You are on page 1of 15

Изработка на матурска проектна задача по предметот административно

канцелариски работи

ТЕМА: Престанување на брак , најчести причини за зголемување на бројот на


разведени бракови во РСМ

Ментор: Изработил:

Проф. Анета Стефановска Леонора Стојкова IV-8

Скопје , 2023 година


СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ

Содржина

1.Вовед --------------------------------------------------------------------------------------------------
стр.2

2.Историски развиток ------------------------------------------------------------------------------стр.3

3. Услови за склучување на брак ---------------------------------------------------------------стр.4

4. Брачни пречки и брачни забрани -----------------------------------------------------------стр.5

5. Престанок на брак и ништовни бракови ------------------------------------------------стр.7

Ништовни бракови ------------------------------------------------------------------------


стр.7

Апсолутно ништовни бракови---------------------------------------------------------стр.7

Релативно ништовни бракови---------------------------------------------------------стр.7

6. Фактички престанок на бракот----------------------------------------------------------------стр.8

7. Анализа на разведени бракови во текот на годините според Државен завод за


статистика---------------------------------------------------------------------------------------------стр.10

8. Заклучок -------------------------------------------------------------------------------------------стр.13

9. Користена литература ------------------------------------------------------------------------стр.14

1
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ

1. Вовед

Едно од најзначајните основни човекови права , меѓународно загарантирани со


документи за човекови права е правото на склучување на брак . Во нашето
семејно законодавство бракот се дефинира како заедница уредена со закон на
живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари ,
семејството и општеството. Бракот не претставува само приватно правна
заедница туку истовремено и институција од посебен општествен интерес , за чие
склучување законодавецот предвидува исполнување на определени услови и
оттаму под поимот брак се поздразбира заедница на живот на маж и жена со
меѓусебни права и должности што произлегуваат од бракот.

Лицата кои имаат намера да стапат во брак поднесуваат пријава до органот на


управата надележен за водење на матичните книги на венчаните. Пријава за
склучување на брак може да биде писмено или усно на записник. Денот и часот
на склучување на бракот го определува матичарот во договор со лицата кои
сакаат да стапат во брак.

Но , не секогаш склучувањето на брак значи и среќен живот. Можеби на


почетокот од бракот било се во ред , а подоцна и да се појават и проблеми
помеѓу брачните партнери.Моето истажувачко прашање е да проследам во текот
на годините колку расте или пак се намалува престанувањето на брак со развод, а
воедно и кој се најчестите причини за развод на брак. Ја одбрав оваа тема бидејќи
ме интересира што се случува во бракот и кој се всушност обележани растечки
години.

2
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ

2. Историски развиток

Бракот се појавил и постои со појавата на човечкото општество и низ


своитефази на историски развој се јавува во повеќе форми. Во периодот на
дивјаштвото владеел групен брак што се засновал врз одржување полови односи
и меѓу крвните сродници , во рамките на семејството. Овој брак се нарекува
крвносродствен брак. Со појавата на цивилизацијата и бракот , така што најчесто
бил застапуван како моногамен брак , кој претставувал брак меѓу еден маж и
жена. Низ етапите на развој се среќавале и полигамните бракови што може да се
појават во форма на бигамија што претставува брак на еден маж со две жени,
полигамија како брак на еден маж со повеќе жени и полиандрија познат како брак
помеѓу една жена со повеќе мажи. Според нашиот закон за семејство , се
признаваат само моногамните бракови и тоа како заедница на живот на еден маж
со една жена. А ова значи дека никој не може да скуличи брак додека постојаниот
брак не престане на еден од законските начини за престанување на брак. Како
семејството , така и бракот има повеќе значења. Бракот , пред се , има биолошко
значење што се сведува на одржување нормлани полови односи помеѓу брачните
другари, со цел репродукција , односно создавање и раѓање деца , а со тоа и
продолжување на човековиот вид. Моралното значење на бракот се реализира
преку одржување хармонични односи помеѓу брачните другари засновани брз
меѓусебна љубов , доверба и почитување , разбирање и помагање. Општествено
– социјалното значење на бракот се состои во тоа што бракот не престанува само
приватна работа на единката и брачните другари, односно бракот е и
општествена институција и категорија , а ова значи дека неговата главна цел и
значење е подигнување на здраво потомство , преку негово воспитување ,
едуцирање , содавање работни навики и слично. Во нашето семејство
законодавство постојат два вида услови за склучување на брак и полноважност на
бракот. Првиот услов е склучување на брак , без чие постоење не може да се
склучи бракот и вториот услов е за неговата полноважност , односно непостоење
на брачни пречки – околности при чие постоење не може да се склучи бракот.

