You are on page 1of 9

ПОДГОТВИТЕЛНИ ПРАШАЊА ЗА ПРВ КОЛОКВИУМ

1. „Сопственоста“ во правото на интелектуалната сопственост


- Креациите на човечкиот ум, односно интелект, се објект на заштита на интелектуалната
сопственост. Интелектуалната сопственост ги претставува правата кои произлегуваат од
интелектуалните активности во индустријата, науката, литературата и уметноста.

Исто така интелектуалната сопственост се однесува на информации или на делови од информации


кои се инкорпорираат во одредени предмети.

За да се расветли проблематиката на интелектуалната сопственост потребно е да се објасни


поимот на сопственоста. Теоретичарите сметаат дека најважната особина на сопственоста се
состои во тоа што сопственикот може да ја употребува и искористува сопственоста во согласност
на својата волја и своите потреби и дека никој не може злонамерно да ја употребува неговата
сопственост.

2. Основни сегменти на правото на интелектуална сопственост


- Основни сегменти на правото на интелектуална сопственост се правото на индустриска
сопственост и авторското право и сродните права.

Иако правото на индустриска сопственост и авторското право се двата основни сегменти на


правото на интелектуална сопственост, помеѓу нив постојат определени разлики, не само во
предметот туку и во начинот на заштитата.

3. Право на интелектуална сопственост во објективна смисла


- Во објективна смисла правото на интелектуална сопственост може да се дефинира како
збир на правни правила коишто ги нормираат општествените односи во поглед на
интелектуалните творби во областа на патентите, корисните модели, трговските марки,
индустрискиот дизајн, ознаката на потекло на производот и географската ознака,
топографијата на интегрални кола, новите растителни сорти, спречувањето на нелојалната
конкуренција, книжевноста, науката, уметноста и др.
4. Право на интелектуална сопственост во субјективна смисла
- Правото на интелектуална сопственост во субјективна смисла може да се дефинира како
право на творецот на конкретната интелектуална творба, на полето на индустријата
односно во областа на науката, книжевноста и уметноста, во однос на неговата творба
признато со објективното право.

Содржината на правото на интелектуална сопственост во субјектвина смисла зависи од правните


правила на правото на интелектуална сопственост во објективна смисла.

5. Разграничување од правото на сопственост


- Правото на интелектуална сопственост во субјективна смисла е право на авторот,
пронаоѓачот, титуларот на интелектуалната творба – на интелектуалното дело во однос на
определената творба.

Како право во однос на определена творбам тоа дејствува спрема сите, па оттука има
апсолутен карактер. Меѓутоа една од разликите помеѓу правото на интелектуална сопственост
и правото на сопственост е во тоа што правото на интелектуална сопственост се однесува на
интелектуалните творби, значи на производите на човечкиот интелект, а правото на
сопственост се однесува на ствари.

Носителот на сопственост или сопственикот може да го искористува своето добро во


границите одредени со важечките прописи, притоа може да им забрани на други лица да го
користат неговото добро без негова согласност и да го оттуѓи истото добро на начин
предвиден со закон.

За разлика од другите објекти на сопственоста, интелектуалните креации не се ствари во


материјална смисла на зборот. Правото на интелектуална сопственост, во однос на
интелектуалната творба е независно од правото на сопственост во однос на стварите на кои
таа творба е фиксирана.

6. Разграничување од авторското право и правата на индустриска сопственост


- Правата на индустриска сопственост и авторското право, така и правото на интелектуална
сопственост се однесува на интелектуалните творби.

Разликата помеѓу правата од индустриска сопственост и авторското право е во тоа што авторското
право се однесува на интелектуалните творби од литературна, научна и уметничка област, а
сродните права на правото на уметниците или извееувачите, правото на производителите на
фонограми и правото на организациите за радиодифузија, додека пак правата на индустриска
сопственост се однесуваат на техничките пронајдоци, техничките унапредувања, know-how –
знаење и искуство и индустриското обликување – знаците за разликување.

7. Разграничување од сродните (соседските) права


- Поимот на сродните права во нашето право ги опфаќа: правата на изведувачите, правата
на филмските и фонограмските продуценти, правата на радиотелевизиските организации,
правата на издавачите и другите лица како суи генерис правата на изготвувачите на бази
на податоци.

