You are on page 1of 7

Име и Презиме

________________________Диме Игески__________________

Број на Индекс

__________________________________1882025________

Датум на полагање

___________________________22.09.2020_______________

Проф.Д-р.Александар Илиевски

Асс.М-р.Ерика Пешкоска

Асс.М-р.Елена Златева

Прашања за испит по предметот

ГРАЃАНСКО и СТВАРНО ПРАВО


1. Наведи ја дефиницијата на граѓанското објективно право, и објасни за правните
гранки кои го сочинуваат граѓанското семејство !
2. Кои се принципите на методот на граѓанско-правните односи, и што означува
принципот еднаквост на страните ?
3. Објасни за правна способност, наведи за нејзините видови, и причините за
одземање на истата?
4. Објасни за застапник кај законско ( вондоговорно ) застапништво!
5. Кои се облиците на алтернативно решавање на споровите, и наведи за секој од
нив поедниечно ?!
6. Заштита на граѓанските субјективни права пред судовите.
7. Кои се концепциите за злоупотреба на правото и наведи ги разликите помеѓу
нив ?!
8. Дефинирај го поимот на застареност и наведи ги условите кои доведуваат до
застареност !
9. Која е поделбата на полномошното според обемот на овластувања, а која е
според извршувањето на определени правни работи
10. Што вклучува посебната правна способност за постоење на стечаен управник ?

 Вкупен износ на поени 80


Одговори:
1. Поимот граѓанско право во основа има три значења: граѓанско право како објективно
право, граѓанско право како субјективно право и граѓанско право како наука (научна
дисциплина). Покрај трите основни значења на граѓанското право, постојат и други
значења со оглед на просторот на настанувањето и времето на важењето на граѓанското
објективно право. Објективното граѓанско право го определивме како систем на граѓанско
– правни норми со кои се уредуваат граѓанско правните односи во рамките на еден правен
поредок. Системот на норми кој го донесува една држава рековме дека претставува
објективното или пишаното право на таа држава.Правните гранки кои го сочинуваат
граѓанското семејство- стварното, облигационото и наследното право, претставуваат
системи на норми со кои се уредуваат одредени самостојни целини на општествени
односи кои имаат имотен карактер. Стварното право како правна гранка, претставува
систем на правни правила со кои се уредуваат односите меѓу луѓето по повод власта на
стварите, така што тоа ја претставува т.н. ,,статика на граѓанското право. Стварното право
како правна гранка, има свој општ и свои посебни делови. Општиот дел ги уредува
претпоставките за настанување на стварноправниот однос т.е. стварното право, а
посебните делови се два: првиот претставува систем на норми со кои се уредуваат
начините на стекнување на правото на сопственост и на другите стварни права, а вториот
претставува систем на нормисо кои се уредуваат општествените односи кои настануваат
во врска со запишувањето на правата на стварите.Облигационото право како гранка на
правото која влегува во составот на граѓанското семејство, исто така покрај општиот има
и два посебни дела. Општиот дел на облигационото право за предмет ги има обврските.
Посебните делови се: првиот е договорното право, како систем на норми со кои се
уредуваат општествените односи кои имаат имотен карактер, а настануваат договорно,т.е.
со согласност на изјавите на волја, додека вториот дел е т.е. штетно право, како систем на
норми со кои се уредуваат општествените односи кои имаат имотен карактер, а кои
настануваат врз основа на причинета штета.Наследното право, како гранка на граѓанското
семејство, покрај кусиот општ дел содржи два мали самостојни дела: законското
наследувањњ кое претставува системна норми со кои се уредуваат наследните односи
настанати врз основа на закон и тестаменталното наследување, како систем на норми со
кои се уредуваат наследните односи, т.е. преносот на имот од оставителот на наследникот
врз основа на изјава на волја на тестаторот.