3
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ
Услови за склучување на брак се различност на половите налицата што сакаат
да склучат брак , и согласност на слободно изјавената волја на лицата што сакаат
да склучат брак и форма за склучување на брак.

3. Услови за склучување на брак

Различноста на половите на лицата што сакааат да склучат брак е еден од


основните услови за склучување на брак. Овој услов проилегува од биолошкото
значење на бракот , што значи исполнување на неговата основна функција -
репродуктивната , со која се обезбедува потомство и се продолжува човековиот
род.
Бракот претставува специфичен семејно – правен договор , па оттука
согласноста на изјавената волја е еден од суштестевните услови за неговото
постоење. Неопходно е волјата да биде лично искажана од идните брачни другари
и тие мора да бидат деловно способни за да ја изјават својата волја за
склучување на бракот.По исклучок , во некои случаи утврдени со закон , изјавата
на волја за склучување на брак може да биде искажана и од
полномошник.Склучување на брак преку полномошник ги цени матичарот и тој
одлучува дали ќе дозвволи да се склучи бракот. Ако матичарот процени дека не
може да се склучи бракот ќе даде соодветна причина зошто тоа е така.
Последниот услов за склучување на брак е законски предвидена форма за
склучување на брак. Под овој услов се подразбира согласноста за склучување на
брак да биде дадена пред надележен орган на начин утврден со закон.Формата во
која се склучува бракот се подразбира да бидат исполнети сите елементи што ги
предвидува законот при склучувањето на бракот. Тие се: пристуство на идните
брачни другари , присуство на сведоците , давање на согласните изјави на
брачните другари и постапката што се води пред надлежниот државен орган да се
спроведе на начин определен по закон.

4
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ
4. Брачни пречки и брачни забрани

Брачните пречки претставуваат определени околности и факти утврдени со


закон што не смеат да постојат во моментот на склучувањето на бракот.Во
нашиот Закон за семејство предвидува пет вида на брачни пречки а тоа се
малолетство , брачност , манифесна форма на душевно заболување и заостанат
умствен развој и неспособност за расудување , сродство и недостаток на волја.2

Малолетство претставува брачна пречка бидеќи лице кое нема наршено 18


години не може да стапе во брак. Но , во определени случаи , поради оправдани
причини , судот може да дозволи склучување на брак на лице кое наполнило 16
години во животот. Судот со вонпроцесна постапка утврдува дека лицето
достигнало телесна и душевна зрелост што е потребна за вршење на сите права и
должности што настануваат во бракот , а по претходно прибавено мислење од
здравстевна установа и укажана стучна помош од Центарот за социјална работа.
Брачност значи неможност едно лице да склучи брак нов брак додека не му
престане порано склучениот брак.3

Манифесна форма на душевно заболување и заостанат умствен развој и


неспособност за расудување претставува брачна пречка поради тоа што брак
не можат да склучат лица што не можат да ги разберат значењето на бракот и
правата и должностите што произлегуваат од него.

Сродство преставува брачна пречка што доведува во неможност да се склучи


брак , доколку при неговото постоење , сепак , се склучи брак , тоа претставува
сериозна брачна пречка. Постојат три вида на сродство и тоа се : крвно
сродство , сродство на посвојување и сватовство.

2
А. Стефановска , Административно канцелариски работи за III година
3
А. Стефановска , Административно канцелариски работи за III година

5
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ
Крвното сродство претставува биолошка врска помеѓу две или повеќе лица
што потекнуваат еден од друг или потекнуваат од заеднички предок. Во овој
контекст не можат да стапат во брак дедо , баба , мајка , татко итн.

Сродство по посвојување преставува неможност за да се склучи брак помеѓу


посвоеникот и посвоителот , односно кога се работи за потполно посвојување.
Помеѓу посвоеникот и посвоителот доведува до родител и дете и не може да
склучат брак бидејќи се изедначува како крвно сродство.Брак не можат да склучат
и лица чие сродство е засновано со посвојување. Оттаму , сродството по
посвојување е брачна пречка што доведува до ништовен брак , без оглед на тоа
дали е потполно или непотполно посвојување.

Сродство по сватовство е брачна пречка и претставува правна врска помеѓу


едниот брачен другар и крвните роднини и другиот брачен другар.Како на пример
не може да склучат брак очув и паштерка , зет и тешта , свекор и снаа и сл.