Титуларите на овие права имаат права над нивните изведби и предмети на сроднита права, а
творците имаат права над нивните интелектуални творби.

8. Разграничување од правото на научно откритие


- Правото на интелектуална сопственост, во субјективна смисла се однесува и на
интелектуалните творби од областа на науката. Таквите дела не уживаат ни
авторскоправна заштита во однос на научната содржина, туку уживаат заштита во однос на
обликот во кој таа содржина е изразена.
9. Извори на правото н интелектуална сопственост (набројување)
- Во секоја држава, па и во нашата, општоприфатени извори на правото, па и на правото на
интелектуална сопственост се: Уставот, законските и подзаконските акти (уредби,
правнилници), но специфично за интелектуалната сопственост се општите правила на
облигационото право и на трговското право, додека судската практика и правната наука
може да се јават како извор на правото воопшто.

Покрај тоа како извор на правото на интелектуална сопственост можат да се јават меѓународните
конвенции и договори.
10. Уставот како извор на правото на интелектуална сопственост
- Уставот е основен извор на правото на Република Македонија. Тој е општ правен акт кој
зазема највисоко место во хиерархијата на правните акти.

Со осамостувањето на Република Македонија донесен е Уставот на Република Македонија од


1991 година со кој се промовира новиот концепт за интелектуална сопственост во нашата земја.
Со членот 47 нашата држава ги гарантира правата кои произлегуваат од научно, уметничко или
друг вид на творештво и се обврзува дека ќе ги поттикнува, помага и штити научниот и
технолошкиот развој.

Истовремено, според членот 55 од Уставот, се гарантира слободата на пазарот и на


претприемништвото и се определува обврска Републиката да обезбеди еднаква правна положба
за сите субјекти на пазарот.

11. Закон и подзаконски акти како извор на правото на интелектуална сопственост


- Во Република Македонија, правото на интелектуална сопственост се регулира со повеќе
закони и подзаконски акти. Како позначајни законски извори на правото на интелектуална
сопственост во Република Македонија се сметаат: Законот за индустриска сопственост,
Законот за авторско право и сродните права, Законот за културата, Законот за
облигационите односи, Законот за заштита на топографијата на интегралните кола,
Законот против нелојална конкуренција, Законот за заштита на конкуренцијата,
Кривичниот законик, Законот за Државен инспекторат, и др.

Со донесувањето и влегувањето во сила на Законот за индустриската сопственост, Законот за


авторското право и сродните права, Законот за топографијата на интегрални кола, се поставија
основните начела на регулирањето на правото на интелектуална сопственост во Република
Македонија.

12. Судска практика како извор на правото на интелектуална сопственост


- Судската практика и правната наука ги пополнуваат правните празнини, бидејќи правните
акти заостануваат зад животот и не можат да ги предвидат сите можни случаи.

Судската практика е сочинета од судски одлуки во кои правната норма се применува на ист начин.

Кај нас судската практика не е директен извор на правото, затоа што судските одлуки немаат
карактер на прецедент. Според нашиот систем, одлуките на повисоките судови формално не ги
обврзуваат пониските судови, но неопходно е пониските судови да водат сметка за нив.

Ова особено е актуелно за правото на интелектуална сосптвеност, каде што постојат правни
празнини односно ситуации коишто законодавецот не ги предвидел и за кои не донесол општи
правни правила.

13. Правна наука како извор на правото на интелектуална сопственост


- Правната наука игра голема улога и во правното обликување на правото на интелектуална
сопственост. Таа дејствува непосредно, и тоа преку учество на познати правници, стручни и
научни работници од областа на правната наука, во создавањето на правните правила од
правото на интелектуална сопственост, но, од друга страна и посредно преку научни и
стручни трудови.
14. Конвенција за основање на Светската организација за интелектуална сопственост
- Конвенцијата за основање на Светската организација за интелектуална сопственост е
потпишана на дипломатската Конференција за интелектуална сопственост, во Стокхолм на
14.07.1967, а со желба да се унапреди заштитата на интелектуалната сопственост, со што
би се поттикнала творечката активност и би се направило поделотворно управувањето на
униите втемелени врз полето на интелектуална сопственост.

