You are on page 1of 5

СЕМЕЈНО ПРАВО ОНЛАЈН АВГУСТ 2020

Упатство: Open book испит, времетраење 60 минути. Внимателно прочитајте ја ситуацијата која
ви дава информации во врска со одговорите. Квалитетот на вашите одговори ќе биде оценет
според вашата способност да го примате знаењето од областа на семејното право за да го
решите соодветниот проблем што е опишан во прашањето. Од вас се очекува да го опишете
решението и да дадете рационално објаснување на одговорот што ќе го дадете (објаснување,
зошто сте го одбрале тоа решение).

1.А.М. и Г.М. склучиле брак на ден 22.03.2016 година, кој е заведен во матичната книга на
венчаните за град Скопје. Во бракот А.М. и Г.М. имаат две деца кои се сега малолетни. А.М. и
Г.М. сакаат да го прекинат бракот. Кои можности ги имаат брачните другари? Образложете го
одговорот.

Кои правни последици ги предизвикува ваквиот чин согласно позитивното право на РСМ?
Образложете го својот одговор.

Овие последици се однесуваат на презимето, заедничкиот имот, правото на наследување и


враќање на подароците.

Презиме.Престанокот на бракот по пат на поништување и развод не влијае врз промената на


брачното презиме.Всушност брачниот другар може да го задржи презимето или да го врати
презимето кое го имал пред склучувањето на брак.Таа можност ја има брачниот другар и во
случај на престанок на бракот со смерт на брачниот другар. Но исто така и доколку склучи нов
брак брачниот другар може да го задржи тоа презиме бидејќи прописите не го забрануваат
тоа.

Заеднички имот –заедничкиот имот се дели на еднакви делови освен во случај на барање на
еден од брачните другари ќе се докаже дека неговиот придонес е очигледно и значително
поголем од придонесот на другиот брачен другар.

Издржување-една од последиците од престанокот на бракот со поништување односно развод


може да се однесува на стекнување на правото на издржување на едниот брачен другар од
страна на другиот брачен другар доколку за тоа бидат исполнети условите предводени со
закон.

Право на наследување – со престанокот на бракот со поништување или развод настануваат


одредени последици во областа на наследувањето.Брачните другари кои инаку се заемни
наследници го губат законското право на наследување.Во случај кога бракот престанал со
поништување по смртта на едниот брачен другар, правото на наследување ќе зависи од
неговата совесност.Доколку се утврди дека тој бил несовесен односно знаел за причината за
ништовност на бракот, нема законско право за наследување.Исто така преживеаниот брачен
другар го губи законското право на наследување, ако оставителот поднел тужба за развод на
брак а во меѓувреме умрел, ако се докаже дека тужбата била основана.Во тестаменталното
наследување, правото на наследување зависи од времето на составување на
тестаментот.Тестаментот губи правно дејство ако е составен за време на траење на
бракот.Тестаментот ќе произведе право дејство ако оставителот во тестаментот наведе
односно даде изрична изјава дека неговиот брачен другар останува негов наследник и во
случај бракот да престане со развод.Дилеми нема кога тестаментот е напишан по престанокот
на бракот,врз волјата на тестаторот да го определи својот брачен другар за свој наследник, не
влијаел фактот на престанокот на нивниот брак.

Враќање на подароци- една од последиците од престанокот на баркот со развод односно


поништување е враќањето на подароците.Постојат законодавства кои не го регулираат ова
прашање а тоа е Косово.Во законодавствата кои го регулираат ова прашање општо прифатено
е правилото дека се враќаат само подароците од несразмерна вредност дека обичните
подароци не се враќаат-ова било во законодавствата на републиките на поранешна
СФРЈ.Интересно било што во овие законодавства при одлучување за враќање на подароците
се земала предвид несовесноста на брачниот другар при поништувањето на бракот и верноста
на брачниот другар при разсводот на бракот . Од овие решенија отстапуваат Словенија и
поранешниот закон на СР Македонија.Според друга концепција, подароците воопшто не се
враќаат независно од нивната вредност.

