Professional Documents
Culture Documents
Семинарска работа
на тема
Изработила: Ментор:
Кичево - 2011
1
СОДРЖИНА
Вовед ........................................................................................ 3
Заклучок ................................................................................... 14
2
Вовед
3
ПРЕДМЕТ, МЕТОД И ПРИНЦИПИ НА
ГРАЃАНСКОТО ПРАВО
4
Според тоа, облигационото право како систем на норми кој го
уредува прометот и воопшто движењето на вредностите по донесувањето на
Законот за облигационите односи всушност претставува единствен дел од
имотното право.
5
Метод на граѓанското право
6
Принципи на граѓанското право
7
на стоките, понудувачите ќе остварат пониски цени. Тие ќе добијат помалку
отколку што даваат на други. Ако во размената на вредностите еден учесник
добие помалку отколку што дава, поради причини што се надвор од
дејството на законот за понуда и побарувачка, тогаш тој со помошта на
правото ќе може да го добие она што му припаѓа, т.е. ќе може да ја обезбеди
својата еднаквост во размената, само под услов ако несразмерата меѓу
давањето и добивањето ќе биде знатна т.е. голема, а не каква било.
Еднаквоста како принцип познава и други ограничувања. Таа
воопшто не доаѓа до израз во случаите на добротворни договори. Во овие
случаи волјата на странките е од посебни мотиви, движењето на
вредностите да биде еднострано, така што еднаквоста е воопшто исклучена.
Во областа на одговорноста за штети, за која важи начелото на
еднаквост, изразено преку правилото дека секој кој ќе го оштети другото
треба да му ја надомести полната штета, исто така постојат отстапувања од
споменатиот принцип. Главното отстапување оди во правец на намалување
на одговорноста зависно од разни околности изразени во основа преку
принципот на правичност. Според овој принцип надоместот може да се
намали на пример ако штетата е сторена со некој поблаг вид на вина, а
целосното надоместување би можело да го руинира штетникот, додека
намаленото надоместување не му паѓа тешко на оштетениот.
Отстапувања од принципот на еднаквост се познати и во областа на
наследното право, каде што има примена споменатиот принцип на
правичност. Така, наследниот закон иако го прокламира принципот на
еднакви права на сите наследници, допушта можност судот на одделни
наследници да им го зголеми или намали делот, кој инаку би им припаднал.
Посебно отстапување од принципот на еднаквост е начелото за
приоритет на правата. Познати се повеќе случаи, во кои повеќе носители на
исти права или правна моќ имаат нееднакви овластувања, односно правна
положба.
Во секој случај изложените отстапувања од принципот на еднаквост
не треба да се сфатат како да го доведуваат во прашање него како принцип.
8
закони. Учесниците на прометот сами одлучуваат дали да влезат во промет
и под какви услови да учествуваат во него.
Слободната иницијатива најдува изрази во сите гранки на имотното
право. Во областа на сопственост таа се изразува во слободата на користење
и располагање со предметот на своето право, во облигационото право е
познато како слобода на договарањето, а во наследното право како слобода
на тестирањето, т.е. одредувањето на своите наследници. Ова начело
најдува израз и во заштитата на правата, така што од носителите на правата
зависи дали во случај на повреда на нивните права ќе бараат или не заштита
од судот или од друг надлежен орган. (Ако некој не ми го исплатил долгот
од еден договор, од мене зависи дали ќе побарам исполнување на договорот
преку судот.)
Ни ова начело нема апсплутен карактер. Прво, има односи кои
настануваат независно од волјата на страните на односот. Така, во случај на
оштетување одговорното лице е должно според силата на законот да ја
надомести штетата. Таков е случајот со наоѓање на туѓа ствар, неосновано
збогатување, настани и други случаи кога односот настанува врз основа на
некоја околност (правен факт) независно од волјата на обврзаното лице. Во
поново време, со појавата на државната интервенција во областа на
стоковно-паричните односи, слободата на договарањето и воопшто
располагањето и користењето со стварите во сопственост помалку или
повеќе се ограничуваат. Тоа беше редовен случај кај нас во времето на т.н.