СОИС е специјализирана агенција на ООН. Со Конвенцијата се предвидува дека членка на СОИС


може да стане секоја држава-членка на Париската унија, на Бернската унија и на секој друг
меѓународен договор чија цел е унапредување на заштитата на интелектуалните права.

Со Конвенцијата поблиску се уредени целта, функциите и органите на СОИС. Органи се: Главното
собрание, Конференцијата, Координативниот одбор и Меѓународниот уред, со кои управува
Генерален директор.

15. ТРИПС договорот


- Најзначаен акт за хармонизација и имплементација на правата од интелектуална
сопственост на мултинационално рамниште е Договорот за трговските аспекти на правата
на интелектуална сопственост или ТРИПС договорот.

ТРИПС договорот бара од државите, одредени одредби од договорот кои се однесуваат на


режимот на авторското право, Бернската конвенција, како и одредбите кои се однесуваат на
граѓанската судска постапка, на казненото право и казнената постапка, на управната постапка и
посебната царинска контрола, целосно да бидат имплементирани во националното
законодавство.

Членките на ТРПИС се обврзани да предвидат ефикасни и ефективни правни мерки и правни


средства за спречување на повреди на правата од интелектуална сопственост и правни средства
коишто одвраќаат од вршењето на натамошни повреди. Постапките кои се однесуваат на
спроведување на правата од интелектуалната сопственост треба да бидат непристрасни и
правични. Тие не треба да бидат непотребно сложени или скапи, ниту да повлекуваат
поставување на нереални рокови или непотребни одлагања.

Непристапноста на постапките се огледа во можноста да се сослушуваат аргументите на сите


засегнати страни во постапката за заштита на правата, особено оние на носителот на правото и
наводниот повредувач на правото. Како последива на ова, мериторните одлуки треба да бидат
изработени во пишана форма и притоа треба да бидат и образложени..............

16. Морални права


- Субјективното право на интелектуалната сопственост се врзува за личноста на
пронајдувачот/авторот/конструкторот, но треба да се нагласи дека некови видови на
овластувања, можат да траат и по смртта на пронајдувачот/авторот/конструкторот.

Со смртта се гаснат само оние лично-правни овластувања коишто се тесно врзани со личноста,
а другите овластувања можат да се пренесат со наследување. Овие овластувања, коишто не
можат да се пренесат, со наследување се означуваат, како позитивни морални или лични
овластувања, додека оние коишто се пренесуваат се нарекуваат негативни морални
овластувања.

Помеѓу моралните и личните права воопшто не постои разлика, затоа што предмет на личните
права се човековите добродетели, додека кај морални интелектуални права тоа е личноста на
пронајдувачот/авторот/конструкторот и делото/творбата.

По својата правна природа моралните овластувања се од апсолутен карактер и имаат дејство


erga omnes. Пронајдувачот/авторот/конструкторот е единствено овластен за искористување на
своето дело и го задржува тоа овластувања спрема сите трети лица со тоа што го исклучува
секое мешање на моралните овластувања во поглед на искористување со делото/творбата.

Спрема третите лица има дискреционо право што значи дека може да го повлече своето дело
и да го раскине договорот, какои да го уништи делото во врска со кое што е склучен
договорот.

17. Имотни права


- Материјални (имотни) права на интелектуална сопственост по право се исклучиви права
кои на пронаоѓачите/авторите/конструкторите, односно на носителите на правата му ги
гарантираат следните права: 1) право на располагање; 2) право на искористување; 3) право
на надоместок; и 4) право на забрана трети лица неовластено да го користат соодветното
дело.

Правото на располагање - ова право го уживаат како пронаоѓачите/авторите/конструкторите,


така и носителите на правото. Под право на располагање се подразбираат правото на пренос
(во целост или делумно) и правото на отстапување (лиценца, независно дали е исклучлива или
неисклучлива).

