото
претпријатие.
Во посебни фактори спаѓаат мало продажба, големо продажба, трговија, услуги,
производство, туризмот и слично.
* Посебни; малопродажбата, големопродажбата, трговија, услуги, производство,
туризмот и слично.

22. Финансиските потреби за започнување со работа на мало претпријатие?


* Финансиите претставуваат и еден од најзначајните фактори кој треба да се
обезбеди и кој овозможува претпријатието да започне да работи.
Поради тоа посебен дел од физибилити студија е посветен на анализирањето и
утврдувањето на финансиските потреби односно трошоците кој ќе бидат направени
за да може претпријатието да започне со работа.

23. Правни барања за работење во претпријатието?


Идниот претприемач сопственик треба да ја познава целокупната правна
регулатива која има влијание на малите претпријатија. Основањето и планирањето
на работата на малото претпријатие треба да биде во согласност со правната
регулатива а тоа значи дека новото претпријатие треба да одговори на сите правни
барања за започнување со деловна активност.

24. Договор за основање на мало претпријатие?


Малото претпријатие претставува целосен и самостоен правен субјект кој може да
биде во промет. Договорот за основање на мало претпријатие е писмен документ
со кој се определуваат:
фирмата и седиштето на малото претпријатие;
името и местото на живеење на основачот или основачите доколку малото
претпријатие се основа од повеќе лица;
името и презимето на управителот односно управителите и ЕМБГ;
предмет на работење на малото претпријатие;

9
Современо претприемништво – испитни прашања

времетраењето на претпријатието;
износот на основната главнина и износот на влогот на секој основач содружник
одделно и опис и назначување на непаричните влогови;
начинот и мерилата на распределба на добивката и начинот на покривање на
загубата на малото претпријатие;
правата и обврските што основачите-содружници ги имаат кон претпријатието,
како и правата и обврските кои што ги има претпријатието спрема основачите;
управувањето, застапувањето и престанување со работа на претпријатието;

25. Правна регулатива за основање на претпријатие во Република


Македонија?
* Основањето на претпријатијата во Република Македонија е регулирано со Законот
за трговски друштва. Законот за трговски друштва се применува на следните
организациони форми: трговец-поединец, трговско друштво, подружници
организирани од странски трговски друштва, странски трговец-поединец и тајно
друштво.
* Централниот регистар на РМ истовремено врши надзор на податоците во рок од
60 дена од рокот пропишан за предавање на последната годишна сметка во
тековната година која се однесува за извршените трансакции во претходната
година.

26. Специфични карактеристики на ново формирано мало претпријатие?


Основање на мало претпријатие претставува еден од начините за започнување со
мал бизнис. Специфични карактеристики на ново формирано мало претпријатие се:
Самостојно донесување одлука за видот на претпријатието е неговата одлука,
односно самиот одлучува дали своето претпријатие ќе биде организирано како
единствен сопственик.
Самостојно одредување на подрачјето на работа на своето претпријатие притоа
ги има во предвид финансиските аспекти и сопствените можности.
Самостојно донесување одлука за локација – сопственикот сам одлучува а влијае
од следните фактори:
- достапност на ресурси;
- достапност на бизнисот;

10
Современо претприемништво – испитни прашања

- услови на опкружување на бизнисот:


- достапноста на подрачјето и трошоците.
Сопственикот сам одлучува во работењето и управувањето со претпријатието,
тој е независен.
Сопственикот сам донесува одлука за видот на средствата, какви средства че
користи.
Можност за вработување на членови од фамилијата, вработува останати членови
од фамилијата.
Можност за создавање на повеќе пари од распределбата на заработувачката која
во целост му припаѓа на сопственикот.
Предизвикот кој го поседува сопственикот му дава психолошка сила за успешно
работење и тој станува убеден дека резултатите зависат од него.

27. Негативни карактеристики на организационата форма – основање на ново


претпријатие?
Висок степен на ризик со започнување на мал бизнис во кој е содржан во
неуспехот да ги загуби инвестираните финансиски средства.
Поголеми средства за започнување на мал бизнис значи сопственост треба да
инвестира во простории каде ќе се одвива работењето во: опрема; суровини и
материјали.
Проблеми во обезбедување на дополнителни финансиски средства –
претпријатието располага со однапред познати и ограничени финансиски средства.
Повеќе време за совладување на почетните проблеми во работата, но доколку
сака да успее сопственикот мора да ги надмине проблемите.
Повеќе време за воспоставување на добри деловни односи со партнерите –
успехот во бизнисот зависи од претходното искуство на сопственикот.
Повеќе време за стекнување на менаџерските способности во која исто така е
управувана од сопственикот.
* Од лични карактеристики на сопственикот менаџер:
Поседување на ограничено знаење на менаџерот.
Ограничено формално образование со искачување на важноста
Отсуство на претприемничка иницијатива.

