You are on page 1of 17

ИСПИТНИ ПРАШАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ – ПРАВО НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

1. Поим на правото интелектуална сопственост

Правото на интелектуална сопственост е нова правна дисциплина која се развива со


донесување на првите меѓународни конвенции кои ја регулираат заштитата на правото,
индустриската сопственост и авторското право. Со правото на интелектуална сопственост
се уредени односите во сферата на патентите, корисните модели, трговските марки,
индустрискиот дизајн, ознака на потекло на производот и географска ознака, топографија
на интегрални кола, новите растителни сорти, книжевноста, науката и уметноста. Правото
на индустриска сопственост и авторското право и сродните права, се двата основни
сегменти на правото на интелектуална сопственост.Предмет на правата на интелектуална
сопственост се духовните творби како резултат на креативната активност во индустријата,
науката, книжевноста и уметноста.Авторското право се стекнува со самото создавање на
авторско дело, додека правата на индустриска сопственост се стекнуваат со одлука на
надлежен орган во постапка која со своето барање ја иницира идниот титулар на некое од
тие права.Поимот право на интелектуална сопственост има повеќе значења итоа во
објективна, субјективна смисла, како правна наука и правна практика.Во објективна
смисла правото на интелектуална сопственост се дефинира како збир на правни правила
кои што ги нормираат општествените односи во поглед на интелектуалните творби во
областа на индустрискиот дизајн, трговските марки, патентите, книжевноста, науката,
уметноста итн.Во субјективна смисла се дефинира како право на творецот на конкретната
интелектуална творба на полето на индустријата односно во областа на науката,
книжевноста и уметноста.Правото на интелектулна сопственост во субјективна смисла ги
опфаќа имотните права кои се преносливи и моралните кои што не се преносливи и се
врзани строго за авторот.Општо прифатено е гледиштето дека правото на интелектуалната
сопственост е посебна гранка на правото која ги регулира правните односи како што се
односот меѓу правото на интелектуална сопственост со aвторското право и сродните
права, потоа односот меѓу правото на ИС и конкурентското право,трговското
право,потрошувачкото право,трудовото право, уставното право,казненото право.

2. Настанување и развиток на правото на интелектуална сопственост


3. Извори на правото на интелектуална сопственост

Како во секоја држава така и во нашата, општо прифатени извори на правото воопшто па
и на правото на интелектуалната сопственост се уставот, законите и подзконските
акти.Уставот е основен извор на правото на РМ кој завзема највисоко место во
хиерархијата на правните акти. Со чл.47 Уставот на РМ ги гарантира правата кои
произлегуваат од научно, уметничко или друг вид творештво и се обврзува дека ќе ги
поттикнува, помага и штити научниот и технолошкиот развој. Како позначајни законски
извори на правото на интелектуална сопственост во РМ се: Законот за индустриска
сопственост, закон за авторско право и сродните права, закон за култура, закон за
облигациони односи,закон против нелојална конкуренција, закон за парнична постапка,
закон за кривична постапка итн. За разлика од уставот и законот, судската практика и
правната наука ги пополнуваат правните празнини. Кај нас судската практика не е
директен извор на правото, бидејќи судските одлуки немаат карактер на прецедент.
Меѓународните конвенции и договори исто така се значаен извор на правото на
интелектуална сопственост, а како најважни и најстари извори на меѓународното право на
интелектуална сопственост се Париската конвенција и Бернската. По овие две конвенции
донесени се голем број меѓународни конвенции и договори кои што се групирани во три
групи итоа: конвенции и договори кои се однесуваат на правата на интелектуална
сопственост, конвенции и договори кои се однесуваат на правата од индустриска
сопственост и на конвенции и договори кои се однесуваат на авторското право и на
сродните права.Конвенцијата за основање на Светската организација за интелектуална
сопственост е потпишана во Стокхолом со цел да се унапреди заштитата на
интелектуалната сопственост, со што би се поттикнала творечката активност и би се
направило поделотворно управувањето на униите втемелени врз полето на
интелектуалната сопственост. Најзначаен акт за хармонизација и имплементација на
правата од интелектуалната сопственост на мултинационално рамниште е Договорот за
трговски аспекти на правата на интелектуална сопственост или TRIPS договорот.
Одредбите на договорот се однесуваат на повеќе права на интелектуалната сопственост
итоа на авторските и сродните права, на правата на индустриска сопственост, на правата
во поглед на интегралните кола и на заштита на необјавените информации. Преговорите
за склучување на Договорот против фалсификување во трговијата има за цел
поставување на меѓународни стандарди за спроведување на правата на интелектуалната
сопственост преку подобрување на меѓународната соработка, воведување на најдобрите
практики за спроведување на правата на интелектуална сопственост и пружење на
поефикасна правна рамка.
4. Правната природа на правото на интелектуална сопственост

Прашањето за правната природа на правото на интелектуалната сопственост секогаш е во