Право на искористување – е исклучиво имотно право, од апсолутна природа, временско е


ограничено и е преносливо право. При тоа, за искористување на делата од интелектуална
сопственост мора да се почитуваат општите услови, во поглед на овластувањата (време на
траење, начин на искористување, територија) и исплатата на надоместот во корист на
пронаоѓачите/авторите/конструкторите, односно носителите.

Право на надоместок е исклучиво и монополско право од кое носителите на истото не можат


да се откажат. Уште повеќе договорите со кои се врши пренос или отстапување на правата од
интелектуална сопственост кои не содржат одредби за надоместокот се ништовни.

Право на забрана трети лица неовластено да го користат соодветното дело –


авторот/пронаоѓачот/конструкторот односно носителот на правото има право на секој оној кој
без дозвола го користи неговото дело да му го забрани и тоа како по судски пат (граѓанско-
правен,казнено-правен и административно-правен), така и по вонсудски пат (преговори,
медијација, арбитража)

18. Други права


- Другите права на авторот се права кои не можат да се класифицираат ниту во моралните
(нематеријалните) ниту пак во материјалните (имотните) права на авторот. Тие имаат
карактеристики и на материјални и на морални права. Под други права на авторите се
подветуваат: правото на пристап до оригиналот, правото на следство, правото на
надомест.
- Право на пристап до оригиналот или до примерокот од своето дело што го поседува друг
има авторот, заради остварување на правото на репродукција или правото на преработка
на делото, доколку тоа не е во спротивност со оправданиот интерес на имателот. Пример:
сликарот сака од некоја своја слика која е во посед на трето лице да направи графика).
Имателот може да се спротистави на ваквото барање, ако тоа е во спротивност со неговите
интереси.
- Правото на следство – ова право постои само за авторите на уметничките дела, затоа што
се уважува фактот дека тие автори, во поглед на можностите за искористување на своите
дела, се хендикепирано со фактот што најчест и единствен облик за искористување на
нивното дело е продажба на оригиналниот примерок.
19. Поим на патент
- Најпознатиот и најефикасниот облик на заштита на пронајдоците е патентот. Пронајдокот
кој е заштитен со патент има општествена верификација и претставува придонес кон
состојбата на техниката.

Патентот е значаен како за пронајдувачот, така и за носителот на правото. Принајдувачот ги


има моралните права, а во најголем број случаи истиот располага и со одредени материјални
права. Носителот на правото на патен, има пак исклучиво право на користење на пронајдокот,
на ставање на производот кој е добиен со неговата примена во промет и право на
располагање. Ова право е апсолутно и монополско право и никој нема право да го
вознемирува носителот.

20. Поим на пронајдок


- Објект на патентнатз заштита е пронајдокот, како резултат на човековиот труд (интелект),
доколку ги исполнува со закон предвидените услови. Патентноправниот поим на
пронајдокот е една специфична конструкција за која е карактеристично дека во своето
значење се ограничува на интелектуалната творба која содржи упатство за практичното
постапување, со цел да се реши одреден технички проблем.
21. Интелектуални добра кои не се пронајдок
- Со патент се штити пронајдок во сите области на технологијата, кој е нов, кој содржи
инвентивен придонес и кој може да се применува во индустријата. Доколку се исполнети
условите: новост, инвентивен придонес и индустриска применливост, со патент се штити и
пронајдок кој се однесува на производ што се состои или содржи биолошки материјал и
постапка за добивање на биолошки материјал, негова обработка или употреба.

Согласно член 52 став 2 од ЕПК, не се сметаат за пронајдок: 1) откритие, научни теории и


математички методи; 2) естетски творби; 3) планови, правила и постапки за вршење
интелектуални дејности, игри или 4) презентирање информации.

22. Видови пронајдоци (по доверливост, по предмет на заштита, основни и дополнителни,


основен и зависен пронајдок)
- Патентибилните пронајдоци се делат по области, по доверливост и по предметот на
заштита. По области се делат во зависност од областа на индустријата и занаетчиството на
која и припаѓа на пронајдокот.