11
Современо претприемништво – испитни прашања

Примена на сопствено мислење.


Интуитивно одлучување.

28. Процес на купување на постојано претпријатие?


Еден од начините со започнување со мал бизнис е купувањето на постојано
претпријатие. Одлуката за купување е сложена и комплексна.
Процесот на купување на постојано претпријатие треба да вклучува правилни
одлуки:
Анализа на екстерното опкружување.
Анализа на интерното опкружување.
Анализа на правната документација.
Донесување на одлука за купување.
Промена на сопственоста на постојаното претпријатие.

29. Анализа на екстерното опкружување?


* Анализата на екстерното опкружување ја содржи анализата на сите фактори кој
се наоѓаат надвор од границите на постојаното претпријатие. Факторите се
следните: економски, општествени, технолошки, правни и демографски,
различните културно социјални.
* Анализата на екстерното опкружување содржи: скенирање, набљудување,
предвидување, и проценување на факторите кои создаваат можности или
ограничувања.

30. Анализа на интерно опкружување?


* Во анализа на интерно опкружување се определуваат интерните фактори на
претпријатието, неговите предности и слабости кои претставуваат составен дел од
работењето. Анализата на интерното опкружување содржи: човечките, физичките,
материјалните ресурси, финансиите, организациските како и имотните права и
слободи.

31. Анализа на правна документација?

12
Современо претприемништво – испитни прашања

* Со помош на анализата на правната документација се потврдува и докажува


сопственоста на постојаното претпријатие. Опфаќа комплетна анализа на
документацијата која ја поседува постојаното претпријатие. Анализата се однесува
на претпријатието, се согледуваат фактичката, реалната вредност која ја има
претпријатието како и правата и обврските кои произлегуваат од веќе склучените
договори.

32. Донесување одлука за купување на постојано претпријатие?


* Одлуката следува доколку анализите покажуваат дека претпријатието може да ги
минимизира сите слабости во работењето а може максимално да ги искористи сите
предности:
Претпријатието има задоволен степен на профитабилност.
Соодветна висина на средства имаат според неговите барања.
Опкружување кои ги користи предностите со кои располага претпријатието.

33. Промена на сопственоста на постојаното претпријатие?


* Промената на сопственоста на постојаното претпријатие се спроведува во
надлежните регистри и институции врз основа на писмениот Договор за купување
на постојано претпријатие и тоа:
Спроведување на промените во сопственоста и управувањето.
Промена во називот на правниот субјект.
Запознавање на постојаните вработени со новите сопственици.

34. Оценување на бизнисот?


* Оценувањето на бизнисот кое е предмет на анализа на купување содржи:
Анализа на економско – финансиско работење
Анализа на екстерното работење.
(Процесот се извршува во три фази):
- прва фаза на истражување од страна на потенцијалниот купувач;
- втора фаза на анализа на факторите за купување на постојано претпријатие;
- трета фаза на определување на вредноста на претпријатието.

13
Современо претприемништво – испитни прашања

* Фактори кој влијаат при купување на постојано претпријатие:


Причините за продавање на претпријатието.
Профитабилност на претпријатието.
Капиталот на претпријатието.
Екстерното опкружување.
Интерното опкружување.
Правна документација.

35. Причини за продавање на претпријатието?


* Причините за продавање на претпријатието се од најразлична природа.
Вообичаено е да се разликуваат од причините за купување:
Одлуката да се престане со работа.
Работењето со негативни финансиски ефекти.
Постигнувањето на резултати кои не го задоволуваат сопственикот односно лошо
работење на претпријатието.

36. Анализа на профитабилноста на претпријатието?


* Претприемачот добива информации за тоа дали претпријатието работи со загуба
или пак работи профитабилно.
Подразбира спроведување на:
Анализа на моменталната профитабилност.
Спроведување на резултатите добиени од спроведената анализа.
Спроведување на анализа на профитабилноста на претпријатието.
Анализа на обемот на продажба во наредниот период како и обемот на продажба
во иднина.

37. Анализа на екстерното опкружување?


* Анализата на екстерното опкружување опфаќа се што е надвор од претпријатието,
а истовремено има и потенцијално влијание.