Недостаток на волја е брачна пречка што ако постои претставува неможност


за да се склучи бракот , а ако при нејзино постоење се склучи тоа , ќе се поништи.
Бракот нема да биде полноважен ако нема согласност од двата брачни другари.

Принудата преставува брачна пречка бидејќи било и каква да е , дали


физичка или психичка , мора да е сосема сериозна и да не може да се острани ,
односно меѓу принудата и бракот да постои причинско – последична врска , што
значи бракот да е склучен само поради нејзиното постоење.

Заблудата претставува погрешна претстава а одредена околност при


склучување на брак. Заблудата може да се јави како заблуда за физичката
личност , заблуда за граѓанската личност , како и заблуда за битните својства на
брачниот другар.

Брачна забрана претставува околност што ако постоеле во моментот на


склучувањето на брак доведува до неможност за да се склучи бракот , но ако
бракот е склучен при нивно постоење , тој не се поништува.

6
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ

5. Престанок на брак и ништовни бракови

Бракот престанува со смрт на еден од брачните другари со прогласување на


исчезнатиот брачен другар за умрен , со поништување и развод на бракот.
Престанува и со поништување со разводкога пресудата за поништување , односно
развод , ќе стане правосилна.

Ништовни бракови се сите оние што се склучени при постоење на некоја од


брачните пречки , како што се брачноста , малолество , манифестна форма на
душевно заболување и заостанат умствен разој и неспособност за расудување ,
сродство и недостаток на волја. 4

Апсолутно ништовни бракови се оние што се поништуваат заради општ


интерес затоа што настанале при постоење на некоја серизна брачна пречка . Не
е предвиден рок за апсолутно ништовните бракови а тоа значи поништување
може да се бара и кога бракот завршил со смрт и со развод.5

Релативно ништовни бракови се оние при чие склучување на бракот


постоеле брачни пречки , како што се малолетство , манифесна форма на
душевно заболување и заостанат умствен разој и неспособност за расудување и
недостаток на волја чија природа не го засега поширокиот општествен интерес ,
па затоа право на тужба за релативна ништовност на бракот имаат брачните
другари и станува збор за малолетство право , право на тужба , родителите на
малолетникот или неговиот старател и лицата што имаат непосреден рокот на
тужба е органичен на една година.6

Нашето законодавство предвидува три причини врз чија основа бракот може да
престане со развод , а тоа се : со заемна согласност на брачните другари за
развод на брак , по барање на еден од брачните другари и со фактички
престанок на бракот.
4
А. Стефановска , Административно канцелариски работи за III година
5
А. Стефановска , Административно канцелариски работи за III година
6
А. Стефановска , Административно канцелариски работи за III година

7
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ

Заемна согласност значи кога и двајцата брачни другари ќе се согласат на


развод на брак. Ако имаат малолетни деца тогаш имаат продолжено родителско
право , потребно е да се спогодат за начинот на вршење на родителските права и
должности и за издржувањето и воспитувањето на децата.

По барање на едниот брачен другар претставува кога може бракот да


престане со развод ако брачните односи се до таа мера нарушени што
заедничкиот живот станал неподнослив.

6. Фактички престанок на бракот

Фактички престанок на бракот е во траење на подолг временски период од


една година до третата година е причина за развод на брак. Брачниот другар
може да бара развод на брак доколку брачната заедница фактички претсанала
подолго од една година. Не секогаш одвоедниот живот на брачните другари
претставува основа за развод , ако партнерите постигнале заемна согласност,
работа во странство итн.За да дојде до развод на бракот не е доволно само да
биде исполнет условот за фактички претсанок на бракот подолго од една година ,
туку потребно е еден од брачните другари да поднесе тужба пред надлежнот
орган , по основ за фактички престанок на брачната заедница. Во спротивно ,
бракот ќе биде полноважен , и покрај тоа што фактички престанал да постои и
подолго од законски предвидениот рок.

Може да се набројат повеќе причини за развод на брак , а тоа се :

 брачно неверство
 посегнување по животот на брачниот другар
 малтетирање физичко и психичко
 тешки навреди
 несогласување на карактерите со чести кавги
 злонамерно или неоправдано напуптање или истерување на еден од
брачните другари и сл.

8
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ

Еве да разработиме некои од причините за развод на брак :

 Нема пријателски однос меѓупартнерите

Здравиот пријателски однос меѓу две лица во брак е суштината на истото. Ако
се чувствувате осамено во вашиот брак и се чини дека сè зависи од вас , тоа е
веројатно затоа што навистина е така. Бракот е заедница составена од двајца
еднакви партнери.