фокусот на интересирањето на теоријата и практиката. Во досегашната историја постојат
повеќе теории кои се во функција на објаснување на правната природа на правото на
интелектуална сопственост. Во врска со правната природа на правото на интелектуална
сопственост но и посебно на авторското право и правото на индустриска сопственост како
субјективни права се создадени повеќе теории. Теорија за интелектуални права- Според
претставниците на оваа теорија покрај личните, стварните и облигационите права, треба
да се прифатат и четвриот вид на субјективните граѓански права-интелектуалните права.
Во однос на другите права најадекватни се интелектуалните права затоа што во својата
содржина имаат и лично-правни и имотно-правни елементи. Оваа теорија всушност
тргнува од фактот дека нематеријалните добра имаат своја самостојна вредност, дури и
тогаш кога се одделени од создавачот, креаторот или авторот и не се зависни од времето
или просторот.Теоријата на нематеријални права- тргнува од фактот дека
нематеријалните добра имаат своја самостојна вредност и тогаш кога се одделени од
создавачот, креаторот или пронајдувачот и не се зависни од времето или просторот.
Ваквата природа правата од интелектуалната сопственост ги доведува во состојба да
бидат многу често објект на злоупотреба и повреда и од дејствата на нелојална
конкуренција. Се смета дека теоријата за природното право тргнува од стојалиштето дека
пронаоѓачот има неограничено право на сопственост на резултатите од својот
интелектуален труд. Моралното право на општеството е да го признае природното право
и да им се спротивстави на активностите на трети лица да го користат пронајдокот,
дизајнот, марката, ознаката и сл. без согласност на пронаоѓачот односно носителот на
правото. Теоријата за сопственост е најстара теорија и поаѓа од становиштето дека
авторот или пронајдувачот како творец на интелектуалната творба има апсолутно и
исклучиво право на сопственост врз творбата.Договорната теорија тргнува од фактот дека
патентот е договор помеѓу пронаоѓачот и општеството кое за возврат му дава на
пронаоѓачот временски ограничена мжност за искористување на пронајдокот.
Договорната теорија се заснова на неколку принципи итоа: договор помеѓу државата и
пронаоѓачот, ограничено траење на пронајдокот од страна на пронаоѓачот слободно
користење на пронајдокот по истекот на заштитниот рок. Теоријата на стимулација на
авторот или пронајдувачот тргнува од фактот дека на пронајдувачот треба да му се
признаат одредени погодности кои ќе го поттикнат на истражување и на создавање
иновации, пронајдоци, авторски дела и други творби. Блиску до оваа теорија е и теоријата
за награда која тргнува од интересот на општеството за напредок. Најдобар начин да се
постигне тоа е да се овозможи заштита на правата од страна на државата.
5. Субјекти и носители на правото на интелектуална сопственост

Еден од субјектите кој ужива заштита според правото на интелектуална сопственост е


пронаоѓачот. Како пронајдувач се смета физичко лице кое го создало пронајдокот со
својот пронајдувачки дух и кој при создавањето пронајдокот внесува индивидуалност и
инвентивност. Според ЗИС како пронајдувач се смета творецот на авторското дело на кој
според законот му се гарантира правна заштита. Карактеристично за заштита на
пронаоѓачот како субјект е: пронаоѓачот е субјект на заштита, предмет на заштита е
пронајдокот, заштитата започнува со моментот на поднесување на пријавата на ДЗИС а се
стекнува со донесување на решение за признавање на патентот, и заштитата има свој
морален и материјален аспект. Законот за заштита на топографија на интегрални кола го
употребува терминот конструктор. Конструкторот е духовен творец кој при создавање на
топографијата на интегрално коло внесува индивидуалност и оригиналност кој според
законот му се гарантира правна заштита. Карактеристично за заштита на конструкторот
како субјект е: конструкторот е субјект на заштита, предмет на заштита е топографијата на
интегрално коло, заштитата започнува со моментот на поднесување на пријавата кај ДЗИС
а се стекнува со донесување на решение за признавање на топографијата на интегрално
коло, и заштитата има свој морален и материјален аспект.Еден од субјектите кој исто така
ужива заштита според правото на интелектуална сопственост е авторот. Терминот автор
се употребува за означување на творците на индустрискиот дизајн и авторските дела.
Како автор се смета физичко лице кое го создало индустрискиот дизајн со својот
креативен труд. Карактеристично за заштита на авторот како субјект е: авторот е субјект
на заштита, предмет на заштита е индустрискиот дизајн, заштитата започнува со моментот
на поднесување на пријавата кај ДЗИС а се стекнува со донесување на решение за
признавање на индустрискиот дизајн, и заштитата има свој морален и материјален аспект.
При создавањето на индустрискиот дизајн авторот не мора да има деловна способност.
Автор на авторско дело се смета физичко лице што го создало авторското дело внесувајќи
индивидуалност и оригиналност. Кога авторското дело е создадено од едно физичко
лице, лицето се нарекува автор, а кога повеќе лица учествуваат во создавањето на
авторското дело се означуваат како коавтори и при тоа најмалку две лица треба да
учествуваат со својот интелектуален придонес во создавањето на авторското дело за да
бидат означени како коавтори на делото. Суштински правила кои ја карактеризираат
авторско правната заштита се: авторот е субјект на заштита, предмет на заштита е
авторското дело, заштитата започнува со моментот на настанување на делото што значи
дека нема управна постапка за признавање на заштита како кај индустриската
сопственост. Законските прописи и меѓународните конвенции кои го регулираат правото
на интелектуална сопственост го употребуваат и терминот носители на правата од
интелектуална сопственост. Носител на авторските права но не и над индустрискиот
дизајн може да се стане врз основа на договор, закон и наследување.
6. Содржина на правото на интелектуална сопственост