14
Современо претприемништво – испитни прашања

Екстерното опкружување го содржат:


Потрошувачите на претпријатието.
Добавувачите.
Технологијата.
Владата.
Политичко – социолошки институции.
Правни, образовни и други институции.
* Анализата на екстерното опкружување се состои од посебно и општо опкружување
кој го сочинуваат: економски, образовни, владини агенции и демографските
фактори.

38. Анализата на интерното опкружување?


* Анализата на интерното опкружување е спроведување на анализа на интерните
стратегиски фактори на претпријатието, неговите предности и слабости.
Анализа на ресурсите.
Анализа на конкурентноста.
Анализа на човечките ресурси.
Анализа на технологијата.
Анализа на производството.
Оценување на интерните стратегиски фактори.

39. Можностите за идниот претприемач од купување на постојано


претпријатие?
* Предностите се комплексна работа. Помеѓу предности се издвојуваат следниве:
Локација на претпријатието.
Потреба од помал обем на обртни средства.
Помала неизвесност во работењето.
Помала неизвесност на побарувачка.
Можноста за порано остварување на профит.

15
Современо претприемништво – испитни прашања

Побрзо враќање на почетната инвестиција.


Помал ризик во работењето.
Полесни начини на планирање на работата.
Постојани клиенти, добавувачи, потрошувачи.
Однапред познати објекти и опрема за работа.

40. Ограничување за идниот претприемач од купувањето на постојно


претпријатие?
* Покрај можностите кои се јавуваат кога се донесува одлука за купување на
постојно претпријатие, постојат и одредени ограничувања или слабости кои се
својствени на овој начин за започнување со мал бизнис. Како слабости кои се
јавуваат кога се донесува одлука за купување на постојно претпријатие се
издвојуваат следниве:
продажната цена;
лошата локација;
зголемување на трошоците;
bad will (лоша волја);
* Покрај наведените карактеристики кои се сметаат како ограничувања за идниот
претприемач кога се купува претпријатие кое постои, во економската литература
познати се следните ограничувања:
прифаќање на постигнатата продажна цена која е високо утврдена;
нефункционални објекти-погони и администартивни простории;
лоша селекција на производите;
несоодветна квалификациона структура на вработените и сл.

41. Поим и карактеристики на фамилијарниот бизнис?


* Фамилијарниот бизнис се дефинира од аспект на сопственоста, од аспект на
генерациско пренесување на бизнисот, од аспект на меѓу зависноста на под
системите од аспект на стратегискиот менаџмент.

16
Современо претприемништво – испитни прашања

* Дефиниран од аспект на сопственоста фамилијарниот бизнис претставува


претпријатие бизнис кој е во сопственост и истовремено управуван од страна на
семејството, фамилијата и во кој се вработени членови од фамилијата.

42. Видови на фамилијарен бизнис?


* Фамилијарниот бизнис претставува бизнис кој е во сопственост и е управуван од
страна на членови на фамилијата. Во фамилијарниот бизнис вклучени се:
Основачот на претпријатието.
Членовите на фамилијата; сопругата, децата, внуците.
Останатите членови на фамилијата.
* Во економската литература и практиката се среќаваат повеќе видови на
фамилијарни претпријатија. Како поважни се истакнуваат следниве два вида на
фамилијарни претпријатија:
бизнис извршуван дома ( home-based-business ) и
бизнис во сопственост на парови (coupe - owned- business).
* Бизнисот извршуван дома или home-based-business претставува вид на
фамилијарен бизнис кој е извршуван од дома и во кој активна улога имаат децата.
Бизнисот извршуван од дома е под влијание на различни фактори кои се поделени
во две групи фактори и тоа:
фактори поврзани со карактерот на работата и
фактори поврзани на окружувањето.
* Бизнисот во сопственост на парови или coupe - owned- business претставува
посебен вид на фамилијарен бизнис кој е развиен во последните десет години.

43. Организациска структура кај фамилијарни претпријатија?


* Организирањето е дел од вкупниот менаџмент процес преку кој се врши
менување на организационата структура.
* Преку организирањето се определува работата, се групираат работните
активности се дефинираат и делегираат одговорностите и авторитетот помеѓу
вработените и менаџерите во претпријатието.
* Организациската структура кај фамилијарните претпријатија треба да биде
креирана на начин кој ќе придонесе за целосно извршување на работните
активности.

17
Современо претприемништво – испитни прашања

44. Управување со фамилијарни претпријатија?