2.Под метод во ѓраѓанското право во формална смисла на зборот, се подразбира збир на


принципи врз основа на кои се гради системот на граѓанскоправни норми. Во суштинска
смисла на зборот граѓанско правниот метод претставува пат начин како да се уредат
граѓанските односи во граѓанското право. Според ова методот го претставуваат темелот во
изградбата на граѓанското право(стварното, облигационо и наследно).
Граѓанскоправниот метод според преовладувачкото становиште на ауката го сочинуваат
четири основни принципи: слободна иницјатива, еднаквост на страните, преносливост и
имотна санкција. Покрај овие принципи заради целосно уредување на граѓанскоправните
односи, граѓанскоправниот метод на уредување познава и дополнителни принципи:
праведност, правна сигурност, совесност и др.Под принципот еднаквост се подразбира –
еднаквост на субјектите во примена на правилата на граѓанското право и – еднаквост на
правата и обврските што произлегуваат од граѓанскоправниот однос.
- Еднаквост на субјектите во примената на граѓанското право означува дека субјектите во
граѓанскоправните односи се третираат подеднакво.
-Во стварноправните односи принципот на еднаквост се изразува пред се во еднаквоста на
субјектите во примената на правилата на граѓанското право.Така носителите на правото на
сопственост се рамноправни во вршење на овластувањата што ја сочинуваат содржината
на правото на сопственост на една ствар.
- Што се однесува до еднаквост на правата и обврските што произлеуваат од
стварноправниот однос невозможно е да кажеме дека за нив може да се стави равенка. Во
сферата на облигационоправните одоси принципот на еднаквост подразбира: прво –
еднаквост на страните во облигационите односи и второ – еднаквост во взаемните давања
коија сочинуваат содржината на облигационоправните односи.
Еднаквост на принципот на страните во облигациони односи означува дека дговорните
страни во облигационите односи се еднакви без оглед дали едната страна е физичко или
правно лице, држава или единица на локална самоуправа. Во наследноправните односи
принципот на еднаквост означува дека граѓаните под исти услови се еднакви во
населувањето. Еднаквоста на страните подразбира и нивна еднаквост во вршењето на
граѓанските права како и еднаквос на нивната заштита пред судовите од општа
надлежност.
3. Правната способност претставува апстрактна можност да се биде носител на права и
обврски. Во граѓанското право таа е апстрактна можност да се стекнат граѓански
субјективни права и граѓански субјективни обврски. Според тоа правната способност е
пасивна способност на субјектот затоа што е уредена со правни норми правната
способност е правна категорија пропишаа со правото. Таа е врзана за субјектот – е негово
лично својство а не и субјетивно право, па според тоа физичкото лице неможе да ја
пренесува, отуѓува, ограничува и да се откажува од неа.
Правната способност може да биде општа, посебна и ограничена. Општата правна
способност како апстрактна можност да се биде носител на права и обврски ја има секое
физичко лице. Определени физички лица затоа што исполуваат определени услови
предвидени со законот и покрај тоа што имаат општа правна способност може да се
стекнат со посебна а некои со ограничена правна способност. Според тоа посебната и
ограничената правна способност претставуваат подвидовина општата правна способност.
Општата правна способност која престанува со губењето на својството на субјект на
правото посебната правна способност може да се изгуби и пред овој момент доколку
натане една од претпоставките за нејзино настанување.

4. Застапник во прицип може да биде физичко или правно лице. Во практиката како
застапници најчесто се појавуваат физичките лица што е случај како кај законското-
вондоговорното застапништво така и кај договорното застапништво. Кај законското
застапување законски застапници на малолетните лица под родителска грижа се рдителите
како физички лица. Исто така старател на малолети лица и старател на полнолетни лица
секогас е физичко лице. Ова призлегува од одредбите на членот 139 од законот за
семејството кој пропишува кое лице неможе да биде старател. Одовде може да се заклучи
дека кога зборува за старател, иако тоа е изречно не го кажал законодавецот мисли на
физичко лице кое деловно способно. Правното лице може да се јави какозаконски
застапник – ликвидатор во постапката за ликвидацијата.