Општо прифатено е стојалиштето дека содржината на правото на интелектуална


сопственост опфаќа имотни-материјални и неимотни-морални права на авторите,
конструкторите или на пронаоѓачите.Моралните авторски права за прв пат се
меѓународно признаени со Римската ревизија на Бернската конвенција. ТРИПС не содржи
одредби кои се однесуваат на моралните права.Нашиот ЗАПСП ги познава следните
морални права на авторот: да одлучи дали,кога и како ќе биде прв пат објавено неговото
дело, на признавање на авторството на своето дело,итн.Моралните права на авторот
може да се групираат во 4 вида итоа: право на објавување, право на признавање на
авторството, право на почитување личноста на авторот и целината на делото и право на
откажување на правото на носителот на материјалното право.Париската и Бернската
конвенција предвидуваат дека материјални права на интелектуална сопственост по
правило се исклучиви права кои на пронаоѓачите односно на носителите на правата му ги
гарантираат следниве права: право на располагање, право на искористување, право на
надоместок и право на забрана трети лица неовластено да го користат соодветното
дело.Под право на располагање се подразбираат правото на пренос и правото на
отстапување. Според начинот на искористување особено кај авторските дела постојат и
различни имотни права. Бернската конвенција ги регулира материјалните права а според
одредбите на истат се сметаат: правото на превод, правото на одобрение за
репродукција, право на преработка на делата итн.Правото на надоместок е исклучиво и
монополско право од кое авторот не може да се откаже. Договорите со кои се врши
пренос или отстапување на правата од интелектуална сопственост кои не содржат
одредби за надоместокот се ништовни. Правото на забрана трети лица неовластено да го
користат соодветното дело добива на значење, бидејќи заради развојот на технологијата
и поевтинувањето на истата во пракса доаѓа до повредување на правата од интелектуална
сопственост. Авторот има право на секој оној кој без дозвола го користи неговото дело да
му го забрани тоа и тоа како по судски пат така и по пат на преговори, медијација итн.
7. Авторско право и поим на авторско дело

Авторското право се третира како вид на интелектуална сопственост и се однесува на


творбите на човековиот ум. Поимот авторско право има повеќе значења и тоа како право
во објективна смисла, субјективна, правна наука и правна практика. Во објективна смисла
авторското право може да се дефинира како збир на правни правила коишто ги
нормираат правните односи во поглед на интелектуалните творби во областа на
книжевноста, науката и уметноста. Авторското право во субјективна смисла може да се
дефинира како право на творецот на конкретното авторско дело во областа на науката
книжевноста и уметноста во однос на неговата творба признато со објективното право.
Авторското право во субјективна смисла ги опфаќа имотните права кои по правило ги
сочинуваат исклучителните права на користење на авторското дело кои се преносливи
помеѓу живите и во случај на смрт но се ограничени во траење, а моралните или личните
права кои ги штитат личните интереси на авторите не се преносливи помеѓу живите.
Тргнувајќи од Бернската конвенција и Светската конвенција, нашиот ЗАПСП го дефинира
поимот авторско дело. Под авторско дело македонскиот законодавец подразира
индивидуална и интелектуална творба од областа на книжевноста, науката и уметноста
изразена на било кој начин и форма. Нашиот законодавец во дефиницијата на авторското
дело ја изоставил оригиналноста, иако оригиналноста е единствениот вредносен елемент
во дефиницијата на авторското дело. Делото на авторот се штити затоа што е оригинално.
Покрај позитивната, ЗАПСП содржи и негативна дефиниција на авторското дело, односно
што не се смета како авторско дело: идеите, теориите, концептите, методологиите ба
работа или математичките концепти независно од начинот на објаснувањата или
изразувањата; службените текстови од политичката, законодавната, административната и
судската природа и нивните службени преводи; дневните и други вести кои имаат
карактер на обични медиумски информации; и идеите и концепциите што претставуваат
основа за кој било елемент на компјутерска програма, вклучувајќи ги деловите од
програмата што овозможуваат поврзување и интеракција меѓу елементите на
програмската и машинската опрема.
8. Заштита на авторското дело и авторските права

Како услови за заштита на авторското дело ЗАПСП ги предвидел: форма на авторското


