You are on page 1of 16

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј” – Скопје

Филозофски факултет

Институт за семејни студии

Семинарска работа по предмет: Вовед во семејни студии


Тема: “Најчести причини за развод кај брачните парови,,

Ментор: Изработи:
Проф.д-р Ирена Авировиќ Бундалевска Уран Рамадани (бр. Индекс 10985/21)

Скопје 12.2021

0
Содржина

1. Вовед..................................................................................................................................2
2. Брак.....................................................................................................................................3
2.1 Моногамија...................................................................................................................4
2.2 Полигамија....................................................................................................................5
3. Развод..................................................................................................................................6
3.1 Влинанието на разводот врз децата..................................................................7
4. Прашалник број 1 ( возрасни).............................................................................................8
5.Прашалник број 2................................................................................................................11
6.Заклучок...............................................................................................................................13
7. Користена литература .......................................................................................................14

1
1. Вовед

Во ова мое кратко излагање преку семинарска работа, во кратки црти ќе се обидам да
ги претставам основните принципи и постулати на едно семејство за да се има среќен брак
исполнет со љубов помеѓу сопружниците кои го сочинуваат бракот, услови пред
стапување во брак, и доколку ги нема тие постулати и правила, принципи, хармонија во
бракот доаѓа до распаѓање на бракот т.е развод. Во делот на развод особено ќе се задржам
на главните причини за развод кај младата популација и кај постарите брачни партнери,
како и кај брачни парови со мал изминат временски период во брачен живот, како и кај
брачни парови кои се подолг временски период во заеднички живот. Во семинарската која
ја изработив, ќе бидат објаснети сите наведени подточки исклучиво од перцепција и став
на истражување помеѓу населението во околината која живееме (западниот дел на
Република Северна Македонија), и од лично своја перцепција и мислење за наведените
проблематики.

Слика1. Класичен пример на среќен брак-среќно семејство исполнето со хармонија.

2
2. Брак

Бракот претставува социјален или верски-ритуален признат правен договор


помеѓу две или повеќе лица со кој се воспоставуваат правата и обрските меѓу нив.
По дефиниција бракот варира во зависност во различни држави и култури, но
насекаде терминот брак се употребува за институција која ја формираат единки кои
стапуваат во тој брак со право на интимни, сексуални и меѓучовечки односи. Во
исламската и христијанската култура и вера бракот е строга наредба пред секое
стапување во било какви сексуални активности, бидејќи во некои предели на
територијата каде преовладува христијански закон или исламски закон (шеријат)
сексуалните активности пред брак се строго казнливи со цена на животот (се
извршува казна – каменување на личностите кои се впуштиле во сексуални
активности пред брак до смрт).

Слика2. Документ за склучен брак во отоманско-турско владеење

Бракот според законот за човекови права мора да биде доброволен т.е да биде
склучен со доброволна согласност без никаква присилба врз личностите кои го
склучуваат тој брак, некаде во некои култури тоа се случува со одобрение на
родителите, или доколку нема никаква согласност од родителска страна најчесто
доаѓа до несклучување на тој брак. Најчести причини за склучување на брак е

3
потребата за формирање на свое семејство, сексуални потреби од традиционална
гледна точка (прво склучување на брак па сите други меѓучовечки односи), за
добивање на некакво наследство и други материјални причини. Во брак според
законски акт не смее да отпочнат статус на брачни партнери сите лица кои се
сметаат за неполнолетни.

2.1 Моногамија

Моногамијата претставува состојба на имање на само еден сексуален партнер во


определен или долгорочен временски период.
Постојат неколку видови на моногамија:
1. Социјална моногамија: кога две лица живеат заедно, имаат само меѓусебен секс, и
соработуваат во обезбедувањето на основните ресурси за живеење;
2. Сексуална моногамија: кога две лица, за време додека се заедно, имаат полов однос само
со партнерот, т.е. не практикуваат секс надвор од врската;
3. Генетска моногамија: кога двајца партнери имаат потомство само од еден партнер;
4. Брачна моногамија: се однесува на брак само помеѓу два брачни партнери.
7% од животинскиот свет е моногамен. Тоа значи дека имаат само еден сексуален партнер
во текот на целиот живот или за време на една сезона за парење. Кај овие вторите, тоа
значи дека во текот на ниедна наредна сезона, двете единки нема повторно да се парат
заедно. За разлика од останатите животни, кај птиците моногамијата е цели 90%. Постојат
видови на птици кои во текот на целиот живот имаат само еден партнер.

Слика3 Класичен приказ на сопружници кои стапуваат во брак.