5. Облици на алтернативно решавање на споровите чија цел е постигнување на копромис


меѓу странките.
Медијацијата е еден од најприменуваните облици на алтернативното решавање на
споровите. Целта на медијацијата е постигнување на компромис помеѓу страните во
спорните односи. Медијацијата престваува вонсудска постапка за решавање на споровите
врз основа на слободно изразеа волја на страните, со помош на неутрално лице –
медијатор. Медијацијата се применува во најразлични видови на спорни правни односи.
Постапката за едијација се води врз основа на договор постигнат помеѓу страните пред
или по започнувањето на спорот, врз основа на законска обврска или по упатство или по
препораки на суд аритражен совет или друг орга. Постапката за медијација ја спроведува
медијатор. Медијатори може да бидат адвокати дипломирани правници или други лица од
друга професија во зависнст од видов на спорот, доколку ги исполнуваат стручно
техичите услови предвидени во законот и се запишани во именикот а комората на
медијаторите.
Облици на алтернативно решавање на споровите чија цел е дефинитивно завршување на
спорот.
За разлика од медијацијата и другите форми на алтернативно решавање на споровите
арбитражата за своја цел го има разрешувањето на спорот. За арбитража најчесто
страните се одлучуваат кога не успеале да се спогодат меѓу себе. На страните во спорот
арбитражата им овозможува одлука со обрзувачко дејство. Тие можат да бидат домашни и
странски. Домашата арбитража се смета за арбитража конституирана на територија на
Р.Македонија која решава спорови помеѓу домашни и физички прани лица врз основа на
позитивни прописи, додека странската арбитража е онаа која донела одлука во друга
држава која при одлучувањето го применувала позитивното право на друга држава или
која одлучувала во спорови со странски елемент. Арбитражата е составена од арбитри со
улога на судии кои ќе одлучуваат во спорот. Арбитрите ги избираат страните во спорот.

6. Судската заштита на граѓанските субјективни права се остварува во две етапи, односно


две одделни фази. Во првата фаза се врши испитување дали постои повреда или
загрозување на граѓанското субјективно право врз основа на фактите и околостите
изнесени во постапката по што се донесува одлука во која судот утврдува дали настанала
повреда или загрозување на граѓаското субјективно право на некое лице.
Втората фаза на заштита на граѓанските субјективни права го опфаќа присилното
извршување на судските одлуки. Постапката за извршување процесуалистите ја
нарекуваат егзекуциска постапка.Заштитата на граѓанските субјективни права пред се се
остварува пред основните и апелационите судови. Основните судови се надлежни да
одлучуваат во прв степен по граѓанските спорови а апелационите судови постапуваат во
втор степен одлучувајќи во постапка по жалба против одлуки на првостепените судови.
Пред судовите секогаш се остварува во законски определена постапка: парична или
вонпарична постапка. Постапката пред судовите завршува со донесување на судска
одлука. Како акти на судот, судксите одлуки се донесуваат во форма на пресуда или
решение. Пресудата претсавува судска одлука со која судот во парична постапка одлучува
за основаноста или неоснованоста на тужбеното барање. Во зависност од природата
судските пресуди можат да бидат: деклараторни, кондемнаторни и конститутивни.
Решението е судска одлука со која судот одлучува во вонпаричната постапка а во
паричната постапка само доколку се работи за постапка за смеќавање на владение. Во
паричната постапка судот донесува решенија и во поглед на прашања од процесноправна
природа, меѓута овие судски решенија не претставауваат мериторни одлуки.По исклучок
надлежен за заштита на граѓанските субјективни права е и Врховниот суд на
Р.Македонија.Заштитата на граѓанските субјективни права се остварува и пред Управниот
суд на Р.Македонија. Исполнувањето на обврските од судските одлуки е извршено
доброволно се остварува во посебна постапка – постапката на присилно извршување која
ја спроведуваат овластени извршители.