дело, оригиналност на авторското дело, уметничката вредност на авторското дело,
објавување на авторското дело и неформалност.Формата на авторското дело е
материјална подлога на делото, којашто е најчесто врзана за говор, звук, човекови
движења кои што не мораат да бидат пишани или фиксирани за пишани текстови, освен
ако се во прашање кореографки или пантомимиски авторски дела, кои мора да се
напишани или фиксирани со зборови или со други средства за изразување.
Оригиналноста на авторското дело е услов,којшто во основа неразделно ја следи неговата
форма, за делото да ужива авторско правна заштита. Постоја два вида на оригиналност
итоа: лична оригиналност која е врзана за личноста на авторот и оригиналност врзана за
авторското дело како резултат на интелектуалното творештво, а оваа оригиналност може
да биде изворна оригиналност-создавање на авторското дело кое како нов е независно
од постоење на било кое авторско дело и изведена оригиналност-создавање на авторско
дело како ново коешто има некои елементи на веќе создадено авторско дело.
Оригиналноста исто така може да биде апсолутна-кога авторското дело е потполно
независно од друго авторско дело и релативна-која што укажува на зависност на
авторското дело од други авторски дела. Уметничката вредност на авторското дело значи
дека авторското дело се вреднува според вкусот на корисникот на авторското дело.
Објавување на авторското дело значи достапност на авторското дело на јавноста на
одреден број лица кои се јавуваат како корисници на авторското дело. Објавувањето на
авторското дело зависи од видот на авторското дело, така што начинот на објавување е во
исклучителна надлежноста на авторот. Неформалноста е во согласност со Бернската
конвенција. Имено за прибавување авторско правна заштита на авторското дело не се
бараат никакви формалности од материјално-правен односно процесно-правен карактер,
како што тоа е случај кај правата од индустриската сопственост кои се регистрираат и
признаваат во определена законска постапка (посебна управна постапка).
9. Видови на авторски дела

Видовите на авторски дела се групирани на следниов начин итоа: Говорни дела - Под
говорни дела се подразбираат сите авторски дела кои што се изразуваат со помош на
јазик.Според критериумот начинот на изразување, говорните дела се делат на писмени и
усмени. Писмени дела се оние дела кои што авторот ги створил во писмена форма
независно од тоа дали се своерачно пишани на хартија, со машина за пишување или пак
преку современата технологија-компјутер. За разлика од писмените дела, усмените дела
се оние кои што авторот усмено ги излага,а таквите излагања најчесто се предавањата,
говорите и беседите каде што авторот своите излагања најчесто ги прави пред публика
односно пред слушателите. Театарски дела - Театарските дела се оние дела кои што се
наменети за сценско изведување со посредство на еден или повеќе изведувачи, при што
начинот на изразување е говорот, музиката, движењето, игрите итоа како поединечно
така и заедно. Според начинот на изразување, театарските дела се групирани како:
драмски дела(претстави од типот на комедии,монодрами,трагедии), драмско-музички
дела(опера,оперетта,мјузикл), кореографски дела(балет,разни игри) и пантомимиски
дела(движење на тело). Музичките дела се оние дела каде што авторот односно
композиторот ги изразува своите чувства и мисли со помош на звук односно тонови.
Музичкото дело има три составни делови итоа: Мелодија, ритам и хармонија. Мелодијата
се состои од низа тонови кои што ја одразуваат инспирацијата на композиторот, што
всушност претставува сусштина на музичкото дело. Ритамот означува однос на
разновидни тонови или звуци со различно времетраење и усогласување, и воедно
ритамот е само елемент на музичкото дело и не ужива самостојна авторско-правна
заштита. Хармонијата е складно истовремено звучење на различните тонови и
претставува елемент на музичкото дело. Музичкото дело по правило се забележува со
помош на ноти и може да се забележи на ленти, ЦД, ДВД итн. Фотографските дела се дела
кои што се произведени со фотографирање, односно преку фотографски апарат со
снимање на природата, стварите, вклучувајќи ги и луѓето. Сите фотографски дела не
уживаат правна заштита, туку само уметничките фотографии уживаат правна заштита
бидејќи се сметаат за оргинално дело и се одразуваат на индивидуалноста на авторот.
10. Сродни права на авторското право

ЗАПСП регулира 6 видови сродни права итоа: права на изведувачите, права на


фонограмските продуценти, права на филмските продуценти, права на РТВ организации,
на изведувачите и на изготвувачите на бази на податоци sui generis. Уметници –
изведувачи според ЗАПСП се артисти, пеачи, музичари, балетски уметници и други лица
кои со игра, песна, танц, говорење, рецитирање или на друг начин, изведуваат книжевни
или уметнички дела или дела од народното творештво. Како изведувачи, во смисла на
овој закон, се сметаат и режисери на сценски дела, диригенти на оркестри и хорови,
обликувачи (мајстори) на тон или на тонска снимка. Произведувач на фонограм според
ЗАПСП е физичко или правно лице што презема иницијатива, организација, финансирање
и одговорност за прво снимање на звуците од изведба, на други звуци или звучни појави
(во натамошниот текст: фонограм). Фонограм, во смисла на овој закон, е снимка на звуци
од изведба или други звуци или звучни појави, освен на снимка вградена во
аудиовизуелно дело. Филмски продуцент според ЗАПСП е физичко или правно лице што
ја презема иницијативата, организацијата, финансирањето и одговорноста за создавање
на првата снимка на аудиовизуелно дело. . Правата на филмскиот продуцент траат 50
години од денот на завршувањето на снимката. Предмет на заштита на правото на
радиодифузните организации се емисиите. Согласно ЗАПСП чл.115 Радио-телевизиска
организација има исклучиви материјални права да дозволува или забранува користење
на своите програми за: 1) снимање на програмите, на носачи на слика и/или тон; 2)
умножување и ставање во промет на умножените примероци од снимките на програмите;
3) реемитување; 4) јавно пренесување на места достапни на јавноста и со наплата на
влезници и 5) ставање на располагање на јавноста. Изготвувач на база на податоци е
правно или физичко лице кое презело иницијатива и одговорност за вложување во
создавање на базата на податоци, доколку презентира дека извршил квалитативно и/или
квантитативно суштинско вложување во прибирање, верификацијата или презентацијата
на нејзината содржина.