Последици од поништување и развод на брак кои се однесуваат на децата:

Едно од најважните прашања кои се поставуваат при поништувањето и разводот на бракот е


одлуката за чување воспитување и издржување на децата.Ова се однесува на заедничките
малолетни деца како и на полнолотните на кои им е продолжено родителското право.Доколку
родителите успеат да се спогодат околу начинот на рподителското право при разводот, судот
ќе ја прифати нивната спогодба ако таа е поволна за девата.Најважната улога во оценката на
околностите му се доверува на центарот за социјална работа, а центарот секогаш се води од
интересот на децата, а подобрата материјална положба на едниот родител не е одлучувачка
во оценката.Без разлика на кој од родителите му се доверени децата, обврската за нивното
издржување е заедничка.Определувањето на висината на придонесот за издршка се врши во
согласност со потребите на децата а може да се менува во зависност од имотната состојба на
едниот или другиот родител.Првобитната одлука за чување на децата на едниот родител може
да се менува ако тоа го бара центарот за социјална работа врз основа на сознанија и оценка,
или еден од разведените родители .Родителот на кој дететот не му е доверено на чување има
право да одржува лични односи со детето на начин и со динамика за која се спогодиле
двајцата разведени родители, или како решил судот врз основа на мислење од центарот.

2.Објаснете го односот помеѓу издржувањето на децата од страна на родителите и


издржувањето на родителите од страна на децата.

Издржување на децата

Прва најважна, безусловна и неотповиклива обврска на родителите е да ги издржуваат своите


малолетни деца.Родителите во рамките на својата законска и морална обврска да ги
одгледуваат своите малолетни деца, да се грижат за нивното здравје, воспитание и
оспособување за самостоен живот, согласно законот се обврзани да ги издржуваат своите
малолетни деца до нивното полнолетство задолжително, а под одредени услови предвидени
во законот и по полнолетството. Во поранешниот закон за односите на родителите и децата на
СРМ беше предвидено дека дури родител кој е лишен од родителското право не се
ослободува од обврската да го издржува своето дете.Мерката одземање на родителското
право е преземена токму со цел да се заштитат интересите на детето и претставува вид на
казна за родителот па ослободувањето на родителот од должноста на издржување во овој
случај нема никакво оправдување.Во Законот за семеството изтично се определува дека
родителите се должни да ги издржуваат своите малолетни деца.Меѓутоа , должноста за
издржување на децата може да продолжи и по нивното полнолетство кога тоа го налагаат
определени потреби на детето а тоа е кога школувањето и стручното образување продолжува
и по навршено полнолетство, се до завршувањето на школувањето но најдоцна до
навршување на 26 годишна возраст од животот.Како што е познато дека со склучувањето на
брак детето стекнува деловна способност.Со оглед на ова би можело да се очекува родителот
да не е обврзан да продолжи да го издржува малолетното дете, од моментот кога ќе склучи
брак.Но во судската практика е заземен став според кој обврската на родителот да го издржува
детето, ако тоа склучи брак, продолжува доколку неговиот брачен другар не е во состојба да го
издржува.Освен школувањето и стручното оспособување на децата, друга причина за
продолжување на должноста родителите да ги издржуваат своите малолетни деца и по
нивното полнолетство, може да биде и болеста на детето односно негов физички или психички
недостаток.Тука услов е и детето да нема доволно средства за живот а не може да ги добие од
својот имот и во овој случај обврската на родителите ќе трае се додека трае неспособноста на
детето.

Обврската на децата да се грижат за старите и изнемоштени лица за прв пат беше подигнато
на ниво на едно од начелата на семејното право во Уставот на поранешна СФРЈ од 1974
година. Оваа должност на децата произлегува од заемните права и должности кои ја
сочинуваат содржината на родителскиот однос.Бидејќи еден од врвните принципи е заштитата
на децата од тука како логична последица на родителските должности произлегуваат и
нивните права кон децата, кои пак според законот се должни да има ја возвратат грижата на
своите стари и изнемоштени родители.

3.Лицата А.Б. и Д.И. на ден 26.06.2019 година направиле свршувачка. Меѓутоа, во месец
ноември 2019 година свршувачката била раскината од страна на лицето А.Б.

Свршувачката не секогаш доведува до склучување на брак со што доаѓа и до неисполнување


на целта на свршувачката односно до нејзин престанок.Последиците од свршувачката
настануваат во случај на еднострано раскинување на свршувачката се кое се нанесува штета на
свршеникот но и на најблиските роднини.Штетата може да биде директна или индиректна,
материјална и морална.