* Професионално управувано претпријатие вообичаено е управувано од менаџерот
кој само го управува малото претпријатие, а истовремено не е сопственик на истото.
* Менаџментот во фамилијарните претпријатија може да се дефинира како
континуиран процес на насочување на напорот на индивидуите кон остварувањето
на целите на претпријатието или пак ефективно и ефикасно извршување на
работата со помош на други луѓе.
* Менаџментот е потребен кога самата работата бара координација. Тоа значи дека
самата работа и бизнис процеси ја наметнуваат потребата од менаџмент и
примена на формализиран процес на менаџмент.
* Планирањето претставува умствена активност со која се унапредува и насочува
работата на менаџерите.
* Краткорочното планирање ги покажува насоките за остварување на
моменталните, тековни задачи.
* Долгорочното планирање ги содржи упатствата за остварување на предвидените
цели во идниот период.
* Организирањето е дел од вкупниот менаџмент процес преку кој се врши менување
на организациската структура.
* Координирањето всушност значи усогласување и поврзување на работните
активности на сите вработени заради остварување на целите на претпријатието.
Зголемениот обем на работа бара воведување на нови технологии и процеси на
работа во кои се застапени современите методи на специјализација на работата.
* Мотивацијата ја искажува енергијата која го насочува и го определува
интензитетот на однесување на индивидуите во рамки на претпријатието.
Мотивацијата претставува процес во кој однесувањето на индивидуите е
поттикнато кон остварување на целите на претпријатието.
* Контролирањето се однесува на резултатите од останатите функции кои го
сочинуваат менаџмент процесот.

45. Процес на стратегиски менаџмент во фамилијарни претпријатија?


* Основниот процес на менаџментот кај фамилијарните претпријатија е идентичен
за сите видови претпријатија. Тој се остварува преку извршување на
функционалниот дел: планирање, организирање, координирање, мотивација,
контролирање и одлучување.

18
Современо претприемништво – испитни прашања

46. Фамилијата и бизнисот?


* Фамилијарниот бизнис претставува бизнис кој е во сопственост и е управуван од
страна на една фамилија и во кој се вработени повеќе членови на една фамилија.
* Успешното функционирање на фамилијарниот бизнис зависи од способноста за
приспособување на фамилијарниот бизнис кон фамилијата, од една страна и
барањата и бизнисот од друга страна.

47. Критериуми за управување на барањата на фамилијата и бизнисот?


* Барањата на фамилијата и бизнисот е од критериум на извор кој означува
постигнување на рамнотежа во работењето.
* Критериумот на наградување – носителот на фамилијарниот бизнис
наградувањето да го изврши во согласност со потребите.
* Критериум на проценка основачот не прави разлика меѓу вработениот маж или
жена.
* Критериум на обука да обезбедат можности за учење во согласност со потребите
на претпријатието.

48. Сукцесија на фамилијарниот бизнис?


* Сукцесијата на фамилијарниот бизнис го определува времето потребата за
подготовка на сукцесорот за лидерската позиција во фамилијарното претпријатие.
Подготвувањето на сукцесорот за лидерство е развоен процес кое опфаќа потребно
време за учење и оспособување на едниот лидер. Поминатото време за сукцесија
му помага на идниот лидер успешно да ги извршува лидерските активности.

49. Модел на сукцесија на фамилијарниот бизнис?


* Вообичаениот модел на сукцесија во фамилијарното претпријатие содржи три
нивоа и седум фази. Процесот на сукцесија започнува со оние активности кои
предност на самата постапка за вработување на сукцесорот во фамилијарното
претпријатие односно активности кои треба да се завршат пред вработувањето на
сукцесорот во фамилијарното претријатие.

50. Поим за франшиза?

19
Современо претприемништво – испитни прашања

* Поимот франшиза потекнува од францускиот збор “Франшизе” што значи


привилегија. Франција го претставува првото место во примената на франшизата.
Во англискиот јазик поимот франшиза означува право на глас, или пак некое
специјално право да се работи кое го овозможува владата.
* Во литературата не постои единствена дефиниција за франшиза. Франшизата е
метод на дистрибуција или маркетинг каде што сопственикот на бизнисот -
претпријатието кое е изнајмувач на бизнисот преку договор со примачот на
бизнисот, поединец или претпријатие му овозможува да го извршува бизнисот на
ист начин на однапред позната локација, за определен временски период.

51. Видови франшиза?


* Во економската литература и практика познати се следниве видови франшизи:
Франшиза да дистрибуција.
Франшиза за производство.
Франшиза по име.
Франшиза по трговска марка.

