You are on page 1of 8

1.

Поим на меѓународното јавно право: Под поимот меѓународно јавно право подразбираме
збир на правни правила или норми кои се правно обврзувачки за субјектите на меѓународното
право во нивните заемни односи.

2. Објасни ја накратко поделбата на МЈП и МПП: МЈП ги уредува односите помеѓу државите и
другите јавно-правни субјекти, МПП уредува односи помеѓу приватни лица со различно
државјанство или припадност. МПП решава два вида прашања наметнати од странскиот
карактер на таквиот приватноправен однос и тоа: прашања на судирот на законите, или чие
национално право ке се примени врз односот со странскиот елемент со оглед на тоа што тој
вклучува две или повеќе конкурентни правни поредоци и прашања на судирот на
јурисдикциите односно кој суд ќе биде надлежен за решавање на споровите настанати околу
него.

3. Меѓународно универзално право претставува збир на правни правила кои важат за целата
меѓународна заедница, а меѓународно регионално право претставува збир на правни правила
кои ги регулира односите меѓу државите-припадници на една одредена област или религија.

4. Делот од МП што го сочинуваат нормите кои претставуваат основа на меѓународниот правен


поредок и не можат да се менуваат со други договори меѓу државите, освен по истиот правен пат
по кои настанале и со одредби од иста правна сила се нарекува: јус когенс.

5. Што претставува меѓународното диспозитивно право? МДП претставува такви норми кои
воспоставуваат стандарди но кои не се задолжителни за државите. Така државите со еден
договор можат да решат едно прашање спротивно на диспозитивните норми на МП, кои инаку
би се промениле при решавање на ова прашање ако таков договор немало.

6. Објасни го односот помеѓу меѓународното и внатрешното право: Се сведува на споровите меѓу


монистичко и дуалистичко стојалиште. Дуалистичката теорија поаѓа од тоа дека постои
суштинска разлика помеѓу меѓународното и внатрешното право бидејќи имаат различен
предмет на обработка. Меѓународното право е право меѓу независни држави а внатрешното
право е право создадено од дравата кое ги регулира односите помеѓу нејзините граѓани.
Монистичката теорија поаѓа од ставот дека меѓународното право е целосен и комплетен систем
на регулирање на односите не само помеѓу државите туку и меѓу индивидуите.

7. Како се делат изворите на МП: Изворите на МП се делат на материјални и формални.

8. Во статутот на Меѓународниот суд на правдата се наведуваат четири одедби поврзани со


изворите на МП, кои се тие? Меѓународни договори општи или посебни кои ги создаваат
правилата признаени од државите, меѓународниот обичај, општите принципи на правото
признаени од цивилизирани народи, судски одлуки и учења на познати правници од различни
науки како помошни извори на МП.

9. Објасни го поимот на меѓународен договор како извор на меѓународното право: Под


меѓународен договор се подразбира правен акт кој е производ на согласноста на волјите на две
или повеќе субјекти на меѓународното право изразено преку надлежни органи.

10. Називите устав и повелба се употребуваат за означување на конститутивни алати, алатите со


кои се основани меѓународни организации.
11. Актот кој се употребува за означување на дополнителен акт на претходно склучен
меѓународен договор со кој се проширува досегот на претходно склучен меѓународен договор се
нарекува: протокол.

12. Направи разлика помеѓу поимите пакт и статут: Статутот се употребува за означување на
конститутивните акти на определени меѓународни тела со која истовремено се означува и
сферата и начинот на нивното дејствување. Пакт се употребува за означување договори со кои
се регулираат особено значајни политички прашања или се установуваат воени сојузи.

13. Дефинирај го називот конвенција: Називот конвенција служи за означување на договори со


различен предмет на регулирање: економски односи, културни прашања, социјални
проблематики. Конвенциите се склучуваат во рамките на соодветните меѓународни
организации.

14. По што се специфични легислативните договори: Легислативните договори се МД најчесто од


мултилатерален карактер кои содржат општи правни правила или норми за регулирање на
поодлени области на МП.

15. Врз основа на кој критериум се делат МД на билатерални и мултилатерални: формален


критериум.

16. Како се дефинира меѓународен обичај: Меѓународен обичај се дефинира како општа
практика прифатена како право. Тоа значи дека во меѓународното право се прифаќаат како
легални обврските на државите кои произлегуваат од обичајното решавање на поодделни
ситуации и односи меѓу нив.

17. Општоста или постојаноста како трет елемент на обичајот претставува/ се однесува на тоа
дали практиката на воспоставување на обичајот била прекинувана такашто не се успеало во
воспоставување на континуитет на истата.

