You are on page 1of 2

Предмет: Наследно право (испит, јунски испитен рок, 2020 год.

)
Наставник: Доц.д-р Елизабета Спироска
Датум: 30.06.2020год.

Име и презиме ____Сандра Лазаров___________________________________________


Број на индекс ______1881026__________________________________________

Упатство:Open book испит, времетраење 60 минути. Внимателнопрочитајте ја


ситуацијата која ви даваинформации во врска со одговорите. Квалитетот на вашите
одговори ќе биде оценет според вашата способност да го примените знаењето од областа
на наследното право за да го решите соодветниот проблем што е опишан во прашањето.
Од вас се очекува да го опишете решението и да дадете рационално објаснување на
одговорот што ќе го дадете (објаснување, зошто сте го одбрале тоа решение).

1. Објаснете ги аспектите на начелото на ограничување на тестаменталното


располагање. Начелото за ограничување на тестаменталното располагање служи за заштита на
правата на најблиските лица на оставителот. Во нашиот наследно-правен систем и во
континенталното право тоа се прави преку институтот нужно наследување, а во англосаксонското
право ограничувањето на апсолутната слобода за тестаментално располагање се врши преку
правото на издршка. Во Законот за наследување изречно се наброени нужните наследници, а тоа
се децата на оставителот, неговите посвоеници и неговиот брачен другар. Потоа во законот
наведени се и други категории на лица кои можат да се јават како нужни наследници, но за да го
остварат тоа право потребно е да исполнат дополнителни услови. За тоа кои се тие услови и како
се определува нужниот дел на наследниците ќе објаснам подоцна во нова глава посветена токму
на нужните наследници. Начелото на ограничување на тестаменталното располагање значи дека
завештателот може со тестамент да располага слободно по своја волја, но само во границите
определени со законот. Тоа значи дека во македонското наследно право завештателот не може со
тестамент неограничено располага со својот имот за случај на смрт, како што е тоа случај во
земјите од англо-саксонското правно семејство. ЗН пропишува дека завештателот може со
тестамент да располага со својот имот на начин определен со закон.Во таа смисла завештателот
не може да располага со нужниот дел од оставината кој им припаѓа на нужните наследници. Со
остатокот од имотот, познат уште како расположлив дел,завештателот е слободен самиот да
располага по своја волја согласно начелото на автономија на волјата.
2. Објаснете од што се состои оставината.
-Оставината се состои од имотните права и обврски кои ги поседувал оставителот во моментот на
смртта. • Согласно Законот за наследување, можат да се наследуваат предмети и права што им
припаѓаат на поединци (чл. 2 ЗН). • Во оставината, и покрај тоа што законот ова изречно не го
предвидува, задолжително влегуваат и имотните обврски што ги имал оставителот во моментот
на својата смрт. Оставината се состои од: ствари кои се подобни за пренесување во сопственост
или владение; стварни права; облигациони права; наследни права и материјални права од
правата на интелектуална сопственост (авторски права и права од индустриска сопстеност).
Предмет: Наследно право (испит, јунски испитен рок, 2020 год.)
Наставник: Доц.д-р Елизабета Спироска
Датум: 30.06.2020год.

3. Лицето П.В. починало. Ова лице има сопруга која е бремена и вонбрачна ќерка. Кој
ќе биде повикан на наследство? Образложете го својот одговор.
- За наследство ќе бидат повикани и сопругата и неговата вонбрачна ќерка. Иако во одредба прво
повикани се деца на наследство тие со брачниот другар се изедначени и наследуваат еднакви
делови. При определба на бројот на децата кои треба да се повикаат за наследство не се прави
разлика дали децата се родени во брак вонбрак бидејќи им се дава еднаква заштита и се
изедначени пред законот. Оттука приделба на наследството од првиот наследен ред тоа ќе се
дели на толку еднакви делови колку што изнесува бројот на децата вклучувајќи го и брачниот
другар. Кога има деца на оставителот кои не потекнуваат од бракот, со брачниот другар а имотот
на овој брачен другар изнесува повеќе од делот што би му припаднал, приделбата на оставината
на еднакви делови тогаш на секое дете на оставителот му припаѓа два пати поголем дел отколку
на брачниот другар.

4. Лицето В.В. починало.Ова лице има брачен другар С.В, син Д.В иќерка Г.В.
Починатото лице оставило тестамент согласно кој тестамент починатото лице располагало
со целиот свој имот и истиот во целост го оставило на неговиот брачен другар. Дали синот
Д.В и ќерката Г.В. имаат некакво наследно право? Образложете го својот одговор.
-Во овој случај синот и ќерката ќе имаат наследно право доколку во тестаментот не е опфатен
целиот имот на оставителот. Имотот што ќе остане нераспореден во тестаментот ќе го наследат
наследниците кои според законскиот наследен ред ќе бидат повикани на наследство.

You might also like