По доверливост се делат на пронајдоци кои се од доверлив карактер за одбраната на земјата


и пронајдоци од интерес за безбедноста на земјата. За овие пронајдоци пријавите се
поднесуваат до министерот за одбрана а пријавите односно патенот не се објавува. За ваквите
пронајдоци на носителот на правото му се исплаќа еднократен надоместок, чија висина
спогодбено се определува.

23. Пронајдоци кои се исклучени од патентна заштита


- Пронајдоци кои се исклучени од патентната заштита се: 1) пронајдоци чија примена е
спротивна на јавниот поредок или моралот, со тоа што примената на пронајдокот не може
да се смета како таква единствена заради фактот што е забранета со закон, во некои или
во сите договорни страни; 2) пронајдоци кои се однесуваат на нови животнски видови или
растителни сорти и чисто биолошките постапки за добивање на животни и растенија. Оваа
одредба не се однесува на микробиолошките процеси и произведите добиени од нив. 3)
пронајдоци за хирушки и дијагностички постапки или постапки за третман на живо човечко
или животинско тело.
24. Пронајдувач
- Пронајдувач е физичко лице кое го создало пронајдокот со својот пронајдувачки труд. Ако
пронајдокот е производ за заедничка работа на повеќе лица, тогаш тие се
(ко)пронајдувачи. Доколку со договор пронајдувачите не го имаат утрврдено
процентуалното учество во создавањето на пронајдокот тогаш се смета дека имаат
еднакво учество.

Постапка за признавање на правото на патент може да поведе пронајдувачот и неговиот


правен следбеник. Ако пронајдокот е производ на заедничка работа на повеќе пронајдувачи
тогаш правото за поведување на постапка за признавање на право на патент им припаѓа на
сите пронајдувачи или на нивните правни следбеници.

25. Услови на патентибилност на пронајдокот (набројување и пооделно објаснување на


секој)
- Услови за патентибилност на пронајдовите се: 1) новост; 2) инвентивен придонес; 3)
индустриска применливост.

Новост – новоста е првиот и најважниот критериум за патентабилноста на пронајдокот.


Пронајдокот е нов доколку не е соджан во познатата или во претходната состојба на
техниката. Спроед американското патентно право, пронајдокот мора да е нов за да биде
патентибилен, а за истиот да е нов треба да исполнува три услови: 1) антиципација
(предвидување) – пронајдокот не бил познат за јавноста или не бил во јавна употреба; 2)
приоритет – пронајдокот не бил пронајден од некој друг кој марливо работел за да го изведе
пронајдокот и да го патентира; 3) деривација – подносителот на пријавата за патент мора да
биде пронаоѓач, не оној кој разбрал за пронајдокот од некој друг.
Инвентивен придонес – пронајдокот содржи инвентивен придонес ако за стручњак од областа
предметот на пронајдокот очигледно не произлегува од состојбата на техниката. Стручњак од
областа претставува лице кое имало прилика да се запознае со поранешната состојба на
техниката.

Индустриска применливост – Согласно член 57 од ЕПК, пронајдокот ќе се смета за индустриски


применлив ако предметот на заштита може да се произведе или употреби во било која гранка на
индустријата вклучително и во земјоделството. Пронајдокот ќе се смета за подобен за
индустриска примена ако може да биде произведуван и применуван во сите видови индустрија.

Во оваа смисла не може да се заштитат пронајдоци што се спротивни на законот или на моралот.

26. Постапка за признавање на патентот - национална пријава во РСМ


- За заштитата на пронајдоците особено е значајна фазата на пријавување на пронајдокот во
соодветната државна институција. Во Република Македонија тоа се прави пред ДЗИС, како
посебен орган во својство на правно лице. Посптапката за признавање на патент во РМ се
регулира со ЗИС и со Правилникот за Патент.

Постапката за признавање на патент се поведува со поднесок кој содржи барање за


признавање на правото со посебна пријава која се потполнува на соодветен образец кој
содржи: барање за признавање на патент, опис на пронајдокот, патентно барање, апстракт и
нацрт.

Описот на пронајдокот треба да биде јасен и да содржи назначување на областа на техниката


во која спаѓа пронајдокот, техничкиот проблем кој се решава со пронајдокот, суштината на
пронајдокот и наведување на сите негови битни карактеристики.