18. Обичајот има четири елементи, наброј кои се тие: временско траење на актот на повторување
со кој се решава одредена ситуација на ист униформен начин, истоветноста или
униформираноста на практиката со која се решава одредена ситуација на одреден начин,
општоста или постојаноста на практиката при воспоставување на обичајот, усогласеноста на
нормите и принципите на МП.

19. Четвртиот елемент на обичајот е усогласеноста на нормите и принципите на МП.

20. Што претставуваат општите принципи?

21. Наброј ги правните начела признати од цивилизираните народи: начело на pacta sund
servanta, начело на bona fide, начело според кое никој не може да пренесе повеќе права
одошто има, начело на надоместок за направена штета и изгубена добивка, начело за враќање
во претходна состојба, начело дека никој не може да биде судија во овој спор, начело на
сослушување на страните.

22. Објасни ја суштината на кодификацијата: Суштината на кодификацијата е двојна, да се


соберат постојните обичајни правни правила и да се направат јасни и таа не претставува само
просто соопштување на постојните правила туку и нивно дополнување, измена, преобразба
согласно со развојот на меѓународните процеси.

23. Дефинирај што претставува кодификација на меѓународното право: Под кодификација на МП


се подразбира преобразување на обичајните правила во збир на пишувани правила, меѓусебно
усогласени кои имаат задолжителна сила за државите кои во неа учествувале и се изразени во
еден инструмент.

24. Екстремната концепција на кодификацијата ја застапува идејата дека треба да се забрани


примената на обичајните правила кои датираат пред кодификацијата.

25. Која е улогата на Комисијата за меѓународно право при ОН? Комисијата на МП при ОН го
покрива севкупното подрачје на МП, а за прашањата за кои смета дека се нужни или пожелни
за кодификација поднесува препорака до Генералното собрание.

26. Што се подразбира под субјекти на МП? Под субјекти на МП се подразбираат носителите на
меѓународно-правните права и обврски кои непосредно ги остваруваат своите права во
меѓународните односи и непосредно се одговорни за извршување на своите меѓународно-
правни обврски.

27. Наброј ги карактеристиките кои произлегуваат од дефиницијата за субјектите на МП:


Субјектите се носители на права и обврски, тие субјекти непосредно т.е. директно ги остваруваат
своите права во меѓународните односи, субјектите се непосредно одговорни за неизвршените
обврски.

28. Како се објаснува терминот несамоуправни територии? Несамоуправните територии се


ставаат под протекторат или старателство на некоја друга држава или меѓународна
организација и имаат меѓународен субјективитет од посебен вид.

29.Правните критериуми за постоење на државата се постојано население, дефинирана


територија, суверена власт, правен капацитет да влегува во односи со други субјекти на
меѓународното право, волја да ги почитува основните начела и норми на МП.

30. Правното признавање подразбира постоење на соодветен формален правен акт испратен од
држава која признава до држава која се признава.

31. Какви видови признавања на државите постојат? Правно (de jure) или фактичко (de facto),
целосно дипломатско признавање и формално признавање.

32. Раскажи за принципот на самоопределување на народите и сувереност на државите: Во


повелбата на ОН е предвидено дека сите луѓе имаат право на самоопределување на народите.
ОН принципот на самоопределување го формулираат како фундаментално човеково право кое
е основа за уживање на сите други права. Правото на сувереност на државитеимаат своја
позитивна и негативна димензија за остварување. Позитивната се состои во дефинирање на
квалитетот и квантитетот на власта на државата на својата територија и население, додека
негативната димензија на остварување на суверенитетот е обврската на сите други држави и
меѓународни организации е да се воздржат од мешање вов натрешните работи на суверените
држави.
33. Што предвидува правото на еднаквост? Сите држави без оглед на нивната големина, бројот
на население, геграфската позиција, обликот на државно уредување и управување,
економската или воена моќ се суверено еднакви. Тоа значи дека сите држави членки на
современата меѓународна заедница се суверени и поради овој факт уживаат идентични права и
обврски.

34. Државите согласно правото на сообраќај имаат должност да соработуваат една со друга. За таа
цел наброј што се должни да направат: државите ќе соработуваат со други држави на планот на
одржување на меѓународниот мир и безбедност, на планот на унапредување на општото
почитување на правата на човекот и основните слободи и на искоренување на сите облици на
религиозна нетрпеливост, ќе ги водат сопствените меѓународни односи на економски,
социјален, културен, технички и трговски план со начелата на суверена еднаквост и
неинтервенција.