Моногамијата кај човековата популација изнесува некаде помеѓу 60 и 65%. Да не бидам


сфатен погрешно, ќе повторам: моногамијата кај човекот значи немање други сексуални

4
партнери освен партнерот со кој е во врска, додека таа трае. Брачната моногамија може да
се разбере на два начина: правниот -имање брак само со еден партнер, а бидејќи
социјалната моногамија ја опфаќа и брачната, од друга страна значи и/или немање на
друг/и сексуални партнер/и во текот на бракот.

2.2 Полигамија
.
Полигамија е брачна врска од една личност со повеќе сопрузи или сопруги.
Постојат три специфични видови на полигамија и тоа: 
1.Полиандрија (кога жена има повеќе од еден сопруг)
2.Полигинија (кога маж има повеќе од една сопруга),
3.Групен брак (некоја комбинација на полиандрија и полигинија).
Спротивно на полигамија е моногамија. Полигинија е најчестиот вид на полигамија. Во
традиционалната смисла и денес се применува во многу африкански култури,
вклучувајќи Јужна Африка, и поголемиот дел на јужна и средишна Африка. Братска
полиандрија традиционално се применувала меѓу номадските тибетски племиња, како и
во Непал, и делови на Кина. Оваа врста на полиандрија значи дека два или повеќе браќа
делат една жена. Не-братска полиандрија се случува кога сопрузите на жената не се
роднини, како меѓу Најар луѓето во Индија. Во овој случај, една жена зема повеќе
љубовници. Жените остануваат во своите мајчински домови, живеат со своите браќа, и
имотот е пренесува матрилинеарно. Вид на ваква полиандрија има меѓу Мосуо луѓето во
Кина.
Најчесто полигамија има во поголемиот дел т.е преовладува кај исламското население во
арапскиот полуостров и дел други исламски држави.

Слика4. Класичен приказ на полигамија помеѓу 5 брачни сопружници.

3. Развод

Разводот претставува престанок на брачната заедница во моментот кога брачните

5
партнери ќе одлучат за тоа. Разводите настануваат како резултат на неслога,
конфликти помеѓу партенрите и немање на емоционална поврзаност, финансиската
нестабилност, брачното неверство и семејното насилство.

Промените во улогата на жената, поинаков однос на половите што е предизвикано


од последиците на модерното време, можноста за самохрани родители се едни од
последиците за развод. Разделбата е предизвик за сите членови на семејството,
особено за децата. Во зависност од нивната возраст се појавуваат и промените на
емоционално ниво. Една од главните причини за развод според законот за развод се
смета смртта на еден од сопружниците. Од други гледишта дури и во напата
држава постојат населени места каде што и ден денеска кога станува збор за
веридба или за запознавање со одредена личност на емотивна љубовна база,
таткото или мајката се агресивно настроени, со доза на насилство, вербални
можеби и физички конфликти, се употребуваат како алатка да се спречи таа
њубовна врска или слично. Всушност мора да се искажам во врска со тематиката
како главна причина за развод кај млади брачни парови е тоа што и после ова
современо дигитално време, родителите се настроени кон контролирање на
животот на своите потомци во постојан временски интерват, префрлање на
вербални работи во брачниот живот на нивните деца итн.
И како последна причина за брз развод помеѓу млади брачни парови претставува
тоа што поголемиот дел од тие млади брачни парови не ја поминале фазата на
запознавање, на заеднички предбрачен живот па да стигнат до брак и формирање
семејство, бидејќи со самото прескокнување на тие два клучни периоди пред
стапување во брак доведуваат до брз развод, брзо досадување еден со друг,
неподносливост и развод.

6
Слика5. Развод

3.1. Влијанието на развод врз децата

Децата можат да станат агресивни, непослушни или повлечени, може да


проживеаат тага и осаменост, потешкотии во изразување на чувствата, самодоверба.
Родителите можат да соработуваат се со цел децата да не почуствуваат осаменост.
Децата некогаш не се емоционално созреани за да ја разберат ситуацијата затоа може
да доведат до негативни промени во однесувањето. Емотивните состојби кои ја
изразуваат потребата за љубов, сигурност и внимание не треба да недостасуваат од
страна на родителите.

7
Слика 6. Пример за влијание на расправии и развод врз децата

4. Прашалник бр. 1 (возрасни)

Пол: женски Место и година на раѓање: 01.05.1972


Образование: основно Место на живеење: Гостивар
Брачен статус: мажена

1. Потекло. Кажете нешто за семејството од кое потекнувате. (Колку членови


броело? Какво било вашето воспитување? Каков бил вашиот однос со
родителите?).
- Живеев во сиромашно семејство кое броевме 9 членови заедно со моите родители,
живеевме во мала стара куќа. Бидејќи сите ние живеевме во една куќа односот со

8
родителите особено со мајката беше близок, додека таткото беше тој кој
одлучуваше за сите работи кои требаше да се направат во семејството
2. Врска. Како се запознавте со вашиот партнер? Колку време се забавувавте? Дали
може да раскажете некоја интересна случка од вашата врска?
- Се запознавме преку роднини, за забавувавме во период од една година и тоа во
статус на веридба. Како интересна случка би ја издвоила тоа што со согласност
од родителите бев верена и моја согласност нормално, но околу
несогласувањето на датумот за свадба морав да се омажам бегалка.
3. Брак. Како стапивте во брак? Дали баравте согласност од родителите?
- Стапивме во брак со согласност од нашите родители.