52. Избор на договор за франшиза?


* Пред склучување на договор неопходно е идниот франшизант да биде
информиран за изборот на франшизата, видот на бизнисот кој ќе го извршува и
сите други можности.
Процесот на избор на франшиза опфаќа извршување на следните поединечни
фази:
спроведување на сопствена анализа за бизнисот во кој сака да се вклучи
корисникот на франшизата-франшизантот;
спроведување на анализа на индустријата и пазарот во кои ќе се извршува
бизнисот;
спроведување на анализа на франшизерот.

53. Учесници во франшизата?


* Процесот на деловната франшиза подразбира учество на два субјекта и тоа:

20
Современо претприемништво – испитни прашања

Сопственик на франшиза давател на франшизата или накратко франшизер кој го


продава својот бизнис, трговско име и брендот.
Корисникот на франшизата или примач, или накратко франшизантот со
потпишување на договорот станува сам свој газда.

54. Права на франшизерот?


* Во согласност со договорот за франшиза, давателот на франшизата ги има
следниве обврски:
Да биде сопственик.
Да ги оствари правата на продажба на одреден производ.
Да дава помош во избор на погодна локација за извршување на дејноста
(предвидено со договор на франшизата).
Да дава помош во развој на успешната франшиза.
Да ги почитува условите за користење на неговите можности во согласност со
вклучениот договор.

55. Обврски на франшизерот?


* Обврска да придонесе за унапредување на продажба на производите и услугите,
рециклирањето и обезбедувањето на соодветен материјал за пропаганда и
реклама.
* Обврска да учествува во подготвување цел да ги придобие купувачите за да ги
нуди на пазарот.
* Да го образува и едуцира корисникот на франшизата и неговите вработени.

56. Права на франшизантот?


* Правата и обврските на учесниците во процесот на деловна франшиза се
определни со договор за франшиза.
* Договорот содржи одредби во врска со остварувањето на одреден вид на услуги
на корисникот на франшизата и надоместокот кој треба да го прати на сопственикот
на франшизата.

21
Современо претприемништво – испитни прашања

57. Обврски на франшизантот?


* Се обврзува да ја унапредува продажбата имено на сопственикот на франшизата
унифицираниот и заеднички идентитет на франшизинг мрежата се обврзува да
применува активна маркетинг политика.

58. Можности за сопственикот на франшизата?


* Со договорот на франшиза се определени можностите и ограничувањата за
сопственикот на франшизата – франшизерот.
* Основен бенефит за сопственикот на франшизата е можноста за зголемување на
неговата ликвидност.
* Склучениот договор за деловна франшиза подразбира започнување на процес на
развој на претпријатието при што се создава можност за зголемување на деловниот
успех на претпријатието на сопственикот на франшизата.

59. Ограничување за сопственост на франшизата?


* Основно ограничување од аспект на сопственикот на франшизата – франшизерот
претставува тоа што неговото претпријатие е следбеник на состојбата на
корисникот на франшизата.
* Неуспехот на претпријатието на корисникот на франшизата може да има
негативни последици во работењето на сопственикот на франшизата.

60. Слабости од е-бизнисот?


* Недостатоците или слабостите од е- бизнисот се прикажани заради целосно
запознавање на карактеристиките на е- бизнисот и влијанието на малите
претпријатија. Како поголеми, потенцијални недостатоци може да се наведат
следните:
достигнување на одреден степен на лојалност на купувачите;
негување на контакти со голем број купувачи и добавувачи;
обезбедување на одреден степен на сигурност;
достапност на информациите до конкурентите и
зголемена конкуренција.

22
Современо претприемништво – испитни прашања

61. Ограничувања за идниот претприемач од склучениот договор за деловна


франшиза?
* Основно ограничување до аспект сопственикот на франшизата – франшизерот
претставува тоа што неговото претпријатие е следбеник на состојбата на
корисникот на франшизата. Неуспехот на претпријатието директно влијае на
состојбата на франшизерот. Неуспехот е да има негативни последици во
работењето на сопственикот на франшизата.

62. Е – претприемнички бизниси и претприемачи?


* Последните неколку години електронското работење и е-бизнисите имаат се
поголема улога во секојдневниот живот. Сведоците на еден од најважните настани
а тоа е забрзаниот развој на информатичката технологија. Забрзаниот развој на
информатичката технологија го менува начинот на работа, учење и живот воопшто,
развојот на науката и технологијата придонесува за дигитализирање на сите
области и преку тоа и промена на начинот на живот и работа на сите во
опкружувањето.