11. Ограничување и траење на авторското право и сродните права

Ограничувањата произлегуват од БК според кои на зоконодавствата на земјите им


е оставено правото да дозволат репродуцирање на делата во извесни посебни случаи,
под услов тоа да не оди на штетата на редовното користење на делата и да не им
нанесува непоравдана штета на законитите интереси на авторите. Националните закони
на државите вклучително и македонскииот дозволуваат користење на авторското дело
без пренесување соодветно материјално право но само над објавено авторско дело.
ЗАПСП предвидува случаеви кога не е потребно да се побара одобрение за користење на
авторското дело, но мора да се плати авторски надомест за таквото користење. ЗАПСП го
регулира користењето на авторското дело во сличаите кога не треба да се побара
одобрение од авторот односно од носителот на авторското право, но мора да се плати
надоместок за таквото користење. Заштитата на авторското право трае определено
време. Со развојот на новите средства за комуникација, во Европа се јави потребата од
хармонизација на законодавствата за заштита на авторското право и сродните права
особено во поглед на времетраењето на заштитата. Кај коавторското дело рокот на трање
според определеното правило се пресметува од смртта на коавторот кој умрел последен.
Нашиот закон го регулира траењето на авторското право, а рокот на заштита се смета од
законското објавување на делата и трае 70год. Покрај општиот рок на траење на
заштитата на авторското право, во националните закони се регулира и траењето на
заштита на сродните права. ЗАПСП ја регулира содржината на сродните права и тоа :
Правата на изведувачот траат 50 год. Од денот на изведбата, Правата на
производителеите на фонограми траат 20год. Но директивата на ЕУ за хармонизација на
правото и ТРИПС договорот предвидуваат тие да траат 50 год, од извршеното снимање,
правата на филмскиот продуцент траат 50 год, од денот на извршување на снимката,
Правата на РТВ огрганизации траат 50 год, сметано од денот на првото Радио-дифузно
емитување, Правата на издавачот траат 50 год, од издавањето согласно со закон и
Правата на изготвувачот на базата на податоци траат 15год, по извршувањето на
изработката на базата на податоци.

12. Остварување на авторското право и сродните права (од презентација!)

13. Право на индустриска сопственост

Под индустриска сопственост се подразбира збир на права со која што се штити


индустриската сопственост. Предмет на заштита кај индустриската сопственост се
патентите корисните модели, индустрискиот дизајн, фабричките и трговските марки,
услужните трговски марки, трговско име, ознака на потекло на производ и нелојална
конкуренција. Карактеристично за сите овие права од индустриската сопственост е што
тие можат да се групираат во 2 групи. Во првата група спаѓаат оние кој се правно
заштитени односно се регистрираат а тие се : Патент, Корисен модел , Индустриски
дизајн, Трговска марка, Ознака на потекло на производ, Географска ознака, Топографија
на интегрално коло и име на интернет домен. Во втората група спаѓаат оние кои не се
регистрираат и тоа: трговска тајна односно неоткриена информација и know-how.

14. Патент
Најпознатиот и најефикасниот облик на заштита на пронајдоците е патентот.
Пронајдокот кој е заштитент со патент има општествена верификација и претставува
придонес кон состојбата на техниката. Користа која ја има општеството од патентот се
состои од објавувањето на пронајдокот на јавноста и можноста по определен временски
период сите членови на општеството да го користат конкретниот пронајдок слободно и
без надомест. Патентот е значаен како за пронајдувачот такаи за носителот на правото.
Носителот на правото на патент има исклучително право на користењена пронајдокот, на
ставање на производот кој е добиен со неговата примена во промет и право на
располагање. Ова право е апсолутно и монополско право и никој нема право да го
вознемирува носителот. Објект на патентната заштита е пронајдокот како резултат на
човековиот труд доколку ги исполнува со закон предвидените услови. Ако пронајдокот е
производ на заедничка работа на повеќе лица тогаш тие се копронајдувачи и нивната
заедничка работа е регулирана со меѓусебен договор. Постапка за признавање на правото
на патент може да поведе пронајдувачот.