7. Времето како правен факт може да доведе како донастанување на граѓански


субјективни права така и до нивно престанување . со поминување на подолг временски
период едно лице кое што се смета дека е сопственик на одредена ствар може да стане и
праве сопственик на таа ствар по пат на одржувачка, а друго лице затоа што не го вршело
своето право на сопственост, истото може да го изгуби. Најчесто времето как правен факт
игра голема улога во должничко – доверителските (облигационите односи) каде што со
поминување на определен законски рок обврската застарува. Во римското право
застареноста во себе го опфаќала и губењето и начинот на стекнување на граѓански
субјективни права. Додека современата цивилистика го издвојува институтот застареност
од институтот одржуачка. Застареноста како правен институт претставува протекување на
определен законски рок во кој носителот на граѓанското субјективно право, затоа што не
го вршел, а можел тоа да го прави го губи правото на правна заштита, по услов должникот
да истакни приговор за застареност.
Во Законот за облигациони односи произлегува дека за да може застареноста да произведе
правно дејство потребни се да бидат исполнети следните 3 услови: постоење на
застарливо граѓанско субјективно право; протекување на законски определен временски
рок во кој носителот на правото можел но не го вршел своето право на граѓаско
субјективно право; истакнување на приговор за застареност од страна на должникот.
Со исполнување на трите услови се смета дека застареноста настапува.
8. Постојат 2 основни концепции за злоупотреба на правата:
субјективна концепција за злоупотреба на правата и објективна концепција за
злоупотреба на правата.
Разликите помеѓу субјективната и објективната концепција се однесуваат во различните
појдовни основи во утврдувањето на постоењето на злоупотреба на правата.
Според субјективната концепција за злоупотреба на правата, злоупореба на права постои
кога правото се врши шиканозно, т.е. на начин на друг да му се причини штета, односно
недопуштено е вршење на правото кое има исклучива цел да му се причини штета на друг.
Ова е таканарече потесен поим на субјективното – шиканозното вршење на правото.
Поширокиот поим на шиканозното вршење на правото смета дека намерата да се причини
штета на друг треба да е првенствена, главна, одлучувачка цел.
Според објективната концепција на злоупотреба на правата, злоупотреба на правата
постои кога субјективното право се врши спротивно на целта, смислата заради која тоа е
востановено, независно од намерата да се причини штета на друг.

9. Во зависност од обемот на овлстувањата, полномошното може да биде: генерално и


специјално полномошно.
Полномошникот на кој му е дадено генералното полномошно е овластен да ги превзема
правните работи кои спаѓаат во редовното работење.
Специјалното полномошно се дава за извршување на определени правни работи или за
определен вид на правни работи, според тоа треба да се определува на индивидуално
полномошно генеричко и вонредно полномошно.
Индивидуалното полномошно е овластување полномошникот да преземе определена
правна работа.
Генеричкото полномошно е овлстување со кое полномошникот може да презема само
определен вид на правни работи , властодавецот може да го овласти полномошникот да ги
преземе сите правни работи поврзани со купопродажба на определена недвижност.
Вонредното полномошно е овластување на полномошникот за преземање точно определен
вид на работи. Тоа поединечно се дава во определен вид на случаи.
Во зависност од тоа дали на полномошникот му се дадени определени упатства во врска
со правните работи за кои му е дадено полномошно постојат два вида: неограничено и
ограничено полномошно.
Неограниченото постои тогаш кога на полномошникот не му се дадени никакви упатства
од страна на властодавецот за тоа како да ги извршува работите за кои му е дадено
полномошното. Ограниченото полномошно постои тогаш кога властодавецот му дал
определени упатства на полномошникот за тоа како да ги врши работите за кои е
овластен. Упатствата на властодавецот може да бидат императивни, факултативни и
индикативни.
10. За вршење на функцијата стечаен управник, физичкото лице треба да ги исполува
следните услови: да располага со посебна стручност и искуство, да има висока стручна
подготовка и најмалку 5 години работно искуство од областа на трговската дејност, да
положил за овластен стечаен управник, да не е осудуван за кривични дела што го прават
неподобен, да даде изјава дека во работењето ќе ги применува правилата во согласност со
кодексот за етика на стечајни управници и професионални стандарди . Дозволеноста за
овластен стечаен управник се стекнува врз основа на: издавање лиценца на физичко лице
од страна на министерот за економија, упис во регистарот на стечајни управници,
здобивање со службена легитимација што ја користи при вршење на своите функции,
именување на стечаен управник од страна на стечае судија. Лиценцата е со траење од две
години а се обновува со исполнување на обврската за посетување на курсот за стручно
усовршување и со положен тест за дополнително знаење. Стечајниот управник покрај
овластувањата има и должности предвидени во законот. Доколку стечајниот управник не
ги извршува должностите предвидени во законот, стечајниот судија може по службена
должност да го разреши стечајниот управник.

You might also like