Така во случајов А.Б. кој ја раскинува свршувачката доколку неоправдано ја раскинал


свршувачката треба да ја надомести штетата на Д.И. при што тука ќе треба да се разграничи
материјалната од нематеријалната односно моралната штета причинета на Д.И.Надомест на
материјалната штета може да ба ра самиотр свршеник Д.И. или неговите родители без чија
вина дошло до раскинување на свршувачката.Родителите на Д.И. можат да бараат надомест на
материјална штета за трошоците кои ги направиле за свршувачката.Токму заради ова правото
да се бара надомест на штета е наследливо, бидејќи по својата природа не е врзано за
личноста. За штетата А.Б. и Д.И. сите останати прашања ќе ги решат според важечките правила
на граѓанското право за штетата.Во овој случај на раскин на свршувачката од страна на А.Б.
важи правилото за надомест на сторената ѓтета но не и на пропуштената добивка. Во поглед на
нематеријалната или моралната штета , во повекето патријахални средини донекаде и денес
но во помала мерка,бидејќи во прописите на оние земји кои го регулираат прашањето за
надомест на моралната штета најмногу доаѓа до израз патријахалното сваќање за
свршеницата како оштетена страна, тоа право и е признаено како на совесна страна односна
онаа која не е виновна за раскин на свршувачката, а тоа е најчесто свршеницата.Според овие
прописи таа има право да бара од виновниот свршеник да и плати надомест за штетата чија
висина ќе биде определен во зависност од сваќањата, во соодветната средина за повредената
чест, намалените шански за склучување на нов брак, претрпена психичка болка, особено во
случај на бременост на свршеницата.

При раскинување на свршувачката како во случајов се поставува и прашањето з авраќањето на


подароците.Враќањето на подароците се поставува како задолжително во некои земји во
случај на смрт на еден од свршениците.Кога пак свршувачката ќе престане по пат на
раскинување како што во случајот е од страна на А.Б. враќањето на подароците се врши
според правилата на граѓанското право.Заради неисполнување на целта на свршувачката –
склучување на бракот, без оглед на тоа по чија вина дошло до раскинување на свршувачката ,
постои обврска на враќање на подароците од двете страни по основ на принципот на
неосновано збогатување, став што е општо прифатен и во судската практика.

4.Објаснете ги аспектите на начелото на лаицитет како едно од основните начела на семејното


право.

Начелото на лаицитет го означува световниот односно лаичкиот карактер на семејното право


во Македонија.Тоа претставува еден вид на продолжување на првобитното поставено начело
за одвоеност на црквата од државата во сферата на семејните односи. Имено ова начело беше
содржано во Уставот на ФНРЈ од 1946 година а прифатено во сојузните прописи на СФРЈ а
потоа во Републичкото семејно право на законодавство кое се вбројува и Законот за брак на СР
Македонија од 1973 година. Суштината на ова начело се состои од неприфаќањето на
влијанието на верата и верските организации во законодавната регулатива од оваа сфера а
исто така и во судската практика. Имено споровите кои ќе произлезат од семејството се во
исклучива надлежност на државните органи. Во согласност со ова начело е укинувањето на
брачните пречки кои имаат верски карактер, како што е духовното сродство, монашкиот завет
кај православните и целибатот кај католиците.

ИЛИ

Начелото на лаицитет во семејното право претставува отстранување на влијанието на црквата


и другите верски и религиозни влијанија на бракот, семејството и семејните односи, чие
уредување е во исклучива надлежност на државните органи. Ова начело произлегува од
уставното начело на одвоеност на црквата и другите верски и религиозни заедници од
државата (чл.19 ст.3). Во таа насока, во уредувањето на семејните односи надлежна е
државата со чии прописи се уредуваат семејните односи.Така, Уставот на РСМ предвидува
дека правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон
(чл.40 ст.2).

Ова начело во нашето семејно законодавство се изразува преку регулирањето на условите за


склучување на брак, правата и должностите на брачните партнери и престанокот на бракот.
Како резултат на ова начело, во современите законодавства се укинуваат брачните пречки кои
имаат верски карактер и се воведува разводот на брак, кој долго време бил забранет поради
силното влијание на религијата во регулирањето на брачните и на семејните односи.
Начелото на лаицитет се изразува и во рамките на регулирањето на односите помеѓу
родителите и децата, како и во вршењето на надзорот над остварувањето на раодителското
право.

You might also like