15. Постапка за признавање на патентот

Во светот познати се два патентни системи за признавање на патентот тоа се


Американскиот и Европскиот систем. Американскиот систем се базира на максимата кој
прв пронашол додека Европскиот поаѓа од максимата кој прв поднел пријава. Постапката
за признавање на патент во Р.М се регулира со ЗИС и со правилникот за патент. Согласно
ЗИС на РМ постапката за признавање на патент се поведува со поднесок кој содржи
барање за признавање на правото. За секој пронајдок се поднесува посебна пријава.
Битни делови на пријавата која се пополнува на соодветен образец се : Барање за
признавање на патент, Опис на пронајдокот, Патентно барање, Апстракт и нацрт. По
приемот на пријавата ДЗИС испитува дали таа е уредна и доколку пријавата е уредна
ДЗИС го утврдува датумот на поднесување на пријавата а потоа се преминува на
формално испитување. Со цел патентот да трае 20год, потребно е да се изврши потполно
испитување во некоја од институциите утврдени со ЗИС. Врз основа на доставениот доказ
ДЗИС донесува соодветно решение и во тој случај патентот трае 20 год, сметајќи од денот
на поднесување на уредна пријава. Важноста на патентот може да се продолжи но не
повеќе од 5 год.

16. Европска пријава на патенти според ЕПК

Според член 58 од ЕПК Европска патентна пријава може да поднесе секое физичко
или правнио лице врз основа на закон со кој тоа е уредено. Европската патентна пријава
може да се поднесе во европскиот патентен завод или во заводот за индустриска
сопственост. Европската патентна пријава содржи : Барање за признавање европски
патент, опис на пронајдокот, едно или повеќе патентни барања, нацрти кои што се
наведени во описот или патентните барања и апстракт. Откако е вропската патентна
пријава ќе се поднесе европскиот патентен завод во согласност со правилникот испитува
дали пријавата ги исполнува барањата за утврдување на датумот на поднесување.
Согласно чл97 од ЕПК доколку одделот за испитување утврди дека европската патентна
пријава и пронајдокот на кој таа се однесува ги исполнува условите на овааа конвенција
донесува решение за признавање европски патент, кога се исполнети условите дадени во
правилникот. При тоа битни елеметни на постапката се : пријавување пребарување,
објавување, можност за повлекување, барање за потполно испитување , извештај,
можност за одбивање, решение за признавање , онјавување на патентот, приговор,
отповикување или поништување и одржување во важност.

17. Индустриски дизајн – предмет и заштита

Индустрискиот дизај во основа се однесува на креативните активности кои


резултураат формални или орнаментални карактеристики кај производите за масовна
употреба и производство при што се задоволуваат потребите на потрошувачите како
визуелно така и функционално. Со терминот индустриски дизајн се означуваат моделот и
мострата а тоа подразбира надворешен изглед на производот во целост или нан екој
негов дел кој е определен од неговите обележја особено линиите, контурите боите,
обликот, текстурата и материјалите од кои производот е сочинет или украсен како и
неговата орнаментација со заедничко име. Објектот на заштита на дизајнот има
суштински апстрактна концепција, а тоа е еден од основните услови за правната заштита
на индустрискиот дизајн во индустриското или занаетчиското производство. Според ЗИС
како дизајн се смета она што може да се пренесе на а опделен индустриски или
занаетчиски прозвод или на негов дел. За производ се смета секој индустриски и
занаетчиски изработен предмет при што под индустрија се подразбира најширокото
значењен а овој поим онака како е дефиниран во Париската конвенција.

18. Трговска марка

Тргнувајќи од значењето и употребата на тговската марка во прометот се


определуваат функциите на трговската марка. Трговската марка има повеќе функции а
најчесто спомнувани се следните : функција на означување на потекло на производ,
дистинктивна функција, гарантна функција, рекламна и конкурентна функција. Во РМ
правото на трговската марка е регулирано со ЗИС и со правилникот на трговска марка
согласно ЗИС со трговска марка се штити знак кој може графички да се прикаже и кој е
подобен за разликување на стоките или услугите на еден учесник во прометот од стоките
или услугите на друг учесник во прометот. Постапката за признавање на правото на
трговска марка во РМ е регулирано со ЗИС и правилникот за трговска марка. Согласно
одредбите од ЗИС постапка за признавање на правото на трговска марка се поведува со
поднесок кој содржи барање за признавање а поднесокот се доставува до ДЗИС. По
приемот на пријавата ДЗИС испитува дали таа е уредна и доколку е уредна се објавува во
службено гласило - Гласник.

19. Пренесување на правата на интелектуална сопственост (пренесување на авторското


право и сродните права и пренесување на правата од индустриска сопственост)

20. Договор за лиценца

Договорот за лиценца е правна основа за користење права од индустриската


сопственост, а целта е да се овозможи стекнувачот на лиценцата да се стекне со право на
користење на правото на индустриска спственост на определен начин, за определено
време и на определена територија при што давателот на лиценцата на правото на
индистриска сопственост и понатаму останува титуларно ова право. Договорот за лиценца
содржи како инструмент на правниот промет на правата од индустриска сопственост е
правен институт чија регулатива е комплексна. Можат да се издвојат три клучни правни
сегменти што содржат правни норми битни за утредување на договорот за лиценца а тоа
се : Правото на индустриска сопственост, Договорното право и правото против
ограничубање на конкуренцијата. Со договорот за лиценца се уредуваат односите на
пронаоѓачот, авторот конструкторот и останатите творци со субјектите кои стопански го
искористуваат творештвото на другите . како страни за договорот за лиценца се давателот
на лиценцата и стекнувачот или корисникот на лиценцата. Договорот за лиценца е
двостран облигационен договор. Според ЗИС договорот за лиценца кој не е составен во
писмена форма не произведува правно дејство. Што значо дека договорот мора да биде
склучен во писмена форма. Доколку за договорот за лиценца е пропишана задолжителна
писмена форма, договотор за лиценца може да се раскине единствено во писмена форма.
Во ЗИС како битен елемент е предвиден и обемот на лиценцата а обемот се однесува на
тоа кои права се отстапуваат на користење со договорот за лиценца, според овој
критериум договорите за лиценца можата да се поделат на лиценца за употреба, лиценца
за производство, лиценца за продажба и лиценца за увоз и извоз.