Од денот на приемот на пријавата подносителот на пријавата има право на првентство спрема


секое друго лице кое за истиот пронајдок ќе поднесе пријава.

По приемот на пријавата ДЗИС испутува дали таа е уредна. Ако утврди дека не е уредна ДЗИС
писмено со наведување на причините ќе го повика подносителот на пријавата да ги отстрани
сите недостатоци во рок кој не може да биде подолг од 60 дена. Ако истиот не ги отстрани со
заклучок пријавата ќе се отфрли. Доколку пријавата е уредна, ДЗИС го утврдува датумот на
поднесување на пријавата а потоа се применува на формално испитување.

Со денот на објавувањето на податоците од пријавата и апстрактот во службеното гласило на


ДЗИС, се признава патент кој се запишува во соодветниот регистар кој издава исправа за
признавање на патент ако подносителот на пријавата ги плати таксите и трошоците за
издаваање на патентниот спис во предвидениот рок.

Решението за признавање на правото на патент ќе се огласи за ниптовно ако се утврди дека не


постоеле услови за признавање на тоа право, исто така и по предлог на заинтересираното
лице, или по предлог на јавниот обвинител.

27. Постапки на ДЗИС како „приемен завод“


- Како приемен завод, ДЗИС согласно член 116 на ЗИС на РМ е надлежен за прием на
меѓународни пријави кои ги поднесуваат лица со македонско државјанство, односно кои
имаат седиште или пестојуваат во Македонија. Меѓународната пријава мора да биде на
англиски јазик.

Ако подносителот на пријавата е лице со македонско државјанство или правно лице, има
обврска задолжително во меѓународната пријава да ја наведе РМ.

При поднесување на меѓународна пријава на патент според ДСП, на ДЗИС му се плаќа


пропишана меѓународна такса која се состои од основната такса и таксата за назначување на
некоја држава, и барањето за признавање на правото се поднесува на однапред печатен
образец.

28. Европска пријава на патенти, според ЕПК


- Европска патентна пријава може да поднесе секое физичко или правно лице или секое
тело кое се смета за правно лице врз основа на закон со кој тоа е уредено.

Европската патентна пријава содржи: 1) барање за признавање европски патент; 2) опис на


пронајдокот; 3) едно или повеќе патентни барања; 4) нацрти коишто се наведени во описот
или патентните барања и 5) апстракт.

За европска патентна пријава се плаќа такса за поднесување и такса за пребарување и ако


истата не е платена во определениот рок, се смета дека пријавата е повлечена.

Европската патентна пријава го открива пронајдокот на начин доволно јасен и целосен за да


може да го примени стручњак од областа, а со патентните барања се определува предметот
за кој се бара заштита.

Откако европската патентна пријава ќе се поднесе, Европскиот патентен завод испитува во


согласност со Правилникот дали пријавата ги исполнува барањата за утврдување на датумот
на поднесување и дколку истиот не може да биде утврден со испитувањето истиот нема да се
разгледува како европска патентна пријава. Доколку постојат недостатови и истите не бидат
отстранети, европската патентна пријава ќе биде отфрлена.

Потоа, Европскиот патентен завод ќе ја објави европската патентна пријава, по истекот на


периодот од 18 месеци од датумот на поднесување, или доколку е побарано право на
првенствно од датумот на правенство.

Против одлуката се поднесува жалба до Европскиот патентен завод, во рок од 2 месеца од


доставувањето на истата. Ако жалбата е дозволена, Апелациониот суд испитува дали жалбта е
основана и истата се извршува во согласност со Правилникот.

Во постапките пред Европските патентен завод начините на давање и обезбедување на


доказите вклучуваат: сослушување на странките, барање на информација, доставување
документи, сослушување сведоци, мислења на експерти, увид и писмени изјави дадени под
заклетва.

Европската пријава за патенти за која е побарана заштита во РМ може да биде конвертирана


во национална пријава ако истата се смета за повлечена. Во тој случај подносителот на
конвертираната пријава е должен до ДЗИС да достави превод на пријавата на македонски
јазик и да ги исплати пропишаните такси и трошоци.

You might also like