 Еден од партнерите не бил подготвен за брак

Многу честа причина за прекинување на бракот е бргу влегување во него.


Често е случај луѓето да влегуваат во брак потполно неподготвени затоа што се
на пат да станат родител. Исто така ,дури и без тоа трето лице на патот , ако пред
да започнете со самореализација и да сфатите што сакате нешто сосема
различно од животот , започнете авантура наречена брак , шансите се дека ќе се
каете. Во секој брак се појавуваат проблеми , меѓутоа некои сопружници ги
надминуваат, додека други за жал бараат развод. Модерното општество е тука ,
динамичниот живот е секојдневие и за млади и за возрасни , различниот начин
на сфаќање на нештата го покажуваат карактерот на сопружниците , кариерата
пред семејството се наметнува секогаш од едниот брачен партнер ,
нетрпеливоста , мешањето на родителите во бракот помеѓу сопружниците се
само дел од причините кои доведуваат до оддалечување на брачните партнери ,
причини кои доведуваат и до раскинување на бракот помеѓу сопружниците.
Наместо сите овие причини да се надминат со разговор и соочување со
секојдневието. Секојдневие кое со исто темпо ќе продолжи даа биде присутно во
живото кај секој од нас и без брак и по склучување на брак. Сепак младите брачни
парови во земјаваизбираат прекинување на бракот наместо прифаќање на
посложните обврски и грижата и мислењето и за друг освен за самите себе ,
познато помеѓу некои сопружници. Во контексот финансиите како причина за
развод се мисли и на брак склучен од интерес.

9
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ
 Неверство

Неверството според адвокатите не е повеќе главна причина за разводи помеѓу


сопружниците, како категорија постои , но како сегмент многу ретко се наведува
во бракоразводната постапка. Исто така и мешањето на родителите на
сопружиците во нивната брачната заедница не се наведува често во
бракоразводните приказни. Според неколкугодишното искуство на правниците ,
првите 5 години од заедничкиот живот на младите брачни парови најчесто е
период во кој сопружниците поднесуваат документи за развод.

Иако се ретки има и такви случаи во кои по консултација со социјален работник


семејството си дава втора шанса и ги повлекува документите за развод.

7. Анализа на разведени бракови во текот на годините според Државен


завод за статистика

Бројот на разводи во 2009 година бележи зголемување за 6.5% во споредба


со 2008 година и изнесува 1 287 разведени бракови. Најмалку бракови во текот на
годината се разведени во август (2.6%) , а најмногу во март (11.0%). Најголем број
на разведени бракови според возраста на сопругата (21.0%) е забележан во
старосната група од 25 до 29 години , а за сопругот (18.3 %) во старосната група
од 30 до 34 години.

Бројот на разводи во 2010 година бележи зголемување од 33.6% во споредба


со 2009 година и изнесува 1 720 разведени бракови. Најмалку бракови во текот на
годината се разведени во август (2.7%) , а најмногу во декември (11.0%). Најголем
број разведени бракови (19.5%), според возраста на сопругата , се случиле во
старосната група од 25 до 29 години, а за сопругот (18.8 %) во старосна група 35-
39 години.

Бројот на разводи во 2011 година бележи зголемување од 1.9% во споредба


со 2010 година и изнесува 1 753 разведени бракови. Најмалку бракови во текот на
годината се разведени во август 3.0% ,а најмногу во ноември 10.6%.

10
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ
Најголем број на разведени бракови , според возраста на сопругата , 19.5%, се
случиле во старосната група од 30 до 34, а за сопругот , 20.1%, во старосната
група од 35 до 39 години.

Бројот на разводи во 2012 година бележи зголемување од 9.9% во споредба


со 2011 година и изнесува 1 926 разведени бракови. Најмалку бракови во текот на
годината се разведени во август 3.2% , а најмногу во април 10.7%. Според
возраста на сопругата, најголем број на разводи , 20.9%, се случиле во
возрасната група од 30 до 34 години , a за сопругот , во истата возрасна група ,
но со учество од 18.9%. Најмалку бракови во текот на годината се разведени во
август , 3.0% , а најмногу во декември , 11.2%. Според возраста на сопругата,
најголем број на разводи се случиле во старосната група од 30 до 34 години , a за
сопругот во старосната група од 35 до 39 години.