административниот социјализам кога државата често интервенираше и во
имотно-правните односи. Иако овој однос на државата спрема слободата на
волјата е значително изменет и интервенцијата намалена, такви појави
односно ограничувања на слободата и денес се присутни.
Ограничување на слободата познато е и во наследното право, каде
слободата на тестирањето е условена со почитувањето на правата на т.н.
нужни законски наследници.
Слободата на користењето и располагањето со предметите на своето
право, па и слободата на договарањето, во современи услови имаат и една
своја општа граница позната под името забрана на злоупотреба на правото,
односно почитување на начелото на совесност и чесност. Независно од
државната интервенција на подрачјето на стопанските односи во зрелиот
капитализам е веќе согледано дека носителот на правата мора да ги користи
нив на еден општествено оправдан начин, т.е. не со намера да се штети на
другото односно да се користи правото нетипично. Наместо на
индивидуализмот на првобитното имотно право се разви принципот на
општествен солидаризам, на кој треба да му се потчинуваат сите носители
на правата. Овој солидаризам макар роден во буржоаски услови, има своја
вредност и во социјалистичките услови, така што споменатата забрана на
9
злоупотреба на правото, како соодветен правен израз на солидаризмот на
членовите на една заедница, претставува и денес неспорен правен
инструмент, како едно од ограничувањата на слободната иницијатива на
субјектите на правата.
Заштитата на правата од своја страна познава отстапувања од
слободната диспозиција. Има ситуации кога носителот не одлучува
слободно за заштитата на своето повредено право. Ако за остварувањето на
правото се заинтересирани трети лица, тогаш постои можност и тие лица да
одиграат активна улога во остварувањето на заштитата, па и против волјата
на носителот на правото. Тука спаѓа случајот кога доверителот на едно лице
под определени услови може да бара заштита на правата на својот должник
спрема трети лица. Тоа е позната римска action Pauliana која е и наша
позитивна правна институција. Во други случаи, кога е во прашање
општествената сопственост, односно општествениот интерес, под
определени услови за заштитата е овластен и јавниот првобранител, кој не е
никаков учесник на граѓанско-правниот однос од кој се раѓаат одредени
права и обврски за општествено-правните субјекти.
10
Додека на пример во кривичното право санкцијаат по својата цел и природа
е насочена кон личноста на повредувачот на правата, санкцијата во
имотното право е насочена кон обезбедувањето на имотно-правната
рамнотежа на субјектите. Поблиску речено таа е насочена кон имотот на
повредувачот на правата. Овој имот е единствена гаранција за почитувањето
на правото на оној кому му е сторена повреда. Во историјата на имотното
право долго време се задржани извесни карактеристики на казненото право,
каде основна цел е казнување на повредувачот како таков.
Санкцијата во имотното право може да се изрази во повеќе правци.
Еден од нив е прогласувањето одредени дела за неважни, во должување на
едно лице да ја изврши својата обврска спрема друго, односно да го предаде
предметот на овластено лице, меѓутоа доколку е сторена одредена штета,
како општа санкција постои можноста повредувачот да се задолжи да ја
надомести штетата на повреденото лице.
11
Други принципи на граѓанското право се: правичност, правна сигурност,
совесност и чесност, јавност односно транспарентност и легалитет.
12
клаузулата rebus sic stantibus е институт спротивен од принципот pacta
sund servanda, па сеак значи некаква сигурност за странките дека во
битно изменети услови еквивалентниот однос ќе биде сочуван со
соодветна измена на порано склучениот договор. Принципот на
сигурност се остварува и преку принципот на јавност т.е. со јавно
регистрирање на определени права и односи во посебни книги какви што
се таписките и земјишни книги и низа регистри предвидени со наши
позитивни прописи. Слична функција има и формата на делата. Според
тоа принципот на правна сигурност, се изразува преку низа посебни
институти.
Заклучок
13
Граѓанското право претставува најстара и најизградена правна
гранка, а според класичната теорија спаѓа во сферата на приватното право
заедно со трудовото, трговското и меѓународното приватно право.
Граѓанското право покрај општиот дел, во себе ги опфаќа и облигационото,
стварното и наследното право.
Користена литература:
14
Асен, Групче. Имотно (граѓанско) право-општ дел, Скопје, 1983
www.wikipedia.com
15