21. Присилна лиценца

Присилната лиценца за прв пат е регулирана со Париската конвенција. Кај нас ЗИС
нормира дека еден од условите за давање присилна лиценца постои ако носителот на
патентот не го користи пронајдокот заштитен со патент или се користи во обем не
доволен за задоволување на потребите на македонскиот пазар. Исто така ЗИС на Р.М
нормира дека може да се бара присилна лиценца дури со изминувањето на 4 год,
сметајќи од денот на поднесувањето на пријавата за патент, односно 3 год, од денот на
признавање на патентот. За издавање присилна лиценца одлучува судот кој е надлежен
за решавање на споровите за правата од индустриска сопственост во парнична постапка, а
тоа во РМ се основните судови со проширена надлежност. Постапката за издавање на
присилна лиценца се поведува со тужба против носителот на патент или сертификат за
дополнителна заштита која содржи барање за издавање присилна лиценца. При
одлучување за издавање присилна лиценца судот ќе ја има во предвид одлуката на
генералниот совет на СТО за спроведување на точката 6 од декларација од Доха за ТРИПС
договорот и за јавното здравство.

22. Јавно понудена на лиценца

Јавно понудената лиценца е посебен вид договорна лиценца која се карактеризира


со ограничена слобода на договарање помеѓу давателот на лиценцата и титуларот на
лиценцата. Јавно понудената лиценца доведува до склучување поголем број договори за
лиценца, му овозможува на иноваторот полесно да дојде до коннтакти со индустријата и
до можност за примена на својот патент, да ја отрстрани можноста за ограничување на
правото од патент со присилна и службена лиценца и да ја остварува основната цел на
патентното право. Законот за индустриска сопственост не го познава овој вид лиценца
што не значи дека според постојната законска регулатива не би било можно да се
направо јавна понуда за склучивање договор за лиценца.

23. Наследување на правото на интелектуална сопственост

Ако носителот на право од индустриска сопственост е физичко лице во случај на


негова смрт на правата од индустрисла сопственост се применува како тестаменталното
така и законското наследување. Наследниците ги имаат сите права од имотен карактер
кои ги имал носителот на правото од индустриска сопственост за време на животот или
подносителот на пријавата во постапката за принавање на правото од индустриска
сопственост. Додека имотните права на авторот или пронаоѓачот се наследуваат
моралните права на оставителот не се наследуваат. Наследниците ги имаат сите права од
имотен карактер кои ги имал авторот за време на животот. Наследувањето се врши
според законот за наследување а согласно ЗАПСП.

24. Правна заштита на правата на интелектуална сопственост

Правата од интелектуална сопственост се многу често објект на повреда.


Фалсификувањето и пиратството се најголемо зло на глобализацијата. Тоа ги
обесхрабрува пронаоѓачите и останатите творци кои вложиле големи материјални
средства за истражување развој и маркетинг на новите производи. Заради ова последната
деценија на минатиот век и првата деценија на 21 век поминуваат во знакот на ТРИПС
договорот, директивата за спроведување на прават од интелектуална сопственост на ниво
на ЕУ. Последниве неколку год се во знакот на утврдување нацрт текстот на договорот
против фалсификување на трговијата АСТА. Според законите со кои се регулира правото
на интелектуална сопственост лицето кое ќе повреди некое право уредено со законот
одговара за штета според општите правила за надоместување на штета согласно со ЗОО.
Како повреда на пријавените и признатите права патент индустриски дизајн трговска
марка топографија на интегрално коло ознака на потекло на производ и географска
ознака се смета секое неовластено користење располагање ограничување имитација и
вознемирување на правата што е спротивно на одредбите од ЗИС. Авторот и носителот на
авторското право и на сродните права можат да поднесат разни барања против лицето
кои ги повредило барањата.