4. Свадба. Дали правевте свадба? За каква веселба се одлучивте? Дали сопругата го


зема презимето на сопругот? Каде живеевте по свадбата?
- Да правевме свадба но во потесен круг на семејството и пријателите, го
превземав презимето на мојот сопруг и живеевме во куќа, заедница со
родителите на сопругот.

5. Деца. Како го планиравте семејството? Колку деца имате? Кој го користеше


правото на породилно отсуство? Колку време? Дали децата оделе во градинка?
Каков е вашиот однос со децата? Во каков дух ги воспитувавте вашите деца?
- Имам две возрасни деца, правото на породилно отсуство го искористи сопругот
за да биде до нас во период кога ми беше најпотребен, и во тоа време немаше
градинки во околината на Гостивар бидејќи сме од селска средина и моите деца
не одеа во граддинка.
6. Брачен живот. Со кои предизвици се соочивте во првите години од бракот? Од кој
период од бракот имате најубави сеќавања? Дали сметате дека и мажите треба
користат породилно отсуство?
- Во првите години од бракот се соочивме со нерешено станбено прашање, со
материјална криза. Раѓањето на децата и нивниот развој можам да кажам дека
ми беа најубавиот период и најубавите сеќавања. Со оглед на тоа дека раѓањето
си носи свои тешкотии и внимание сметам дека е убаво и мажот да користи

9
породилно отсуство со цел да биде помош на мајката односно жената и да може
да биде поврзано и со детето (споделено од лично искуство).

7. Семејни вредности. Кои се вашите семејни вредности? Раскажете некоја


интересна семејна анегдота?
- Семејните вредноси: гледам да има почит на родителите да има поврзаност
помеѓу членовите на емоционолно ниво, заедно деонесување на одлуки, помош
во секоја секој ситуација.

8. Нови форми на семејства. Какво е вашето мислење за вонбрачните заедници?


Какво е вашето мислење за мешаните бракови? Какво е вашето мислење за
хомосексуалните заедници?
- Сметам дека нема потреба од вонбрачна заедница, бидејќи потписот на парче
хартија не ги ограничува можностите на брачните партнери како и пред тоа.
Немам некое посебно мислење за мешани бракови, а за хомосексуални
заедници сум исклучиво против бидејќи тоа е спротивно на законот на
природата и биологијата на полот.

9. Развод. Кое е Вашето гледиште за разводот? Зошто сметате дека бројот на разводи
расте, а бројот на бракови опаѓа?
- Доколку веќе помеѓу брачните партнери нема емоционална поврзаност и
комуникација што може да доведе до сериозни психички и физички дејствија
сметам дека разводот е најидеално решение. Затоа што сакаат да се фокусираат
на кариерата, многу млади се земаат.

10. Дали знаете што е семејна едукација и дали сметате дека е потребно да се воведе
истата во процесот на образование?
- Според мене семејна едукација преставува воспитување на децата на
почитување на семејните вредности и како родителите треба да се однесуваат

10
спрема децата, да сметам дека треба да се воведе во процесот на образование
така семејствата повеќе ке се цеенат.

5. Прашалник бр. 2 (млади)

Пол: машко
Место и година на раѓање: Скопје 22.07.1997
Место на живеење: Околина на Гостивар
Образование: Високо образование - Факултет
Брачен статус: Женет

1. Во какво семејство израснавте? Каков е вашиот однос со родителите? Какво


семејство замислувате?
- Израснав во семесјтво со моите двајца родители, и мојот брат, хармонично пред
се, ценејќи ги семејните вредности, со чуство на спокој и сигурност, од
двајацата родители имам бесконечна љубов, каде ми помагаат за секоја моја
ситуација без разлика дали добра или лоша, секогаш тука за моите одлуки.

2. Дали имате љубовен партнер? На каков начин се запознавте? (Доколку во


моментов немате партнер, објаснете на каков начин вообичаено се запознаваат
партнерите од вашата генерација).
- Да, имам брачен партнер во брачна заедница сум, и се запознавме во време на
учење во средно образование.

3. Дали сакате да имате деца? Образложете.