Бројот на разводите во 2015 година бележи намалување од 0.5 % во


споредба со 2014 година и изнесува 2 200 разведени бракови. Најмалку бракови ,
74 или 3.4% , во текот на годината , се разведени во август , а најмногу , 205
или 10.5%, во декември. Според траењето на бракот , најголем број разводи ,
498, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Бројот на разводи во 2016година бележи намалување од 9.8% во споредба


со 2015 година и изнесува 1 985 разведени бракови. Најмалку бракови , 39 или
2.0% , во текот на годината се разведени во јуни , а најмногу во март , 245 или
12.3%. Според возраста на сопругата , најголем број на разводи се случиле во
старосната група од 25 до 29 години , со учество од 18.6% , a според возраста на
сопругот , во старосната група од 35 до 39 години , со учество од 18.0%.
Бројот на разводите во 2017 година бележи зголемување од 0.5 % во
споредба со 2016 година и изнесува 1 994 разведени бракови. Најмалку бракови,
42 или 2.1 % , во текот на годината се разведени во месец август , а најмногу,
224 или 11.2 % , во месец декември. Според возраста на сопругата и на сопругот ,
најголем број разводи , 387 или 19.4% се случиле во старосната група од 30 до 34
години , за сопругата и 356 или 17.9 % за сопругот.

11
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ
Бројот на разводи во 2018 година бележи намалување од 18.8 % во
споредба со 2017 година и изнесува 1 620 разведени бракови. Најмалку бракови ,
63 или 3.9 %, во текот на годината се разведени во месец август , а најмногу, 172
или 10.6 %, во месец декември. Според траењето на бракот , најголем број
разводи , 322 , се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.

Бројот на разводите во 2019 година бележи зголемување од 22.8 % во


споредба со 2018 година и изнесува 1 990 разведени бракови.Во текот на 2019
година, најмалку бракови , односно 43 или 2.2 % се разведени во месец август ,
а најмногу, т.е. 244 или 12.3 % во месец ноември. Според траењето на бракот ,
најголемиот број разводи , односно 430 или 21.6 % се случиле од 5 до 9 години по
склучувањето на бракот.

Бројот на разводите во 2020 година бележи намалување од 21.2 % во


споредба со 2019 година и изнесува 1 569. Во текот на годината најмалку
бракови , 29 или 1.8 % , се разведени во месец мај , а најмногу, 199 или 12.7
% , во месец јули. Според возраста , најголем број разводи се случиле во истата
старосна група од 35 до 39 години , и тоа 278 или 17.7 % кај жените и 262 или
27.7 % кај мажите. Според траењето на бракот , најмногу разводи , 324 или 20.7
% , се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Во 2021 година се случиле 1 964 разводи , што претставува зголемување од


25.2 % во споредба со 2020 година. Во текот на годината , најмалку бракови , 70
или 3.6 %, се разведени во месец август , а најмногу , 202 или 10.3 % , во месец
декември.Според возраста , најголем број разводи се случиле во истата
старосната група од 35 до 39 години , и тоа 364 или 18.5 % кај жените и 365 или
18.6 % кај мажите. Според траењето на бракот , најмногу разводи , 451 или 23.0
% , се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

12
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ

8.ЗАКЛУЧОК

Престанок на бракот со разводможе да биде со спогодбана брачните другари ,


но и по иницијатива на еден од нив сопружниците.Без разлика на тоа ако
сопружниците сакаат да се разведат и ако имаат деца тие треба спогодбено да ги
издржуваат и да се грижат за нивните права и обврски.Најчестите причини за
развод на брак е несогласнота помеѓу партнерите.

Пред да се стапи во брак треба да се размисли и убаво да се запознае својот


сопатник.Нормално сите стапуваат во брак поради љубов , но понекогаш љубовта
не е решение за да опстане еден брак. Љубов треба да се има и од двете
страни.Мислам дека бракот е голема обврска , не само кон партнерот , туку и кон
самиот себе.

Треба да си сигурен во одлуката и да си стабилен за да можеш да го оддржиш


тој дом во мир , спокој и разбирање.Врз основа на истражувањето кое го
проследив во текот на секоја година , најмногу развод на брак има во 2021
година , според старосната група од 35 до 39 години и кај мажите и кај жените .
Причината за развод на брак била несогласност на карактерите на брачните
другари и чести кавги помеѓу нив .

13
СЕПУГС ,,ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН’’– СКОПЈЕ

9. Користена литература

1.ЗАКОН ЗА СЕМЕЈСТВО дај ги сите годни на сл.весник

https://www.mtsp.gov.mk/wbstorage/files/zakon_semejstvo_osnoven.pdf

2.ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

https://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=11&rbrObl=2

3. Административно-канцеларски работи автор немаш

www.e-ucebnici.mon.gov.mk › lista-ucebnici › ssoе-учебници

14

You might also like