25. Видови на тужби за граѓанско – правна заштита на авторското право и сродните права

Постојат неколку видови тужби со кои може дасе бара граѓанско-правна заштита на
авторското право и сродните права а тоа се тужба за утврдување тужба за осуда на
сторување тужба за надомест на штета државинска заштита и преобразувачка тужба.
Тужбата за престанок на вршење на дејствијата со кои се врши повредата на некое право
од интелектуална сопственост се поднесува со цел судот да го забрани натамошното
вршење на повредата. Оваа тужба може дасе поднесе не само во случај кога со
забранетото дејствие е предизвикана штета туку и во случај кога постои реална опасност
за настанување на штетата. Целта на оваа тужба е да се спречи вршењето на повредата во
иднина. Со тужбата за отрстанување на состојбата која е создадена со повредата,
всушност се надополнува тужбата со која се бара забрана за натамошно вршење на
повредата. Имено оваа тужба има за цел да ја отстрани и самта можност за вршење на
делото. Ова е поребно бидејќи доклоку судот донесе пресуда со која на сторителот му
забрани во иднина да го повредува правото на интелектуална сопственисост, тоа не значи
дека сторителот нема можност и понатаму да ја врши повредата ако состојбата со која е
создадено тоа дело не биде отстрането. Со тужбата може да се бара и уништување на се
што овозможило вршење на повредата. Тужба за поврат на првно неосновано
осиромашениот – збогатениот може дасе поднесе во сличај кога по повреда на некое
право од интелектуална сопственост, некоја имотна вредност ќе премине од имот на едно
лице во имот на друго лице а за тоа не постои правна основа односно договор или закон
која тоа ќе го оправда. Преобразувачката тужба се состои од барањето судот да донесе
пресуда во корист на тужителот и да ја измени односно да ја преобрази постојната
состојба. Имено може да се бара одредена состојба во врска со одредено право на
интелектуалнота сопственост кое е повредено. Може да се бара поништување или
раскинување на договорот склучен во врска со некое конкретно право на интелектуалната
сопственост.
26. Мерки на обезбедување

Како мерки на обезбедување според ЗИС и ЗАПСП се сметаат привремените мерки,


доставување на податоци, царински мерки и граѓанска казна. ЗИС и ЗАПСП содржат
одредби за определување на привремените мерки. Доколку носителот на правото
пријави дека дошло до повреда на неговото право судот на негов предлог може да
определи привремени мерки а особено да се запленат, исклучат од промет и сочуваат
примероци, средства, опрема и документи во врска со нив, дасе забранат дејствија на
евентуални повреди или нивно продолжувањеи да се донесат други слични мерки. Во
решението со кое се дозволува привремената мерка ќе се определи времето на траење
на таа мерка, а ако мерката е дозволена пред поднесување тужба и рокот во кој
доверителот мора да поднесе тужба, односно предлог за поведување на друга постапка
заради оправдување на мерката. Судот на предлог од доверителот ќе го продолжи
времето на траење на привремената мерка под услов да не се промениле околностите
под кои е дозволена таа мерка.

27. Царински мерки

Бројни се делата и предметите во кои се вградени авторските права, кои како такви
се предмет на светската трговија и ги преминуваат границите помеѓу државите. Заштитата
на авторските права во рамките на царинските постапки се уредени со царински закон.
Царински мерки се применуваат само за стока која е декларирана за пуштање во
слободен промет или е откриена при контрола на стока која се внесува во или се изнесува
од царинското подрачје на РМ, која е ставена во постапка на транзит. Законот за царински
мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост како стока со која се
повредува авторско и сродно право определува дека е пиратска стока. Царинскиот орган
дејствува врз основа на поденсено барање за превземање на царински дејствија и по
службена должност.

28. Казнено – правна заштита од одделни дела од недопуштено дејствување

Нашето право како иправта на други земји предвидува казнено правна заштита на
одделни дела од недопуштено дејствување во врска со неовластеното користење на
правата од интелектуална сопственост. Во кривичниот законик предвидени се повеќе
кривични дела и тоа : повреда на авторкото право и сродните права, повреда на правото
на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал, пиратерија на аудио-
визуелно дело и на фонограм, неовластена употреба на туѓа фирма и заштитен знак и
повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални
кола. При оценувањето дали се работи за намера за злоупотреба важно е да се утврди
дали се работи за посебно креирано обележје на фирмата марката или заштитниот знак.
Со оглед на субјективното битие ова дело е умислено, сторителот на ова дело постапува
со намера да ги измами купувачите или корисниците на услуги. Според нашиот кривичен
законик предвидена е парична казна или казна затвор до 3 год, со одземање на
предметите. Доколку делото го стори правно лице предвидена е само праична казна.

29. Управно правна заштита

Управно правната заштита се манифестира преку надзор и прекршочна постапка.


Надзор врз основа на ЗАПСП врши Министерството за култура а надзор врз сроведување
ЗИС врши Министерството за економија. Инспекцискиот надзор за остварување на
одредбите на ЗИС го врши Државен пазарен инспекторат. Согласно законот за
прекршоците прекршокот е против правно дело чии обележја се определени со закон.
Карактеристика на прекршочната одговорност е тоа што покрај физичките лица
одговараат и правните лица ако тоа е посебно определено со законот во кои е предвиден
прекршокот и ако до извршување на прекршокот дошло со дејство или со пропуштање на
должен надзор од страна на надлежниот орган или на одговорното лице во правното
лице или со дејствие, или со пропуштање на друго лице овласето да постапува во име на
правното лице. Законот предвидува 4 вида прекршочни санкции и тоа : казни ,
прекршочни опомени, мерки за безбедност, и воспитни мерки а воедно законот
предвидува парична казна и казна затвор.

You might also like