- Да и веќе имам едно машко дете, и иако е сеуште во многу мала возраст, ќе се
трудам да сум секогаш тука за се што ќе му притреба и ќе го научам на
вистинските вредности на едно семејство.

4. Доколку имате деца, кои вредности од вашите родители би сакале да им ги


пренесете? Во каков дух би сакале да ги воспитате вашите деца?

11
- Да се ценат семејните вредноси, да се почитуваат постарите, да можат да
одредат што е добро а што лошо, да бидат секогаш приврзани и да помагаат, да
бидат корист за опшеството.

5. Дали верувате во брак? Образложете.


- Да, во бракот има една поинаква љубов од онаа на почетокот од врската. Почит,
доверба, среќа дадена од брачниот партенер една од најубавите работи.

6. Дали сакате да правите свадба? Каква? Образложете.


- Веќе сум оженет и не ни правев свадба бидејќи јас и сопругата не сме баш
традиционални или приврзани за такви видови на прославувања.

7. Кое презиме сметате дека треба да го носи жената по стапување во брак?


Образложете.
- Секој има различни размислувања земањето на презимето на мажот порано
било обврска, а денес е само мотивирано од желбата да се направи тоа. Со цел
да не настануваат конфликтни ситуациии жената би можела да ги задржи двете
презимиња и своето моминско и презимето на сопругот.

8. Дали сметате дека мажот треба да користи породилно отсуство? Образложете.


- Да сметам дека мажот треба да користи породилно отсуство се со цел да
помогне на мајката затоа што мислам дека почетокот е многу тежок, и со тоа
таткото да може да биде повеќе присутен во најубавите моменти на своето дете.

9. Какво е вашето мислење за раводот?


- Разводот е иделаното решение кога веќе помеѓу патнерите нема емоционална
приврзаност, нема комуникација, и бројот на проблеми е поголем од бројот на
среќни моменти, но ипак мислам дека секогаш може да се најде решение за
излез од брачна криза и да се даде уште една шанса.

12
10. Какво е вашето мислење за вонбрачните заедници? Дали би сакале да живеете во
вонбрачна заедница пред бракот?
- Доколку партнерите се поврзани и емоционално не гледам причина зошто да не
живеаат во вонбрачна заедница, јас не би сакал да бидам во вонбрачна заедница
но не гледам ништо лошо во тоа.

11. Какво е вашето мислење за мешаните бракови?


- Не сум против мешаните бракови но мислам дека со текот на времето
настануваат конфликтни ситуации и последици.

12. Какво е вашето мислење за хомосексуалните заедници?


- Според мене не би требало воопшто да постојат брачни заедници помеѓу
истополови единки, бидејќи од нормалитетот на природата и раѓање на деца се
знае која е функцијата на мажот како посилно физички створено битие, и
жената како нежна особа која е посилно емотивно приврзана со мажот и со
своите деца.

13. Дали знаете што е семејна едукација и дали сметате дека е потребно да се воведе
истата во процесот на образование?
- Семејна едукација преставува воспитување на децата и учење на семејните
вредности, сметам дека е потребно да се воведе во процесот на образование
така семејствата ќе бидат посигурни и похармонични.

13
6. Заклучок

Бракот претставува законска одредба и темел т.е зачеток при формирањето на


семејство. Формирањето на семејство е една од клучните работи за постоењето и
опстанокот на човечкиот род, бидејќи според некоја регулатива при формирање на
семејство се раѓаат и деца, со тоа раѓање на деца се продолжува човечкиот род.
Што се однесува до разводот, сметам дека доколку се намножат проблемите и се
загрозува психофизичката состојба на сопружниците кои го градат тој брак, да
посетат семеен едукатор, психолог и слична друга стручна служба со цел да се даде
уште една шанса за нов почеток, особено ако има деца во тој брак, бидејќи во било
кои години и возраст да се децата, тие секогаш го извлекуваат најдебелиот крај и ги
трпат најголемите последици кои ќе влијаат во нивниот понатамошен развој.

14
7. Користена литература

 Проф.д-р Соња Петровска, ,,Годишен зборник, Факултет за образовни науки”,


vol.VII, Универзитет ,,Гоце Делчев” – Штип, Филолошки факултет
 Семејство низ времето – Институт за јавно здравје на Република Северна
Македонија
 https://core.ac.uk/download/pdf/154894061.pdf
 Закон за семејството на РМ
 https://www.encyclopedia.com/social-sciences/applied-and-social-sciences-magazines/
family-functioning
 ,,Родители не се разведуваат” – Анализа од спроведено истражување со подршка на
Европска Унија
 www.akademik.mk/istrazuvanje-anketa-za-razvod-i-homoseksualnizaednici

15

You might also like