35. Надлежноста на државите во меѓународното право може да биде: персонална, територијална,


надлежност која ја врши државата во општ интерес.

36. Објасни ги конститутивните елементи на меѓународна одговорност: Постоење на акт на


сторување или пропуст со кој се повредува обврска утврдена со МП кое важи меѓу државата
одговорна за актот и државата која со него е повредена: актот да може да и се препише на
државата која се повикува на одговорност, со актот да е предизвикана штета или загуба на
друга држава.

37. Која е разликата помеѓу одговорноста за меѓународен деликт и меѓународно злосторство? Кај
меѓународниот деликт право да ја повика државата на одговорност има право само државата
која е оштетена со противправниот акт, додека кај меѓународното злосторство во името на
меѓународната заедница такво право има било која држава членка.

38.Секундарната форма на оштета која се применува во втор план се нарекува: паричен надомест.

39. Задоволување е поволно кај нематеријалните штети најчесто во форма на официјално


извинување, казнување на виновни државни службеници и сл.

40. Наброј ги видовите на држави: прости и сложени.

41. Раскажи што претставува конфедерација? Конфедерација е тип н асложена држава составена
од повеќе држави врз основа на меѓународен договор. Со одредбите на договорот, државите-
потписнички стапуваат во сојуз за да остварат извесни цели. Секоја од членките на
конфедерацијата си ја запазува својата сувереност, ис поред тоа остануав и натаму сленка на
меѓународната заедница. Затоа секоја земја членка си има свој орган на надворешна политика.

42. Објасни по што се разликува федерацијата од конфедерацијата: Додека конфедерацијата


беше заснована на меѓународен договор, федерацијата се базира вр Уставот. Кај
конфедерацијата имаме два субјекти: конфедерација како целост и нејзините членки посебно.
Кај федерацијата, субјект на меѓународното право е федерацијата, а федералните единици
немаат меѓународно-правен субјективитет.

43. Правниот однос на еднострана-унилатерална трајна зависност на една држава од друга се


нарекува: вазална држава.
44. Што претставува протекторат? Протекторатот подразбира однос помеѓу две држави заснован
со меѓународен договор склучен под нерамноправни услови, со кој една држава се става под
меѓународна заштита на друга држава, која пак од своја страна има должност да ја штити
безбедноста на првата и да влијае на надворешната политика на заштитената држава.

45. Кои се карактеристиките на автономните области? Автономните области претставуваат


територии кои фактички и правно се составен дел на определена држава во рамките на која
уживаат соодветна внатрешна автономија. Внатрешната самоуправа може да биде фундирана
со: а) внатрешни прописи на соодветната држава од уставно-правен карактер, б) со
меѓународен договор и в) со одлука на ОН.

46. Раскажи за меѓународните организации како субјекти на МП: Меѓународната организација би


ја дефинирале како самостојна организација основана врз меѓународен договор со свои
постојани органи и меѓународно-правен субјективитет основана заради соработка и решавање
на одделни проблеми во меѓународната заедница. Меѓународните организации се делат на
владини и невладини.

47. Што се подразбира под случаи на ограничен меѓународно-правен субјективитет? Случаи на


ограничен субјективитет на индивидуата можат да произлезат и од меѓународно-правната
заштита која се предвидува со меѓународното право на човекот од неправните акти на
нејзината држава или некоја друга држава.

48. Што предвидува меѓународно правната заштита на човековите права во рамките на ООН?

49. Што претставува поимот на малцинство? Малцинство е гтупа на граѓани на една држава која
е бројно недоминантна а која поседува етнички, верски, јазични и др карактеристики различни
од мнозинското население и која поседува чувство на солидарност и колективна волја за
одржување на својата посебност во заедницата.

50. Оние кои историски живееле на одредена територија како остатоци од преселувањето на
нивните племиња или народи се нарекуваат: а)малцинства б) нови автохтони малцинства
в)автохтони малцинства г)не-автохтони малцинства

51. Направи дистинкција помеѓу македонското малцинство во Бугарија и Грција. Положбата на


македонското малцинство во Бугарија суштински се подобри по скличување Бледска спогодба
помеѓу владите на ФНРЈ и НРБ во 1947год. Основа на ова подобрување е согласноста на двете
влади да подготват царинска унија, нов режим на двосопственички имоти, упродтување на
пасошките формалности и олеснување на пронаоѓањето на границата.