63. Е – активности?
* Електронскиот бизнис или популарно наречен е-бизнис ги опфаќа сите активности
кои претпријатието ги реализира со компонентите а тоа се
: нарачките, доставата, плаќањето на продавањето на производите и услугите,
меѓусебната размена на производите и услугите.
* Интернет активностите кој се реализираат внатре во претпријатието, а конкретно
се однесува на самиот процес на производите, истражувањето и развојот на
човечките ресурси, и начинот на работа.
* Преку електронската технологија и интернетот претпријатието се поврзува со
своите соработници.

64. Користење на информатичка технологија и интернет?


* Користењето на информатичката технологија и интернетот од страна на
претприемачите и малите претпријатија, подразбира избор на една од следниве
можности:
Избор и користење на интернет технологијата за евидентирање и следење на
финансиската евиденција.
Собирање и употреба на бази на податоци со користење на соодветен софтвер.

23
Современо претприемништво – испитни прашања

Користење на информатичка технологија за финансиски трансакции и


електронска комуникација со потрошувачи и клиенти.
Користење на информатичката технологија за маркетинг.

65. Подрачја на користење на информатичката технологија и интернетот?


* Од аспект на употребата на современата информатичка технологија од страна на
малите претпријатија може да се издвојат две подрачја на користење истата:
Употреба на е-технологија за насочување и користење на деловните
информации.
Употреба на е-технологијата за пренесување на деловните информации.

66. Причини поради кои не се користи информатичката технологија и


интернетот?
* Постојат повеќе причини поради кои претприемачите не ги користат
информатичката технологија, интернетот во своето работење. Од поголемиот број
на причини може да се издвојат следниве:
Трошоците и достапноста на информатичката технологија и интернетот.
Трошоците и достапноста до стручни лица експерти за правилна употреба и
користење на информатичката технологија, и интернетот.
Обука и тестирање на потребните вештини за користење на информатичката
технологија и интернетот.
Одбивност од воведување промени во работењето и користењето на трошоци во
деловни практики во работењето.

67. Електронски пристап до претпријатијата?


* Претпријатието може да има изработена квалитетна веб страна и тоа нема
никаква важност доколку потрошувачите немаат начини, пристап да бидат
информирани за тоа. Затоа пристапот до интернет профилот на претпријатието е
исто така важно како самата веб страница на претпријатието, која има за цел да
биде многу по советувана. За да го постигне тоа треба да биде регистрирана на
интернет пребарувачите. Нај едноставен начин за електронски пристап до веб
страницата на претпријатието е електронско пребарување со помош на
пребарувачи и директориуми.

24
Современо претприемништво – испитни прашања

68. Предности од е – бизнисот за претприемачите?


* Е – бизнисот им овозможува голем број придобивки на малите претпријатија и
претприемачите. Е – бизнисот и е – технологијата создаваат услови за
подобрување на бизнисот и извршување на бизнис активностите. Е – бизнисот и е
– технологијата овозможуваат пристап:
На малите претпријатија на глобалниот пазар.
На малите претпријатија во глобалните синџири на набавка на материјали, и
суровини.
На услужните претпријатија, пристап до големите клиенти.
Пристап за промоција и развој на сите гранки во економијата, земјоделство,
услужните претпријатија, туризмот, до современ начин на маркетинг и промоција на
производи.

69. Слабоста од е – бизнисот за претприемачите?


* Користењето на е – бизнисот, интернетот во насока на подобрување на
работењето на малото претпријатие е можно доколку претпријатието има
соодветна стратегија за електронско работење и соодветен менаџмент на човечки
ресурси за реализирање на стратегијата. Но секоја работа или е – бизнис се
сведени од соодветни ризици. Претпријатијата за да ги искористат придобивките
од е – бизнисот, мора внимателно да пристапат во разгледувањето на сите аспекти
од електронското работење, затоа малите претпријатија треба конкретно и
прецизно да ги определат своите цели на работење и да го дефинираат сето она
што сакаат да го постигнат преку електронското работење.

70. Начини за обезбедување заштита во е – работењето?


* Е – работењето е обврска на секое претпријатие. Претпријатието може да го
сочинуваат низа на заштита:
Ограничен пристап до online.
Ограничена достапност до online.
Селективна достапност на online порталите.
Обврска на секој вработен е да потпише договор за заштита на податоци и
чување на податоците.

25

You might also like