Во грција никакви права не му се обезбедени на македонското национално малцинство. Помеѓу


двете светски војни Грција ова малцинство го нарекувала Славофони, Славомакедонци.
Северскиот договор ја обврзува Грциј на заштита на негрчките народности во Грција, гарантира
еднаквист во правата без оглед на национланоста, јазикот и вероисповед но овие одредби
никогаш не биле извршени.

52. Наброј ги карактеристиките што всушност претставува правото на самоопределување: Право


на создавање независна држава, право на реализирање на самоопределувањето како вид
автономија во рамките на дадена држава, право на деконструкција на сложена држава и
создавање други форми на државни сојузи, право на создавање сојуз на држави или друг облик
на сложена држава, право на останување на зависна положба во однос на друга држава, право
на реализирање на самоопределувањето како асимилација во една унитарна држава, право на
реализирање на самоопределувањето преку разновидни облици на поделба на власта во една
унитарна држава.

53. Принципот на недискриминација подразбира дека заштитата на малцинствата треба да се


обезбеди преку системот на заштита на индивидуалните човекови права.

54. Поим за државна територија. Под поимот државна територија се подразбира област која се
наоѓа под сувереност на една држава. Во државната територија спаѓаат: сувоземната
територија, внатрешноста на земјата под сувоземната територија, крајбрежното море, реките,
езерата, воздушната област над сувоземната територија, и територијалното море.

55. Начини на стекнување територија, се: окупација, ерозија и евулзија, цесија и прескрипција.

56. Стекнувањето на територија која претходно не била под ничија сувереност се нарекува:
окупација

57. Цесија претставува Правото да се прошири суверенитетот на државата на некоја нова


територија може да биде воспоставено преку договор со друга држава која ја отстапува таа
територија. Овој вид стекнување се нарекува цесија или отстапување.

58. Што претставуваат меѓународните службености? Меѓународните службености претставуваат


доброволно ограничување на територијалниот суверенитет на една држава на дел или на
целокупната нејзина територија конституирано во корист на една или повеке држави со
меѓународен договор.

59. Кои се елементи на меѓународните службености? -Како субјекти намеѓународна службеност


можат да се јават исклучиво суверени држави, рамноправни членки на меѓународна заедница.

-Ограничувањето на територијалниот суверенитет се врши во интерес на една или неколку


држави што значи имаат строго индивидуален карактер.

-Меѓународната службеност подразбира само рестрикции во територијалниот суверенитет на


државата на чија територија се воспоставува службеност. Инструмент за установување на
меѓународна службеност е меѓународниот договор

-Објект на меѓународна службеност претставува дел или целокупна територија на определена


држава. Делот од територијата во меѓународното право која не е под државен суверенитет не
може да биде објект на меѓународна службеност.

60. Раскажи за сукцесија на држави. Меѓународните договори имаат строго персонален карактер
и важат само за онаа личност која ги договорила. Со исчезнувањето на една држава независно
од фактот што таа целосно или делумно е наследена од друга држава престануваат да важат
договорите кои таа ги склучила. Тие не се пренесуваат ниту создаваат обврска за државата
сукцесор.

61. Што се случува со државниот имот при сукцесија на државите? Општо правило на
меѓународното право е дека со актот на сукцесијата целокупниот имот на државата претходник
се пренесува на државата сукцесор и тоа: Две или повеке држави ке се обединат во една
држава сукцесор нивнот целокупен имот преоѓа на таа држава. Кога еден или повеке делови од
територијата на една држава од неа ке се одвојат и обврзуваат држава-сукцесор при што
државата претходник и натаму постои, недвижниот имот кој се наога на пренесената територија
преога на сукцесорот.

62. Објасни ги државни долгови при сукцесија. Државните долгови на една држава
претставуваат финансиски обврски што таа ги има спрема други држави. Овие долгови
директно се однесуваат на интересите на трети држави . Основиот принцип врз кој се базира
нејзиниот меѓународен режим е дека таа не смее да биде извршена на штета на доверителите.

63. Како е регулирано населението а како внатрешниот правен поредок при сукцесија на
државите? При сукцесија населението кое имало легален домицил на пренесената територија
по правило се стекнува со државјанство на државата- сукцесор. Државите меѓутоа со
меѓународен договор на тоа население најчесто му овозможуваат право на опција. Со
сукцесијата ipso facto престанува да важи поредокот на државата претходник а се пропишува
или установува важноста на политичкиот и правниот поредок на сукцесорот

64. Вештачките граници претставуваат замислени површини праволиниски поставени и


одбележани со гранични столбови. Се повлекуваат обично на рамничарски терени или пустини.
Специјален посебен вид вештачки граници се астрономски или геометриски граници.Овој вид
граници се повлекуваат по должина на меридијаните на географска должина и напоредниците
на географска ширина или по правата линија која се протега паралелно со брегот на морето или
реките

65. Што се водени граници? Водените граници се протегаат по должината на реки, езера,
затворени мориња, канали. Повлекувањето на граница кај меѓународните реки зависи од
фактот дали реката е пловна или не. Ако реката е непловна границата се повлекува по
геометриска средина на речното корито

66. Која е положбата на реките во меѓународното право? Реките, каналите и езерата спаѓаат во
државна територија. Сите реки се делат во две групи: национални и меѓународни.

67. Што се подразбира под меѓународни реки? Терминот ,,меѓународни реки,, означува реки кои
географски и економски се простираат на териториите на две или повеќе држави.

68. Национални езера се оние кои со сето свое пространство и со сите свои брегови и припаѓаат
на една држава, а меѓународни езера се такви езера кај кои границите на две или повеќе
држави се вкрстуваат на нив.

69. Согласно конвенцијата на ОН за правото на морето од 1982 правниот режим на морето се


протега на: внатрешни морски води, Територијално море,Надворешен морски појас, Отворено
море, Епиконтинентален појас, Исклучива економска зона, Меѓународна зона.

70. Поим за внатрешни морски води опфаќа? Под внатрешните морски води се подразбираат
подрачја на морето кои се под исклучив суверенитет на крајбрежната држава, а се протегаат
помеѓу брегот и појдовните црти од кои се мери ширината на територијалното море.
71.Морскиот појас заедно со подморјето и воздушниот простор над него кој се протега по
должина на брегот и внатрешните морски води на крајбрежната држава се вика:територијално
море

72. Надворешниот морски појас претставува дел од морето кај надворешната граница на
територијалното море во ширина која ја определува крајбрежната држава, која меѓутоа
неможе да ја пречекори границата од 12 наутички милји.

73. Кој е правниот режим на отворено море? Отвореното море е res communis omnium. Во него
ниедна држава нема исклучителна власт, ниту може правно да стекне или да потчини кој било
негов дел под свој суверенитет. Во овој простор во своите права и должности сите држави се
еднакви.

74. Што означува терминот епиконтинентален појас? Епиконтиненталниот појас опфаќа дел од
просторот на морското дно и подморјето надвор од границите на територијалното море, кој се
простира преку целиот природен продолжеток на континенталниот гребен на крајбрежната
држава, во морето се до неговиот надворешен раб (почеток на длабокото море).

75.Тесни морски појаси кои припаѓаат на територија на една или повеќе држави се викат: протоци

76. Под морски канали се подразбира: Под Морски канали се подразбираат водени површини
кои и припаѓаат на државата или државите на чија територија се изградени, а спојуваат две
мориња и служат како пловен пат меѓу нив.

77. Раскажи за сувереноста на државата во воздушниот простор. Основни одредби на Конвенција


за меѓународно цивилно воздухопловство: државите-договорнички имаат целосен суверенитет
во воздушниот простор над својата територија; Конвенцијата ќе се применува само на
цивилните авиони; Не може да се воспостави никаков воздушен сообраќај за прелетување
освен со специјална дозвола на односната држава; Секоја држава – договорничка поради
својата безбедност може да им ограничи или забрани на авионите од други држави да
прелетуваат извесни зони од нејзината територија; Авионите за време на својот лет се наоѓаат
под јурисдикција на територијалната држава; Без билатерален или мултилатерален договор
авионите во редовниот сообраќај не можат да се спуштат на територија на друга држава.

78. Кој е правниот режим на космосот? Космосот му припаѓа на целото човештво и е слободен за
истражување и користење на сите држави врз основа на еднаквоста и во согласност со
меѓународното право. Космосот и небесните тела не можат да бидат предмет на присвојување
врз некава правна основа

79. Положбата на Арктикот. Во 1925 и Канда покрај Русија и САД ги истакнала своите пртензии во
однос на Арктикот северно од својот брег до Северниот пол. Бидејќи не уследиле протести од
други земји се смета дека и на Канада и на поранешниот СССР молкум им е признато право на
т.н национални сектори на Арктикот.

80. Положба на Антартикот. Во однос на Антартикот барања за национални секотори поставиле 7


држави: Ангија, Аргентина, Чиле, Нов Зеланд, Франција, Австралија и Норвешка. Во овој
договор користењето на Антартикот е во интересна цело човештво во мироњубиви цели.

You might also like